Анксиозност

Дискусија во 'Психологија' започната од dunja, 12 јануари 2010.

  1. MasterSk

    MasterSk Активен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2016
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    111
    Пол:
    Машки
    Кaкoв кoлaпс?
    Штo ти дaдoa нa клиникa?
    Инфузијa и тaкви ствaри?
     
  2. Trish

    Trish Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2017
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    109
    Пол:
    Женски
    Колапс потполно се изгубив во простор и време...незнаев кај сум...
    Инфузија не ми дадоа сигурно...
    Не ме приклучија на ништо 100%, дали ми давале и што ми давале орално незнам имам дупка во период од 10 дена...само се сеќавам дека ме примија на одделение и толку....три недели лешев на клиника, а што се случувало првите 10 дена во болница не се сеќавам и нема кој да ми каже...сопругот и моите доаѓаале само за време на посета...
     
  3. MasterSk

    MasterSk Активен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2016
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    111
    Пол:
    Машки
    Oбичнo oвa им се случувa нa луѓе пoсле пaничен нaпaд, aмa трaе крaткo и сaмo им пoминувa. Уствaри деперсoнaлизaцијa трaе пoдoлгo, и тoгaш се ти делувa кaкo вo пoлу сoн. Реaлистичен сoн.
     
    На Trish и LUCI 99 им се допаѓа ова.
  4. Nalayan

    Nalayan Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2015
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    245
    Пол:
    Машки
    Многу долго размислував на темава..
    Всушност има цела година како размислувам, и мислам дека дојдов до нешто што би можело да се смета за решение, иако за истото не постои медицински доказ и е поприлично опасно, но сум уверена дека во голем процент од случаите ќе се покаже како ефикасно.

    Факт е дека потсвесниот дел од мозокот потешко се репрограмира на свесно ниво, но затоа е многу полесно на несвесно. Еден од начините за да се стори тоа е влегување во состојба на длабок транс. Сега ќе објаснам и како...

    Веројатно имате чуено за терминот хипнотичка регресија. Доколку не, накратко ќе се потрудам да објаснам за што станува збор. Имено, тоа е состојба во која учествуваат два субјекта, од кои едниот е хипнотизерот додека другиот хипнотизираниот. Хипнотизерот треба хипнотизираниот постапно да го доведува во трансова состојба, а откако ќе утврди дека е влезен да почне да го враќа на местото на трауматското (или трауматските збиднувања), кои биле преиндикатори за да се создадат вакви анксиозно депресивни состојби. Но, овде не застанува процесот. Откако ќе се врати хипнотизираниот на местата кои се сметаат дека се едни од главните за развивање на подоцнежни трауми, хипнотизерот треба да се потруди да имплементира нови сеќавања, односно да ги замени непријатните случувања со помалку непријатни преку автосугестија, која во трансовите состојби е многу појака. Хипнотизираниот во главно нема да знае дека е под хипноза, тој ќе мисли дека е навистина по прв пат на местото на кое бил пред десет години на пример, и ако хипнотизерот успешно се обиде да имплементира лажно сеќавање, односно старото трауматично да го замени со ново помалку трауматично, потоа на личноста која е подвргната под трансова хипноза би и било се многу поинаку. Личноста може да заздрави во потполност и никогаш повеќе да не ги развие овие анксиозно депресивни состојби.

    Прашањето е каде да се најде добар хипнотизер во Македонија кој умее да всадува нови мемории, односно старите трауматични преку хипнотичка регресија да ги заменува со нови подобри.

    Ако некој од вас има некаква информација а е запознаен за што зборувам нека пише. Зошто сето ова е многу возможно, само не лажат дека не е. Ова не е фиктивен податок. Имам доста читано, и ве уверувам дека може.
    Во длабока хипнотичка состојба може да се избришат траумите, и личноста кога ќе биде во свесна состојба воопшто да не се сеќава на нив. Па, така сите оние нерационални мисли и стравови кои доживувале манифестација откако ќе заврши хипнотичката регресија, ќе бидат отфрлени од свесниот дел бидејќи ќе бидат сметани за неосновани.

    Но, спомнав и дека е опасно. Зошто?
    Опасно е, бидејќи нема доволно истражувања направено на оваа тема, и е многу тешко да се најде соодветен хипнотизер кој располага со вакви вештини, а и да се најде е знак прашање како вашиот потсвесен дел ќе одреагира бидејќи може и да се остане со трајни последици.

    Инаку, јас на ризик би се впуштила во трансова или хипнотичка регресија, само да прекине оваа состојба.
     
    Последна измена: 25 јануари 2017
    На Trish му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MasterSk

    MasterSk Активен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2016
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    111
    Пол:
    Машки
    Е oвa личи јaкa рaбoтa. Незнaм психoлoзите дaли јa применувaaт. Инaку пoтсвестa се репрoгрaмирa и нa свеснo нивo, aмa требa вистински дa верувaш вo тoa,вербa и сигурнoст oд нaквисoкo нивo. Тaкa и се дoбивaaт трaумите. Зaтoa штo силнo сме уверени декa нештoтo е кaтaстрoфaлнo и декa сме вo живoтнa oпaснoст, или декa зa нaс немa нaдеж и сл. Тaкa бaрем пишувa вo "Мoќтa нa пoтсвестa". Зaтoa се јaвувa честo вo сoнoвите, ни гo менувa кaтaктерoт и сл.
     
    На Trish му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Nalayan

    Nalayan Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2015
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    245
    Пол:
    Машки
    Да, Мастер. Ќе коригирам бидејќи може не е невозможно но е мошне тешко да менуваш уверувања на свесно ниво, затоа и сме заглавени во овие состојби со години. Додека на несвесно, преку хипнотичка регресија е многу полесно, бидејќи се брише коренот за настанување на проблемот, и тоа може да се постигне преку само неколку сеанси, што е неверојатно ефикасно.

    Само не знам каде би нашле батка кој поседува такви вештини, тоа е првиот најголем проблем. Вториот е..што едноставно живееме у Македонија. :)

    Едит: Колку сум јас информирана, психолозите овде во Македонија немаат ниту пракса а ниту дозвола за вакво нешто. Сепак, состојбата на транс е изменета состојба на свесност и затоа претпоставувам дека е високо ризична за изведување. Стварно треба да вложиш многу во проучување теорија и пракса за да станеш добар хипнотизер.
     
    Последна измена: 25 јануари 2017
    На Trish му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    14.815
    Пол:
    Женски
    Јас не би се согласила на ова...шознам, малку крипи и страшно ми делува :)
     
    На Trish му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Trish

    Trish Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2017
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    109
    Пол:
    Женски
    Може и не било кај мене типична дереализација / деперсонализација....но, некаде прочитав дека ваквата појава да не се сеќаваш што ти се случило за време на дисоцираната состојба може да е само една појава (која многу ретко се случува кај дереализацијата / деперсонализацијата, односно е последна ставка во симтомите, но не е исклучена можноста да се јави)

    ....сепак не барајте ПРОТОТИПОВИ за вашите дигајнози...имајте на ум дека секој од наш е различно битие, различни работи преживеал и различно реагирал бидејќи и секој од нас има различен карактер обликуван што од наследните особини што од преживеаното и самонаученото...ако може вака просто да се изразам....

    Инаку, затоа и се вклучив во овој форум бидејќи овде можеме да ги отвориме сите прашања и да даваме разни одговори со цел рамениме мислења, искуства, да си поделиме совети и да си дадеме поддршка и на крајот на краиштата НЕКОЈ може и ќе си го најде ЛЕКОТ, но НАЈВАЖНОТО е да не забегуваме и да бидеме РЕАЛНИ...

    Јас лично не би се впуштила во хипноза, ЗНАМ дека е прилично опасно...што ако не ги избрише сите сеќавања....што ако повторно заради нашиот карактер кој очигледно избегнуваме сите да работиме на него да си го подобриме и на некој начин измениме...и покрај тоа што демек се сите непријатни спомени избришани повторно се судри со истата РЕАЛНОСТ од која сите бегаме...и се повтори СОСТОЈБАТА...

    Јас лично би го живеела повторно мојот ЖИВОТ како што сум го ЖИВЕЕЛА и не би сменила ништо така требало да биде така сакал ГОСПОД, не се каам за НИШТО, не замерувам на НИКОГО, не обвинувам НИКОГО...само сакам да сум СРЕЌНА секој ден како ОВОЈ проживеан во ДОБРО ЗДРАВЈЕ...и затоа оставам на докторите да се ГРИЖАТ за мене, НЕ АНАЛИЗИРАМ ПОВЕЌЕ....

    Само сакам да споделам со личностите како ВАС слични на мене по тоа што го преживеале или се уште преживуваат и ако може да си дадеме поддршка во нашите ОБИДИ за ПОДОБРО УТРО...
     
    На Anie93 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Trish

    Trish Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2017
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    109
    Пол:
    Женски
    Еве го линкот каде јас прочитав:
    http://blog.tranquilene.com/disconnection-from-reality-is-common-in-anxiety-sufferers/

    Еве го линкот што го стави девојчето кое прво ја отвори темата каде пишува дека состојба може да треа минити или години, а тоа значи моќе и саати, денови, месеци..
    http://www.psiha.com/psihagon/patopsiha/426-sto-e-depersonalizacija
     
  10. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    14.815
    Пол:
    Женски
    Да потполно се согласувам со тебе. Секој е различна индивидуа и не верувам дека некој сака да биде некој друг. И јас повторно би била истата јас и повторно да се родам, си го сакам мојот живот со сите убави и лоши работи во него. :) оваа состојба и тек како те созрева :)
     
    На Trish му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    14.815
    Пол:
    Женски
    А инаку само уште нешто, не верувај на се што ќе прочиташ на нет :)
     
  12. Trish

    Trish Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2017
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    109
    Пол:
    Женски
    Ако мислеше на мене...
    Јас секогаш ги земем информациите со резерва и верувам во она што ќе се уверам самата...

    Едно од девојчинава од форумов ми пиша ЛП зошто одам и кај психијатар и кај психолог нели ми било доволно едниот да ми помогне...
    Секогаш е добро не работите да гледаш од две страни нели и повеќто работи имаат свое лице и опачина...
    Кај сите нас кои сме се довеле до оваа или онаа состојба сватете дека истата е сплет од повеќе психички појави, а тука физилошките симптоми се само почеток односно сигнали кои ги продуцира телото за да „каже“ дека нешто се случува во потсвеста за кое уште не сме свесни дека може да се случи...
    Затоа пак ќе кажам дека добрата комбинација од психолог и психијатар е лекот за било која од овие состојби кои ги предизвикува анксиозноста...а дали е добра комбинацијата вие сами ќе си одредите..но мора да се впуштите во потрага...

    Инаку, на запад нормално е секој да има свој психолог и психијатар како што има матичен лекар.
     
    На Anie93 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    14.815
    Пол:
    Женски
    Да да, знам и јас одам и на психолог и психијатар :) може да ми пишеш во пп каде одиш?
     
    На Trish му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Trish

    Trish Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2017
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    109
    Пол:
    Женски
  15. Be-yO-nCe

    Be-yO-nCe Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    1.428
    Допаѓања:
    6.954
    Пол:
    Женски
    Јас секогаш кога имам период на дереал/деперсонал имам дупка во памтењето..Има денови што не ги паметам,случки,лица,муабети..
    Мислам дека тоа е само нормална реакција на мозокот за да се поправиле одбрани,т.е да ги избриши стресните моменти или пак е само недоволна концентрација,бидеќи потсвесно цело време размислуваме околу анксиозноста па нормално дека нема да се сеќаваме најдобро..
     
    На Trish му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Trish

    Trish Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2017
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    109
    Пол:
    Женски
    И мене ми се дешаваше истото...
    Тоа е еден вид „дисоцијативна амнезија“ од антероградна природа настаната поради психолошки причини...
     
  17. Trish

    Trish Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2017
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    109
    Пол:
    Женски
    .....Тое е неможноста да се создадат нови спомени, поради „оштетување’ на мозокот, додека долгорочните сеќавања од пред настанот остануваат непроменети....
    Антероградната амнезија не може да се третира со фармаколошки методи поради тоа што дошло до губење на невроните, односно нервните клетки каде се сметиле тие спомени или информации, со други зборови новите настани, се сместуваат во привремена меморија (како кај комјутерите во РАМ меморијата), а не се пренеле во трајната меморија (на хард дискот). Значи мозокот поради траумата неможе да направи SAVE AS. Заборавањето настанува веќе по краток период и не се сеќавате на настаните, активностите што сте ги правеле, со кого и што сте говореле, што преходеле на сегашните откако сте излегле од состојбата, односно заборавате "во лет"....како будење од сон...
     
  18. Trish

    Trish Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2017
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    109
    Пол:
    Женски
    Нешто ново....

    За оние кои имааат одбивност кон фармакотерапија...
    - Наместо седативи пијте чај од камилица - камилицата има природно седативно дејство, ги олеснува на фрустрациите и го намалува на ментален стрес.
    - Наместо антидепресиви пијте чај од кантарион - кантарионот делува како антидепресив и го регулира нивот на серотонин во телото.
     
    На LUCI 99 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. perla24

    perla24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2015
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    191
    Пол:
    Женски
    Sea znam deka mnogu kje me napadnat, ama ne mislite deka nekako mnogu i davate znacenje na anksioznosta?
     
    На kostadinka24 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. sara97j

    sara97j Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.061
    Пол:
    Женски
    Дали би го прашала истото некој што има рак?
     
    На Nalayan му/ѝ се допаѓа ова.