@theunforgiven Оф душа напатена,скроз те разбирам,и јас не спиев со месеци до зори,и се инаетев како тебе(не сакав хемија) пиев Елицеа еден месец и на своја рака прекинав,почнав Деметрин два месеци и на своја рака прекинав,сега после тие ужасни месеци кога се борев сама со себе,да не речам одев со глава во ѕид,се вратив на Деметрин пак еве втор месец,и подобро ми е,ми се среди сонот,ми се минимализира паниката... Тешка е борбата со анксиозноста,не се измачувај без хемија,земај магнезиум барем,или капки Валеријана,ќе те смират а не се толку јаки,пиј чај од Маточина,од Кантарион,и не читај на интернет се и сешто да си препишуваш додатни болести сам!!!
<3 <3 <3 Јас не можев ни да излезам од дома или било што да креирам... Деновиве малку мрднав, особено денеска и ... Среќен сум што успеав. Не ми се верува до кој степен стигнав, ама ете. Денеска бев два пати на лекар за да ми проверат симптоми за кои излезе дека сум си ги измислил. Хаотично е. А најјако е тоа што 90 посто од луѓето ќе ми речат само: „Абе дај не се занесувај, земи прави ова, она...“. Да беше така лесно... Ко да јас сакам да сум ваков. Уствари, да. Не може да те разбере некој кој и самиот нема поминато покрај ова.
Јас имам едни таблети Мелатонин+Б6. Арно ама, ич не ме успива... Веројатно дозата е премала. Мене ми треба бре нешто јако , хахахаха... Страшно. Еве 3 часот е а јас абер неам за спиење.
Од тешки мисли деновиве не ми ни текнува на храна. Јадам само навечер, откако стварно желудникот ќе почне да ми се буни. Како и да е, задоволен сум со тоа како јадам, во однос на витамини и здрава храна. Не помага. Кај мене, очигледно, алармантно е потребна терапија. Денеска ми дадоа упат за на психијатар. Се сомневам дека ќе ми помогне, ама ќе пробам пак. Два пати сум бил, едниот ми препиша Елицеа, но тоа баш и не ми помогна. Ги прекинав нагло, немав никакви последици (Што не значи дека постапив правилно, секако, не ве охрабрувам да и вие го правите тоа. Мора да се оди постепено, по шема...). Вториот пат, платив дебела сума на пари во приватна клиника, кај лекар кој многу го ценев од негови гостувања по ТВ. Чекав 2 саати во чекална на закажано, а тој ме задржа само 15 минути, од кои 10 ми раскажуваше за неговиот живот, за тоа какво хоби има... Му кажав дека до пред некое време пиев ЕЛИЦЕА која не ми помогна, а тој ми рече дека ќе ми препише таблети на природна база, нови некои, кои ќе ги земам исклучиво по ПОТРЕБА. Си дојдов дома и кога отидов во аптека, ми кажаа дека тој, всушност, ми препишал ЕЛИЦЕА само под друг назив (друго име). Многу се изнервирав! Платив многу пари, голема надеж вложив и не знам... Сакав да пишам да прашам, ама не ми се веруваше дека ќе ми дадат контакт од лекарот и зарежав. Ден денес не ми е јасно ШТО тоа он сакаше да ми препише... А така би било фино, ако постојат такви таблети кои по потреба можам да ги земам, а се на природна база. Иако, од искуство, таквите мене ми немаат помогнато .Сум купувал и Белимиран Дан или како и да се викаат, и се и свашта, ама џабе. Се сведува на тоа дека најголемата улога ја игра мозокот и САМО мозокот. Како ќе си наредиш - така ќе ти биде. Ама јас не можам да го најдам клучот за да си наредам да се смирам, да си се смеам и да ги пуштам нештата да си течат онака како што треба да си течат. Едноставно, се плашам од самата помисла на тоа дека можам да си помогнам . Хаотично е, не знам... Не му посакувам нешто вакво на никој, апсолутно!
Покрај тоа што си анксиозен си и хипохондричен,и за твое добро престани да бидеш ова второто,а со првото,бори се и соочувај се секојдневно,ама без хемија,тешко е искрено... Ете и јас не можам да заспијам денес,доаѓаат и такви денови,ама одкако примам терапија 99% сонот ми се подобри а и општо животот. Ајде гаси се од интернет и оди да спиеш,и од утре да си бараш на доктор соодветна терапија @hellocity мене Бедоксинот ич не ми делува,секој организам е различен...
Јас си бев супер едно време. Сега нешто пак се растурив. Многу е смешно, ама ни влета дома врапче па откако прочитав на нет дека тоа значи смрт на некој од семејството - се пореметив. Признавам дека звучи како виц, ама ете таков сум Од тогаш - јас сум болен.
Ти си само анксиозна и чувствителна личност,преплашена личност,згора на тоа и хипохондрик кој бара болести таму каде што ги нема. Ти реков не читај на интернет се и сешто и гаси се од интернет и обиди се да спиеш Се ќе се среди,само треба да помине време,воља и упорност пред се....
Многу, ама МНОГУ ми е тешко. Дури кога слушам како другите живеат, јас си велам: Кооолку убаво, а јас? Болен, а неиспитан... Кога ќе се испитам ќе ми се сруши светот. И слично. Имав вакви периоди јас на два пати во животецов и мислев дека им стаив пепел. Ама не било така, еве ме пак!
Ама како неиспитан?велиш одиш и ти кажуваат немаш ништо....ти кажав ти си хипохондрик,сам си даваш симптоми и болести. И верувај секој страда од нешто,на никој не му е се убаво и таман во животот,само ако не си помогнеш сам,на никој не му е гајле...
Врапче значи нешто мило. И да не се нервираш за сенешто. Гледаш низ темиве на форумов сите дека искрено си ја отвараат душата па ќе се најде некој со кого можеш да си споделиш исто мислење. Само немој да се срамиш или да се плашиш од ништо секогаш има некој тука за тебе, за мене, за некој друг, трет само треба да ја задржиме позитивната мисла.
Денес сум вознемирена, желудникот ми е во грч, некој страв ме тепа. Страв непотребен. И конечно се осмелив да пишам во темава. Се што ќе се случи (буквално нормално секојдневие или коинциденции), јас ги анализирам, ги тумачам, барам знаци да не нешто лошо се наговестува, се оптеретувам, ми се плачe и не знам како да си помогнам. Силна личност сум, позитивна, со големи трауми во животот кои ги поминав без грам хемија, значи се немам напиено ништо никогаш освен Релаксан на природна база пред две години едно пакетче. И секогаш си велам сама ќе се изборам, не сакам да ги оптеретувам луѓето околу мене со мојата психа, а ниту психолог немам побарано зошто сама се убедувам дека можам да се контролирам. Никогаш не сум патела од депресии, социјална личност сум, се дружам, излегувам, но еве си патам единствено од страв дека на некој нешто ќе му се случи. До тој степен што (ова претпоставувам е за во ОКП темата, но кога веќе почнав...) мир наоѓам најмногу во ритуалите што ги извршувам. Си смислувам буквално се самата, сега ќе го направам ова за да не се случи нешто на тој и тој, сега друго за друг, сега трето за трет и така почнаа да си се трупат до тој степен што ми треба пола саат за да појдам до вц и назад. И тоа бесмислици. Конкретен пример: Сите шишенца козметика мора да ги допирам, да ги поставам кое каде стои, ако случајно некое го допрам уште еднаш по грешка, морам одново сите уште по еднаш и се така додека не напраам се како што треба. Ако си речам доста е, прекинувам, собирам храброст, тргнувам, но...до вратата и одма трк назад, се вознемирувам и морам да извршам што сум намислила. Пред спиење ми се најбројни ритуалите (ова се должи на тоа што си реков ќе се обидам да ги проретчам во текот на денот, но затоа сите ќе ги правам обавезно пред спиење). Се тешам дека можам да живеам со ова само се да биде во ред, да не се обвинувам дека нешто лошо се случи само поради тоа што ми било "мрза" да ги допрам шишенцата. Додека гледам филм, ги бројам зборовите и ако ми излезат непар, си кажувам уште еден збор за да бидат пар. Додека работам на лаптоп во програмата во која работам, си имам поставено правила каде колку пати треба да кликам, колку пати да го бришам и пишам зборот и слични такви работи кои ми тежат и наместо да завршам нешто за пола саат, јас ќе го работам подолго време токму поради тоа нели дека морам. Прекинувачите за светло се искршени од стегање, си ги редам по ред во секоја соба. Ако продолжам да пишувам ќе треба до утре да редам (се надевам ви доловив отприлика). Имам и друга голема мака поради која ми е страв да си легнувам додека не зазори, но за тоа не би сакала сега да пишувам. Како и да е, сето ова мислам дека потекнува од страв и ништо друго. Немам симптоми на забрзано чукање на срцето, освен ретко некои периоди да приметам аритмија (кога ова се случи бев на лекар и ми рекоа дека се е во ред). Не ми се врти, не се гушам, не ми се гади, само се вознемирувам и сум нервозна. Дали е анксиознот сево ова, дали се манифестира во ОКП и како да си помогнам да ги намалам овие ритуали без да осеќам страв и грижа на совет? Како да се уверам дека ништо лошо нема да му се случи на никој? Ме излудува состојбава, а се друго си е во ред, имам се што ми треба во животот, среќна сум, семејство, љубов, поддршка сум на сите, ми велат дека влијаам позитивно на луѓето итн., но еве изгледа потребна ми е и мене некаква помош. Си велам сета храброст која ја применував последниве години од мојот живот ме напушта, изморена е... Но, не се давам.
И по втор пат во животот,само да ви кажам дека ја победив Анксиозноста,овој пат и не беше така лесно,се борев 1 ипол година,но реков ке успеам и успевам.
Здр дечки незнам дали грбов ме боли од анкс или анкс ми се јавува од болкава во грбов, одам на работа ама некако напната сум вие како сте ?
Јас да, затоа и за прв пат пишав во темава погоре. Вознемирена сум многу, опседната од непотребен страв. Си поплачав малку и сега поарно ми е. Кај мене се има случувано и беше второво. Се потпирав на студен ѕид и така си седев на лаптоп, почна да ме боли, а јас мислев дека ми е срцето и се вознемирував. Се додека не појдов на лекар и не ми рекоа дека сум таман, постојано мислев само на тоа.
Ќе помини не се замарај. Ете сега дури пробував да заспијам отскокнување на срцето почнува паника па следи како некоја си болка во грбот која сигурно сам си ја креирав со мислата дека добивам срцев удар и го зедов мобилниот. За ова пред 3 години кога ќе слушнев ми беше смешно а сега се соочувам веќе 1 година. Си мислам што ќе ми е да почнам со нешто кога не знам кога ќе ми дојде крајот.. Заебано е ама ќе помине и ќе се среди се. Овде барем девојките најлесно можат да видат дека и ние мажите имаме нешто што не мачи хахаха. Поздрав и секое добро.
Не е баш исто моево. Јас сум со константна идеја дека сум болен од нешто. Не е на пет минути, час... Не е напад кој трае кратко, за жал. Да беше така, до сега ќе научев како да го контролирам тоа, т.е. ќе знаев дека ќе помине. Вака, само си нафрлам лоши мисли и bad сценарија.