Да се надоврзам и јас, членот Селест врска нема со животот, такви небулози не сум прочитала досега! Еве јас пијам АД, одам на работа секој ден, имам раководна функција и работам по 10 саати на ден, некогаш успевам да одам на вежбање, па пак се борам секојдневно со анксиозноста. Точно е дека активноста помага, но мора и поддршка од СТРУЧНО ЛИЦЕ а најмалку што нам ни треба е некој лаик седнат пред компјутер да тресе зелени! Ако беше толку лесно никој од тука немаше ни да пишува на форумот. Ако беше толку лесно ни Селест немаше да пишува во форумов туку ќе лакираше нокти!
Treba da letam so avion za nekoe vreme, prv pat ke mi bide..uste od sega panika me jade da ne povrakam, da ne mi se slosi..
Аман веќе од анализирање на симптоми. Дали на некој му трепери цело лице, едноставно како да ме лазат мравки по челото и носот, како пајажина. Неколку дена по ред цело време осеќам така
Или тоа, или пак те праќаат на испитувања, иако и самиот си свесен од кај дува ветрот...Може таков им е кодексот, не знам. А психата е најтешка за средување, нели.
@Sandra91 Јас знам дека тешко оди излегувањето од оваа состојба и не туку попусто ви кажувам дека со години сум била ,,заробена,,Но , знам и дека може да се излезе од неа и повторно да ес биде среќен и да се ужива во животот.Тоа одговорно го ТВРДАМ.Можеби @Sandra91 e тешко но не еневозможно.Проблемот е во тоа што ние сакаме преку ноќ да ја избришеме напнатоста која со години се насобрала во нас.Застанете...бидете трпеливи и не се откажувајте. Читам полемики околу тоа со АД или без нив....незнам...некој со АД подобро сечувствува и нека продолжи ...на некој тие му ,,се страшни ,,и се обидува без нив.Повторно велам НЕЗНАМ.Секој од вас да си го најд есвојот начин на борба , но ИГНОРРР на стравот нека го практицира...тој е делотворен.Си треба реме од денот кога ќе го нападнеме СТРАВОТ до неговот конечно бркање....некому повеќе некому помалку...некому со помош на АД и психијатар, некому сам.Изборот е ВАШ.Ја совде само сакам да го споделам МОЕТО искуство и се читам себеси како се повторувам милион пат...ама ако , ако ви помагам пак ќе повторам.Јас пиев АД долги години...ми помагаа ..можеби...но, поголемиот дел од патот до победат асамата си го изборив ...со игнор на негативните мисли, со соочување со стравот, со бркање ... а за тоа треба да собереш храброст и сила и УПОРНО да го бркаш и дасе соочуваш во секој момент кога тој ке те нападне.Затоа не очекувајте ...денес да успеете ..почнете денес ..кој знае ..можеби утре навистина ке ви биде добро, задутре уште подобро и на крај ке успеете....Поздрав
Фала Дуња на подршката и што иако ти е подобро сепак одвојуваш време да споделиш совет овде на форумов
Здраво девојки, ми треба психијатар некој добар да ми препорачате, ве молам некој да е што можам да му кажам се, од Скопје пожелно да е, одев кај еден само апчиња ми препишуваше, не сакам таков, сакам некој што може да ме разбере што чуствувам, нели да процени што ми се случува. Благодарам однапред
Дуња човек што има внатрешен немир џабе му се убави мисли тој и да мисли позитивно пак ке го мачи некој немир во душата
@hellocity НЕ......внатрешниот немир доаѓа од негативните мисли(...од видот сега ќе ми се слоши, ќе се вознемирам, ќе ме фати паника...и незнам милион негативни мисли).Ако ти се рестартираш и упорно ги игнорираш и полека , полека сфаќаш дека ваквите мисли те вознмеируаваат и дека треба да ги замениш со ПОЗИТИВНИ ( на пример...денес ми едобро, малку ми лупа срцево ама ај ад се напијам вода ќе излезам и ќе помине и тоа го правиш по цена да паднеш, да ти се слоши , да те тресе...незнам што и да ми е...) тогаш немирот ќе исчезне ...полека , полека ...БОРЕТЕ СЕ..ке видите како од ден во ден ке станувате СЕ посилни, нападите ке се проредат, ке се намалат и ке исчезнат ...ТОА е СИГУРНО..јас го доживеав. @Sandra91 ..ЈАС не сум подобра..ЈАС сум сосема добра...а тука сум со ВАС зашто знам за тоа колку се мачев и колку епеколна анксиозноста .Од срце сакам да ви помогнам. ЈАС ја победив анксиозноста ЌЕ ЈА ПОБЕДИТЕ И ВИЕ.
zdravo Dunja Dali si od Sk?i kazi me Dali vo bremenosta imase anksioznost I kako se spravuvase ? Jas sega sum dobra AMA Ima Takvi momenti sto me Faka nekoj strav ne mir inace 5 ti Mesec sum bremena za treto Dete
Не не сум од Скопје и не бев анксиозна во бременоста...Стравот и немирот се нормални ако се во мали дози во бременоста..пиј си чаеви, шеткај си...игноррр... Се најубаво и среќно
Чуствувам замор..Под голем стрес сум и нервоза,на некои моменти се стресувам цела,нозете постојано ми се ладни од секојдневна трема,во некои моменти плачам без причина. Некој совет?И некои апчиња ако може да ми препорачате да го надминам ова.
Здраво на сите!! Последниве 3 месеци сум под голем стрес. Сите работи од минатото и сите проблеми што ми се случиле досега во животот почнаа да ми се враќаат. А проблемите секако продолжија. На почетокот почнав да имам некои слични симптоми како што е тресење, несоница и изгубен апетит. Последниве неколку дена имам напади (брзо чукање на срцето, висок притисок, тресење на рацете и нозете, неможам да седам во едно место, телото ми бара движење, колената ми "клецкаат", неможам ништо да јадам, пулсот го чувствувам низ целото тело). Се чувствувам како некој да ме исплашил. Ова ми се случува до 3 пати во денот и тоа одеднаш. Од нигде никаде. Од чиста мира. Сакам да одам на доктор и да видам таму што ќе речат. Многу сум исплашена и периодов ми е премногу лош. Што мислите?
Еве јас ке се обидам...мислам дека треба да провериш првин да нее некоја органаска болест на пр. штитна жлезда, шеќерот во крвта...знаат матичните.А потоа психијатар и тој ке ти препорача лекови...вака на памет не бива...обидувај се да се смириш со чај од мајчина душица, пешачи интензивно да излегува негативната енергија...и мисли позитивно.Ке помине...позз
Da i ti pisav vo poraka deka m ie namalena anksioznosta... Vo denot mozebi mi se pojavuva na 5 10 min