аааа девојкииии го напуштивте форумов најверојтно сите сте се ослободиле од стравот браво браво браво најверојатно треба да направиме нова гупа HRABRI DEVOJKI за некаде да се дружиме уште еднаш браво
Така е Аделче, јас секој ден ве читам, и гледам дека полека полека, сите сме станале похрабри и дека војната е наша!!! Само така, напред, нормално, сите имаме и лоши и добри денови но ние сме појаки од кој и да е лош ден, многу работи имаме поминато и научено, мислам дека сме појаки и од Чак Норис! Ве гушкам
чак норис хухухухухууууууууууу ајде нова задача да измислиме виц каде паничарките односно ние се подобри од чак норис
здраво здраво јас сум секој ден цирнувам сто има на форумов инаку онака кај мене си е стандарт со напади сега овие денови имам испитување крв и се останато по препорака од докторката(гиниколог)така се надевам дека ке помине еден ден ве поздравувам сите
Здраво девојчиња, гледам доста сте напреднале во борбава. Не е лесна и затоа - напред! Јас се обидувам да сум добра, но емоциите веќе ми удрија на тело, па имам напади на вртоглавици кога легнувам само...кога ќе станам ОК сум иако главата ми е како подуена... Ми беше супер 5 дена, и еве сега пак, иако денеска ми е малце подобро. Сепак, вртоглавициве првпат ги осеќам...и многу ми беше чудно, секако проверив крв (зашто немав проверено 1 год) и се е тоа добро, па ајде сега да сум одела на испитување за центарот за рамнотежа....и сигурно ќе ми измислат и нешто ново. Пиев еглонил и не ми помогна, и јас на своја рака си земав хелекс (малку појака дозичка) и опаааа, се смири. Значи, се е на нервна база....им се вратив на молитвите, и некако се обидувам да се изборам...имам чувство дека оваа ситуација и оваа борба ми е последна од овој тип...за понатаму, само здравје и памет во глава. Ве сакам
Да Аззура, и јас тоа го реков последниот пат коа бев повредена од маж, а тоа беше септември лани.. Тоа беше тежок период за мене, но помина... Сега, си го гледам здравјето, не ме интересира ништо повеќе. Мајка ми нонстоп ми збори ајде фати си дечко, но незнам дали сум спремна уште, зашто не само еднаш, повеќе пати сум била гадно повредена, го оставив тоа зад мене, и научив да живеам со тоа. Тешко ми оде да си го отворам пак срцето, и затоа нонстоп добивам коментари дека сум била ногу дива, да се скротам малку, ама има време, ќе си осетам јас кој и кога ќе може да ме скроте... Добра ноќ мили мои
здраво после долгооо време одкако последен пат писав на форумов но редовно ве 4итам мозам да се пофалам дека сум многу подобро, но одвреме навреме ме фака некоја мала паника, но не е нисто страсно...... сега сакам да ве замолам за неколку совети зосто на крајов на месецов ке патувам долг пат со автобус-20 сати и тоа сама некогас ме фака паника и од самата помисла па зато о4екувам некој совет, мисленје од вас како да поминам полесно.... п.с моментално сум во странство, веке два месеци, дојдов со автобус но не бев сама, мм бесе со мене и супер поминав а сега незнам како ке биди
МатејаБ.....штом си отпатувала безпаника и без паника ке допатуваш....знаеш дека нападот и ако дојде што не верувам ке помине и ништо не ти може ...понеси нешто да читаш, бонбончиња, започни разговор со тој до тебе(може ке ти се погоди, дај Боже сопатник некој убва и згоден, хехеххехе )...ајде уште од сега не му ја мисли...Имав една пријателка која како тебе сама (а анксиозна)патуваше во виена..и некаде пред границата ја беше фатила паниката...цело време си пишувавме пораки ...се додека не стаса таму и така ја надмудри паниката.........ете можеш и пораку да пишуваш....заманувај го некакао мозокот....и ке помине...тоа е нема друго.Јас практикувам кога патувам по можност да седам напред така не сум во тесно и не ме фаќа паника никогаш, замоли ако може некако и ти .....незнам мила еве се обидов да ти дадам идеи а ти гледај употреби ја онаа која најмногу ке ти е од помош..сепак мисли дека нема дате фати паника и така ке биде..поззззз и среѓен пат...пиши ни кога ке допатуваш како беше Поздрав мили мои ...нешто ве нема???/дај Боже сите дасте у шетњу....сретни и весели.... Ве сака Дуњааааа
Здраво И јас практикувам повеќе да ве читам , но слаб одзив има па да се вмешам и јас Инаку напади имам нормално , еве сега зборев на моб со другарка и почна да ми се слошува исто и пред некој ден додека шетав снемував воздух и почнаа да ми доагате вие во памет и некако се изборив , борбата е тешка , ама да се предадеш е најлесно . Азура се е од нервоза во право си , јас веќе немам ни нерви , ме нервира се Циело се врати ли? поздрав со дуња, а девојчето што ќе патува 20 саати , ич да не паничиш, измори се пред да патуваш , немој да спиеш еден ден, па патувањето искористи го за спиење поз до сите
здраво пријателки,како сте ми .мене ме немаше некое време поради тоа што немав нет,и немав прилика да се вклучам на друг.но еве ме не се радувајте дека ме напуштила паниката тука е сеуште сега мислам дека ја имам најмногу.летото помина а јас не осетив ништо од него.ниту пак бев на одмор,ниту пак прошетав некаде.ми се смачи веќе од се постојано дома па дома ,ах барем да можев да шетам а да не ми беше страв .инаку пред некој ден бев на психијатар и ми казаа дека според симптомите ќе трба најверојатно да ги примам доживотно лековите .хаос.
Лилеее не разбирам???Кои лекови треба да ги пиеш доживотно...објасни ни.....каква дијагноза ти пиша психијатарот_______________________?????Анксиозност и доживотно пиење на лекови????Па кај да свртиш волитературата и кај кој и да отидеш психијатар сите велат,,треба да пиеш нешто за смирување ама ти си самата најголем лекар,,...нејасно ми е имене а вројатно сите ке бидат заинтересирани....за што да пиешлекови доживотно...Јас на пр. пијам доживотно еутирокс ама за штитната жлезда, а за анксот..не , напротив сите не охрабруваат да го надмиеме безлекови...Објасни ни те молам околу дијагнозата и што лекови ти препишал човвекот? Петра Панка.........ти еднаш мислам ја победи анксиозноста или ми се чини???? Сега мила ...ако повторно си паднала пак дај напор да станеш, таков е животот.... и јас му се лутам ама морам/е понатаму ........... Анеј...прати ми имеил во ЛП јас ке ти ја пратам PanicAway... Поздрав..нема никој ни на форумов , нина ФБ...каде ли се Нестле, Адела, Ферхунде, Анетчето, Малото,Ана......????Ми недостасуватееееееее...
Дуња мила еве ме мене, нонстоп пишам јас, тука сум, секој ден Јас мили мои добра сум, но некако осеќам дека малку депресија ме напаѓа, има моменти, кога се мие црно, и некако, се ми се собира, гледам да не се нервирам, и издржувам нормално, апче се немам напиено 2 недели и повеќе... горда сум на себе, мислам дека сум на добар пат, синоќа нешто ме стегаше се, и не можев да дишам, но со малку мачење заспав секако Не им обрнувам мн внимание на симптомите, сум ги имала и многу повеќе, едноставно ја прифатив грозотата, ама и мавам ладен туш, па чат пат ме закача, ама ок е, се трпе, штом не сум се пожалила. Вие мили мои, немојте да се нервирате, девојката што ќе патува, како што каза Петра, нека го искористи патувањето за спиење, или ако не можеш, ако си како мене, јас секогаш додека патувам слушалки на уши, книга во рака, и брзо ми мине времето.... вода обавезно до тебе, мислите тушкај ги некако..ќе биде ич не му а мисли. Ве гушкам сите, ама малку активирајте се, го запустивте форумот, баш ми е мило што сме сите добро, и што шетаме и уживаме макс, ама не го заборавајте форумот
Лиле и наредното лето ќе ти биде како ова лето , ако не почнеш со промени , од заминување кај твоите родители, до барање на работа, не одлагај за утре и не чекај сопругот да се смени , ако не бива , не бива, и да знаеш дека е подобро децата да растат со разведени родители, отколку да растат во расправии и немир, верувај ми дека не зборам на памет !!! Дуња немам целосна победа над анксиозноста , но многу ми помогна читањето и дружењето со ова форумче , советите и искуствата кои што девојките несебично ги споделуваат Анушка Исто и јас пред два дена ги имав твоите симптоми но како што велиш вака така поминуваат , мене веќе ми се секојдневие , и најбитното е да не паничиш, баш во момент на напад да останеш мирен и мислите да ги насочиш кон нешто друго, не дека секогаш успева , но успех по успех еден ден и ќе исчезне Азура да ти признаам ми недостига твоето бодрење на форумот , баш сега кога ти е тешко пишувај ни , па ние бар со збор некако да ти помогнеме, заслужуваш ! И , да во право сте за недостиг на феминки , но при најмал напад сигурно им текнува на некој пост од тука нема каде да бегат ќе се вратат со нови победи се надевам Поздрав до сите
PetraPanka понекогаш сум толку изморена од револтот, а и тагата што ја осеќам што навистина немам сила за пишување....Ми се враќа и анксата, у пм веќе. Што е најтрагично, никогаш не ми било вака со вртоглавици. Еве два дена сум подобра и терам, ама ова со вртоглавиците искрено ме вознемири и едноставно едвај одев на работа, која многу бара концентрација и сила. Ај некако почнав почесто да пијам хелекс и се смирува. Ма ќе помине се, знам дека времето лечи многу болки. Но, човек треба да се научи на трпение, на внатрешен мир и тогаш мислам дека се што треба доаѓа....но, навистина треба време и трпение.... Не се откажувајте од борбата никогаш! Секој човек ја носи својата драма внатре во себе, но и од господ е кажано да не се откажувате и да се продолжи борбата против секакви искушенија...после - коцките сами се редат. Визуелизирајте како анксот се намалува...ставајте го во се помали кутии и фрлајте го низ вода. Замислувајте ги убавите работи, зашто навистина се привлекуваат
Ejjj zdravo na sitee , eve me mene pakkk. Pak so anks sto? Uff mi raboti vo stomak dva dena custvo gadno kao da mi se povraka creva mi grgoratt, ufff sto da se pravi covecii
Што може, мисли на нешто друго, остави го да пројде, милион прошле ќе пројде и ова, и јас сум овие денови заникаде, од стегање на грло, гушење, и 100 глупости
здраво.бев на психијатар кај мојот кој го посетувам извесно време околу неполна година инаце ми е трет по ред што го менувам,и никогаш не почувствував подобрување од никој ,а и знам дека тие неможат да ми помогнат освен јас самата,пред некој ден мојот психијатар ми рече дека се додека до мене постои мојот извор на негативна енергија јас ке пијам сероксат .а тој извор ке постои и ке го пијам додека сум жива знам.и друга работа е што моите нерви веќе толку се кревки што сега освен стравот и сите симптоми од анксот јас сум многу нервозна и многу агресивна, што неможев да GO кажам тоа за мене пред неколку месеци.докторката ја примети таа разлика па дури помисли и на покачување на сероксатот од 20 мг на 30, но јас не сакав зошто и оваа доза ја поднесувам тешко.притоа имам и астма и хормонално пореметување кое баш и не одговара многу со антидепресиви но ризикот е поголем ако не ги пијам.вкупно околу 10 години сметавме баш со мојот психијатар ,пијам антидепресиви и како поминува времето јас не одговарам на нив позитивно.лекот ми беше променет на неколку пати но не успеав да го навикнам и повторно се вракав на стариот.знам дека прашав само колку време смеам да ги пијам антидепресивите докторке, а таа ми одговори доживотно смееш,како некои луѓе кога имаат висок притисок мораат да пијат таблети против тоа така и ти.......