Здраво луѓенца, како сте.. мене деновиве ми беше добро меѓутоа кога легнувам да спијам срцето ми лупа како лудо го осеќам дури во грлото мислам готово умирам. Па и на десната страна над градата како нешто да ми вибрира од време на време, ваљда некој нерв (некогаш и кај грлото).. Во глобала сум океј меѓутоа имам периоди кога сум целосно изгубена, си мислам готово крај е .. дали на некој му било вака??? ( фактот дека некој се соочува со истото и преживеал ми ја олеснува оваа ситуација) Имам анксиозност неколку месеци меѓутоа ова со "вибрирањето" е ново хаха..
Не сум најдобро деновиве. Ги правам сите финти што обично палат, но ете, бедно ми е. Ми фали знам што - а тоа е шетање навечер под лилавото небо и дишење на свеж воздух. Но ова, ќе си го приуштам и покрај ужасните главоболки, ќе му ја шетнеме вечерва.
Се додека се плашиш од опсесивните мисли, нема да ти даваат мир. И ќе пуштат корени. Ти се уште мислиш дека тие се поврзани со тебе, дека си лоша личност? Мораш многу да промениш. Тие се лажни, автоматски мисли. Многу тешко се излегува од нив, треба многу трпение и мали чекори. Ти препорачувам да посетиш и психотерапевт, има терапија за тоа и да ја прочиташ книгата Блокиран мозок. Чудни ми сте вие што се плашите од терапија, а не се плашите од тоа што го губите здравјето, не се плашите од психосоматски болести? Можам да го разберам до некој степен тој страв, но удирање си глава во ѕид не. Психичките болести се многу посериозни од лекови на природна база и магично решение. Ако мора лекови мора, слушајте го специјалистот освен ако не сакате со години да останете во таа состојба на безнадежност и да тонете се подлабоко.
Ни јас не сум добро. И да нема ништо јас ќе си направам секаков филм. Највеќе ме плаши навечер. Никако не можам да заспијам, мозокот ми работи без престан, само мисли една по друга, која толку се осеќам исплашено како целата да сум во грч, и се мачам да заспијам. Толку сум преплашена што заспивам и сонувам а всушност се осеќам будна како да го гледам сонот, имал некој такво нешто? И се будам целата во паника и тогаш стравот е најјак , се осеќам ко да толку е се, како животот таму да застанува. Нема нешто полошо од тоа да го чувствуваш. Да си немоќен.Да неможеш да уживаш во сонот. Да си мислеш како и зошто ова ти се случува. Со ноќи да мислам дали од ова се полудува, и само лоши мисли да незнаеш како да се справеш. Ногу се прашања, одговорот е само еден дека се е до нас, ама тешко да си помогнеме
Драги мои феминки јас имам сериозен проблем со спиењето заспивам многу доцна секое сабајле доцна станувам и каснам на факултет на испити а навечер никако не можам да заспијам , не знам што да правам мислам дека проблемот ми е малку психолошки бидејќи сум прва година одеднаш се ново, чувствувам и притисок , се плашам дека нема да ги положам испитите а сега моментално не можам да одам на лекар, некој делотворен совет ве молам
Леѓенца, јас имам страшен проблем со дланките последно време, еве може цела недела, секој ден.Слабост огромна,осеќам како да не ми се функционални прстите, како укочени, како кога надвор е ладно и кога ќе влезеш во топла просторија, само што ова моето не е поврзано со ладното...Ова прв пат ми се случува, не знам ни колку е поврзано со анкс.Некој искуство?
Не сум била на доктор, ама според ова што го читам јас сум ансксиозна. Буквално добивам панични напади. После празнициве сме преполни со храна, имам некои грчеви... Го свртев цел Гугл и си најдов 100 болести. Пред некој ден малку ми се гадеше, јас се исплашив, станав, целото тело почна да ми се тресе, излегов на прозорец и стоев 20 мин на -4 степени...Работам, ама постојано мислам на болести...Секој ден по нешто ново си наоѓам и веднаш менам рааположение, станувам тивка, вниманието ми е на друга страна. Кога ги гледам луѓето околу мене како не се грижат за ништо, колКу се весели, како се си сфаќаат на шега, им љубоморам...Тешко е
Јас ги имам пиено, не знам дали помогнаа ама секому ги препорачувам затоа што не се скапи и се на природна база пробај си, ништо не губиш.
И јас не сум добро деновите. Имам болки во вратот и од позади на тило како да ме стега да ми жари 2 дена ми е така. Дали некој друг има такви проблеми?
Кога сум дома или на некое место во град каде што сум секој ден сум многу посигурно и не мислам на глупости ..
Zenski veke sum na 36 nedela uste malku mi ostana sa poragaj ama mnogu se plasam i samo Filmovi pravam,dali ke umram dali so bebto se e vo red ne mozam cela vecer da spijam od ovie misli vaka taka 9 meseci mi pomina nekako na pocetok mi bese mnogu loso vo sredinata super ama eve pri kraj pak isti losi misli
Се' ќе биде во ред. ,,Нормално" е во состојба на анксиозност да размислуваш на негативен исход од секаква ситуација.. Лесно е да ти речам не грижи се, меѓутоа те очекува еден од најубавите моменти во животот, ќе донесеш на свет едно прекрасно, невино суштество кое растело во тебе.. Размислувај само на убави работи.. Оттргни се од стравот тоа е само твојата имагинација и фиктивни случки ништо од тоа нема да биде. Со лесно бебето ќе биде супер, а и ти истоо!!!
Ништо не ти е. И јас исто се осеќам. Плус вратни нерви постојано ми вибритаат и отчукувањата на срцето ми се над 100... Не грижи се, се е до нашата глава.. не знам најди си некоја занимација нешто што те исполнува.. читај книга, пушти си комедија.. само не се измачувај, не го заслужуваме ова. Контролирај ги чувствата или тие ќе те контролираат тебе.. можеш слободно да ми пишеш во ЛП во моменти на криза
Здраво дечки Кога се зачленив на фемина за прв пат, пред нешто повеќе од две години, се зачленив токму заради оваа тема. Бев во голема криза од која мислев дека нема излез и ве читав постојано со надеж дека не сум сама на светот со такви симптоми. Само, никогаш не собрав храброст да пишам. Сега, после толку време јас се наоѓам во уште полоша ситуација од претходно. Тогаш имав панични напади, а сега преизразена хипохондрија што преминува и во депресија. Немам волја за ништо. Пред една недела многу се исплашив и сфатив дека морам нешто да преземам кога сфатив дека јас буквално не се сеќавам кога последен пат се смеев. А што е уште потажно, иако ми е претешко, јас од некоја причина не можам ни да се исплачам. Цело време сум загрижена и не можам да мислам на ништо друго освен мојата здравствена состојба иако знам дека можам да си направам проблем онаму кај што нема. Веќе и луѓето започнуваат да забележуваат дека сум нерасположена, мнооогу лесно раздразлива и без елан, дека се она што претходно ме правеше среќна, повеќе не ме радува. Заради ова последното дури се чувствувам и виновна, бидејќи испаѓа како да сум неблагодарна за се што имам во животот. И тоа ми создава уште поголем притисок. Дереализација имам постојано, гумени нозе, се будам со тахикардии. Имам направено екг, анализа на крв и урина, фала Богу сѐ беше океј. На психијатар/психолог не сум била досега зашто сметав дека можам сама. Ама сега веќе не. Нејсе. Сакав да ви пишам од две причини. Прво, да си олеснам малку на душава и да ни посакам што поскоро да ја надминеме оваа состојба. Јас не се откажувам, немојте ни вие. Ќе биде подобро А втората причина е да ми препорачате добар психолог во Скопје, да ме информирате колку чини една сесија и каква е таа психотерапија што гледам дека на повеќето од вас помогнала? Фала ви
Јас би ти ја препорачал доктор Зора Митиќ вчера бев кај неа и стварно сум презадоволен од односот и од нејзината стручност