Pred tri dena dobiv panicen napad deka ke pocnam da slusam glasovi vo glavata i ek dobijam sizofrenija sea dobivam vtor panicen napad deka ke pocnam pred drugite da zboram gluposti bez vrska i pak me faka panika..
Денес цел ден се гушев,немав воздух на неколку пати ме стегаа градите пресилно мислев ќе експлодирам од болка Денес бев на приватен интернист,ми рече дека сум сосема здрава во срцето,само со тироидната што имам мака. Ми препиша Деметрин да пијам по пола таблета на ден(го читав упатството и искрено ми се видоја малку "страшни" апчињава) исто ми даде и капки Валеријана,вечерва зедов од нив и ме смирија малку од малку. Не сум уште спремна да одам на психилог или психијатар,ама се нервирам што блиските и другарките упорно ме потсетуваат дека ми е на психичка база се и да ги сменам мислите се ќе биди ок,да де ова така лесно се прави со магично стапче. Луѓе,неколку недели сум во анксиозна состојба и претешко ми е,ве читам и ви се воодушевувам на храброста што ја имате...
@Rama, Зашто не си спремна за психолог? Ништо страшно нема да ти се случи Психологот е обучен да те разбере и поддржи, што и да му кажеш, верувај нека да падне во несвест ниту да те осудува. Зашто се мачиш сама? Си била на интернист, а мака ти е на психолог. Знаеш дека душата и телото си влијаат едно на друго, така? Значи тоа што те стегаат градите не е од срцето, туку од стравот. Сакаш да го лечиш симптомот, а не сакаш причината.
Не е ништо страшно да побараш помош од психијатар. Мој совет е да не одолговлекуваш, некогаш е потребно малку, а колку повеќе одложуваш толку повеќе нечини. Ќе се смири вегативниот систем и ќе исчезне тоа гушење и срцебиење, некогаш апчињата мораат да ја завршат таа работа, само со психотерапија не би можело да се реши ова според мене. И психолозите советуваат при такви напади фармакотерапија прво, но ти одлучи.
Фармакотерапија и психотерапија заедно, според мене. Ако сакаш само со лекови, без да се соочиш со себе. ништо не правиш. Ќе прекине гушењето, ама причината и стравот ќе остане. Ти сега не гледаш може зашто ти се случува ова и не си свесна, ама ќе си одиш на психотерапија, ќе сфатиш од каде доаѓа оваа анксиозност. Од искуство зборам.
@EarthFire Не знам од срам или од страв,не можам да се соочам сама со себе и да се отворам на непознат колку и да е стручно тоа лице што може да ми помогне Еднаш само бев на психијатар и јас занемив буквално,не му зборував ништо што ме мачи,освен што му кажав дека избегнував претходно да пијам терапија дека се лечев со чаеви,и не му кажав ништо друго и тој ми констатираше опсесивно компулсивно растројство. Знам каде е проблемот и решението,ама јас упорно лекот го барам по интернисти се залажував дека се ми е од срцето и тироидната. @mynameislove Те сфаќам се и тебе и другите во право сте. Ќе почекам уште малку,и ќе побарам стручна помош неможам да се изборам сама доволно
Ќе идеш на психолог, не на психијатар. И јас бев разочарана од односот на психијатарот, можев да му се отворам, ама не сакав и не почувствував доверба. Психијатарот е лекар, тој ќе се потруди да ти ги излечи симптомите, но не и причината. Јас сум секогаш за искоренување на причината.
@Rama, те сфаќам, само сакам да те охрабрам да се извлечеш од ова. Веруј, кога ќе прозбориш, ќе се препородиш ))) Мене ми беше многу полесно да му се доверам на стучно лице отколку на познат, посебно кога ќе видам дека ме гледа со разбирање и топлина и кога со прашањата ме наведуваше да размислувам и чувствував како се ослободувам и растеретувам, и тоа ми даваше снага да научам некои ствари за себе, да ги погледам поразлично од претходно, ми се зголемуваше самодовербата и така, ми овозможи да сфатам некои работи кои не ги согледував порано, и буквално низ психотерапијата не само што се ослободував од стравот, туку и животот ми се промени.
@Rama те разбирам за стравот од посета стручно лице, го имав и јас. Сфати го тоа како и секој друг доктор, некој на кого мора да му ја кажеш маката за да ти помогне. Ако те боли заб идеш на забар, ако те боли срце идеш на интернист. Така и за ова. Психичкото здравјр е подеднакво важно како физичкото. И доколку се чувствуваш несигурно сама во негово присуство викни некој во кој имаш најмногу доверба. По пишувањево гледам дека не го криеш проблемот, тоа е супер, сигурно имаш доверба во некој. Не треба да те плаши тој лекар, сепак учел за тоа и те разбира најдобро.
Рама мој совет е да не гледаш на состојбава како нешто страшно или пак болест, анксиозноста се појавува после исклучително стресни периоди и е физички одговор на психичкиот товар кој го носиме. Следи ја состојбата, доколку ти е премногу мачно сама да се избориш и терапијата не е страшен избор, еве јас лично пијам многу слаба терапија а резултатите се огромни. Во рок од неколку недели ќе го снема тешкото дишење, болките во градниот кош, слабоста во нозете...па после ќе дојдеш при себе и можеш да се фокусираш на природни начини на смирување со чаеви и етерични масла. Не е страшно да се побара помош, страшно е да се измачуваме за нешто што има решение. Не му го прави тоа на организмот без потреба. И јас првото идење на психијатар бев целосно занемена, ама после сфатив дека тоа беше до психијатарот, имај го и тоа во предвид. Отидов кај друг психијатар и самиот нејзин пристап придонесе пред неа да бидам целосно отворена, многу ми помогна. Со среќа и не се плаши, не е анксиозноста тешка за надминување, едноставно е моментална слабост на организмот како последица на стрес. Со самото надминување на оваа состојба ќе бидеш посамоуверена и похрабра
ах анксиозност ... мислам дека и ја си патам од ова прв пат пред 2 ипол год. после лош ден и период јас се претворив во некоја друга. Не сум истата насмеана,желба за хумор и дружба. Почнав да бегам од сите ,да бегам од самата себе ,да не верувам понекогаш ми се причинуваат работи понекогаш тоа е почесто све мислам дека на тој што најмногу му верувам ќе ми забоде нож,понекогаш ич немам доверба во него. се губам како чиста честичка во загаден воздух пробувам да си дадам совет сама на себе да не потпаѓам на мојата психа да бидам силна си велам добра си такво нешто нема и 100 пати сум уверена ама понекогаш е се џабе еден период бев одлично али веке некое време пак причинување на некои работи,причинување на гласови,честа тахикардија,често пуштање солза за џабе,постојано мислење на тоа што ми се случи,неверување кон нешто едноставно незнам што да правам повеќе ,понекогаш немам сила да се движам,се случува цела ноќ да ја поминам во 10 мин будна,пола сат спиење па пак исто и се така до сабалје. Прочитав погоре за дизејпам да смируват али ненормално бутаат на спиење,нозе ми се кочат како да немам нерви како да немам нозе туку имам дрвени нозе.
И јас пијам валеријана само таблети, смируваат добри се, ако ги пиеш деметринот сподели по некое време како ти делуваат дали има подобрување, инаку тоа упатствата на лековите сите се такви уплав да те фати само ке ти се зголеми анксиозноста од тие упатства. Што се однесува за одење на психолог/психијатар битно е ти самата да сакаш и да си спремна, јас неколку месеци анлизирав, размислував и еден ден си реков јас сакам да си помогнам себеси, ќе појдам на психолог за да ми биде подобро, на никој не кажав земав тел се јавив закажав, па одкога закажав споделив им кажав дома и тие ме подржаа, не е тоа едноставна одлука знам ,а треба да појдеш затоа што сигурно ќе имаш подобрување,јас одам повремено на психолог, на психијатар еднаш бев ама не ми се погоди, односот негов беше несоодветен, но сигурно има и добри психијатри кои стварно помагаат. Само сакам да ги замолам останатите кои имале позитивни искуства со психијатар нека го кажат кој е каков е кај се наоѓа на тој начин ќе ни помогнете на нас кој ние потребен таков доктор да не лутаме да се обратиме кај навистина стручно лице кое ке знае навистина да ни помогне. Рама сите ние што сме анксиозни сме исклучително добри луѓе и анксиозноста затоа сака да се дружи со нас, види колку не има ние сме сила, се ќе биде добро
Јас сонувам чудни работи секој ден и потоа тие сонови по цел ден ме мачат и ме навраќат како да било вистина а не сон. Се будам во некој период од ноќта ,а незнам зашто сум станала
Имам 26 год. и немам некој посериозен проблем во животот, напротив, имам вереник, имам работа(веќе 3год работам како професор), но последниве 6 месеци минувам многу тежок период. Имав симптоми кои многу ме исплашија, повраќање (ми дијагностицираа гастрит и дуоденит), несвесници, главоболки, повисок крвен притисок (нервниот), изостанување на менструален циклус, панични напади ( како да не сум јас), ладна пот, трнење на рацете и нозете и несоница. Правев и испитување на срцето и се беше во ред. Постојано сум по клиники на испитувања и резултатите се во ред ( дури и хормоните).Имам денови кога мислам дека ќе умрам и ме вознемирува кога ќе слушнам дека некој починал или е болен. Ве молам за совет.
Многу е веројатно да ти се јавува страв од смртта и самата помисла дека еден ден можеш да го изгубиш животот кој го имаш. Се се лекува, посети психијатар / психолог и со соодветна терапија негативните мисли ќе исчезнат и ќе се вратиш на поранешниот начин на живот. Велам мисли затоа што сите симптоми се јавуваат баш поради негативните мисли и стравот како последица на истите
Веќе 6 месеци се борам со паничните напади и анкзсиозноста. На почетокот добивав само панични напади меѓутоа со текот на времето се претворив со страшно анксиозна личност и имам симптоми кои понекогаш ме држат со денови. Вртоглавици, тахикардии, чувство на лебдење, мозокот ми лета 100 на саат и не можам никако да го смирам. Пробав со ансилан на почеток, па диазепам, еглонил сируп за вртоглавици, високи дози на б витамин секојдневно меѓутоа ништо од апчињата не ми помогна на долгорочен план и мислам дека нема ни да ми помогне. За викенов имам закажано кај Милка Ололовска. Ќе видам како ќе поминам, па ќе ви пренесам мое искуство. Последна надеж ми се бајачките