Јас сум тапа со англискот Ферхунде (преведи ми ги ораторите...онака малку).....ама третиот линк со акупресурата..да ...го има во книгата.Книгата е навистина добра, треба да се препроцитува и практикува...Во дел од неа си го најдов онаа моето,,игноррр,, со кое ви здодеав ама вредеше..кај прифаќањето на нападот и не му обрнуваш внимани...си тераш по свое и ги преусмеруваш мислите..паниката стивнува....Ете мили мои ...гледате, дека сме здрави и дека можеме сами да излеземе од вртлогов...ајде од утре...со нови сили да ја урнеме анксиозноста...паке се договориме за КАФЕ ..мора да се собереме еден ден...Ве сака Дуњааааа Читајте!!!Благодарам Анетка златна си!!!
*Анушка мила и јас се надевам дека нема да дојде до операција, веќе мозоков ми зовре од толку мислење и нервози за овој мој стомак. Се надевам и молам Бога да помине се во најдобар ред. Ти кажав за грлото и јазикот тие се апсолутно првични симптоми и ако сега ги занемаруваш и не им придаваш значење за мн брзо време ќе поминат и нема да имаш проблем со анксот. Деметрин пиј само по потреба и не се грижи јас колку пати мислев ќе го голтнам јазикот но еве го уште стои хехехе. Биди добра. *Дуња душо вашето игнор делува и тоа како. Искрено и јас почнав да го пректикувам делот каде не се борам против симптомите туку учам да живеам со нив и да функционирам нормално иако е сеуште тешко. Се надевам на сите нас еден ден ќе ни помине сета оваа ситуација и ќе се собереме да пиеме кафе и да се смееме на анкс моментите. Ве гушкам сите
Поздрав мили моиии....... Како сте ми, слушам доста позитивни мислења денес. Тоа ми се допаѓа...јас уште сум тажна ... алии.... тоа е .... Читав сега една смешна статија, па сакав да ја споделам со вас, да ве расположам , се утепав од смеење колку е само ова точно ...хихиххихиих Знаеш дека си Македонец на одмор кога.... 1. Стани во 4 сабајле и зафати 6 лежалки- 2 на сонце, 2 на сенка и 2 за секој случај. После врати се у кревет и спиј до 12 на пладне. 2. На просечен Македонец му требаат 8 квадрата - 5 за пешкирот и 3 за апостолките 3. Треба да се понесе лап топ, ајпод, блекбери, камера, транзистор и апарат за да се прати слика на фејсбук. 4. Книга не смее да се носи, тежи. 5. Ако немаш сунцобран, намести се така сунцобранот на комшиите да те покрива тебе после ручек. Не си ти крив што не испланирале. 6. Радиото треба да свири турбо фолк, а мобилниот Бах. 7. За деца до 12 г нема потреба да се инвестира во купачи. Деца се. 8. Децата најдобро се повикуваат да излезат од вода од 200-250 метри, со јака децибелажа. 9. Ако не излезат, најдобро е тука на лице место да ги истепаш. Да се види кој е алфа-мејл. 10. Најголем гушт е лубеница да се јаде на плажа, а корупките да се остават ПОКРАЈ кантата. Да не се мачат осите да влегуваат во кантата 11. Цигарите најубаво се гасат збрцани у песок. Со кармин на пикавецот, да се знае која е лејди 12. Свекрвата најубаво се оговара на плажа и тоа со новата пријателка од Врање 5 лежаљки подалку од твојата. 13. Ако не ти е е сменета постелината сабајлето, на рецепција се правиш пуздер! Зашто дома секој ден ја мењаш. 14. Пивнуваш пиво, одиш на пливање и после зимаш ново, ладно. Затоа е ол инклузив! 15. Кога ручаш, децата треба да трчаат наоколу по другите маси, после да заспијат поубаво. 16. Ако ти заѕвони мобилен, викај погласно, зашто те бараат дур од Македонија па не се слуша 17. Купачите најубаво се сушат опнати на сунцобранот горе. 18. Шведската маса е за да земеш од се и најдобро во ист тањир - кој вика дека не идат риба и баклава? 19. Не си бил на море ако не купиш оригинален Луј Вутон на плажа. 20. На децата им купуваш свирчиња, зашто вувузелите се потрошиле. 21. Кога цел хотел ќе си легне, искачаш на балкон и играш јамб или табла со пластични коцки до 4 сабајле. Пред да легнеш, одиш и ги местиш пешкирите за утре. Ве гушкам најсилно и ве сакамммммммммм.............
Фала Циело мила, секој пат коа ме стега ова вака, прво на тебе мислам, дека и тебе исто ти било, и јас исто мислам дека че си го голтнам jaзикот, и си викам еееее ништо не е, и неа исто и било, ајде ќе поминеее, игнорррррр... и така подзаборавам, а коа не можам демитрин... а ова од Бринета хахахаххааххахахаха бравоссс најјако ми е ова - 11. Цигарите најубаво се гасат збрцани у песок. Со кармин на пикавецот, да се знае која е лејди. Коа веќе спомнавме лејди ве позз со песнава, баш сеа и на фб ја постирав http://www.youtube.com/watch?v=BvsfGhEqnXE
Anushka pesnava e nemam zborovi uzivancija mnogu mi se dopadna....Brineta ova ti vredeshe zimi se alal da ti e za postov..Ferhunde te citame mila kako ne te citame koga procitav vo knigata za tockite odma pomisliv na tebe...Cielo samo ignor i ic da ne ti e gajle kako i site drugi ke vidite ustvari jas znam deka ke pomogne i deka ovaa sostojba ke si zamine od nas siteeeeeee veljubam i gushkam i uzivajteeeeeeeeeeee
здраво мои феминки,ве поздравувам од се срце и со голема тага сакам да ви кажам дека пред два дена ,ја напуштив својата кука и со децата појдов кај своите родители.многу сум разочарана и анксиозноста ме тепа во секој момент.мојот сопруг е многу добар цовек но кога пие е катастрофа психички не малтретира и некогаш мислам дека ке добијам инфаркт од нервоза.по толку години сега се решив на еден ваков потег за да променам нешто.си велам мозеби ке се сети дека греши и ке дојди кај моите родители и ке сака да ги решиме проблемите но тој го нема веке трета ден тој не доаѓа.децата се тазни и плачат а јас немам сила да го поднесам тоа.умирам во душата ,мислам дека ке се вратам назад сама без да ме повика тој поради моите деца.но дали ке згрешам тогаш????тешко ми е немозам да ја гледам повеке болката на децата.што уште не ми се сврти во умот боже да не е оваа крај се плашам до смрт.оваа е за првпат да се решам на ваков потег.толку години тој не сфати дека греши кога пие сега за некој ден како би сфатил.што да правам ве молам.....се плашам да не ме остави тогаш како би било ...како....
zdravo kako ste mi da vi se pofalam jas sinoka se uspav bez apce imav edno vreme napad mi podripnaa nozete i kako mi podrip[naa otrpnav cela i posle pomina samo sabajleto kaj 6 saatot nogu tesko disev ama pomina neznam ne e nisto toa so tesko disev kako na grlo da me stiska nekoj ama pomina imam mnogu balgm,i moze i od toa da e ama ke pomine vie kako ste moi pa pisete
DUNJA и кај мене слабо англискиот али у суштина се збори за точките кои треба да се тапкаат (така тие велат) и со тоа се ослободуваме од емоционална или физичка напнатост,со тоа што во првиот линк има и повторување на реченица која исто така ке не ослободи од напнатоста и иако сме напнати треба да се прифатиме баш такви какви што сме ......и не само последниот и првите два линка ги има во книгата може не си приметила мислам таа техника ја има ANETKA поздравче мила сега знам дека некој ме чита И да ве прашам сега сите што ја прочитавте книгата како ви изгледа техниката ONE MOVE
LILEE незнам што да кажам а да не погрешам оваа е осетлива тема но сепак мислам дека кога ти веке си го направила првиот чекор за твоја подобра иднина (си го напуштила сопругот кој те малтретирал психички како што и самата кажа)сега треба да си јака и да продолжиш понатаму.Нели секој си знае како му е дома но јас сум против секое насилство било физичко било психичко ако до сега не се подобрил не верувам дека сега ке му текне да се промени...... па мила моја LILE зарем децата не трпат поголема болка кога се малтретирани(психички) незнам можаби и јас грешам????? и кога веке си го напуштила зошто да се вракаш за да знае тој дека си слаба и да си продожи и понатаму како до сега или уште пострашно да почне и физички да ве малтретира зашто со твоето вракање тој добива сила И пак ке кажам може некој ке ме осуди за моето размилување но јас не одобрувам насилство и ТОЧКА ако ти е тешко пиши ми во ЛП и така не ме знаеш па можеш да си олесниш ......незнам ова е тешка ситуација и само ти си таа која треба да ја донесе одлуката се надевам она ВИСТИНСКАТА поздрав мила и секое добро
ЗДРАВО МИЛИ МОИИИИИ Ве читам до кај сте стигнале и искрено не знам дали да ви раскажам за мене или да се надоврзам на муабетот... Во секој случај, ви благодарам за утехите кои ми ги испраќавте, но кога тргнав во 1 часот по полноќ, бев накљукана со линекс и драмина, па така дечкото возеше, а јас едвај држев очи...температурата ја снема зашто верувам беше поради овулација. Немав анксиозност да се пофалам. Мене лично, морето секогаш ме лечи, а островот Лефкада е прекрасно место за истражување...се сончав, пливав, скокав од карпи, бев на најубавите плажи на медитеранот, пиев узо и суперски си поминав. Анксиозноста беше по малку присутна, пиев хелекс само навечер, зашто сфатив дека денот го минувам ОК. Имаше мигови кога ми се вртеше, но се пикав одма во море и се се смируваше....Всушност анксата ми се појави поради една расправија со дечкото...така, мојот страв од оставање пак се појави. Но, некако си реков „кој те Е“ и си поминав супер.... Но, некако морам да го тргнам тој страв од мене. Колку и да делувам ОК однадвор, внатре стварно ме јаде тој страв. Ја читав Дуња (ЦАРОТ) дека треба да го свртам грбот, но работата е што не додржувам долго во тој метод на сенка зошто бре да морам на овој свет да си го замарам мозокот со тоа да го вртам грбот за некој да ме сака?! толку ли е се комплицирано?!
Драга Лиле јас те поздравувам за ваквиот потег, јас искрено немам семејство меѓутоа од ова што го пиша ме радува што си сватила и послем толку години дека таа средина како прво не е здрава за твоите деца и мислам дека треба да им објасниш некои работи и на нив, а тоа што ти си анскиозна јас мислам дека си поради него таква со самото тоа што си зивеела во стресови според мене си ја направила најдобрата работа која си можела едно да ти казам алкохоличар може да се излечи само тогаш кога самиот ке свати дека е тоа а друграчие не е можно незнам дали си го гледала Игор Џамбазов кога збореше на оваа тема и кога кажа дека никој неможе да те убеди дека си алкохоличар се до оној момент не сватиш ти самиот дека си и се до оној момент кога ќе имаш желба самиот да одиш да се лечиш, а ти сега ке видиш и самата кога ќе си ја смириш душата и кога ке знаеш дека си на сигурно и дека деновите нема да ти протекуваат со нервози ке се смириш и ти и анксиозноста ке исчезне, значи клучниот проблем за твојата анксиозност ти веке си го отстранила, многуми е жал бидејќи во вакви ситуации децата највеќе патат но и тие ке сватат еден ден дека ова ти е најдобриот потег во твојот живот, а тој сега да дојде да ве моли да му се вратите дали мислиш дека ке биде се другачие јас ке ти казам дека НЕМА туку ке биде и се полошо се додека не почне и физички да те малтретира ке биде љут на тебе зошто веќе си го оставила, а на анксиозноста дај и малку игнор туку најди сега време за самата себе узивај со дечињата шеткај со нив не се плаши ништо нема да ти се случи и да надојде анксиозноста оставија нека лупа срцето нека се потат и тресат дланките се тоа ке помине кога ке сватиш дека си потполно здрава личност и кога ке сватиш дека стресови повеќе нема..поздрав се надевам дека ке се средиш дека ке си ја вратиш самодовербата и дека искрено ке застанеш на нозе зошто сега највеќе си им потребна на твоите дечиња крени глава горе високо и сврти нова страница во твојот живот само така ке се чуствуваш убаво....
Ферхунде да ти казам искрено мене ми изгледа техниката сосема ок и мислам дека тоа е клучниот момент за излекување јас искрено така правев што и да се десеше го оставав си викав ке дојде ке си отиде како што и беше така да јас им препорачувам на сите да го прават тоа што го пишува во книгата, поздравчееееее
Како сум напишала во порака на лиле леле ја читам и ке се отрујам ако не сте ме сватиле сакав да кажам не сум мажена но имам 10 ипол накај 11 години врска, а семејство имам нормално и да не се тие незнам што би правела...
Azura ti pomina a jus use na odmorr ejj me stegaa graditee mi rabotii vo stomaak uff me faka panika da ne me stegne srcee , a pijam po edno heleksce pred plaza , daj mi sovett me faka poveke navecer koa si idam od plaza helppp
PSIHA на одмор си друже(ако не сум грешка машко си НАЛИ ) опушти се уживај земи си скаричка, пивце,евентуална бунарче гледај девојчиња,флертувај,пливај што има поубаво од тоа знам дека ти е тешко али барем малку опушти се и пробај без апче барем еден ден уживај во залезот на сонцето тоа е нешто најубаво барем за мене кога идев на одмор ја обожавав да го гледам некако ме исполнуваше со позитивна енергија ајде можеш ти тоа знам поздрав
Еве ја Азураааа, бравос девојко, гледаш колку си јака, а ти многу се секираше како ќе биде што ќе биде, ете се супер испадна, ајде не се заамрај за што и како во животот, нема одговори, едноставно живеј си го секој ден и уживај во него, за џабе се прашуваме што и како зошто, никој не ги знае одговорите, само ние самите си ја коваме нашата среќа и ги бираме луќето до нас. Зоце бравос, е така, гледаш како само се си поминува за некое време Јас денеска бев кај матичниот мој пак, ми го виде ждрелото и грлото, подобро е ми рече, нема терапија секако, само на парацетамоли по потреба, и демитрин ако ти е лошо, зашто сега во недела одам на одмор во Грција, и морав да се консултирам што како ако таму ме спука некоја паника, или грло ептен ме стега, тој ми рече ништо не може да ти е, само ако не можиш никако да се опуштиш ќе се напиеш демитрин и готово, уживај, морето подобро ќе направе да ти е. И стварно, немам страв, уедвај чекам да одам да се мавнам во водата и да се изнапливам и да се напаравм нигер хахаха. Ве сакам мили мои држете се
Здраво мили мои..Азура добредојде . Ке ја потскарам Психа ..а вие придружете ми се.. Ајде Психа ..игноррр на сите симптоми....ништо ама баш ништо ниту до сега , ниту од сега ке ти се случи...го знаеш тоа...ајде ...пливај, капи се уживај...одморот си го расипуваш самата со лошите мисли кои ги негуваш во себе и никкако да научиш да ги замениш со убави..ајде душо ...штом почувствуваш дека ти е лошо..ти пушти ..не бори се, речи си ,,оваа е само лоша мисла,,јас сум добра и ништо нема да ми случи...замајувај се со нешто друго, трчај по плажата и ...ке се чувствуваш убаво....колку сакам дасум на море, апусто немам пари кога имав паничев , сега кога не паничам немам пари....хахахххахахаха... Методот на сенки...јас сум овде најстара и најискусна и методот ми е испробан и делотворен....Значи...во брак(зборувам за брак во кој нема доволно љубовод едната старана и внимание или во подолготрајна врска)ако сакаш да покажеш дека заслужуваш и повеќе внимание и љубов, атој си тера по свое и ако ти стално потенцираш дека си запоставена ,а тој се прави луд...тогаш му свртуваш грб.Тоагаш гледаш ..дали тој ке се освести и ке си рече ,,не, не не сакам да ја изгубам таа е злато,,..или ке тера по старо...Значи знаеш на што си...вака ..ако одо, оди ако не оди... Значи методот е тест ...кој освестува...и во превод значи...ако му го свртишгрбот тој ке трча по тебе.Јас лично сум егоист(конструктивен) и саканм да трчаат по мене ако јас претходно сум дала се од себе за тој човек. Како Лиле да живее со скотот(простете ако сум строга) Ке видите девојчиња мои кога ке си го потрошите животот за некој, атој не можел шишето да го остави...што личносте ??? Заслужува ли лиле вакво нешто?Му родила две деца на 17...го сакала...го молела...веројатно..го колнела , атој???Не.Лиле..те подржувам што и да решиш( и да се вратиш ако ама ако продолжи пак сврти му го грбот, никој нема право на туѓ живот)...знам дека децата се тажни ама ако тој не се опаметува како дасе продолжи дасе живее, зарем децата и онака не се тажни кога ја гледаат сцената и тажната мајка....Не мила, не се давај..анксиозноста ке помине, децата ке се смират, ати ке си го продолжиш животот ама со човек без шише враце или сама..па што ниту си прва , ниту последна...Лиле издржи, биди маж, Лиле постави му ултиматум..или јас и децата или шишето...и крај.Можам да замислам како тие...ух... Јас немам маж алкос(фала му на горниов уште тоа ми требаше) ама мак ами е и кога еднаш у месец ке се напие, а замисли цел живот....Знам една моја другарка имаше ваков алкос в домоти велеше....,,лежев навечер стуткана под кебето до доцна во нокта и ослушнува кога ке дојде...ако силно ги треснеше вратите од гаражата знаев..пијане ..и следи тортура... Ја беше турнал по скалите и еден месец в гипс беше..ЕЕЕЕЕЕ оваа е проклетија. Лиле мила ....сите сме со тебе и едно запомни..анксот ништо не ти може,...децата смирувај ги со разговор и покажи дека си силна и пред нив.Децата имаат потреба дасе потпрат на некој а сега ти треба да покажеш дек аси им потпора...ииии знаеш и оваа ке помине ДРЖИ СЕ!!! Поздарвче ВЕ сакам...Лиле ме натажи Е, за другарката моја..гоостави и повторно се омажи..таа немаче деца со алкосот, со овој има две..среќна е..па и наша Лиле може среќата допрва ја чекаДАЈ БОЖЕ!!!
А ти пријател да те прашам што бараш на форум кога си на Одмор?! Ма каде и да си, уживај!!!! одлуЧи дека ќе уживаш....ок, ако мораш напиј се апче, ама после тоа некако „стави си“ во глава дека таблетата помогнала и сега ти е добро јас така правев, а искрено, после толку море и сонце не ми требаа таблети. Си правев салатки, јадев гиро и си уживав (колку можев) а еве сега кога ќе се сетам...навистина уживав! прекрасно беше, секој ден нова активност...возевме брод, одевме на луди плажи, скокавме....ејјјј...и јас улава се замарав таму , ама после си реков „ејјј, следното лето не знаеш дали ќе го имаш ова, затоа СЕГА уживај “ и те молам да не те видам на форумов додека си на одмор se znae sto se pravi na odmor ...
Лиле душичке, МОРАШ ДА ЗНАЕШ ДЕКА СИ НАПРАВИЛА НЕШТО НАЈХРАБРО НА СВЕТ! Не се враќај кај човек што пие и те малтретира?! Зошто?! Зашто имате деца? ...се мислев дали да го пишам ова , ама еве ќе кажам нешто: мојата сестра живееше со таков маж. Имаат едно совршено паметно дете, кое со тек на време стана свесно дека таткото пие. Не ги малтретираше (грев е да кажам) но беше агресивен по дома. Со текот на годините, детето стана свесно и сиротото ми се јавуваше во ниедно време кога овој ќе дојдеше напиен и ќе ми кажеше „тето, ме боли срцето“... Сестра ми го остави , си го зема детето и еве ја (фала му на Бога-универзумот) среќни се и двајцата. ОК, имаат контакт со него, но кога малиот ќе го прашам како ти е, ми вика „сега сум посреќен“... Лиле, не се враќај кај него, немој! Ќе се упропастиш и себе и децата. Ќе страдаат и Верувај дека подоцна можат и тебе да те обвинат дека не си ги одвоила навреме. Сега, најбезболно е да си останеш кај твоите дома. Гушкај ги малите и кажи им дека се ќе биде во ред, зашто мама е тука Сега! Не го обвинувај маж ти, едноставно сте биле млади. Можеби и тој страда некако...но, за тоа подоцна ќе зборувате кога ќе се смират работите. Не брзај со ништо. Остави еден период, издржи ...не за тебе, туку нека ги побара децата. И те молам не се секирај за околината. Луѓето ќе зборуваат, но на крај секогаш ја оправдуваат мајката ако имала причина да го напушти мажот. За соседите не се секирај ...ова ти го зборувам зошто знам дека знаат сите да „лаат“ а не знаат каква е драмата. И доврши си го средното образование, а млада си и можеш да си запишеш македонски јазик и книжевност (ако си сакаш)... Сепак, сега е најважно да се смириш и да ги смириш и децата до тебе. Пиј апчиња ако треба, но нека знаат дека си до нив. Те сакаме сите тука