Zemi izlezi negde smeni sredina vikni nekogo taka so razgovor ke ti GI skreni mislite nema da mislis na toa
Секоја чест @dunja и @natemila Добро би било и другите да споделат како ја надминале анксиозноста. Знам дека има уште такви, и жени што си имаат дечиња сега. Потребни се мали чекорчиња (baby steps) и затоа и многу не успеваат, се откажуваат. Треба и големо трпение. Но, не е невозможно. Има многу полоши дијагнози од ова. А времето во кое живееме си го зема својот данок.
Фала на советите, Ова истото и порано ми се случи. Се тресев од страв и како главата здрвена ми беше, сега не ми е.
Јас преспав еден саат и мислите ги оттргнав на нешто позитивно едвај успеав. Ми се враќаа пак стравовите во главата
Како да имам страв од иднината кога ќе помислам на смешно нешто веднаш се замислувам и го мислам негативното како нешто од внатре да ми вика да го мислам негативното, ви се случило ли вас ова?
Не го слушај тоа што те тера да мислиш негативно оти ќе си направиш полошо. Игрнорирај и продолжи, ништо од тоа што го замислуваш нема да ти се случи живеј во сегашноста.
Ноќеска кога ми дојдоа негативните мисли се исплашив дека постојано ќе мислам така и почна главата да ми се поти и не можев да земам воздух убаво си реков готово е и ми идеа уште по негативни мисли и постојано бев уплашен не можев да ги оттргнам мислите и се тресев од страв
@dunja дали имаше само анксиозност или анксиозност и депресија? Јас потешко се справувам до депресијата .
Познато ми е ова. Може да се рече оти истото го минев (минам) и јас. Колку повеќе се плашиш од тие мисли, толку повеќе ќе земаат замав. И ќе не можеш да се ослободиш од нив. Анализање на мисли може да доведе до окп. Несакам да те плашам, анксиозните се склони кон анализирање на тие мисли. И јас анализирав поради глупиот закон на привлечност мислев дека ќе ми се случи се на што мислам и од што се плашам. Прифати ги како лажни пораки од мозокот. Тоа и се, со тек на време ќе исчезнат.
Изгледа и јас поради законот за привлечност и визуализација анализирав на почеток ако мислите на негативно може да го привлечите и јас затоа се исплашив од нив, дури и ми е страв да се концентрирам на нешто друго за да не ми се вратат мислите.
Мислите секогаш ќе бидат тука. Може со тек на време да се редуцираат и исчезнат.. не брзај да ги избришеш затоа што само ќе ги појачаш. Тоа ти е како да додаваш улје во огнот. И мене ми беа непријатни, па сакав магично да исчезнат, ама тоа е голема грешка, можеш сакајќи да ги избришеш, да ги засилиш. Послушај совет од паталец, не си само ти, многу имаат такви мисли.
Вечерва конечно заспав мислите дека нешто лошо ќе ми се случи беа тука ама јас во себе си кажував ништо не ти е здрав си и ќе живееш долго и сум заспал само што станав сабајле пак мислите ми беа тука ама јас си велев теа не зборувај глупости ова нема никаква основа да ти се случи ќе живееш многу долго. И продолжувам да правам нешто друго.
Со променава во климава како сте дечки? Јас зборев нека залади,ама многу некако без везе ми е сега,депресивно.
Леле сега повторно ми се појавија самоубивствени мисли дека нешто лошо ќе ми биде и почнав тешко да дишам и да се потам од страв. Уффф Прво помислив дека ќе си направам нешто, потоа леле навистина ќе ми се случи ова, потоа дојде стравот, снемувањето воздух и ладна пот и мислата дека сум готов и нешто ќе ми биди вистински. Понекогаш како тие мисли да се посилни од мене. Уште тие мисли како да ги победам незнам ни јас.
И во глава ми се уврте дека имам оштетување на црниот дроб и дека ми се ќе ми се случи нешто стршно и уште повеќе се уплашив