Тоа се ЕЕГ снимка и КТМ мислам беа хаххаа јас бев на времето кога ја имав најаката сереализација.....ама се беше е ок. Ех пусти наш мозок...сега кога ќе ми текне дека таму на психијатрија ја правев и кога видов какви луѓе лежат со стварно тешки психички болести само поише се испопаничив. Дури една ми се доближи до мене и ми вика а ти нова си....ќе лежиш до мене......јас снимките и низ врата да ме нема. Срцка верувај џабе ќе одиш се е во ред со тебе и сите вас тука.
Зошто сите посегнувате по апчиња? Морате сами. Некои од вас се соочуваат со тоа цел живот како ви помагаат апчињата ако се уште се лекувате? Вие мислите дека ви помагаат и моментално ве опуштаат и се осеќате сигурно коа ги пиете ама не го искоренуваат проблемот. Мора да научите да се контролирате тоа е клучот. Се соочував со нив пред неколку години бев во многу ужасна состојба. Дури имав страв од храна не јадев костур бев ми беше страв да се погледнам во огледало не се препознавав и толку лоши напади добивав што во болница под инфузии и 300 чуда завршував. Не излегував од дома бев убедена дека ќе умрам...буквално со ова се соочував година дена можеби, секој божји ден. Мислев дека сум на работ од животот, ама никогаш не посегнав по апчиња, ама ме натераа, една недела земав антидепресиви и тогаш го добив последниот напад и решив апче да не ставам во уста и низ сето тоа да поминам сама и дека тоа е моја психа и морам да научам да ја контролирам. Фала богу успев најдов мир во други работи, искрено не сум некој верник никој не е денеска ама јас најдов таков мир кога ќе отидев во црква и од таму добивав некоја сила. Најдете си нешто што ќе ве мотивира и ќе прави да се чувствувате сигурно и како таа болест да не ви може ништо. Вие сега таа сигурност ја наоѓате во апчињата и станувате зависни од нив ама не можете цел живот да ги пиете. Ми помогна советот од мојот психолог тогаш кога ќе дојде таков момент на напад да седнам да се обидам да дишам да погледнам во себе и да размислам секое чувство од каде ми доаѓа. Зошто срцебиењето? Од каде? Да се обидам да го смирам. Потоа немирот, од каде, зошто, да се обидам и него да го смирам и така научив со тек на време да не им се плашам на тие напади и да ги контролирам.
Нате, јас се молам да ми најдат нешто во главата, само да престане оваа дереализирачка агонија. Но, нема да ми најдат, мислам дека и моите резултати ќе бидат негативни затоа што така ми е пишано цел живот да се мачам со оваа болест и умрам.
Site taka si vikame, garant ima nesto...ne e mozno ova da e bez nisto!?!?!? I sekogas ispaga bez nisto, nema nisto se e vo red!!! Samo nie ne sme vo red
Јас не сум за да не се пијат или да се пијат АД , секој како сака , има луѓе кои ги пиеле цел живот сигурно подобро се чувтвувале затоа и ги пиеле . Јас лично пиев 2 години симтомите на анксиозност ми исчезнаа но чувствата ми беа вештачки имав страв од апчињата мислев дека мозокот го лечам но телото го трујам , по две години собрав сила и ги отврлив не пијам скоро 6 месеци ми се вратија паночните напади но ми се вратија и вистинските чувства , пробувам да се извлечам без лекови па ке видам како ке биде . Има денови супер ми е има денови пекол .
Немој така....какво имање нештоо скраја било....се поминува...ќе помине и ова. Знам дека не е утеха ама поминува.
Ке помине ова да кога ке ми помине животот , десет години ме држи никако не помина ми го уништи животот ко ке остарам и не ми треба живот , сега кога сакам да учам да створам нешто за мојата иднина да работам нормално како сите други нормални луѓе , јас се уништивам . Ке помине да ама тогаш и животот ке ми помине како што ми поминаа најубавите години со оваа состојба којзнае уште колку ке трае , можеби звучам негативно но оваа е мојата реалност.
Повеќе од 10 години борба,јас функционирам нормално,работам,излегувам,живеам нормално...по долги години пиење хелекс 7 месеци сум само на витамини и следна најголема борба здраво бебе,после 1 неуспешна бременост,не се предавам. Се е возможно...само верба,трпение,борба борба и борба....
Во кожата и на тие кои не патат од анкс и депресија да не му си,верувај...имам многу контакти,слушам приказни на никој не им е лесно,секој има проблеми,ако го гледаш со насмевка на лицето,секој со својата борба.
Денес не сум станата од кревет, имам чувство како да лебдам, дали е можно да ми е вака поради тоа што нагло ги прекинав респиридонот?
А да станиш??? Што вечиш а???Да ја почниш борбата....јас лебдев неколку години,ама ако легнев требаше уште да лежам.
Еден психолог вели поарно да имате најтешка физичка болест а психата здрава да ти биде , него депресија и анксиозност .
Нереални се знам но некој ги чувствува тие симтоми и го буткаат му ја земаат сопствената сила на човекот
Више не знам што да мислам!!!! Каква психичка каква физичка болест!!!! Јас имам физичка па си добив и психичка Добро е само да си здрав!!! Не рекле за џабе здравје само па другото се ќе си дојде!!! Цел ден бев добро. .. Сега ме стегаат ме болат градите!!! Што да правам? Еве си се затворив во соба и си плачам и си викам ајде Господе и ова нека помине!!!