Potpolno isti slucaj ko knedla i teganje na grloto kocenje..isto bev na lekar isti odgovor...aman veke..ama ajde ke pomine..
Од стрес ти се грчат мускулите и те боли цело тело. Пиеш ли АД нешто? Проба медитации, јога, нешто за опуштање. Јас почнав пред 2 дена со јога, кога се свртам се крцка по мене, а мускулите ми се грчат толку многу што дури видлив е крчот кога ќе се фатат, и тврдо како камен. Ах, да, и обавезно пиј магнезиум. НЕ само што смирува туку е неверојатно потребен за цел организам.
Кога му се нафрлив вчера не знаеше кај тера и тој хаха Вишокот на енергија имам, се мислам вели пополека, не биди груба хехе
Здраво...од преголем стрес и напнатост овие 4 дена, добив покачена температура...и плус болки во стегнатиов желудник што беше стегнат 5 дена и едвај јадев.... се извадив од памет вчера кога ми се покачи и температура без да сум настината...
Не ми е веќе, само вчера навечер ми беше 37 со 1 , и толку, се спушти после, и сабајлево мајка ми инекција ми стави, така да не се покачи денес...се опуштив ,ама желудникот поради напнат што ми беше 4,5 дена, денеска ми е надуен и ме стега од време на време.... се од стрес. ми се деси стресна ситуација и едвај продолжувам...
И мене од стрес или ме боли желудникот или ми се иритираат цревата. тоа ми создава дополнителна вознемиреност, пропратена со срцебиење, трпнење, тахикардии, и така во круг. неподносливо е во тие моменти. исто и кога ме напаѓа вознемиреност без причина. Уф, ожас.
Јас гледам дека на пр добро се контролирам секојдневно, ама ако ми се деси некоја ситуација, доколку други луѓе би ја надминале побезболно за ден, два, мојот мозок најверојатно поради анскиозноста, ги катастрофизира сценаријата, и некако се тоа го прифаќам ко крај на свет, и милион прашања во глава иам од типот: '"што ке биде после ако вака... или што ако така.... и згора на се, не само што ја мислам ситуацијата, туку од коа осетив дека 3 кила за 5 дена ослабев, и не можев ни да јадам немав апетит, а желудникот ко со дупка ми беше, и плус вчера од никаде температура која што изгуглав дека е можно да се деси од опаднат имунитет при стрес, и се тоа ме напраи плус да се секирам и за себе и здрајвето, и нови мисли и стравови...што си напраив, дали ќе умрам.. може ке се разболам сеа и нема да се вратам веќе... може полудувам... свашта. Обично сум се трудела да се држам цврста,особено пред моите дома... долго се борев со анкс, и ништо не им кажував 2 години, освен еден до два испади.. Ама вчера беше прв пат да седнам и разговарам како се осеќам, и да факт , моето понашање е резултат на слабост... емотивен проблем имав, и не можам да се соочам од што сум слаба..од што се оббинувамсебе, од што имам грижа на совест, од што се насекирувамдополнително ако видам дека некој пати ради мене..и тн и тн. Така да вчера ме опушти разговорот со моите, ама после тоа се напнав коа видов температура... а желудников денес опуштен ми е не сум напната, ама затоа како последица на предходните денови, ме стега од време на време денес ме боли.. и надуен ми е ко балон..
Ок дечки ве молам само не ме осудувајте, може ќе ви звучи чудно, но кога сум на одмор, на плажа, лошо ми е Знам дека е безвезе. Иначе сум динамичен тип и се трудам да имам секакви активности во текот на денот, работлива сум многу. Тоа е и проблемот, штом одам на одмор, на плажа, од досада пак ме напаѓаат црните мисли. Читањето книги ми помага. Одам на плажа со вереникот. Навечер пак си сум ок ама денски не можам. Топлото бетер ми прави. Уште еднаш, ве молам без осуда и потсмев, знам дека е смешно ама за мене е трагично.
Јас те разбирам и не е смешно. Тоа е со анксиозноста, се јавува на највообичаени моменти, нели трема, нервоза, често страв без опиплива причина. Најверојатно, се работи за латентни, потиснати, нерешени или премногу трауматични ситуации кои оставиле белег и се акумулирале, најчесто кај сензитивни личности, неретко перфекционисти и испливуваат токму на површина во моментите кога се опуштаме. Како, што знам да сме програмирани да не знаеме да уживаме и опуштиме. И така, за жал се чувствувам долго, долго време, па и среќните моменти ми се товар и не ги уживам во целост. Како очекувам некоја непријатност, нарушување, потешкотија.
Фала Богу има некој што ме разбира. Преточно ме опиша. Лош момент е кога почнувам да се споредувам со непознати луѓе околу мене и да им завидувам колку се безгрижни. Можеби само изгледаат така, но јас сепак мојата тежина ја чувствувам. Гушки
Дефинитивно да ! ... кога се заљубив минатата година и почнав нова врска ко препородена бев... се додека не се зафркна тоа и се оладив..и сеа се разделив и сум разочарана што е мн тешко да најдеш тоа што бараш... :/
Јас па за да ги избркам лошите мисли и да не сум под стрес, мислам на еден дечко што ми се свиѓа. Подобро да се лажам самата со тоа, отоколку да сум испаничена и под стрес и нервоза.
Два дена бев подобра немав многу негативни мисли, но сега од кога станав повторно се чувствувам депресивно со негативни мисли и страв да не ми се случи нешто. Се надевам дека со текот на денот ќе исчезнат овие мисли
Уф, луѓе зошто и кога добивам убави вести, неможам да се радувам, ме кочи нешто ми стои како грутка кај градите. Сакам да се смееам, ама неможам.
Јогата ке даде резултати меѓутоа мора дасе вежба упорно и најмалку 2 пати неделно...Мене јогата ми беше дел од ..патот на справување со анксиозноста,,..многу ми помогна , многу....но пред се ,,ИГНОРРР,, на негативната мисла.Медитацијата на јога ќе ја научите..поздрав