1. Која личност ти фали во моментов? -симпатијата 2. Дали те фаќа еуфорија за Нова Година? -не воопшто. 3. Што беше првата работа на која помисли утрово? -аман мер дојде време да станум? кој ќе оде сеа пак на школо? лелее как сакум сеа да не оам на школо и да са наспиам, ама ај после ка ци доам одма ци легнум (традиционално секое утре кога сум прва смена на школо) 4. Дали си опседната со изгледот? порано не бев толку. а во последно време ептен многу 5. Дали читаш некоја книга во моментов ? не, ептен ретко читам книги 1. Каде за Нова Година? 2. Кога се имаш најмногу усрамено? 3. Што прво забележуваш кај личност од спротивниот пол? 4. Како би реагирала кога би дознала дека твојата најдобра другарка тајно излегува со твојот дечко? 5. Што би направила ако можеш на еден ден да бидеш невидлива?
1.Сеуште се немам договорено. 2.Не се срамам 3.Рацете уфф мора да се добро обликувани, па потоа очите! 4.Ќе ги избришам двајцата од мојот живот! 5.Ќе ограбам банка 1.Дали има нешто за што посакуваш никогаш да не ти се случило, но веќе ти се има случено? 2.Твој најголем страв? Дали се плашиш од некоја личност и зашто? 3.Постои ли нешто лошо што си нрапвила и дали имаш грижа на совест и страв дека можеби ќе ти се врати? 4.Опиши го твојот ритуал на шминкање. 5.Твоја омилена секојдневна комбинација и секојдневна, по можност и слики
1.Дали има нешто за што посакуваш никогаш да не ти се случило, но веќе ти се има случено? - Не... цврсто стојам зад се што сум сторила и рекла... не се каам за ништо. 2.Твој најголем страв? Дали се плашиш од некоја личност и зашто? - Змии, бубачки, длабочина, бескрајност во просторот, осаменост. Понекогаш и од темнината. 3.Постои ли нешто лошо што си нрапвила и дали имаш грижа на совест и страв дека можеби ќе ти се врати? - Знам дека како малечка (забавиште) и се смеев на една другарка дека носи наочари па сеа јас носам.. Господ глеа... а јас си заслужив... 4.Опиши го твојот ритуал на шминкање. - Прво ги мијам рацете и лицето. Ставам не многу мрсна помада на лицето, потоа ставам течна пудра, па камена или пудра во прав. Доколку излегувам ставам и малку руж. Сенка ставам многу малку за дневно излегување низ град, со бледа боја, а потемните, појаките и посветкавите тонови за посебни пригоди и вечерно излегување. Потоа после сенката ставам црн креон на долниот дел од окото, а црн туш на капакот. Потоа римел кој најчесто го нанесувам со помош на две четкици. Едната за густина а другата за должина. Без кармин и сјај не излегувам никаде. Најчесто ставам кармин со боја на пудра, т.е. со боја на кожата - малку посветло, светло розева, циклама или црвен особено за вечерно излегување. Потоа над карминот ставам безбоен сјај. Се разбира бојата на сенката ја одбирам според облеката и секогаш ги нагласувам или очите или устата. Обично очите повеќе ги нагласувам кога излегувам преку ден, а устата навечер. Се’ на се’, шминкањето ми одзема најмалку 40 минути... 5.Твоја омилена секојдневна комбинација и секојдневна, по можност и слики - Секојдневна комбинација: Ако е топло (т.е. лето) фармерка и рамбовка, обетки, алка, сандали, апостолки или римјанки и некоја чанта. А ако е ладно: исто фармерки, ролка, џемпер, ако не носам ролка тогаш марама или шал, капче, обетки обавезно, чизми и чанта. 1. Што би направила доколку бидеш сведок на убиство? Ќе пријавиш или ќе ти биде страв? 2. Дали го сакаш снегот и зошто го сакаш/не го сакаш? 3. Што сакаш да пробаш од светските специјалитети во храната? 4. Што мислиш дали постарите навистина имаат повеќе предност да седат во автобус, кои постари ја имаат таа предност и зошто? 5. Ако некогаш го изневериш дечкоти додека си во пијана состојба, дали би му признала?
1. Што би направила доколку бидеш сведок на убиство? Ќе пријавиш или ќе ти биде страв? - Ке пријавам!Јас од моја страна сакам да сум чиста,па нека биде што ке биде... 2. Дали го сакаш снегот и зошто го сакаш/не го сакаш? - Не ја сакам зимата,не го сакам снегот,ни ледот,ни ништо такво ја сакам зимата само поради роденденот дека ми е тогаш.Барем да падне некој убав снег што ке стои па да го сакам ајде,ама овој веднаш се стопи и само шљакатарник направи 3. Што сакаш да пробаш од светските специјалитети во храната? - Хмм незнам ни дали сакам да пробам,несакам многу да експериментирам со јадења. 4. Што мислиш дали постарите навистина имаат повеќе предност да седат во автобус, кои постари ја имаат таа предност и зошто? - Секако дека имаат предност,но признавам дека јас ретко станувам за да седне некој постар(покварена сум знам) им станувам само на трудните жени 5. Ако некогаш го изневериш дечкоти додека си во пијана состојба, дали би му признала? - Мислам дека постои поголема можност на трезно да го изневерам ама ајде...кога сум пијана знам што правам Да одговорам,да,би му признала! 1. Со кого разговараш кога ти е тешко? 2. Дали си добар глумец(да лажеш,да се пренемагаш,да глумиш кога треба,за да добиеш нешто)? 3. Ако дознаеш дека некој тип што е лудо вљубен во тебе е неизлечливо болен и му останува уште малку време,дали би била со него од сожалување? 4. Нешто околу озборувањето?Колку често озборуваш,со кого најчесто,кого најмногу озборувате?И дали тоа ти причинува задоволство? 5. Веруваш ли во живот после смрт?
1. Со самата себе...најдобра опција е мојот мозок...а инаку со дечко ми само! 2. Па не баш....не знам да глумам! Ептен за нешто ако треба. 3. Ух тешко...можеби...зависи...би пробала како пријател.. 4. Па секогаш со другарките и дечкото највише...рандом дешавки, рандом луѓе! трач муабет е лекот за све.. 5. Да! 1. Кога ти е тешко што те расположува? 2. Предновогодишна еуфорија, како ја доживуваш? 3. Кое е нај омиленото јадење на твојот сакан, и дали знаеш да му го подготвиш? 4. Карма? Дали веруваш дека све се враќа ? 5. Твое мото по кое се водиш е...?
1. Музиката. Кога се` ме нервира и ми е смачено од околината слушам метал (Пантера или Металика, најчесто), а кога ќе ме изнервираат некои неважни ликови пуштам Боса Нова и уживам; 2. Па ме нема баш фатено некоја голема новогодишна еуфорија, на почетокот ја имаше повеќе, ама се дотроши ; 3. Искрено, појма немам кое му е омилено јадење, a како тргнало не ме ни интересира повеќе; 4. Верувам, Kарма Полис хехе 5. Животот е како пешачки премин. Или ќе газиш или ќе те прегазат. 1. Кое ти е омилено место за излегување ? 2. Имаш ли предрасуди? 3. Последното пијанство... 4. Каква боја на коса имаш? 5. Каде за НГ ?
1. Излет 2. Во глобала оперирана сум од предрасуди. 3. Уф, пред 2 недели, ама онака квалитетно 4. Сега смеѓа со црвенкасто бакарни прамени 5. Сеуште не знам, ама изгледа на куќна журка кај другарките. 1. Песна која те инспирира? 2. Последен квалитетен филм кој те воодушевил? 3. Дали имаш обичај, и ако да, која книга ја препрочитуваш? 4. Трауми од минатото? 5. Омилена детска игра?
1. Песна која те инспирира? 2. Последен квалитетен филм кој те воодушевил? 3. Дали имаш обичај, и ако да, која книга ја препрочитуваш? 4. Трауми од минатото? 5. Омилена детска игра? 1.Smells like teen spirit-Nirvana 2.Anna Frank.. 3.Сите што повеќе ќе ми остават впечаток..не е една 4.Немам некои трауми.. 5.Раз-двас-трас 1.Дали на твоите другарки им подари нешто и што е тоа? 2.Списание кое најчесто го читаш? 3.Првиот бакнеж и каков беше(некои детали) 4.Омилен вид на музика? 5.Каков телефон имаш?
1.Им подарив едно како стаклена топка што ја украсив сама. 2.Наш Свет 3.Немам доживеано. 4.Поп 5. 1.Кое е твоето омилено јадење? 2.Омилен/а пејач/ка ? 3.Случка од која највеќе си се засрамила ? 4.Во кого имаш највеќе доверба?
1.Кое е твоето омилено јадење? спањак со ориз 2.Омилен/а пејач/ка ? шакира 3.Случка од која највеќе си се засрамила ? кога на излегување еден другар ми збореше за нешто сосем 5то а јас одговарав за сосем 43то хаха и сите ми се изнасмеја хх 4.Во кого имаш највеќе доверба? во моите родители и најдобрата другарка 1. Дали си вљубена? 2.Каква музика слушаш? 3.Имаш ли хоби, кое? 4.Најслатката работа за тебе е? 5.Омилен филм и актер?
1. Да 2. Секаква 3. Гледање ТВ серии 4. Работа во која смисла.. - Адвокат - Дечко ми 5. Into the Blue, Paul Walker 1. Најсреќен момент во животот ? 2. Нешто без кое неможеш да живееш ? 3. Неостварена желба ? 4. Дали ако ти се укаже прилика би го изневерила дечкото ? 5. Ти приоѓа постар пар (околу 70 години) и вели дека ако имате секс во тројка, задоволувајќи ги и двајцата орално ќе ти дадат 30 милиони долари. Што би направила ?
1. Најсреќен момент во животот ? - Па имам мн среќни моменти, нешто посебно не ми се има случено 2. Нешто без кое неможеш да живееш ? - Вода 3. Неостварена желба ? - Да го прошетам светов. 4. Дали ако ти се укаже прилика би го изневерила дечкото ? - Не со било кого, ама со некој кој ми е неостварена желба би... 5. Ти приоѓа постар пар (околу 70 години) и вели дека ако имате секс во тројка, задоволувајќи ги и двајцата орално ќе ти дадат 30 милиони долари. Што би направила ? - за 30 милиони не ни размислувам, ќе се согласам 1.Кој ве прави најсреќни во животот? 2.Кој најмногу те нервира во животов? 3.Дали си партиски определна? 4.Што ќе облечеш вечерва за искачање? 5.Омилен парфем?
1.Кој ве прави најсреќни во животот? - Најблиските(мајками,сестра ми,најдобрите другарка и другар,љубовчето мое) а и многу сум среќна кога јас ке успеам да усреќам некого на некој начин. 2.Кој најмногу те нервира во животов? - Не се нервирам така лесно...а ме нервира кога некој ме прави будала,кога го наметнува своето мислење или кога некој упорно ме лаже и покрај тоа што ја знам вистината.Несакам такви работи,па дури и да се од моите најблиски 3.Дали си партиски определна? - Па не,несакам посебно ниедна партија,ама посебно ја неќам вмро-дпмне! 4.Што ќе облечеш вечерва за искачање? - Е вечерва ке одмарам од искачање,дома ке си седам 5.Омилен парфем? - Bondage.Многу ми е убав и ми трае,несакам да го менувам. 1.Промени кај тебе за време на ПМС? 2.Како ти започна Новата година? 3.Зошто машките што менуваат многу девојки се сметаат за фраери,а девојките што менуваат многу дечковци се сметаат за курви??? 4.Сакаш ли да бидеш позната(актерка,манекенка,водителка и сл.),па макар тоа да е и скриена желба? 5.Со кого разговараш кога ти е тешко и колку ги применуваш советите што другите ти ги даваат?
1.Промени кај тебе за време на ПМС? депресија,агресија плачење зошто лифтот се заглави иако тоа се случува секој ден 2.Како ти започна Новата година? не многу посебно со испити 3.Зошто машките што менуваат многу девојки се сметаат за фраери,а девојките што менуваат многу дечковци се сметаат за курви??? затоа што жените само си го баправиле тоа кога мажите меѓу себе си се фалат си даваат поддршка а жените веднаш позади грв озборуваат 4.Сакаш ли да бидеш позната(актерка,манекенка,водителка и сл.),па макар тоа да е и скриена желба? очајно сакам да бидат актерка и мислам дека би успеала во тој бизнис 5.Со кого разговараш кога ти е тешко и колку ги применуваш советите што другите ти ги даваат? не разговарам со никого освен со мачката затоа што луѓето милион пати не изневериле и не ги применувам советите што ги давам ужасно но вистинито дали сакаш да отидеш на нудистичка плажа? колку им веруваш на најблиските пријатели? дали сакаш да бидеш во центар на внимание? дали мислиш дека имаш се што заслужуваш и дека заслижуваш се што имаш? која е најголемата тајна која никому ја немаш кажано?
Дали сакаш да отидеш на нудистичка плажа? Па сега за сега - не, ама понатаму во животот би отишла. Колку им веруваш на најблиските пријатели? Онолку колку што и тие ми веруваат мене. Дали сакаш да бидеш во центар на внимание? Почесто да, ама кога сум преморена или не сум во добро расположение, едноставно сакам да бидам сама. Дали мислиш дека имаш се што заслужуваш и дека заслижуваш се што имаш? Немам се’ што заслужувам, а заслужувам се што имам - зашто се’ сум добила со труд, мака и трпение. Која е најголемата тајна која никому ја немаш кажано? Доколку сега ја кажам нема да биде веќе тајна, нели? 1. Дали можеш да кажеш кој повеќе те сака од твоите родители? 2. Дали некогаш си почувствувала љубомора кон сестрата/братот? 3. Дали би и дозволила на сестрати да биде со момче кое многу ти се допаѓа, а таа знае? 4. Која земја ти е омилена? 5. Која е твојтата основна, животна желба?
1.не 2.не 3.искрејно незнам 4.Македонија 5.Паааааааа ....... не сум размислувала 1. Колку си имала досега момчиња? 2. Дали мислиш дека треба да им се верува на другарките? 3. Што би направила доколку некое момче ти се свиѓа а и ти нему и веќе сте се мувале но има девојка? 4.Имаш ли возачка? 5. Што поевеќе сакаш излегување или со друштво на вечера?
1.досега 3 и еден мувач 2.нееееееееееееееееееееееее 3.ништо ќе си поминам 4.не ама планирам во блиска иднина 5.на вечера 1.дали си мажена? 2.дали знаеш да переш алишта во машина? 3.омилен парфем или дезодоранс? 4.што знаеш да направиш најдобро за ручек? 5.омилена тема за читање на фемина?
1.дали си мажена? - Фала богу уште не 2.дали знаеш да переш алишта во машина? - Аха,како не... мајка ми си спреми се и само ми пише на ливче кое дугме треба да го притиснам за да почне да пере 3.омилен парфем или дезодоранс? - Bondage 4.што знаеш да направиш најдобро за ручек? - Добро или лошо-само пире знам да правам 5.омилена тема за читање на фемина? - Па ги има повеќе...Ајде ке ги спомнам темите за премиерот и онаа за приватни и државни факултети.Интересно ми е да читам кога некој при очи се прави слеп и мене при здрава памет будала ме прави! 1. Дали си размислувала да одиш некаде во странство да работиш? 2. Знаеш ли сама да си сошиеш некое парче облека? 3. Да имаш можност 24 часа да бидеш невидлива,што би правела,кај би одела? 4. Дали ти е важно гардеробата што ја носиш да е позната марка? 5. Постои ли денес вистинско другарство,и што е за тебе вистинско другарство?
1. Дали си размислувала да одиш некаде во странство да работиш? -Секој божји ден! 2. Знаеш ли сама да си сошиеш некое парче облека? -Па не сум се пробала, ама ако му запнам може ке биде нешто 3. Да имаш можност 24 часа да бидеш невидлива,што би правела,кај би одела? -Да видам дали тие што најмногу ги сакам, ми работат зад грб Дали ти е важно гардеробата што ја носиш да е позната марка? -Нееее. Гледам да биде складна, и убаво да изгледа ама марка никогаш не ми било важно дали е. 5. Постои ли денес вистинско другарство,и што е за тебе вистинско другарство? -Па постои. За мене вистинско другарство е наместо да љубомориш на успесите на другиот да се радуваш, да се најдеш и во убаво и во лошо, да посоветуваш со најубава намера и најискрено па дури и да грешат, да почитуваш, и да немаш задни намери. 1.Која е твојата неостварена желба? 2.Што сакаше да бидеш кога ке пораснеш, а што си сега? 3.Која ти е омилена книга? 4.Која супер моќ би сакала да ја имаш? 5.Дали знаеш да готвиш, и што најчесто правиш?
1.Која е твојата неостварена желба? - Имам повеќе, ќе кажам две. Да имам постар брат - што е невозможно и да отидам на двете места на кои посакувам да одам 2.Што сакаше да бидеш кога ке пораснеш, а што си сега? - Сакав да бидам учителка и актерка, а сега за сега сум само ученичка 3.Која ти е омилена книга? - Имам повеќе. Еве ќе кажам три '' Ловец на змееви '' - Калед Хусеини '' Сенка на ветрот '' - Карлос Руис Сафон '' Последниот ангел '' - Ендру Дејвидсон 4.Која супер моќ би сакала да ја имаш? - Да ги заледувам луѓето 5.Дали знаеш да готвиш, и што најчесто правиш? - Имам скромно знаење за готвењето, знам само кајгана да си направам 1. На кого можеш да му се довериш? 2. Кога си зачленет/а на Фемина ? 3. Си се видел/а ли со некого од Фемина?Со кого? 4. Имињата на твоите две баби се: 5. Колку години имаш ?