Анксиозност

Дискусија во 'Психологија' започната од dunja, 12 јануари 2010.

  1. GDE DA IDEM

    GDE DA IDEM Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2018
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    955
    Пол:
    Машки
    Ајде ве молам помош...Дали кога сте под константен притисок со опсесивните мисли ви се појавуваат слики?Мислам мозокот сам да ти создава слики?
     
  2. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.481
    Допаѓања:
    12.626
    Да, секоја мисла ако ја негуваш ќе создаде слика, па друга опсесивна мисла поврзана со истата и се така во круг. Затоа треба ти да го прекинеш тој круг.
     
    На GDE DA IDEM му/ѝ се допаѓа ова.
  3. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    Како дете цел живот бев анксиозна,бев срамежлива,не сакав да се дружам,немав самодоверба,и многу други работи што не ни знаев што ми е,скоро сфатив дека тоа било анксизоност што се осекав помалку вредна од другите,мислев дека не заслужувам работи како другите,со тек на годините поместувајќи ги своите граници што беа доста ниски се борев и се спротиставував,сфатив дека и јас заслужувам некои работи како другите,дека не сум безвредна,секој ден се борам и ќе се борам зашто многу добро знам како е да живееш цел живот со анксиозност и депресија,затоа и правев погрешни избори во животот,трпев,зашто мислев не заслужувам јас подобро,знае и ден денес да ми се појави и да ми трае некој период,но не како порано,моите не ни знеа ниту знаат што и како сум се осеќала,ете си ветувам дека ќе се борам да бидам среќна,како до сега што се борев сама и сама ќе успеам.
     
    На LoveRain, lunchy, Meckicja и 2 други им се допаѓа ова.
  4. GDE DA IDEM

    GDE DA IDEM Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2018
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    955
    Пол:
    Машки
    Знам драга,дека треба да се прекине кругот на овие мисли.Постојано ми се јавуваат и не ме оставаат да си ја вршам работата.Не знам дали и ти ги имаш но сепак многу ти благодарам.
     
  5. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.481
    Допаѓања:
    12.626
    За сите со окп, прочитајте ја книгата подоле.
    Може да во помогне како и на многу други.
    Знам колку е тешко и колкава безнадежност се јавува тогаш кога како расипана лента се повторуваат тие мисли , но знам и дека се јавува само кај прекрасни и многу совесни личности.
    Запамтете, вие вредите многу!
     

    Прикачени фајлови:

  6. LoveRain

    LoveRain Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2017
    Пораки:
    430
    Допаѓања:
    1.426
    Пол:
    Женски
    Анксиозност.

    Многу лошо чувство кое прави да се чувствуваме уште полошо. Тоа е онаа чувство кое ти ги контролира мислите и прави да се чувствуваш многу поразлично и отфрлено од другите. Јас вакво искуство имам од анксиозноста: излегувам од дома полна со самодоверба, и кога ќе испаднам самодовербата ми пропаѓа во вода, кога се наоѓам во гужва мислам дека сите гледат во мене, дека ме мразат, дури се побркувам цела и некако чудно одам, почнувам да се тресам, ми се врте, дури и ми се плаче, бидејќи сите насмеани, весели, а јас исплашена. И сите комуницират, а јас како некое теле само си гледам некаде бидејќи незнам што муабет да правам, дури и кога зборувам од страв почнувам да грешам зборови. Страв чувствувам постојано, за било што. На пример кога треба да излегувам чувствувам страв дека нешто ќе се избрукам, кога ќе ми дадат задача да извршам чувствувам страв за тоа дали ќе ја извршам правилно, кога сме собрани поголемо друштво машки и женски сите си разговараат само јас молчам од страв да не кажам нешто за кое што ќе ми се смеат. Анксиозноста ми прави да се чувствувам дека не вредам, и покрај тоа што длабоко во себе знам дека вредам многу. И воопшто не излегувам поради анксиозноста, дури другарките ме зафркаваат поради тоа што не излегувам, дури тешко ми паѓа кога се зафркават, бидејќи не смеат тоа да ми го прават незнаат низ што минувам. Никој не знае за ова, сама се снаоѓам, бидејќи ми се страв од реакциите на моите родители, но наскро ќе одам во Скопје да живеам и таму ќе одам на психолог. Се надевам ќе ја надминиме анксиозноста брзо и лесно. ;( ;(
     
    На natemila и erdem им се допаѓа ова.
  7. Sandra91

    Sandra91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2017
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    137
    Пол:
    Женски
    Луѓе како се справувате со депресија предизвикана од анксиозност? коа ми се зголемуваат симптомиве клапнувам буквално со еден куп мисли ... немам желба за ништо и преку ноќ ми се појавија депресивни мисли :/
     
  8. bubic.k

    bubic.k Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2014
    Пораки:
    1.025
    Допаѓања:
    3.783
    Пол:
    Женски
    Јас во последниве месеци повторно имам интензивни панични напади .. Еве сега скокнав од сон вознемирена , срцево ми се чини ќе ми излета низ ушите , лицето укочено , чувство дека ќе го голтнам јазикот .. цело време сум како на клинци , нетрпеливост , параноја некоја внатрешна
     
    На Sandra91 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Pozitiven

    Pozitiven Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Машки
    дали некој има користено неолексан и какви се искуствата со него?
     
  10. Sandra91

    Sandra91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2017
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    137
    Пол:
    Женски
    Прочитај погоре има некој споделено, јас лично пробав 5 хтп на health aid и не осетив ефект
     
  11. Pozitiven

    Pozitiven Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Машки
    Ахам, фала ги најдов коментарите.Колку време ги користеше и колкава доза бидејќи можеби е потребно време да се постигни ефектот.Исто така прочитав на нет дека најмногу се користат до 3 месеци дали има нешто во врска со ова во упатството?.
     
  12. Sandra91

    Sandra91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2017
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    137
    Пол:
    Женски
    се започнува со доза од 50 мг а потоа се зголемува постепено на 150мг/ден и може да се користат подолго време бидејќи се додатоци во исхрана и треба барем 1 месец да се пијат за да се осети ефектот.
     
  13. Bunny2

    Bunny2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    1.639
    Ова со станување вознемирена од спиење ми се случува барем еднаш месечно и е ептеен грдо.Најчесто ПМС/Овулација период.

    Инаку,имам некаде прочитано еден дечко имаше пишано дека психологот го учел како да прекинува анксиозни мисли.Веднаш со контра.Што ако не успеам/а што ако успеам? Мислам дека вреди да се проба.
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  14. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.481
    Допаѓања:
    12.626
    Најдобро е да се соочиш со стравот се согласувам. Но какви анксиозни мисли? Не ретко во анксиозност се јавуваат и опсесивни мисли кои можат да почнуваат со што ако..
    За нив тешко дека ќе има ефект контра мислата, може само да се влоши состојбата.
    Јас да предупредам.
    Оти знаеме да кажеме негативни, црни, анксиозни мисли, ама и опсесивните мисли често така ги нарекуваат луѓето..
     
  15. Be-yO-nCe

    Be-yO-nCe Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    1.428
    Допаѓања:
    6.954
    Пол:
    Женски
    Долго време немав пишано во темата.. Не дека бев секогаш нешто добра едноставно не сакав да зборувам за неубавите мисли и борбата што ја имам секојдневно..
    Некогаш ми иди да се откажам од се, да се стуткам во едно клопче до моите дома и да не мрднам.. Знам дека ќе ми биди најголемата грешка па затоа еве ме се борам секој ден со демоните во себе.. Ми фалат моите, ми фали близина и некој што се грижи од не толку далеку.. Се плашам веќе од се, се плашам дека еден ден нема ни да сакам веќе да продолжам вака..
     
    На natemila, Devil99, mal.ecka и 2 други им се допаѓа ова.
  16. erdem

    erdem Активен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2018
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Машки
    Едно нешто да не ти биди гајле другарките шо мислат ти гледај се себе си и знај си ги своите вредности ако ти биле вистински другарки немало да се смеат живот иде дајле
     
    На LoveRain му/ѝ се допаѓа ова.
  17. LoveRain

    LoveRain Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2017
    Пораки:
    430
    Допаѓања:
    1.426
    Пол:
    Женски
    Да знам и јас не сакам да се замарам со нивните мислења ама верувај анксиозноста си го прави своето.
     
    На Sandra91 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ginger

    ginger Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2010
    Пораки:
    485
    Допаѓања:
    622
    Дечки, ве молам совети како се снаоѓате со тремор?
    Има периоди кај што симптомите се олеснати, периоди каде што сосема ги снемува. Деновиве многу често ми се случува пак, треперење околу очите и устата, рацете, прстите, најчесто палецот, внатрешно во нозете, во бутините, како внатре нешто само да мрда и да се движи, се тресе и видливо е некогаш и со голо око.
    А напротив, не сум нервозна, не сум стресена од ништо, си се случува едноставно. .
    Се што сум правела како да не помага повеќе...
    Совети?
     
    На Devil99 и gogimica им се допаѓа ова.
  19. gogimica

    gogimica Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    148
    Me опиша мене 100000%нема што да пишам тотално иста сум.ми мрдаат прстите сами на нозете.ми се тресат раце посебно палецот....не сум нервозна баш.периодот ми е мирен и со активности...незнам веке.
    Вмости
     
  20. Bunny2

    Bunny2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    1.639
    Не знам кој би бил правилниот термин (опсесивни,анксиозни мисли..) меѓутоа кај мене е случајот "ќе останам сама", "сите си го најдоа својот пат јас никогаш" и сл.Сум се преоптеретувала до паничен напад со вакви мисли.И на крај секако она сигурна сум добро познато "мене ова никогаш нема да ми помине".
     
    На Sandra91 и LoveRain им се допаѓа ова.