^ Девојки да не ме сфатите погрешно,но јас мислам дека тоа му доаѓа како плацебо ефект-ме сфаќате нели..?.не верувам во такви работи,па може самата помисла дека жената ви го земала стравот-како што велите,ве излечила Толку време поминато со лекови,психијатри,храбрења,борби...не биле залудни...... сепак пробајте,може навистина ќе успеете.......со среќа
Адела...и јас мислам дека треба да ни ја пишеш жената..дај Боже до неа да е еееееее тогаш ке правиме журка сите заедно.... Јас честам!!!! Јас додека имав силни напади на паника и тоа го пробав...отидов дури кај две-три такви бајачки повеќе беше за атр на мајка ми нели...ама имаше една женчка тетка Деса се викаше...Куманово во центар жената си живееше..таа не само таму што правеше ачки-страчки хахааха..но и малку ке местегаше на вратот, рацете и зад тилот...ме оправаше....сега незнам да си објаснам ама се поткревав и одев на работа инаку и јас еднаш заглавив со напад накај работата ..... Не е на одмет, ништо не чини па може да се проба...зошто да не...постојат луѓе со некаква си позитивна енергија ....и јас верувам во нив...можеби женава еедна од нив.Пишини Адела...ние сме ти анксфренд...ха ха... Е сега уште оваа да ви го раскажам па ке спијам.... Предедна год. едно момче по ЛП ми прати имеил адреса...ме прочитал на Фемина и бараше нели совети..момчето имаше 23-4 год...Се допишувавме неое време ..јас со моите совети ..тој со неговиот анкс.Еден ден ми стигна ваква порака... ,,Дунја јас сум сосем адобар.Бев кај една баба во едно село под Плачковица...стравот ко со рака ми го однесе.....Ме поздрави и ми рече,,благодарам,,за советите и хе хе нема да го заборавам коментарот,,да имаше вакви какотебе повеќе на светов, светов ке беше поубаво место за живеење,,многу ме разнежни коментаров...ех ама бев среќна за момчето.Ми пиша уште неколку пати...тој сосема се откачи од анксот, беше добар,смирен....Се чудев и јас ама оваа е се колнам ВИСТИНА....пак велам се е до нашите глави...незнам???? Јас никогаш не верував во бајачки ...ама....тогаш навистина се заправаш..во што е работава... Ајде поздравче Ве сакам како и дае...ке ги бараме и мора да ги пронајдеме патиштата кои водат до конечна победа над анксот... Сакате ли да му пишам на момчето и да ми ја каже бабата????хехехех
знаев дека ке ми се смеете ама ајде еве ви нешто прекрасно за пред спиење затоа што ве сакам http://youtu.be/2rqDgQGQchc а вие смејте ми се мене ми е убаво хахахахаха
адела фала за личната порака малче е далеку ќе се организирам некако па напи си се тоа е само витамин ништо страшно и јас сега ќе се напијам заедно со чајче од кантарион ..... а дунја па дај ма да јас повеќе ги сакам дедовците ама бабичка бабичка дај што даш нема да се жалам .......
*dunja no comment sto da se napise na vakvo nesto ...е сега да ти кажам за таа баба Деса јас сум била да не претерам ама сигурно преку 50 пати кај неа и ништо ми нема помогнато значи се е индивидуално така да за неа и незнам баш што да ви кажам ете тоа е мое лично искуство *adela никој не ти се смее немој ни да помислиш на такво нешто и фала за ПП ке ти пишам ако има нешто *malo-milo поздравче сестричке и фала на ПП Ве гушкам бееее ситеее да знаете ете така
Адела што ти е мила, какво смееше, Дуња како што кажа се ќе пробаме па и самиот ѓавол да го бркаме само да се откациме од анкс. Инаку за бајачките, јас верувам во такви работи, дека многу пати глава кога ме боли, одам кај едно бабиче и ми баи, и одма ми поминува, од уроци, дека многу често фаќам и тогаш апче парацетамол или аналгин не ми помага, мора да ми бајат, значи од таму почнав да верувам во нивната моќ да речам или енергијата шти ја поседуваат. А за ова, и јас бев кај 2 баби тука во Неготино, зашто од Неготино сум јас, и ми баеја против страв и упла, и негативна енергија, ми дадија и вода да пијам една, и уште нешто што не смеам да го кажувам таа едната така ми рече, ама искрено не ми помогна ништо тоа, моите напади се смирија од хелексот мислам, зашто го пиев редовно секој ден по 2, 3 месеци така а ова со баењето мислам дека не ми помина од тоа. Значи верувам во нив, зашто и мајка ми и таа оде кај нив, и таа кога глава ја боли и бајат и одма поминува. Ако навистина помага и ако ти помине за некој ден, пиши во пп контакт за бабичката, па да ја посетам и јас... А инаку јас искрено да ви кажам, многу подобро сум овие денови, едноставно мислите одма ги свртувам на друга страна и не се занимавам ама ич што ме стегало а што ми отрпнало... Сега еве грлото ме стега, ама ќе си пуштам музиче од адела, и ќе се отпегнам И Адела незнам зошто прашуваш за б6, па тоа се само витамини, пиј ги 2 месеци без да прекинеш, нема апсолутно ништо да ти стане, само апетитот ќе ти се зголеми, тие смируваат на природна база, не се седативи Јас ги пиев 2 месеци пред да почнам со хелексот, и сега веќе ништо не пијам освен демитрин по потреба кога ептен ќе не можам да издржам... Ве гушшшшкам
Девојчици, не знам дали станува збор за бајачка, но јас бев кај една жена која има биоенергија. И тоа отидов за друга работа, но моја блиска роднина беше кај неа за нервите....Лично, верувам дека секој човек поседува огромна енергија во себе, но секојдневниот стрес и животните ситуации ја блокираат таа енергија, па така остануваме со одредена енергија потребна за животот. Но, има луѓе кај кои таа енергија е силно нагласена и правилно канализирана. Ете тоа се тие луѓе. Сосема обични, како и ние, едноставно...според кажувањата нивни, секогаш имале ситуација во која „животот им висел на конец“ и после тоа нивно враќање во живот, енергијата е правилно насочена и осеќаат дека во нив има вулкан од енергија (позитивна) која мораат да ја исфрлат и пренесат, така тие се во можност да помагаат... Јас верувам во таа сила....тоа се сепак многу длабоки внатрешни сили. Како и да е, оние кои не земаат пари, мислам дека навистина помагаат. Мојата блиска роднина, која отиде кај женава на неколку пати, буквално ја смири...немаше нервоза, беше полна со енергија. Јас не сум била на лекар да се проверам, но ќе одлучам да и верувам, зашто во себе осеќам промена на подобро, а ќе појдам дури во септември, па ако навистина делувала, тогаш немам зборови за тие добри луѓе...едноставно бог (или универзумот) ни ги праќа. Ве гушкам сите
i jas sum bila na bioenergija i pomaga ama treba poveke pati da se odi jas ja imam edna komsivka i kaj neja odam
Адела и јас верувам во такви луѓе и сум била во ситуација да ми помогнат и да осеќам подобрување од кај нив, навистина сметам дека има луѓе кои се пратени од некаде да ни помогнат и да направат да се чувствуваме подобро. Не знаете каде се не сум била јас, и да не беа таквите луѓе не занм дали ќе ја контролирав ситуацијата. Секоја чест за таквите луѓе навистина, јас цела Мкд ја поминав и сите ми помагаа по малку за да се чувствувам подобро. Благодарна сум им од се срце. Фала ти на тебе Аделче што ни кажа за оваа личност за која верувам дека помага и дека може да биде лекот за нас И јас сум била кај биоенергетичар но за жал смао на еден третман бидејќи после тоа нешто колабирав и одма на лекари по болници и се изпомеша се. Има луѓе со правилно насочена енергија и навистина секој нивен допир е полн со топлина и позитивна енергија. *Ферхунде, анушкаНестле, мало-84, зоцеее, и секако аделче девојки вие сте навистина храбри верувајте ова низ што ние поминуваме не може секој да го издржи. Јас се сметам за храбра бидејќи низ колку не поминав и еве не сум ни збудалена, ни полудена *Дунја, Аззура, голема благодарност до авс за секој совет прекрасни сте Поздрав мили мои силно ве гушкам **
i jas sum bila kaj zeni nekolku pati i mi pomagale ali seto toa kratko traelo i pak od ponovo se isto.ama sepak treba da razmenuvame iskustva zatoa sme i tuka nema od nisti sram .nie sme kako edno semejstvo.nekoi raboti tuka mozes da gi kazes na mnogu lesen nacin otkolku na lugeto okolu nas .nie se razbirame a drugite vikaat deka ne razbiraat ama ne na nacin kako nie zatoa sto nie patime oni ne.taka da sto ke se slusne i razbere koj kade bil i mu pomognale treba da se kaze nie sme site zelni za normalen zivot.ve sakam site.golema podrska edni na drugi sme.
и јас сум била на биоенергија ама уште кога почна да работи жената со мене јас бев готова мислев дека ќе се онесвестам неможев воопшто да поднесувам и така сум ја исплашила жената што работи со биоенергија што после тоа не сакаше да работи со мене и беше страв а и мене .незнам зошто така дали сето тоа е пак од анксот нз.а за жени имам одено на многу места ама ништо од нив ништо само уште повеќе навлегував во тиа работи поготово кога гледав какви се не чекаат пред врата стравот уште повеќе ми проработуваше.сето тоа е само мислата дека ќе ни биде подобро од таму можеби не сум во право незнам
не знам јас немам такво искуство, едноставно имам фобија од такви работи, ама искрено другарка ми ме тера да ме носи кај некоја жена во ск, некоја кај која иделе и психијатри, женава работи со вадеше на негативна енергија, другарка ми редовно си оди и е задоволна дури и дечкото го однесе, ама јас уште се наканувам...... како што ми објасни другарката женава е некоја расположена, максимално откачена, и чим те види знае што ти е без да те праша, и додека си пиеш со неа кафенце ти поставува некои прашања зависно случај од случај да те испровоцира да ја извадиш негативната енергија,.......ти објаснува како цел свет е составен од енергија и секое дете кога доаѓа на свет најважното е како го вдишува првиот воздух со позитивна или негативна енергија,...... јас искрено сум незнам маскимално позитивна зрачам,кај се појавам едноставно едноставно ме прашуваа од кај ми е таа позитивна енергија, ама почнав да се дружам со негативни и депресивни луѓе и се пореметив, тие што се дружеле со мене за 10 минути се менуваа, ене ги сега весели, максимално позитивни а јас се изгубив во просторот и времето...... другарка ми вика дека ми ја земаале позитивната енергија, јас само давам, а незнам да си ја исфрлам од себе..... и се двоумам да одам кај женава ама ако некој е похрабар од мене ќе побарам бројче па нека иде пред мене па да ми јави..... ме гушкам
Јас не сум била на биоенергија,сум била на едно-две места што сум чула дека некој видел подобрување од таму,и тоа во периоди кога навистина ми било лошо и во голема анкс-состојба.Мислам дека кај секој е индивидуално тоа,но човек кога има мака ќе побара лек на секаде,и тоа е сосема човечки нема ништо непријатно или страчно во тоа.
Ќе ми ја опише ли некој почетната фаза на чудото наречено Анксиозност? Како се чувствувавте на почетокот?
Јас сеа сум анксиозна на пример. Се гушам, топло ми е, притисоков мој остава многу лош утисок, ми се спие, ми се јаде, ми се тушира.... и сакам да си одам домчеееееееееееееееееееееееее
здраво девојки еве и јас да ви се придрузам во темата бајЧки или нзнам сто мислам дека во состојба како сто сме ние секој ке побара било каков лек барем јас така мислам,сто се однесува до мене и јас имам одено и верувам во такви некои работи и не осудувам дали идел или не идел,како сто вели поговорката а тоа јас Често си го употребувам 'Човек кога се дави и за сламка се фака само да се спаси'така е кај мене јас секогас си казувам сто би направила се само да знам дека ке излезам од оваа и се надевам дека еден ден ке помине голем поздрав до сите
*Offspring еве ти линк кој се надевам ке ти помогне http://www.anksioznost.net/simptomi и морам да ти кажам дека кај секого е различно во зависност од тоа колку е јака емотивно особата,каков тип на стрес преживеала или што и да и се случило поздрав *Dafnee зашто мислам дека во овој твој пост има доза на иронинја ....дали грешам кажи ми!!!!!
Offspring кај секого најралично се манифестира почетната фаза на анксиозноста. Најпропратени симптими во почетокот речиси кај сите се трпки по одредени делови на телото, зголемена загриженост за своето здравје (која не е потребна), забрзано отчукување на срцето, чувство на вознемиреност, малаксаност, пропратни вртоглавици и многу други симптоми. Најчесто анксот се манифестира со непотребна грижа за своето здравје и чувство дека нешто не е во ред со здравјето. Сепак ќе ти повторам тоа е индивидуално, ако сакаш можеш да го споделиш твоето искуство па да видиме сите дали симптомите ти се слични на нашите и дали станува збор за анксиозност. Поздрав