Здраво на сите. Нова сум на форумот и се наоѓам во ужасна ситуација. Бев добро, до пред неколку денови, ете ме сега пак на дното. Постојано мислам дека ќе ми се случи нешто лошо, дека ќе умрам си замислувам сцени што ако ова што ако она. Никако да се сталожаж по цели ноќи и денови сум отсутна, вознемирена со главоболки вртоглавици. Место не ме држи. Нема причина да мислам дека ќе умрам не сум болна не дај боже но ете пак сум вознемирена и преплавена во страв дека ќе ми се слчучи нешто. Помагајте. СОВЕТ .. ВЕ МОЛАМ ВЕ МОЛАМ. Ова ќе ме докрајчи. Студент сум плус тоа живеам во студентски немам доволно пари да си овозможам психолог, психијатар. Не сакам да умрам .. цело време имам деперсонализација :"( ПОМОШШШ.... Претешко е чувството. Како да не сум јас во своето тело. Си мислам ако умрам како ќе биди што ќе прават моите без мене. Не сакам да мислам на ова сакам да исчезне ме гуши ме излудува. Не можам да издржам веќе. Ми е страв дека ќе умрам :'(
И јас имам такви мисли дека умирам готово и слично. Многу такви ситуации имав во оваа година и се плашам за себе си. Смири се не знам што да ти кажам.... не знам ни себеси што да си кажам. Ваљда има некој порационален да ни каже некое мислење...
Те разбирам потполно. Ајде ок,немаш пари за психолог,но дружи се со луѓе повеќе,не останувај заглавена дома,читај книги,ако си верник читај библија и молитви,тоа доста помага,ако немаш друштво за шетање,излегувај сама на воздух,тешко ти изгледа,но мораш сама да си поддадеш рака и да се оттргнеш од лошите мисли. Не си го прави тоа сама на себе,млада си за да се осудуваш и казнуваш така,ајде малку позитивно и само напред,го можеш тоа!
тешко ми паѓа се што ќе слушнам што му се случило на некој.. тројца познаници загинаа во несреќи во рок од 6 месеци на моја возраст, 19/20 години и тоа некако многу тешко ми паѓа. Се плашам за сопствениот живот. Си мислам ех што и да прајш секако ќе умриш.. немам мотивација некако за ништо.. си мислам дека и мене ќе ми се случи нешто, си мислам дека на некој од мојата фамилија ќе му се случи нештоо.. живеам во скопје ми е страв да си одам дома во др град да не ми се случи сообраќајна несреќа буквално. На вечер се будам и не знам дали сум жива или не.. ужасно е чувството... мислам дека ќе умрам како да го чекам денот да ми се случи нешто без некоја разумна причина.. здрава сум немам никакви здравствени проблеми .. но ете пак си мислам дека ќе ми се случи нешто. Ме гуши не мидозволува да го живеам животот .. Не знам што да правам, а немам пари за даодам на психолог. Реално студентот во Скопјеживее неделно со тие пари за една разговор што ќе ги дадам. Ќе треба да гладувам една недела.. хаха никако не сум.
Не се плаши од смртта попрво би рекол плаши се од животот. Претпоставувам немаш 18 и си релативно млада
Долго време... Најлоши години, според мене полоши и од пубертетот зошто тогаш се созрева и со самото созревање идат стравовите и се соочуваш со реалноста дека не е се така лесно како што си замислуваш. Јас би ти рекла да си одиш на факултет, после тоа прошетај некаде, повтори го материјалот... Исто барај и на нет имаш на youtube личности кои се избориле со тоа и кажуваат искуства. Гледај и мотивирачки видеа. Би требало да ти помогне кога веќе не може психолог.
Прво, разговарај со твоите за твојата ситуација, не верувам дека би останале индиференти доколку се работи за твоето психичко здравје. Го кажувам од финансиски аспект. Друго, постојат психијатри и психолози кои соработуваат со фондот. Распрашај се за воена, работат со фондот и се плаќа само партиципација, што значи тоа не ти е пречка. И не е смешно, кафето со колешките шо го пиеш усмери го во твоето здравје. Второ, сите ќе умреме некој ден, зарем треба мртва да живееш?!?!? Еден ти е животот за да го поминуваш во страв. Тоа што во твојата околина се случиле несреќи, незначи дека истите ќе ти се случат на тебе или на твоето семејство. Концентрирај се на позитивните нешта. Млада си, треба да излегуваш, да се дружиш и дечковци да бркаш. Ете тоа е твојата работа што треба да си ја оствариш додека си студент. Фобиите и хипоходриите како оловни чевли ќе те влечат само надоле.
Да.. морам да превземам нешто. Морам да разговарам со моите. 10000% ќе ме разберат. Имам дечко имам се'. Ама ете оваа анксиозност и мислите ќе ме уништат
И јас едно време сакав да пишам за психолозите кои работат со фондот. Една средба е 80 денари, 3 во пакет 300 што реално не е многу ама реков ај да не зборам јас за нејзините можности. @Innainna1 разгледај ја оваа можност сепак ние колку и да пишуваме психолог не заменуваме