Луѓе, помагајте, утре е свадбата а јас се осеќам мртво одвнатре, тешко ми е на душава, имам грутка, немам ич сила и во очите ми се познава умор од шо ми е лош внатре, нешто што ме гуши.. Инаку пијам терапија, на никому не му кажувам на моиве како ми е, да се караме пред свадба..
te sfakam kako ti e, jas isto se osekav za svadbata na sestra mi,moite znaeja deka mi e loso ama dzabe koa nemozat da mi pomognat ,ama veruvaj utre koa ke ides na sminka frizura itn. od preokupiranost ke moes da izdrzis i na kraj ke ti se ublazat simptomite (posebno koa ke doe del za u restoranot)
@GirlLove немој со вакви размислувања. Знам дека при анксиозност мозокот е како машина не престанува да мисли, ама убеди се да се смириш. Ако цело време викаш не ми е добро, не сум за пред народ, стварно нема да бидеш, паѓаш во апатија. Еве сега си и на терапија, радувај се дека си блиску до целта, значи ќе си го решиш проблемот, поголема радост има ли? Не те осудувам и те разбирам, но сакам и ти да се промениш. Да сакаш да си помогнеш, да и пркосиш на анксиозноста. Апчињата се привремени, целта е да продолжиш без апчиња. Јас мислам да најдеш сила и да одиш. Поправи го располижението, смеј се така ќе го убедиш мозокот дека ти е добро. И мене не ми се одело, ама ништо не сум откажала. Не ми се одело ни на одмори ама сум одела, иако сум ја понела и анксиозноста. Не ми се учело, ама сум учела и завршила факултет, да под таква состојба, едноставно желбата била поголема. Вежбањето помага, знам дека некогаш се нема волја ама можеш и да се присилиш и тогаш. Ако не ти одговаат апчињата консултирај се со лекарот. Мислам дека краток период ги пиеш? Ако е така очекувано е влошување, не знам дали одиш на психолог, ама ќе треба да одиш. Извини ако ме сфати погрешно дека те искарав, но треба да се бориш. Колку и да е тешко, а верувам дека е премногу. Улогата на борец е најубава. Замисли тек тебе какви убавини те чекаат во животот, можеш да го надминеш ова
Моментално на Телма има емисија во која гостува психолог многу убаво објасни за нашата состојба и за употребата на лековите .
дечки дали има некој симптом со потечена глава, заматен вид и темница во очите? како се справувате? цела се препотувам од што ми е се темно во главава,иам 0 енергија нејќам да пијам хелекс и сл. зошто ме успорува а ад пробав 3 месеци бетер ми беше , вака ми е од коа се стопли (се мислам иам страв од топло време а порано едвај чекав лето и одмор)
Моите проблеми се од физичка и псих. природа. Имам проблеми со анемијата, недостатокот на серотонин, нередовните болни менструации, црниот дроб и селенот. Овие суплементи треба да ми го подобрат здравјето и смират состојбата. Лековите се инаку кинески. Сеуште не знам какви ефекти ќе има но, доколку има позитивен ефект ќе ви пишам. Исто така ми препорачаа и триптофан, кој треба да има смирувачко - седативно дејство. Претходните терапии со асентра и занфекса не ми помогнаа.
колку тахикардии имав за време на ракометниот натпревар вардар со псж еден господ знае срцето ми идеше сигурно преко 130 ама издржав
Од поодамна не ми жежеше во градиве. Еве сега пак! Се молам да помине... Нема да можам пак да поминувам низ истото. А, стварно ми беше добро
Ти за серотонин веќе примаш терапија. Тоа е невротрансмитер во мозокот, односно супстанца која пренесува импулси меѓу мозокот и нервните ќелии. Уште е наречен и хормон на среќата, но хормон не е. Го има во секој дел на организмот. Во мускулите, желудник, кардиоваскуларен систем итн. Дефицит на истиот предизвикува разни состојби и симптоми како депресија, анксиозност, промена во расположение, пореметување на сонот итн. Од таму и физичките симптоми за кои нема објаснување. Или, на просто, ако се покачува нивото на сератонин, се ствара добро расположение, што значи тогаш се произведува истиот. Ако има лошо расположение, тогаш нивото е намалено. Така да, поголем доказ од тоа дека имаш или немаш дефицит, нема. Иначе, истиот можеш да го регулираш и со храна (но сепак зависно од состојбата и симптомите што ги имаш ) како црно чоколадо, сложени јаглехидрати, млечни прозиводи, овошје, зеленчук. Но истите не содржат серотонин, туку триптофан, т.е амино киселини од кои организмот произведува серотонин. Вежбањето исто помага во покачување на нивото на серотонин. Магнезиум и Б комплекс за истово се од помош плус.
Знам за сето ова , но има депресии што нема врска со серотонинот , може серотонинот да ти е Ок но ти да имаш депресија .Јас три години вежбам интензивно фитнес но паднав во депресија .
Здраво, дали имате проблеми со гушење, болки во градите, забрзано чукање и вознемиреност кога времето е потопло и кога треба да ви дојде менструација?