Не е тој, овој е во тегличка и не се спие од него.Погоре една членка рече дека го употребувала а јас го знам оти една моја пријателка го пиеше откако излезе од болница поради депресивни проблеми...да не ја должам, последно е што знам дека многу добро и делуваше но тешко можела да го најде,
Кантарионот е најпознат природен лек против депресија. Неговите блескаво жолти цветови и симболично ја претставуваат моќта на сонцето во истерувањето на силите на темнината, а неговите антидепресивни ефекти се високо ценети во конвенционалната медицина. Кантарионот веќе со стотици години се користи орално за третирање на депресивни состојби, потиштеност, анксиозност, како и кај болки на нервите. Кога се користи со цел лечење на депресија, тој не е „брз“ лек. Со него нема да постигнете моментно опоравување, но покажува одлични долгорочни резултати. Билката им помага на телото и душата да се опорават и да се изгради цврст темел за комплетно излекување. По правило чајот се пие 3 пати дневно, освен ако не е поинаку назначено во упатствата, а пред да ги забележите првите подобрувања ќе морате да причекате најмалку недела или две. Обично еден третман трае 3 до 6 месеци. Иако лицата забележуваат значително подобрување веќе по месец до два користење, третманот не е препорачливо да се прекинува поради целосно излекување.
Тука мора да го има... БИЛНА АПТЕКА СКОПЈЕ Билјана Лазареска Телефон:+ 389 2 323 79 75 e-mail: blazareska@alkaloid.com.mk
Точно така на никој да не си му во кожаа....па на ова лудо време бе и сум среќна што е само анксиозноста. Знам дека не е темава за да си ѓи кажам маките ама ај како да сум нормална....сама самохрана мајка сум и живеам сама со мајками...татко ми е починат. Пукнала цевка...ми се запали оџак....бивши муж цел ден го лаже детево дека ќе дојде...ама гарант девојакта не го пушта....како јас на дете од 9 години да му објаснам. И бришам неа солзи а и сама не можам да се приберам. Работам за нај минимална плата. И јас не можам ама МОРАМ.
Ај да си направам шега и на своја сметка ке ви пратам слика од еден чај кој наводно е релакс Оваа не е таа кај црвен крст накај Кисела вода?
Нате, не дозволувај малата да жали покрај жив и здрав татко! Отворено објасни и зошто сметаш дека татко и не доаѓа, а потоа кажи и дека тоа не е во ред, но иако не е, те има тебе и вие три со баба и сте доволни за таа да израсне во зрела и среќна девојка. Немој да дозволиш да плаче поради татко на млади години, зошто подоцна ќе и се одрази на самодоверба кога ќе порасне. Ќе има чувство дека не е доволно добра затоа што не чувствувала дека е доволно сакана од едниот родител. Мора на овие теми да се разговара со децава денес, колку и да е заебано и тешко. Јас истата мака ја мачам со братучетка ми која има 12 години, а мајка и и татко и воопшто не се грижат за неа, така да по цели денови е кај нас, дури и спие кај нас. Но, давам се од себе за правилно да ја упатам. За се максимално искрено разговарам со неа. Дури знае и за мојата состојба, и е одличен соговорник за свои години. Знам колку е тешко на дете на тие години да му објасниш дека тато размислува за голи тетки а мама за шминки и шопинг, ама мора. Нека знае, нека увиди каде греш и нека го смета за одговорен. Само нека не прерасне тоа во потиснување и себе обвинување. Зошто вината е најниско, најмизерно чувство. Ебено чувство кое ако прерасни во механизам за справување со тешките животни борби ќе доведе до ова што го имам јас денес. Ете толку од мене. Верувам дека си ти одличен родител, неколку години си и постара од мене, и веројатно немам право да се мешам бидејќи немам деца, но ете имав потреба да напишам оти тоа што и се случува на братучедка ми, ми е рак рана.
Да Адреса: 11-ти Октомври 46 Локација: стара рампа, спроти Кјуби и УЈП Работно време: Пон - Пет од 07:00 до 20:00 Саб од 07:00 до 14:00
Сега ми текна да пишам за моето искуство, во времето кога одев на "психотерапија". Кога одев кај еден психијатар (името му го имам пишано во друга тема) пред година дена и кога го прашав дали се нормални овие чувства кои ги имам у врска со дереализацијата, неговиот одговор беше неконцизен, кажан одоколу но, категорично не. Со што јас заклучив дека не сум нормална. Покрај тоа, кога го прашував дали луѓе заглавуваат во оваа состојба со години, тој првиот пат рече као дека досега нема чуено за таков случај, а вториот пат дека е се индивидуално. Што беше контрадикторно до немајкаде али ај. Плус, неговите совети беа исклучиво фокусирани на мојот lifestyle. Као демек мојот начин на живот довел до оваа состојба, што е стварно вистина АМА никако не е единствениот предуслов. На другите работи не ни обрна внимание. Знаеше да ме праша што сум како сум, ситуацијата каква ми е дома и тоа беше тоа, толку. Значи, да скратам. Зборот ми е дека треба многу да се пази кај кого се оди на психотерапија, сеанса. Зошто многу битно е со психологот да имате меѓусебно разбирање. Ако немате тогаш џабе и паре и јаре. Он може да важи за најдобриот стручњак во својата област, а на вас сепак да не ви одговара. Така да драги луѓе, ако после 15 сеанси не почувствувате подобрување во врска со своите проблеми и симптоми, тогаш е вистинско време да го промените психотерапевтот. Јас направив голема грешка што отидов кај него. До душа до некаде ми помогна во врска со дијагнозата (ја постави точно), но комбинацијата со лекови не беше баш добитна, па така пред 6-7 месеци ги прекинав и не можам да кажам ниту дека ми е подобро а ниту дека ми е полошо, туку едноставно ми е исто. Тоа што научив колку толку да функционирам е лично моја заслуга, не на лековите. Така да имајте на ум дека односот кој го имате со психијатарот, психологот, психотерапевтот or whatever e клучен при разрешување на проблемот. Затоа што тој треба да биде ваш критичар, ваша поддршка и ваш мотиватор. Вашите уверувања треба да се поклопуваат со неговите за терапијата да биде успешна. Ако нема matching се ќе биде залудно.
Мене најсигурно ми е кога сум дома. Кога сум излезена осеќам нестабилност несигурност и постојано ми се пресекуваат нозете. Денеска во едното уво си го слушам срцето како да ми чука и глава ме боли но како некоја тапа главоболка неможам да ја опишам...
Здраво на сите девојки/дечки! Не знам колку долго не сум пишала на темава и фала Богу не сум ни помислила. Бев некои 2 години во истава каша. Многу работи насобрани, класична несигурна личност бев, одгледана од самохрана мајка, добитна комбинација за анксиозност. Сега веќе немам ништо такво. Ах кога ќе ми текне колку лутав од психијатар на психолог, па плачења цели денови, колку мислев дека нема спас и дека вечно ќе бидам таква. Но, има, ете како има! Одев кај Милка Ололоска на психотерапија, ме држеше жената не велам не, но додека не решив самата дека јас сум си најважна и ништо нема да ме бутне во животот не си помогнав. Имав само 25 години и бев целосно изгубена. Дајте си време, веднаш не може да помине па не но настанало одеднаш. Секој ден правете по некоја ситница за себе, за своите блиски, за некој што ви значи. Вие сте си најважни!!!! Јас цел живот не знаев никому не да кажам, сите мајтап си играа со мене, мислејќи дека јас не сум вредна личност! Но ете како се издигнав, денес никој ништо не може да ми каже, секогаш си го бранам ставот и не отстапувам од своите убедувања. Бев 5 години со дечко ми, којшто мислев дека е љубовта на мојот живот, верени бевме, пред некое време ми кажа дека не сака да биде со мене. Да, плачев и повторно почнав да мислам дека сум безвредна и не заслужувам љубов и не јадев, пиев и спиев се дур не ми текна. Абе јас анксиозност побе див, па што е ова?! Муабетот ми е дека откако ќе ја извојувате оваа битка, а сигурна сум дека секој од вас ќе го стори тоа, ќе бидете најцврсти на свет, ништо нема да може да ве бутне! Давајте си сила, јас си велев, ех па колку ми е лошо, па ете одам на работа, ваму - таму и уште не се предавам, па јас сум всушност силна а не слаба како што се убедувам дека сум. И исто, ќе имате кризи, но тие само ви укажуваат дека напредувате и се борите. Анксиозноста чувствува дека се борите па сака да ве врати назад со некоја кризчика, но тогаш најмалку треба да потпаднете! Тогаш излезете ако ништо друго половина час на прошетка, истрчајте го милениче то, одете на кафе, било што. Ви ветувам дека секој ден, малку по малку ќе бидете подобри. И нема ни да сетите коа ќе ви помине се!
Lujge koi zemate terapija kako se cuvstvuvate ovie dva dens???jas sum so pojacana anksioznost i napadi na panika derealizacija dali e od vremevo ili pak treba da si pojdam na kontrola????