Здраво друштво,јас сум нова и има само една причина зашто се зачленив на форумов,не најдов соодветна тема за да побарам совет се надевам не ви пречи што ќе поставам надвор од тема прашање овде,веќе од малечка дткам и премногу ми е страв да раскажувам лекција во школо,или во друштво да зборам а сите да гледаат во мене па почесто се трудам да одбегнам такви ситуации но проблемот ми е сега како ќе ја презентирам проектната за матура ве молам за мислење секое добро би ми дошло❤
Дали сте имале чувство на чудно пецкање на последните 2 прста на рацете ? Можно ли е да е од анксот? Фала
Веќе неколку години страдам од анксиозност.Завршував на дежурен лекар неколку пати од преголем замор и стрес и оп веќе ми беше пишана дијагнозата анксиозност.Премногу сум осетлива и нервозна посебно последниве години.Како дете имав премногу одговорности дома и учев и бев успешен ученик-најдобра во одделението.Како најстара од три деца јас морав да ја носам одговорноста за се.Завршив и средно со најдобри оценки и се запишав на факултет.Факултетот ме истошти-сиот тој процес на студирање го памтам како еден општ хаос во кој на крајот се снајдов се изборив и го завршив и покрај тешката финансиска ситуација дома.Го завршив во рок.Додека студирав морав и да работам.Работев како келнерка и заработував колку да можам да си купам книги или јадење за на факултет.Сабајле на факултет навечер на работа.После завршувањето следеше барање на работа.Најдов одма но не по струка-приближно до струката.Почнав да работам со ентузијазам и желба да учам нови работи.Но македонски газди нели,мораше да ја работам сета работа имав одговорност како да земам 50.000 денари плата не 12.000 денари како што беше мојата.После неколку месеци се смени односот почнаа испадите и мобингот на работа.Морав да дадам отказ зошто не можев да го истрпам психичкиот притисок.Се вработив на друго место-уште полошо.Бев занесена во работата како да е нешто најважно во мојот живот,успеав да научам се за кратко време,бев одговорна и исполнителна.Истиот мобинг истите урлања дерења нервни испади од страна на работодавецот-нечовечно и крајно непрофесионално а јас вината ја гледав во себе.Ми падна моралот.Помислував дека не ме бива за ништо дека не можам да се снајдам во ниту една средина.После некое време дознав многу работи и испадна дека не била вината во мене и дека односот бил таков со сите што поминале низ нивните раце.Немам врски,нема кој да ми помогне да најдам нормална работа,родителите ми се обични работници а јас сум амбициозна и сакам да успеам.Запознав прекрасен дечко.Бевме две години во врска и ме побара за жена.Пресреќна бев.Но некако пак под стрес.Што и како сега ?Како ќе биде понатаму ? Како ќе се снаоѓам ? Спремања средувања дома јас на работ на нервен слом се да е совршено како божем дошле куќата да ми ја гледаат а не девојка да бараат.Постојано сум незадоволна иако он се труди се да ми удоволи.Место за живеење имаме сами ќе си бидеме во сопствен стан,се снајдовме за пари за свадба ... Но како да се прекрши нешто во мене.Премногу размислувам премногу анализирам.Премногу лоши мисли ме надвладаа.Почнав да имам нервни испади.Да плачам за ситници.Станав љубоморна и завидна,станав се што не сум била се што сум мразела најмногу на цел свет.Се ме иритира се ме нервира.Не сум исполнета на работа,немам никакво хоби,другарките одеднаш ги снема иако од моја страна секогаш сум била иницијатор за средби и после некое време се откажав гледајќи дека нема фајде.Само со него сум и со моите дома ама и они не можат секогаш да ме дружат и да разберат како се чувствувам.Пред неколку недели при крај на работното време доживеав паничен напад.Не ми беше прв ама беже најлош до сега.Имав нереално чуство како да се губам,силна болка во градите треперење на телото,неможност да земам воздух и нагон за повраќање.МИслев дека ќе умрам.Помислив дека имам инфаркт.Ме однесоа на кардиологија каде што констатираа дека сум сосема во ред со срцето и докторот ми кажа дека според симптомите се работи за паничен напад.После паничниот напад како да сум друга личност.Цело време ми е во мислите а што ако полудам ? А што ако никогаш не се вратам во нормала ? Продолжија треперењата,стравот,постајано немир,тежина во градите ми се слоши во маркет и побарав лекарска помош односно бев на психијатар.Му објаснив се до детали бидејќи сум медицинско лице како започнало се и како се одвивало до сега.Му раскажав и за некои трауми што ми оставиле трага во кратки црти.Ми препиша хелекс од 0.5 мг два пати на ден и асентра од 50мг.Следеше читање по 116 пати на упатствата.Се премислив 100 пати дали да почнам да ги пијам.Бев и на гинеколог проверував хормони се во ред.Проверив и тироидеа и тоа е во ред.Останува психава.ГИ пијам веќе две недели.Осеќам подобрување но во одреден период во денот имам мачнини пак.Се обратив на матичната и таа ми даде објаснување дека требало време да почнат да делуваат.Ме збуни едно нешто зошто ми дадоа асентра кога не сум депресивна ? Јас сум само премногу ексцитирана и нервна,се будам со тахикардија а се смирувам со хелексот.Почнаа разни лоши мисли да ме напаѓаат да не случајно некогаш се доведам себеси до степен да се самоповредам или повредам некој а јас не сум насилна по придода немам удрено никого ниту пак сум се тепала у животов.Ве молам за совет од некој. Фала
Здраво дечки. Ајде малку помош за едно "мажиште" кое незнае од што страда Имам 32 години и од кога знам за себе увек сум живчан. Секоја работа ја правам брзо и најмал проблем ми создава нервоза. Меѓутоа она што најмногу ме загрижува е следното: Веќе неколку години одвреме навреме ме фаќа тахикардија по која завршував на лекар каде што откако ќе ми направеа екг ќе ми закачеа апаурин и назад дома. Поради тоа направив безброј прегледи ( и сеуште правам), крвна слика ( одлична), екг и ехо на срце исто така констатирано дека нема проблем па и еден стрес тест пред една година и тој во ред. Бидејќи и по прегледите постојано осејкав проблеми, не бев дигурен во резултатите и во моменти наеднаш ме фаќаше страв и срцеклоцање си продолжив по кардиолози. Виде невиде мојот кардиолог ми препиша пропранолол од 40 мг по половина наутро и навечер и асентра. По пиењето на асентрата првите два дена чуствував како оган од градите према јазикот и од страв одма ја прекинав. По ова на своја рака кога ќе почуствував страв или нешто дека не е во ред си лапкав по еден дијазепам по што одлично се чуствував. Меѓутоа знаејќи дека не е добро да се навикнам на нив гледам што повеќе да ги избегавам. Ама ненадејните трпки во јазикот, краткотрајно стегање во градите по кое потскокнувам и одма ме фаќа паника дека ќе ме удри инфаркт, препотувам, зачестено мокрам, ми суши устата и што ли уште не, да не набројуавам, уште ме плаши. Побарав помош со читање на статии по нет ама како да ја влошив работата. Драги мои, доколку некој се сретнал со слични симптоми како моите ве молам давајте совет.
Dali e mozno od anksioznosta da mi se gadi i kako da custvuvam snagata da mi treperi da mi se trese noze pa race pa srce
Isto. Cel den ostanav na faks, premnogu obvrski, mislev deka sekoj moment ke padnam celata se tresev.
Да и мене ми се гади и повраќам и проследено со дијареа плус мигренозни главоболки малаксаност и поспаност
Дали ви се случило да ви прерипува срцето,како некој нерв кога ви игра трае неколку секунди и престанува ?
Пред 1 час почна да ми се врти многу. Лежев во дневна (ама не долго, пола саат максимум) и кога станав почна да ми се врти ненормално многу, се' околу мене се вртеше, седнав и мајка ми ми донесе вода (испив 2 чаши на екс) и ми мереше после 10тина мин притисок беше во граници на нормала (115 со 75) ама мене ми се вртеше уште, дури може да речам дека и со појак интензитет. Подлегнав се смири, се исправив пополека да не е нагло и а станав пак почна да ми се врти. И си реков ај ќе легнам ама сега и кпга легнав беше исто па се исправив. Чувствував и гадење, еве и сега ми се врти ама не толку јако. Саат ипол сум вака, дали може да ми е од анкс?
Da da seto toa e od anksioznosta Seto toa se simptomi na anksioznost veke nekolku godini se boram so toa cudo
Кој има физички симптоми од анксот и какви? Ако може повеќе околу физичките симптоми кој има искуство и како се справува. Јас имам слабост и грчеви во мускулите на нозете и полудувааааам... елицеата џабе ја пијам од 5 и ксанакс о.5 пак ги имам симптомите.