1.Опиши се на кратко? - Висока 1,69 со темно смеѓа коса,кафеави очи,слатко носе и убав задник по карактер тврдоглава,(признавам) понекогаш себична,си се сметам за доста паметна за разлика од другите мои врсници толерантна,секогаш спремна да ги слушам луѓето кога си имаат проблеми и мака и дефинитивно незаинтересирана за туѓите животи! 2.Имаш ли дечко? - Да од скоро,ама не ми е баш то кеф 3.Колку години си? - 21 4.Најомилена серија/филм? - Филм големиот татко,а серија кога лисјата паѓаат и очајни домаќинки 5.Што те нервира? - Ме нервираат луѓе што лажат,знаат дека ја знам вистината и упорно лажат,ме нервира неправда и кога некој безвезе се фрља,се фолира... 1. Зошто е убава зимата? 2. Најважна личност во твојот живот и зошто? 3. Најдобар спомен од училишните денови? 4. Ти испратил ли некој досега цвеќе дома? 5. Што мислиш кој повеќе изневерува машките или женските?
1. Зимата ми е најубаво годишно време. Убава зашто е се бело ( кога има снег), зашто ако е ладно можеш да се стоплиш нормално со саканата личност под ќебенце.....Зашто во зима ми е роденден и на дечко ми исто така....зашто градот ми е убав, предновогодишно расположение и луѓето се среќни зашто иде н.год...уфф се распижав има уште ама доста е. 2. Па искрено дечко ми....зашто е со мене и во добро и во лошо...и зашто многу ме сака и разбира иако сме спротивности ама се навикнавме. 3.Ги има многу посебно средношкоски....аххх сакам назад....па ќе кажам бегање од часови цел клас....и правење глупости на часови... 4. Не ама не ми е битно, имам добиено на рака не мора испратено.. 5. Мхм.....и машките и женските....исто. 1.Што ти се допаѓа а што не на форумов? 2.Зачленета ли си на некој друг форум? 3.Омилени форумџики? 4.Заљубена ли си? 5.Наброј некои твои карактеристики што ти се допаѓаат ?
1.Што ти се допаѓа а што не на форумов? - Не ми се допаѓа зошто не е +18 ама нема врска и онака може да се лаже за годините и не ми се допаѓа дрскоста на некои форумџики,како и форумџиките што лижат гс!!! 2.Зачленета ли си на некој друг форум? - Не 3.Омилени форумџики? - Па ги имам пишано во топ 10 форумџики ама еве ке кажам некои.elygj,gordana10,veri,2468,hipica и др. 4.Заљубена ли си? - Да,ама во друг,а не во дечко ми 5.Наброј некои твои карактеристики што ти се допаѓаат ? - Па ете,толерантноста и тоа што секоја ситуација можам да ја разберам 1. Каква музика слушаш? 2. Твое хоби? 3. Како сакаш да се облекува дечко ти,спортски,елегантно,онака смкнат како? 4. Кој ти е идол? 5. Што последно си купи и што планираш следно да си купиш?
1. рок баладички и хип хоп (која комбинација) 2. пишување љубовни текстови 3. е па дечко ми се облекува баш како што сакам, онака спортски ,,смкнат,, како што вика данилела 4. никој посебно 5. тегетно кратко џемперче, и планирам да си купам сиви чизми 1. последен филм што си го гледала? 2. кога ти е роденден? 3. првиот бакнеж? 4. опиши се 5. омилен парфем?
1. последен филм што си го гледала? Еден прекрасен ирански филм - The Song of Sparrows 2. кога ти е роденден? Најмамурниот ден во февруари во Македонија 3. првиот бакнеж? Уф, мислам кога бев 6то одделение ако не се лажам 4. опиши се Се опишав веќе во истоимената тема, ме мрзи пак 5. омилен парфем? Very irresistible Sensual - Givenchy 1. Милка или овошје? 2. Рок балади или тешка комерцијала? 3. Маче или куче? 4. Романтика или див секс? 5. Каде би издржала подолго, во просторија преполна со пајаци, или просторија преполна со змии?
1. Милка или овошје? Милка 2. Рок балади или тешка комерцијала? Рок балади 3. Маче или куче? Маче 4. Романтика или див секс? Зависи кога како 5. Каде би издржала подолго, во просторија преполна со пајаци, или просторија преполна со змии? Со змии, панично се плашам од пајаци 1.Сакаш да читаш книги или да гледаш филмови? 2.Дали би го изневерила дечкото со симпатијата? 3.Што сакаш повеќе, чај или кафе? 4.Во што излегуваш почесто, во сукња или панталони? 5.На колку години би сакала да се омажиш?
1. Да гледам филмови. 2. Не, никогаш... 3. Кафе и чај...зависи.. 4. Во сукња 5. Па до 25 најкасно... 1. Идеална комбинација за навечер? 2. Каква музика слушаш? 3. Имаш ли домашно милениче, ако имаш какво ? 4. Што ти се прави во моментов? 5. Каде вечер?
1. Идеална комбинација за навечер? -Кратко фустанче и штикли 2. Каква музика слушаш? -Smooth Jazz 3. Имаш ли домашно милениче, ако имаш какво ? -Имам папагалче 4. Што ти се прави во моментов? -Ми се спие 5. Каде вечер? -Никаде, на пилатес па дома 1.Си изгубила ли пари или новчаник? 2.Сакаш ли да бидеш свекрва? 3.Најголема глупост што си ја направила во името на љубовта? 4.Кога би се мажела, би избрала ли некој бивши за сопруг? 5.Најдолга врска?
1.Си изгубила ли пари или новчаник? - Да 2.Сакаш ли да бидеш свекрва? - Паа зошто да не 3.Најголема глупост што си ја направила во името на љубовта? - Помала бев и се скарав со моите и тие не ме пуштија да одам на викенд за 1-ви мај и јас избегав 4.Кога би се мажела, би избрала ли некој бивши за сопруг? - Дааааа 5.Најдолга врска? - 3 години 1. Има ли врска ако женско направи прв чекор и му приде на момчето? 2. Партизан или Ѕвезда? 3. Какви очи и коса имаш? 4. Да те замоли најдобрата другарка да и бидеш кума на свадба ке прифатиш ли? 5. Дали си љубоморна личност?
1. Не..21 век сме...ја прва направив чекор кај дечко ми и сега сме заедно 6 години..Храброста се поштува 2. Ниту една, не пратам спорт...ме нервира...сам Бекам го сакам 3. Темно кафеави очи и темно кафеава коса. 4. Да. 5. Да ама се е до граница... 1. Што си во хороскоп? 2. Кажи некоја твоја карактеристика што ти се највеќе допаѓа? 3. Какво машко сакаш? 4. Кој е твојот стил на облекување? 5. А на дечко ти ако имаш, ако не како сакаш да се облекува ?
1.рак 2.искреност 3.Црн, смеѓ, со темен тен и темни очи. 4.Елегантен, романтичен. Спортски никако 5.Дечко ми се облака елагантно-спортски. 1.Омилена боја? 2.Идеална комбинација за на кафе? 3.Машки или женски деца? 4.Колку деца сакаш да имаш? 5.Сакаш огромна куќа или мала?
1.Омилена боја? - Црвена и црна 2.Идеална комбинација за на кафе? Патики или балетанки, фармерки, клод маичка со марама и обетки. 3.Машки или женски деца? Машки, женските ќе ми ги земаат шминките. 4.Колку деца сакаш да имаш? - 2 5.Сакаш огромна куќа или мала? - Мала, но полна со љубов. 1. Колку години имаш? 2. Која е последната глупост што ја направи? 3. Твојот хит на денот е... 4.Чуваш ли домашно милениче и ако чуваш што е ? 5. Кога ти е роденден?
1. Колку години имаш? - 21 2. Која е последната глупост што ја направи? - Одамна престанав да правам глупости 3. Твојот хит на денот е... - Аgain...Зорана-Сањам те још 4.Чуваш ли домашно милениче и ако чуваш што е ? - Не,бљак,несакам животни 5. Кога ти е роденден? - Во јануар 1. Поговорка што мислиш дека е навистина поучна и те натерала да размислуваш кога си ја слушнала??? 2. Си се карала ли некогаш за дечко?И што стана? 3. Дали си срамежлива личност? 4. Што во животот најубаво знаеш да правиш? 5. Твоја најголема желба?
1. Не им прави на другите, она што не сакаш да ти го прават ! ( така нешто идеше ) 2. Да ама како помала...па ништо дечкото ме сакаше мене.... 3. Зависи од ситуација...ако се уклопам не сум...многу зборам...а прва да прозборам да срамежлива сум 4. хехе...Да се докажувам и убедувам....голем инат сум...кинам коњски живци (ако мислеше на тоа) 5. Ако ја кажам нема да ми се оствари? 1. Кога последен пат имаше секс? 2. Што повеќе сакаш водење љубов или страсен секс? 3. Живееш во куќа или стан? 4. Што те прави среќна? 5. Колку деца сакаш да имаш? Какви?
1. Кога последен пат имаше секс? - аааааахаххах не ти кажувам ма,ке ми се смееш 2. Што повеќе сакаш водење љубов или страсен секс? - Па си треба и едното и другото.Ама еве сега ке изберам водење љубов 3. Живееш во куќа или стан? - Куќа 4. Што те прави среќна? - Кога луѓето околу мене се среќни и кога јас ке успеам да усреќам некого 5. Колку деца сакаш да имаш? Какви? - Едно-се едно какво 1. Ги сакаш ли животните?Ако да,кое најмногу? 2. Што мислиш за законот за забрането пушење во затворена просторија? 3. Што учиш/студираш? 4. Дали си мрза? 5. Што правиш кога ништо не правиш?
1. Да. многу ( за разлика од тебе ).....кучее срциња се....било која раса 2. Против....катастрофа....болни цела зима од топло-ладно....( ама така ни е, кога не знаевме да ги почитуваме просториите за непушачи) сега нема нигде да пушиме... 3. Завршив дипломатија.... 4. Тешкаа мрза сум...све ме мрзи 5. хехе...баш ништо се излегавам..... 1. Каква особа си по карактер? 2. Се одмаздуваш ли на тие што ти направиле лошо? 3. Како се замислуваш за 10 год? 4. Која професија ти е најубава, најпроспективна и најплатена ? 5. Како се викате нагалено со дечко?
1. Каква особа си по карактер? Мека и кршлива, добродушна мислам во глобала, никому не мислам лошо. 2. Се одмаздуваш ли на тие што ти направиле лошо? Не, некој горе гледа, и враќа. 3. Како се замислуваш за 10 год? Дипломирана, вработена, веќе го имам прошетано целиот свет, во потрага по нова авантура, single, и недопирлива. 4. Која професија ти е најубава, најпроспективна и најплатена ? Бизнис менаџер. 5. Како се викате нагалено со дечко? Е немам. 1. Омилено годишно време...? 2. Омилена тема за дискусија? 3. Какво момче би ве освоило? 4. Вашата дневна рутина е...? 5. И која песна ви е хит последниве денови?
1.Пролет...кога се е расцветано,распеано и сите се спремни за будење од зимскиот сон и впуштање во акција за шетање и уживање во...Пролет 2.Пензиските фондови во Македонија...се зезам нормално))) Сакам да дискутирам за се,зависи од соговорникот и моето познавање во областа за која се дискутира. 3.Веќе ме освои.... и ми го разубавува ,исполнува и нервира секој ден)) 4.Зависи од денот,од обврските кои ги имам,сепак немам посебна рутина освен средното турско со маалку млеко и два цигара со него 5.Пилето ми пее рано насабајле па ми ја буди младата невеста.....се се прашувам што сака уствари авторот да каже тука а?.....Сепак ќе кажам Somebody told me od The Killers деновиве ја слушнав па прилично многу пати. Ајде сега да видиме.... 1.Кој би сакале да лежи до вас кога ќе се разбудите насабајле? 2.Што ви е пресудно да би го кажале судбоносното ДА? 3.Совет кој нема да го заборавите никогаш? 4.Совршено место кога сакате да побегнете од се? 5.Што ве насмеа денес?
1.Кој би сакале да лежи до вас кога ќе се разбудите насабајле? - ТОЈ!!! 2.Што ви е пресудно да би го кажале судбоносното ДА? - Ауууу несакам да се мажам,незнам... 3.Совет кој нема да го заборавите никогаш? - Работи брзо ама полека(е ај сега оди разбери го) 4.Совршено место кога сакате да побегнете од се? - Каде било,само да побегнам,и да е некаде даааалеку далекууу...................... 5.Што ве насмеа денес? - Другар ми со своите проблеми.Не ми е смешно што има проблеми,туку како раскажува.Лелееее да можете да го чуете само,многу е интересен кога се жали 1. Што не би и простила на твојата најдобра другарка? 2. А што не би му простила на дечко ти? 3. Слушаш ли класична музика,како ти се допаѓа? 4. Гледаш ли вести? 5. На која позната личност личиш(барем во една работа,нос,уста,или некоја карактерна особина)?
1. Лажење, лицемерство 2. Да ме прави будала...и лага...и неверство 3. Неее...повраќам на неа 4. Да, често.... 5. Па ми имаат кажано на J.Lo...па сегаа не знам maybe по малку... 1. Каде вечер? 2. Со кого сакаш повеќе да поминуваш време со дечко или со другарки ? 3. Совршено место за одмор? 4. Кои 3 работи би ги понела на пуст остров ? 5. Што те остава без здив ?