Едно време, треперењето ми беше како добро утро, пред некое време исто ти пишував за тоа. Периодот пред нова година беше ужасен, и пак нова тура на невролог Не знам како, некако прекина, имав многу работа тогаш, и фокусот ми замина на друго место, без да сетам помина, се до пред некој ден, по малце почна.. Една точка да ме заболи, мислам којзнае што ми е. И почнуваат чудни манифестации, е сега е кај грло, ако почне прстот да ми трепери, голушката в грло ќе ја снема ваљда
http://zdrav-zivot.online/savjeti/1...panicnih-napada-znam-sta-je-to-nece-me-ubiti/ Мене ми се случуваа проблеми со видот....слични на твоите.Ми блескаше пред очите како некој вжештен круг и не ги гледав луѓето..траеше така половина час и видот се нормализираше....денес кога сосема се откачив од анксиозноста сеуште имам такво ,,доживување,, ама заклучив дека оваа се јавува кога сум под стре , кога претходните неколку денови сум била напната или загрижена...Сега не им придавам значење и побрзо ми се нормализира видот...непријатно е ..но поминува..поздрав
Да исто и јас пред тој ден бев под стрес и тој ден имаше многу работа која требаше за брзо да ја завршам .
Многу повеке работи ме потресуваат и мислам дека ке се угушам срцето ке ми застане мрак ми е пред очи како да имам внатре нешто што ме спречува да уживам.. Денес пак ми се јави тахикардија без причина после неколку месеци..
Јас минатиот месец пиев Лунерба. Имаа некое смирувачко дејство во смисол не ко седатив туку опуштање како при медитација и јога. Неолексан од вчера почнав со 200мг на ден и пополека идам кон препорачаната доза од 300мг за да се избегнат симптомите како гадење, мачнини, повраќање и такви ствари. Иначе уште ништо не можам да кажам со сигурност зошто го земам една недела и тоа во нецелосна доза. По пиењето има некое подобрување на расположението во смисол растргнување на мислите и стравовите но тоа трае да речеме неколку часа. Мислам стравот и мислите си знаеш кои ти се, но не те убиваат до толку. Само не знам дали е до тоа што работам на себе или до Неолексанот. Од прилика за еден месец ќе знам точно да кажам дали помогнал или не.
Чудна работа, мене бедоксинот ми делува контра..а имам и негде прочитано дека не треба да се употребува кај лица со анксиозност.
Мене психијатарот прво Б6 ми даде да пијам во рок од 3 месеци по две на ден и по три на ден. Помагаше, имаше некое смирувачко дејство, но далеку од она главно дејство што ќе ја излечи анксиозноста. Ако не почнеш психотерапија и да исфрлаш преку искажување што ти ја мачи душата, да работиш на себе за промена на мислите и да земеш Лунерба или некое апче што ќе го покачи серотонинот, тешко дека само бедоксинот ќе те смири.
Исто и мене ми помогна, во комбинација со Ц витамин, на почеток ми беше кажано 2пати на ден, а сега по една бендоксин на ден. Можам да кажам многу ми е подобро со него, и кога пешачам, еве веке месец од коа го пијам сум немала напади. Само еднаш затемнување ама седнав и потпомина.
Пишува на самото упатство дека може да се појават несакани ефекти од типот: вртоглавица или да те тера на спиење. Инаку тоа е Б витамин и не верувам дека може да наштети во никој случај.
Мене ми е подобро со него незнам. А кажи ми од тогаш, па навака си почувствувала повторно некое темнење, пред онесвестување.. или слично како да неможеш повеќе да издржиш движејќи се некаде и да имаш потреба под хитни да седнеш..? Баш напротив јас имав вртоглавици со напади, и немоќност, слабост, по 5пати во денот, а за тргнување негде надвор да незборам, тоа немаше шанси, одма ќе се онесвестев. , ова се пред да го користам бендоксин, па и со него сон немам ич, секиј ден дремам додека се раздени, незнам зошто
Се е до потсвеста и јас знам да не спијам по цела ноќ, некогаш ми се случува да не можам да се разбудам односно да се занесам во сонот и да се разбудам уморен. Многу пати кога ќе си легнам ме боцка од левата страна кај срцето . Инаку очигледно дека кај сите различно се манифестира.
Па и тоа да, само не е секојдневно. Едно јадење неможев да направам на почеток. Таман станав палачинки да правам, и по 10мин.правејќи, ме бута нешто одма ко да губам свест... Секој ден живеев со тоа како неможам нигде да мрднам, но сега ми е подобро, бар се надевам, па ќе видиме
Помага не велам не, но не до таа мера да кажеш дека се чувствуваш добро. Немам вртоглавици, чувство дека ќе се онесвестам, но некогаш ми иде да си легнам и да затворам очи кога ќе ме надвладеат мислите и стравовите. Тогаш се опуштам и дишам длабоко. Имаме друг избор. Да се бориме до крај и да живееме среќен живот. Не треба да се навикнуваш со проблемите да живееш туку да ги решаваш. Не изгубил оној кој изгубил, туку оној кој се откажал.