Имам да, крвна слика, екг, тироидна.... Па ако и овој доктор ми рече дека не ми е ништо, ќе морам а навистина не сакам. Зошто ако веќе сум свесна дека не е ништо, не поминува?
Затоа што треба да се работи во насока да ти се сменат мислите и стравовите. Ништо страшно не е. Обичен разговор. Ако има потреба од терапија ќе ја добиеш. Според мојот психијатар таблети не се доволни, мора да се работи на мислите и начинот на размислување. Очигледно дека има нешто што те прави не сигурна, затоа и не ти поминува. Можеш да се обидеш и без терапија. Ако не успееш сама, тогаш со помош на психолог.
Имам другар кој често мисли дека има рак, јас поминав низ сето ова знам дека е психички и дека нема нишо, неможам да го убедам мислам дека има страв од болести е сега ,прво се сомневаше дека од бенката има рак се испита ништо немаше сега се мисли дека и има рак на грлото го болело од едната страна знам дека ништо нема но неможам да го убедам никако , се измачува психички многу пати , незнам како да му докажам дека ништо нема
Јас една недела бев добра, сега пак почнаа ужасните главоболки. Не знам како се сопирам да не одам на лекар. Многу ми е страв да не ме стрефи некој мозочен Што мислите, има шанси затоа што почнав со терапија да ми се враќаат некои симптоми? Само 5 дена сум со терапија!
И да, во право си. И овој доктор истото... Органски немаш знаци на никаква болест, сето ова е психички. И го прашувам дали е возможно олку физички симптоми (слабост во нозе, чувство на лебдење, трнење на раце-нозе...) да се манифестираат... И неговиот одговор: И тоа како. Така да дечки... Здрави прави сме си, психата не убива
Мене вчера ми кажаа дека е потребно време да почне терапијата да делува. Таа што јас ја имам, треба да помине од 7 до 10 дена за да има подобрување. Не ти е од таблетите. Анксот е. Дај си време. Ќе биде подобро.
Си докажав себеси зошто се мачев кознај колку години мислеќи дека сум болна од некоја тешка болест ми здосади таа грижа сватив дека ништо не е реално од моето сомневање , сега дури и да имам болест нема да верувам дека су болнa, но друг кога пати од истово никако неможеш да му докажеш оти нема ништо.
Decki mene mi e mnogu loso...imam bolki vo zeludnikot i tesko mi e mnogu na dusata a nema nekoja posebna pricina i se napiv samo b6 ama pocnuva da mi se trese celoto telo
Смени мисла или занимавајсе со нешто играј некоја игра било што прави само фокусот смениго и ке ти помине , мене ми успева ова.
Ете и јас дојдов во клубот,по толку долг период што бев јака на сите стресови дојдов до степен да не можам да влезам да се бањам,да не можам да одам по скали и да не отидам на раб.Вчера бев на психијатар и еве ми ја дијагнозата.А се борев сама со месеци ама не успеав.
Како се пијат апчињата? По колку време треба да го пијам лексилиумот? Дадена ми е почетна терапија од 20мг сероксат по појадок и еден леклсиум од 1,5 2х10.Колку време треба да биде разликата помеѓу сероксатот и леклсиумот, докторот не пиша. Се чудам, зошто наеднаш ударна доза имам од 20мг?
И пак јас со моите главоболки. Не е толку главоболка колку нз како да објаснам, како некоја тежина во главата. Живцира, нервира, пречи!!! Колку и да избегнувам јас сепак мислам дека станува збор за нешто органско. Луѓе јас имав еден куп физички симптоми на анксиозност, ама ова веќе е неподносливо. Не е еден ден...
На жалост стресовите еден ден си го прават своето. И јас предолго бев јака, ама ете има период кога се постигнува максимумот и психата не може веќе да издржи. Такво е времето, брз начин на живот. Ќе ти биде подобро од терапијата.
Ништо органско немаш. Не мисли на тоа. Знам дека е тешко, ама обиди се некако со нешто да си ги "зафатиш" мислите. Ќе помине кога ќе почне терапијата да делува. Едновремено мораш да "работиш" малку на себе. Тотално те разбирам. Страшни се тие опсесивни мисли и многу е тешко да се контролираат. Мораме да бидеме упорни за да има резултат.
Ова ти е првиот чекор од патот на успехот и храброста само со медицинска помош и упорност пред се ќе успееш