мили мои девојки се вратив од работа сега ,се измив, вечерав и сега пред да заминам да прошетам ке си плескам зума ( ја има на странава) па кој е за нека ми се придружи вие како сте ? како се снаогате со жешково? јас од неодговорност ги пропуштам термините за цефалексин и сега дури нокеска ке пијам ако воопшто ми делуваат со прескокнување . се надевам малце ке олади ова времево 40 степени со е многу многу е . дека ве сакам си знајте
Аделче абе каде е таа игра никако не можам да ја најдам хаха Инаку јас еве само што си дојдив, на чаршија бев, и коа ме стегна јазикот и грлото оф лелеееее, и сега еве си идам, па ќе читам нешто, ако замини добро, ако не замини пак добро, само што ќе се напијам 1 демитрин, ако не можам да го поднесам. Ве сакам најмногу
здраво еве ме и мене девојки,и јас да ви казам онака сум(слонот на гради ми стои)за зал денес си реков ајде малку песаЧење и тргнав на подолга релација и влегов во една продавница да си купам несто за пиење и одеднас напат боцкање околу срцето и како да немав воздух полека платив излегов се смирив и тргнав накај дома страв не страв се изнаодив 1 саат подобро него да лезам голем поздрав до сите
Aнушка мила оди во твојот профил и таму побарај список на игри има горе лево и горе десно има чат па игри ке се снајдеш битно во список на игри е неможеш да ја најдеш во она нормалното хахаха игри само ајде најди ја па да видиме ко је болји хахахаха Надеж душо алал да ти е браво убаво си и покажала заби на паниката . е не кесе заебаваме е муабетот . само напред BTW кај ми се сиело дуња зоцце ферхунде итн ? VE SAKAMMMMM
здраво еве ме пак и мене ,не бев отсутна долго нели ...денес бев со моите деца до нашето езеро тиквешко кое е на одалеченост само на 20 км,верувајте дека едвај издржав до таму по пат.неможам да патувам ништо подолго од 5 км,нон стоп ми беше лошо ме гушеше и во секој момент очекував нешто дека ке ми се случи.истото се случи и таму.сите влегоа во водата јас се тресев од студ на таа жештина.влегов во водата и неможев да се стоплам,а колку само беше топла .постојано ме следат насекаде овие стравови станаа дел од мене и дел од моето постоење.и додека се мачев со себе гледав само насмеани лица околу мене кои се радуваат на се околу нив.и свесно ги бркав стравовите од мене ,свесна за сите лажни мисли кои ми се вртат во мозокот јас бев немоќна да се изборам.но седев до крај трпев и бев присутна таму можеби физички но не психички.додека се борев со демонот анксиозност почнаа да ми се врти околу главата колку сум дебела и колку ми е срам да се соблечам на костим за капење.но повторно свесна за се то тоа дека сум таква и дека неможам да изгледам како некои ,јас се соблеков на костим за капење и влегов во водата.се борев постојано доживував страшни работи во мене ни за момент неможев да се предадам на убавото нешто околу мене ,моите две златни деца,кои се радуваа на тоа што успеав да одам со нив некаде каде што ке му биде на нив добро,но ниту тоа неможеше да ми даде сила.и тогаш сватив дека сум себична ,и дека само мислам на себе.поминаа тие три часа и си дојдовме дома.разочарана од сето тоа што ми се случуваше се плашам да го повторам истото доживување. на истото место.мислам дека нема д асе вратам назад пак .сите места што ми принудија вакви изненадувања јас ги напуштив .и еве и сега сум свесна за мојата ситуација и за моите стравови кои воопшто не ми поминуваат и се трудам да ги избегнам но неможам тие се посилни од мене .инаку сум во брак 15 години.а имам само 32.станав неподнослива во бракот и лош пример за децата.навистина сум себична мислам само на мојата анксиозност,а на моите две златни деца му требам многу повеќе.веќе девета година сум со нив вака и се ми изгледа како нестварно.ниту психијатар ниту другар ни родител неможе да ме извади од оваа ситуација.чекам да допрам до дното па можеби тогаш ке се исправам на нагоре.којзнае???уште едно нешто не ми е јасно како може да го поминувам сеуште толку смирено паничниот напад и сеуште да се појавува без прекини.гледа дека го занемарувам постојано,и еве го пак на гости кај мене.уште толку многу би можела да напишам во моментот но сакам да избршам се да добијам некоја амнезија и повторно да почнам да живеам.зошто јас сакам да живеам јас го сакам животот но се плашам од него........
*Нема на што Мало во секое време. Те гушкам најсилно *Адела поздрав, мило ми е што си добра, сега и јас ќе пробам да ја најдам зума и да играм едно време бев опседната со неа хахаха *Лилеее мила ме допре твојава приказна па морав да ти пишам нешто од срце. Ти си млада личност која на само 17 години стапила во брак и која има 2 дечиња. Страдаш од анксиозност 9 години, и искрено многу ми е жал заради тоа. Јас ја трпам анксиозноста 6 години и верувај знам колку тешко ти е. Сите ние со нашата психа си го уништуваме животот и ги пропуштаме моментите кои се прекрасни и моментите кога сме со нашите најсакани, а причинител за сето тоа е анксиозноста. Мора да постои причина поради која се појавува оваа состојба, на некои им е позната а на некои не. Ако ја знаеш причината, коренот на твојата анксиозност пробај да почнеш да работиш на тоа. Заборави го минатото што и да било поминало, сега е време за нешто убаво. Велиш можеби ќе допрам до дното па ќе се исправам нагоре, мила моја ти веќе го имаш допрено дното за жал, ти не си среќна и не можеш да уживаш во моментите кои толку брзо поминуваат. Да си го допрела дното, сега е време да испливаш на површината и да уживаш во животот. Нема зошто да се плашиш од него, животот е борба за која вреди да се бориме. И самата си свесна дека твоите деца и целото семејство се најголемото богатство кое го поседуваш, па зар вреди да не се бориш за нив. Старите често велат ех да беше животот лесен немаше да започне со плачење. Секое бебе плаче кога ќе се роди. Бори се не се предавај, не си ти себична, само оваа состојба која ни го згорчува животот, те доведува до ниво да не уживаш со најблиските. Знаеш ли колку брзо твоите дечиња ќе пораснат, посе тоа нема да сакаат да одат некаде со мама и тато само ќе шетааат. Млада си, животот е пред тебе искористи ги сите моменти кои тој ги носи. Верувај тешко ми е и на мене, секој ден ми се врти, тешко им е и на сите девојки овде, затоа сме тука да си помагаме. Тешко е многу но вреди да се избориме со ова и да можеме да ја оствариме својата цел заради која сме дојдени на оваа земја. За дебелината не сакам да ти чујам ни збор, ма дај на некој мн му е гајле дали ти си дебела или не, секој си гледа за себе, имаш родено 2 деца, па што и да си дебела, не е битна надворешната убавина, внатрешната е битна, душата која човек ја поседува е најбитна. Те молам мила и ве молам сите вас, дајте заеднички да се бодриме, ова не е болест, тешко е но мора да се избориме, правиме лошо да се чувствуваат и луѓето кои ги сакаме, тешко ми е и мене за моите мама, тато и дада што мораа толку да поминат со мене, толку ноќи по болници, тоолку солзи исплакани, толку загриженост и нервози. Не, јас решив да се борам, да ќе има моменти кога пак ќе ми биде лошо, но како дошло така и ќе помине, ова не се издржува мора да се бориме за нас пред се и за нашите најмили. Ве гушкам сите
Лиле мила немој вака да зборуваш, немој... Дното веќе си го допрела ти, како што кажа Cielo5... Мораш да бидеш посилна иако тоа е пеколно тешко, морашшшшш, заради твоите две дечиња пред се. Малку по малку, почни да се смееш по често, нонстоп најди се во работа, кога ти е нјатеко земи од интернет сите имаме ставено многу страни за анксиозност, читај, секаде истото го пише како ова не е болест, и дека едниствениот лек сме самите ние. Тие напишани редови ќе ти дадат многу поттик и ѓелба за борба, која кога тогаш мораш да и ја објавиш на аксиозноста, мораш И јас бев како тебе, страв ми беше една минута сама да останам, и секакви мисли ми идеа, не само јас, сите сме такви, сите ние се бориме секој ден, и тоа не прави сакаме или не посилни од другите. Оваа грозота мора да ја избркаме, ич не е лесно, ама ни трошка, ама ќе успееме кога тогаш, само ако застанеме на нозе, и и покажеме заби. Ве сакам многу, и жешко е тешко е, мора да се држиме заедно, и ќе успееме, кога тогаш. Животот е прекрасен, но знаете како викаат ЖИВОТОТ Е КУ*ВА. Седатив или нешто на природна база, кога и да ви е тешко напиете се, малку по малку, се ќе се среди. Аделче ја најдив играта еве, сега таман си дојдив од чаршија гледам ти не си онлине, па утре ќе играме пиши ми лична порака со твојот фб, за да се дог. или тука Добра ноќ мили мои
лиле мила како јас да се проЧитав овде само сто јас сеусте немам деца а тоа е најмногу на светот сто го сакам а се пласам имам прекрасен сопруг а јас секоогас несрекна и јас го сакам зивотот сакам да се смеам да бидам радосна......голем поздрав до сите
фалати зоцце со ме подрзувас ,денес излегов на тераса со детето .ијако мислата бесе силна нисто не се слуци,ама пак ми е лосо се надевам дека ке го победам со васа помос поздрав до сите и бидете храбри
mila adela sto ti e dusicke zosto tolku tazno malku vesela ti sekogas ne bodres site glavata gore dusicke
ЛИЛЕ.....Плачев додека те читав.....се вратив нанзад пред години и се глдеав себеси...... и незнам како да ти дадам дел од храброста моја па да го заживееш животот кој го заслужуваш.Не Лиле душо, не то анема да биде вечно вака само ти ништо не правиш за да ја смениш ситуацијава, не те обвинувам, нееее и јас бев иста ама немаше некоја Дунја ниту ваков форум па малку од малку од малку да ме кренеше, надеж да ми дадеше, сама поминував и сама се борев. , но се изборив Сега слушај...ако си успеала да изродиш и изгледаш две деца на 17 год и да го задражиш бракот до сега и да живееш со анксот толку бреме сметај се за НАЈСИЛНА.Значи ти си силна и од денес тргај ..веднаш и сега со игноррр...Мислам(иако не сум лекар)дека кај тебе доминира и депресијата ама и таа се надминува...многу лесно само кој уме и кој знае. претпоставувам мила Лиле дека нешто те има разочарано, дека нешто не е во согласност со твојата слика за животот..го знам јас тоа стара сум и поминав низ тоа..само треба да го детектираш ...штое и да почнеч даработиш на проблемот.Биди бе мила малку егоист, однеси ги децата некој ад ги почува, отиди некаде сама, најди си ги другарките, роднините...братучетките..Знам Лиле дека оваа ти се чини утопија ама не е..ако ги прочитач моите постови наназад ке видиш како јас си поминував како тебе..ИСТО...и на Азурна обала да ме однесеа јас пак бев иста.Тоа е нешто во тебе...најди мила што е тешкото...разговарај со себе...батали ги сите...децата ке пораснат(не велам да ги запоставиш), најди психијатра, исплачи се пред него, испцуј некого, избоксирај ги перниците(удри му бокс ан мажот, лелеее, хе хехе се шегувам ама има и такви кои тоа го залсужуваат) Не мила анксиозноста од некаде то доаѓа ати ништо не правиш за да ја избркаш...Ајде со тебе сме..пиши си се што ти лежи....на срце...ние ке те слушаме и бодриме и тешиме и ке ти дадеме желба да заживееш онак асо плно срце..па погледни колку сме прекрасни(хехеххее..јас најмногуууу ама после Анеткава новава, леле браво девојче...ми се допаѓаш....)Погледни ги Зоце, Сиело,Гузи...па сите напредуваат....ајде мила чекаме да пишеш. Мало мило...јас моторџииве ич не ги карам само малку, хехеххе ме будат од моето мирно сонче.......па јас си се возам со син ми и тој има еден огромен......и да видиш колку сум важна на моторот...се возам со син ми и си мислам,,ме гледаат ли луѓево и што мислат за мене..леле 46-та ама уживам како дете...секако откако ја избркав анксиозноста.... Е за тревката страшливче беше......ангажман од сите ајде ве молам... ..јас ке ја чекам братучетками да се врати од море таа е билкарка..во Скопје има продавничка ,,Херба чаеви,,и штом добијам информација пишувааамммммм Ве сакам мили мои...ајде доста е....ајде дајте нешто весело.....Лиле те молам вети ми дека ке се бориш.....мораш да научиш да бидеш среќна.... МОНК...може болките дати се од спондилоза дете...направи некоја снимка...пронајди на нет некои вежби за релаксација и вежбај, оди малку пливај некаде...ох..морате, морате нешто да правите....
Гузи какви напади, што ти е? Напиј се некое апче за смирување, дијазепам или демитрин што пиеш незнам, или б6 витаминче, одма подобро ќе ти. Не го мисли само, прави нешто што и да е, зафатена биди нонстоп додека не помини...
Гузи, напиј се некој сок, вода, каков напад имаш,нападите кај нас се секојдневни, секојдневието наше е лошо исполнето со лошење, вртење, лоши мисли и се останато.Не можеш се да сваќаш како напад, едностанво такво е расположението на анксиозните луѓе, пробај да се смириш напиј се нешто за смирување и ќе биде ок мора да се бориш Поздрав
Девојчиња мои. ..нарачав една книга којае слична на Линден метод,...ех...човекот кој ја превел од англиски е Босанец.(го пронајдов на интернет)..дел од книгата ми ја испратил на имеил 42стр. аделот до крај го наплаќа 10 евра...на некои од вас ви го испратив делот што го имам...прочитајте па сами пресудете...другите нека ми ги пратат мејловите на мојот меил....или по ЛП..јас ке ви го пратам.онаа што јас го прочитав во првиот дел е сосема ОК ....јас ке се обидам да дојдам и до другиот дел...сепак Вие прочитајте го првиот дел и пишете ми..... Утре не сум тука амаод задутре се читаме... позз ваша Дунја....онаа што најмногу ве разбира и многу Ве сака PS.заборавив ...книгата се вика Panic Away...можете и сами да побарате
Јас би ви препорачал медитација.Спуштете го Neuro-Programmer 3 http://www.transparentcorp.com/products/np/ Има инструменталки специјално против анксиозност. Исто би препорачал инструменталки од Kelly Howell(во mp3) за медитација.Особено овие инструменталки: Total Relaxation Stress Free Forever Deep Sleep Healing Meditation Sound Healing Sound Sleep Ова е torrent-от од нејзините 37 албуми.Откако ќе го спуштите torrent-от,деселектирајте се,и поединечно селектирајте ги горенаведениве инструменталки. http://www.btmon.com/Other/Unsorted/x-D ... rrent.html И уште една инструменталка Relieve Anxiety http://www.filesonic.com/file/497935361 ... iety_n.rar Ако имате време, медитирајте 1-2 часа секој ден.Ако имате некое прашање слободно пуцајте
Сигурно еднаш ги имаш победено ... мораш пак ... и јас имам константно напади ... ама што да правам ... па и ми се , едноставно не се издржува... сепак доаѓам на форумот , сфаќам дека не сум сама , и некако заборавам за миг , и се така во круг ... додека не го достигнам она фамозно игноооор... Како се бориш ти ? Некое време заборавив на она - пушти го нападот да пројде ... почнав од денес пак со тоа ... некогаш проаѓа , некогаш не... ама се надевам дека ќе пројде засекогаш ... Да, навистина Дуња е цар !!!