Lux а твоите? Ајде ќе ги одговарам старите: 1.Врски? Петтата е во траење. 2. Течно зборувам англиски, француски и бугарски. (не, не го знам бидејќи е сличен на нашиот, имам учено) 3. Да, ако имам. 4. А каде тоа? Одмор, прошетка..? 5. Ќе го свртам тоа на шала, а претходно ќе испаничам. ____________________________________ 1.Расположението секогаш ми го крева... 2. На фејсбук трошам ... часа 3. Мој стил го карактеризира... 4. Годинава ќе летувам во... 5. ... е форумџика со која најмногу одржувам контакт.
1. Расположението секогаш ми го крева.... пиво од 2л. и гласна музика (секако,сама дома) 2. На фб трошам најмногу 3 часа на ден.Добра сум, порано 3 часа НЕ седев на фб! 3. Мојот стил го карактеризира....црвената боја(ако добро сум го разбрала прашањето)! 4. Годинава не летував нигде 5. / Прашања 1. Која дизни принцеза ти е омилена? 2. Најголемата лага што си ја слушнала за себе? 3. Ако имаш шанса да одиш некаде во странство,да живееш и да работиш таму, дали ке ти биде жал да ја напуштиш Македонија? 4. Дали парите се пресудни за среќен живот? 5. Дали си разгалено дете?
1. Омилена ми е Аурора, кај нас позната како Трнорушка. 2. Дека јас сум неверна личност. 3. Воопшто не, би тргнала и утре ако може. 4. Можеби не целосно пресудни, но во голем дел да. Сметам дека даваат голема слобода, со самото тоа се отвора широк хоризонт кој може да ни понуди среќа. 5. Никако. ---------------- 1. Како го памтиш првиот училишен ден ?! 2. Со кој од роднините и семејството поминуваш најмногу добро, забавно време ? 3. Какво кафе пиеш ? 4. Дали си верник ? 5. Дали си толерантна спрема другите луѓе, туѓите мислења ?!
1. Ариел не знам дали е од Дизни ама и ко мала и сега и се восхитувам какво чудо на генстскиот инженеринг 2. Дека сум нимфоманка 3. Ама ич око нема да ми трепне 4.За жал пресудни се парите за срекен живот ама не се и единственото нешто. 5. не сум 1. Да можеш да одбираш, со што би се занимавала во животот? 2. Која филмска улога би сакала ти да ја одиграш? 3. Која песна би сакала да е посветена за тебе? 4.Дали би подржала твое дете ако е хомосексулец? 5.Која ти е најголема маана?
1. Првиот училишен ден. Го рачунаме ли забавиштето? Ауу како и да е, многу бледо, сигурно сме биле изгуботини живи 2. Најдобро го поминувам времето на т.н. сестрински кафиња јас,сестра ми и уште три братучетки се собереме,сите сме различна генерација и секоја си има своја приказна.Абе муабети од секој тип,до 101 и назат! 3. Благо и не многу густу,само турско,други кафиња не пијам. 4. Не! 5. Да,толерантна сум и тоа многу.И почитувам туѓи мислења за што и да се работи.Сепак секој си има свое нели но сакам и моите мислења да се почитуваат и многу ме нервираат луѓе што сакаат да го наметнат своето мислење а не прифаќаат туѓо! Прашања 1. Кога за првпат доби менструација? 2. Дали нашата иднина и иднината на нашите деца ќе биде подобра или полоша од сега? 3. Од што се плашиш? 4. Им дозволуваш ли на другите луѓе да ги читаат твоите пораки,писма,мејлови и сл. или дали ти ја знаат лозинката на нешто? 5. Простуваш ли лесно и постои ли нешто што не би можела да го простиш?
Аууу сте пишале во исто време,ајде и на другите ќе одговорам 1. Веќе одбрав.Сакам да бидам професорка,уште да ме вработи некој и готово 2. Немам таква желба и онака не сум многу по филмови 3. Песната од Фламингоси-Данијела и од група код-Дени.Посебно првата ептен е погодена,не само името туку целата е баш како за мене.Би сакала некој да ми ги посвети 4. Аууу незнам стварно подалеку од тоа во секој случај... 5. Тврдоглавоста понекогаш ми е мана(но понекогаш и не) исто така мрзата и тоа што секогаш доцнам! Прашања-ги пишав погоре
1. На крајот од 7-мо одделение. 2. Се' е релативно. Повеќе би рекла, полоша. 3. Од болести (тоа е првото на кое се сетив во моментов). 4. Тоа што го имаш наброено е широк поим. Во одредени ситуации им имам дадено да прочитаат по некоја порака на моите најблиски (мислам на семејството, братучетки, дечко ми и сл.). Пак ќе кажам зависи од самата ситуација и на што се однесува самата порака/и-мејл. Што се однесува до лозинка на и-мејл (во однос на прашањево, само таму имам лозинки) знае само дечко ми. 5. Не простувам лесно. На крајот можеби ќе простам (бидејќи сум христијанка), но во никој случај не заборавам. Злопамтило, прва класа! Моите прашања: 1. Што претставува вистинска љубов според тебе? 2. Какви се твоите односи со семејството? 3. Кој ти е идол од музичката сцена (доколку веќе имаш таков)? 4. Дали си жртва на предрасудите кои го трујат општеството и што мислиш за истите? 5. Кога научи да пливаш?
1. Што претставува вистинска љубов според тебе? -Љубов што не познава граници, березервна, не бара и не очекува ништо за возврат, прифаќање на човекот со сите негови маани без желба да го промени, љубов која трае дури и кога не е возвратена. 2. Какви се твоите односи со семејството? -Одлични, многу си го сакам семејството и ми е најважно во животот, имаме межусебна почит и разбирање, и многу љубов секако. 3. Кој ти е идол од музичката сцена (доколку веќе имаш таков)? -Идол од музичката сцена немам, но им се восхитувам на оние навистина талентираните кои од ништо успеале да станат големи ѕвезди. 4. Дали си жртва на предрасудите кои го трујат општеството и што мислиш за истите? -Незнам, не се чувстувам како жртва, доколку некој има предрасуди за мене нека си живее со нив, а мене нека не ме замара. Јас немам предрасуди, се трудам да ја разберам секоја единка. Предрасудите се малограѓански работи според мене. 5. Кога научи да пливаш? -На 12 год. 1.Кога би имала можност да се преселиш во друга земја која би била таа? 2.Љубов како од бајките или сепак реалност? 3.Дали допира до тебе мислењето на другите за тебе? (се мисли на негативно мислење) 4.Со колку луѓе се имаш скарано да несакаш очи да си видиш? 5.Љубов или кариера?
1.Кога би имала можност да се преселиш во друга земја која би била таа? Шпанија. 2.Љубов како од бајките или сепак реалност? Реалност. 3.Дали допира до тебе мислењето на другите за тебе? (се мисли на негативно мислење) Секако дека допира,но после некое време заборавам. 4.Со колку луѓе се имаш скарано да несакаш очи да си видиш? Со никој се немам карано до толку да несакам очите да им ги видам. 5.Љубов или кариера? Кариера. 1.Си се срамила ли некогаш од своите родители? 2.Веруваш ли во љубов на прв поглед? 3.Си ја исмејала ли некогаш најдобрата другарка? 4.Би била ли со некој кој не го сакаш само заради тоа што е богат? 5.Се сакаш ли себеси? Спојлер Прашањата звучат како да се од Момент на вистината
1. Не никогаш до сеа. 2. Не верувам во љубов на прв поглед. 3. Не 4. Би била. 5. Некогаш да некогаш не. Моите прашања: 1. Колку пари просечно трошиш за една недела ?! 2. Дали до сега си украла пари од твоите дома ?! 3. Дали плачиш на филмови или песни ?! 4. Дали си имала до сеа секс за една вечер ?! 5. На кого си љубоморна ?!
1. Колку пари просечно трошиш за една недела ?! -Не ми паднало на памет да го рачунам ова, ама не многу за викенд ако потрошам околу 1500 ден. и преку недела за кафе-мафе натака навака уште толку 2. Дали до сега си украла пари од твоите дома ?! -Не. 3. Дали плачиш на филмови или песни ?! -Само ако сум во ПМС 4. Дали си имала до сеа секс за една вечер ?! -Мхм 5. На кого си љубоморна ?! -На никого 1.Дали некогаш ја имаш нарушено приватноста на партнерот? 2.Дали некогаш на некој начин си ги изневерила твоите родители? 3.Која е твојата најголема амбиција? 4.Што се би направила за твојата најдобра другарка? 5.Каде беше на одмор?
1.Дали некогаш ја имаш нарушено приватноста на партнерот? - Па, ако се смета тоа што одвреме- навреме влегував кај него на фб, тогаш да 2.Дали некогаш на некој начин си ги изневерила твоите родители? - Да. 3.Која е твојата најголема амбиција? - Да завршам факултет, да магистрирам, да имам убава работа. Со еден збор, да станам успешен човек! 4.Што се би направила за твојата најдобра другарка? - Што не. Дури и би убила човек. Буквално. 5.Каде беше на одмор? - Планирам да одам наредната недела, Охрид. 1. Дали си задоволна од самата себе? 2. Твоја најубава карактеристика е... 3 Твоја најлоша карактеристика е... 4. Омилен коктел... 5. Би сакала да живеам...
1. Дали си задоволна од самата себе? - да, сум. 2. Твоја најубава карактеристика е... - скромна сум 3 Твоја најлоша карактеристика е... - тврдоглавост 4. Омилен коктел... - Пина колада 5. Би сакала да живеам... - во Прага мои прашања: 1. песна што не ти е никогаш досадна... 2. што помислуваш кога некој ќе ти каже “бивш дечко’’ 3. би одела ли на нудистичка плажа? 4. омилена изрека? 5. без што не можеш?
1. песна што не ти е никогаш досадна... Усни на усни - Тоше 2. што помислуваш кога некој ќе ти каже “бивш дечко’’ Crna koshulja me zali nisi me ti mali jos preboleo 3. би одела ли на нудистичка плажа? да 4. омилена изрека? Живеј чесно , убивај невидливо. 5. без што не можеш? без воздух 1. Ми недостига ... 2. Сакам да сум ... 3. Се каам поради ... 4. Сакам да се извинам ... 5. Моето мото е ...
1. Ми недостига ... некој што не сум го видела оддамна 2. Сакам да сум ... успешна жена 3. Се каам поради ... нешто што не сум го направила, а сум имала шанса и поради нешто што не би сакала да го направам, а сум го направила. 4. Сакам да се извинам ... за тоа што сум погрешила 5. Моето мото е ... ако се сака се се може. (така ми текна хаха )
за форумџиката под мене: 1. Мразам да... 2. Никогаш не би... 3. Би сакала да одам во... 4. Не сакам да се врати... 5. Сакам да имам...
1. да јадам морков, дволични луѓе, омраза, зло .... 2. убила некој хахаха 3. ПАРИЗ 4. војната 5. куќа (е скромна сум дее хахахахаха 1. Имам ... 2. Немам.. 3. сакам... 4. на училиште ми е.... 5. отценките ми се...
Имам мачики и кучики Немам бунда. Сакам благце. На училиште ми е арно (буткаме некако). Отценките ми се сите петки па за понатаму ќе видиме 1.Дали сакаш животни ? 2.Која ти е омилена песна? 3.Омилен филм? 4.Колку години имаш? 5.Поради кои причини се зачлени на Фемина?
1.Дали сакаш животни ? Сакам, ама не се. На пример не сакам влечуги 2.Која ти е омилена песна? Еverything i do i do it for you- Brayan Adams 3.Омилен филм? Tитаник 4.Колку години имаш? 16 ( уште некој месеец и 17 ) 5.Поради кои причини се зачлени на Фемина? За да се информирам за работи кои не ги знам и за кои нема од каде да побарам помош. На форумов има многу луѓе кои знаат да ти се најдат баш во погоден момент Нешто што најмногу Ви недостига во моментов е.... Се каете за .... Песна која ве потсеќа на него/неа ? Вистинска љубов или љубов поради корист? Спортска облека или класична ?