сијело многу ме растажи твоето минато зошто јас го поминав истото со мене но за разлика од тебе кај мене се откри дека имам астма и хормонално пореметуванје кое трае по еден месец и повеќе и најчесто завршува со киретажа.најтешко ми падна кога ми кажаа дека ја имам астмата и дека доживотно ке бидам под терапија со спрејови.и сега секогаш кога одам некаде со мене го носам и спрејот кој го користам при гушење а знае да биде доста често и тоа може да биде предизвикано од паника.па си велам зарем и уште оваа ми требаше на сите мои маки.но сватив дека како поминува времето може да биде полошо.пред нас се климактериуми кои ќе ја потикнат уште толку паниката.но искрено веќе неможам да мислам што уште може да ме снајде ми се смачи од се .стани наутро пафни си спреј два вида по два пафа,напиј се хелекс па антидепресив па повторни дошло време за следната доза и јас без мојата ташничка со лекови никаде не одам поготов без спрејот за астма.и што видив јас од мојот живот.се мазив на 17 години веке на 21 година имав второ дете и веднас после тоа добив се по ред од страв па до болести.сега сум 32 и сум како старица со лековите со себе .па веќе ми е се заникаде.кога јас ќе зивеам,кога јас ке шетам и ќе се дружам со личности што ме прават среќна,децата веќе си пораснаа секој по својот пат и јас останав сама.сега сум сама ,и тажна,од недостаток на љубов јадам храна секаква грицкам ,месам матам и јадам со сласт и само се дебелеам, и моментално се исполнувам со нежност и љубов.чудно колку можела храната да биде пријател на душата но истовремено и најголем непријател.и после сето оваа,што барам јас.сум направила 100 кг и ќе барам некој да ужива во мене и моето тело,се мразам и сам кога ке се погледнам во огледало а не па некој друг да ме гледа.едноставно немозам да се борам со се не е само еден проблем многу се.радувај се се сијело што немаш никаква органска болест зошто мене тоа многу ке ми значи.ке можам да работам секаде каде што има прашина и жежтина а сега неможам никаде а немам диплома за фотелја ,а немам ни сила да застанам пред мојот сопруг и да барам да ме пушти на работа да одам кога знаам дека не ќе можам да издржам од оваа проклета астма,анксиозност ....и уште незнам веќе што
devojcinja mnogu me rastazivte jas istoto go pominuvam kako vas i jas imam 31 godina a na 27 se operirav od zolcka i sega treba cel zivot da ziveam bez nea i nonstop me boli stomak.od togas sum anksiozna vrtoglavici imam nepodnoslivi i toa cudna rabota samo na leva strana i mi se koci levata raka i noga a za tahikardii da ne zboram.a na seto ova i ne dobivam mestruacija samo so hormoni sto ke se pravi neznam.mora da se borime zatoa sto zivotot e ubav i sakame da go ziveeme.ve pozdravuvam i ve razbiram site.
Беше долга и макотрпна нашата борба...нашата тема е најактивна...дури 258 страници испишани со патила, страдања, солзи, исповеди..........доста е , ајде на ноге јуначке Сиело мила моја ...доста е....никогаш повеќе немој да се навраќаш на минатото оти тоа е категорија која со никаква сила не може да се промени.Ако станеш уште поупорна и вртоглавиците еден ден ке ги снема, а јас ќе чекам да ме поканиш во Хрватска..на гостиииии...леле многу убава земја на море...прекрасна...ти пишав на ФБ ...животот е авантура...направи си го да ти биде убав...одиииии и уживај во Хрватска, оди и проведи се, оди и остави го и анксот и вртоглавиците тука ...оди ама не не заборавај...ние секогаш ке сме со тебе... ТИ НЕ СИ БОЛНА...САМО ТРЕБА ДА ГО СМЕНИШ НАЧИНОТ НА ОДНЕСУВАЊЕ И РАЗМИСЛУВАЊЕ...иако во голема мера тоа ти успеа...јас сум среќна заради тебе.... Сиело е храбра девојка аи многу е убава... Поззз Ве сака Дуња
Cielo5 - ме расплака пак...но, добро е што си здрава, тоа барем го сфати нели мило дете?! Сега вака ќе ви кажам нешто. ЈАС вртоглавици одбивам да имам! Нема да имам вртоглавица од една усрана анксиозност. Значи, дента кога ви пишав дека ќе и терам инат - така и направив. И ја снема за пола ден! Ја снема и нема да ја има, а ако случајно се појави ПАК ќе одам против тоа. Одбивам да правам секакви испитувања каде ќе се мачам , а верувајте внатре во душата знам дека сум здрава! Немам ништо, освен тага и разочарување од ситуацијата...Работата беше што јас се надевав на нешто повеќе со тој човек...но, ете тој не. И ете како да се сруши кула од карти...Инаку, не сум се чула со него, и веќе станувам сериозно љута, и веќе не ме добива и доста. Јас имам многу повеќе преживеано од ова за ова да ме уништува- НЕ МОЖЕ! Реков, ми треба време, зашто времето лечи многу болки и таги и на крај се се заборава. Не сакам никој веќе да ми го нарушува мирот и спокојот во душата за кој толку се борев и се изборив, за сега некое неписмено курле да ме враќа на тагата.... Во ПМС сум, па затоа сум таква ...тага на квадрат...ама не не не...вчера кога ми се вртеше, излегов по тоа жештината надвор, се вратив и на ручек пиев вино и се ми помина после. Затоа, нема да ми се врти. Искрено, ви благодарам на сите што ме бодрите да го поминам периодов кога човек едноставно се разочарува од луѓето...ве сакам најмногу, чудно е колку сме се спријателиле ... До SanjickaBucka, - мила , јас не пијам депрозел...мислам дека приказната што ја цитираше е од Лиле а не е од мене ... Што се однесува до Лиле...навистина нема работа во градовите од Тиквешијата, тоа го знам од моите роднини. Плус, проблемот е што тој алкосот не и дава да работи, зашто е кукавица, зашто знае дека ќе се опорави, зашто знае дека веќе нема да зависи од него, зашто знае дека не може без неа, знае дека ќе се препороди и затоа сака да и ја цица енергијата. Лиле, мила, АД не е страшно да се пијат- да...но, мораш да ја извојуваш борбата. Ти кажаа од тука девојките некои предлози мислам...немој да си таква, почни да размислуваш да избегаш од таму. Биди храбра и замини , ајде нека ти пукне филмот и не дозволувај веќе да те јаде тој човек. Но, пред да го направиш тој голем чекор, најди го мирот во себе, биди спокојна, моли се секоја вечер и во моментот кога ќе се смириш, ќе ја донесеш и вистинската одлука. Џабе е да се зборува. Борбата е само твоја.... Ве сакам сите , другарчиња по судба
Да, Азура, СЕ ИЗВИНУВАМ ОД СРЦЕ, не сум ни заприметила дека приказната е од Лиле, како и да е, тоа што го мислев , го напишав, а Лиле може да го прочита .. Сјело5, ти си навистина ХРАБРА девојка, ти СИМНУВАМ капа за напишаното и ти се ВОСХИТУВАМ, продолжи така, верувај дека се' ќе исчезне. Убаво рече Дуња, кај и да си, ние сме со тебе, а и ти со нас, не се возбудувај пред време, тоа што треба да се случи, ќе се случи, можеби тоа е твојата отскочна даска. Криво ќе ми биде ако не се видиме, но да сме живи и здрави, тоа е најбитно, а патиштата порано или подоцна, на ваков или поинаков начин, повторно ќе ни се вкрстат. Убав одмор мила, чувај се и мисли позитивно! Поздрав до сите , мили, Ве гушкам и бакнувам!
Ви благодарам на зборовите мили мои навистина ме храбрат. *Лиле душо ти си поминала и сеуште поминуваш низ мн работи кои допринеле да станеш анксиозна но од срце ти велам дека морашн да застанеш сама цврсто на нозе. Сопругот твој не заслужува личност како тебе покрај него, ти не си ничија марионетка за да некој управува со твојот живот. Да тешко е да се најде работа посебно кога некој и ти забранува. Знам дека сега мислиш дека е невозможно да го напуштиш сопругот, заради децата поради тоа што немаш факултет и работа но ги имаш твоите родители трие секогаш ќе те бодрат. Почекај малце да пораснат децата да почнат да разбираат еее се ќе биде различно. Доколку навистина не можеш да се избориш со ситуацијата пробај да одиш со сопругот на советување или нешто слично. Зошто не земеш да изработуваш накит, материјалот е навистина ефтин а се продава накит мн во денешно време, ќе си го исполниш времето и ќе ја надминешш и анксата. Со тебе сме како мислиш ти дека е најдобро ние те подржуваме. За тоа што велиш дека си дебела тоа не е проблем, надворешната убавина не е секогаш позитивна. Најважно е срцето и душата што еден човек ја поседува. Ако си ти здравствено со тежината ок (без холестероли масти и сл) тогаш уживај во храната. Килограмите не се мнерка за убавина верувај ми јас работам ко модел и секогаш им контрирам на моделите кои бараат анорексични модели, мене сте ме виделе на фб сигурно јас не сум воопшто слаба. Ако си сама задоволна од изгледот, и др повеќже ќе те сакаат. Застани пред огледало и речи си јас сум си најголема конкуренција на самата себе најубава сум ои со крената глава продолжи. Сите сме убави на свој начин не заборавајте. *Блакце ти знаеш и сама дека секој од нас има по некој здравствен проблем но ништо не е толку страшно за да паничиме и да се грижиме како што правиме. САмо напред борбата продолжува. *Дуња најмила моја макотрпна беше и сеуште е борбата но за среќа сега сватив некои работи со ваша помош и се надевам дека еден ден нема даги чувствувам ни вртоглавиците. Вие ми помогнавте мн во тоа и го молам Бога да ми исчезне целосно анксиозноста и лошиот период да биде само лошо сеќавање. За Хрватска навистина не сакам да одам тука и студирам, и друштво имам, и како модел работса и дечко ми е тука но навистина не знам како ќе испадне, никгаш нема да ве заборавам тоа секако ќе ви пишувам нонстоп и ќе ве читам. Сега сум на Крк кај баба и дедо имате топли поздрави од нив. *Санјичка душо не заминувам јас така лесно за Хрватска, не си ја напуштам Македонијава хехехе. Мора да се видиме бидејќи ми е задоволство да запознавам така позитивни и добри личности со толку чиста душа навистина. Патиштата се слеваат штп требало да се случи ќе се случи. *ПетраПанка мила ти како си ми, ми недостасуваш, се надевам и гледам дека си подобро а тоа ме радува искрено. *Мало84 каде си ти се изгуби? *Ферхи,Адела, Анетка,АНушка и сите да не набројувам да не се налути некој ве гушкам силноооо
*Azurke моја не видов дека си пишала ме израдува твојот пост. Баш ми е драго што си и и објавила конечна битка на анксата. Браво девојко, само напред. Ќе видш дека кретенот од дечко што си го имала само ќе те направи појака, ќе ти го отвори погледот на светот за машките и ќе ти помогне во борбата против анксот. Прекрасна си и заслужуваш некој далеку подобар. Само напред храбра девојко!
Дуња убаво напиша дека треба да го смениме начинот на однесување и размислување за да го победиме анксот ама еве мене овај период многу тешко ми оди тоа ме пратат нервоза и напнатост,ако не е срцебиење тогаш е желудникот,ако не е желудникот тогаш е срцебиење и се така во круг вчера имав толу болки во желудникот неможев да јадам,како последица од напнатост знам дека е од тоа,се трудам да се опуштам и да го игнорирам ама некогаш е многу тешко но се обидувам повторно и повторно. Еве денес подобро сум фала му на Бога,мислам дека ме има обземено некој страв (нереален нормално,и самата го знам тоа) против кој упорно морам да се борам.Мислам дека толку се истрошив од сето тоа што некогаш мислам дека немам сила повеќе,грозно чувство Единствено кога ве читам вас драги мои се тешам дека не сум сама и многу ми помага тоа. Цела една година си бев супер расположена,заборавив на стравот,се опуштив,се релаксирав... за сега овие 10-тина дена повторно да ми се активира оваа состојба, секако има и причина за тоа,ништо не доаѓа така само од себе.Но ќе се соочувам,пак и пак,колку пати и да треба,само така ќе го снема белки ова гадно чувство еднаш,јас излегувам не се затворам дома и тоа ми е некоја утеха бидејќи порано ни тоа не го правев,сега барем наоѓам сила да излезам и да се соочам,колку тешко и да ми е.
за жал утрово се напив пола хелекс и многу жалам за тоа уф кога ке го победам стравот од сама да бидам
Здраво драги девојки Добредојде Циело5 , не размрда сите со твојата искреност , и некако повеќе позитивност чуствувам меѓу вас Баш онака настапи како последен ден од предизборна кампања и не убеди да гласаме за тебе, односно посилно да се бориме Сакам да ве поздравам сите , јас одам малку на физичко размрдување , тоа е и дел од терапијата на Дуња за оние со покреативен ум (побезобразен) само да им кажам размрдувањето е со велосипед а не како шо помислија хаха, малку да се шегувам Девојки нема како вас , ве сака Петра
Сигурно нема да го победиш со хелексот туку со соочување со стравот, хелексот има само плацебо ефект т.е мислиш дека си се напила апче и ке ти биде подобро. А уште потешко ке го победиш стравот ако седиш овде на форумов на оваа тема, и ги читаш проблемите на другите. Од една страна ке речеш ок не сум само јас има и други како мене, ама од дрѕга страна постојано ке размислуваш на таа тема и на проблемите на другите и уште повеке ке те фати страв бидејки тука има разни проблеми и состојби, и можеш на тој начин да заглибиш уште подлабоко плашејки се сите тие лоши искуства да не ти се случат и тебе. Затоа треба да се посветиш на поведри теми а не да читаш разни туки судбини и да заглибуваш уште толку во калта наречена депресија. Бидејки ако сама не се потрудиш да си помогнеш немој да мислиш дека хелексот или советот на некој што е во иста ситуација како ти, дека ке ти помогне.
*Санјушке баш затоаси ми мила бидејќи имаш такво размислување и таков поглед на животот, а да не правам муабет за твојата позитивна енергија. Мора да се видиме на кафица блиску сме ние, секако ќе најдеме време да пиеме нешто. Ти благодарам за убавите желби *ПетраПанка мила моја фала ти и на тебе за гласот кој го даваш за мене на изборното ливче хехехе. Шала на страна мн ми е мило што си подобра и ме радува тоа само напред девојче, ќе биде се само упорност. *Анетке хелексот си го испила нема назад, сл пат пробај да се воздрзиш без да се напиеш ќе видиш дека ќе успее земи нешто работи по дома, играј, туширај се само така ќе го надминеш тоа. Земи си милениче домче тоа мн помага ќе видиш со неговото присуство во домот ио те како ќе седиш сама. Ве гушкам ситеее
хелексот си го испила нема назад, сл пат пробај да се воздрзиш без да се напиеш ќе видиш дека ќе успее земи нешто работи по дома, играј, туширај се само така ќе го надминеш тоа. Земи си милениче домче тоа мн помага ќе видиш со неговото присуство во домот ио те како ќе седиш сама. Ве гушкам ситеее оф бе сање ич неможам да седам сама дома ич особено ако знам дека сите се далеку некаде заминати за ќотек сум знам сиело како да седам дома кога морам да работам ама ете да нетреба да работам дента и да бидам дома па ти незнаеш што ми се случува абе се паничам и тоа не е тоа од сега уште од кога се вселив тука ми е неубо сама . знам дека ке издржам некако да седам али утрово ми беше ужас и со нерва кон себе го испив тоа пола имам животни дома 2 али ке си поправам муабет малце и кога ке ми се здосади неможам да седам сама дома односно јас и онака неможам да седам мн мн дома многу сакам да шетам битно мојот проблем е NEMOZAM DA SEDAM DOMA SAMA и тоа од сабајле трае тоа до кај 12 после немам гајле ве сакам па карајте ме
Оф леле Аделке, животинките земи ги дома ако с ево двор, дома мн поудобно ќе се осеќаш со нив верувај. Знам дека мораш да работиш ама тоа е добро бидејќи така ти е исполнето времето и не се замараш мн со анкс. Гледај ако не можеш ептен да седиш сама до 12 отспиј тој период добро ќе ти дојде. Малку по малку ќе биде еее се надмина уште тоа остана мора да се среди и тоа. Искрно мисалм дека треба тој период да го исполниш со некоја активност бидејќи мисалм дека ти најдобро се осеќаш кга си шеткаш и кога си зафатена. Пробај со животинките бори се со нив ко дете, со топче играј те си, бркајте се баш како детска игра. Мора да си добра Гуш гуш
Еве ме и мене, бравос за Циело, секоја чест шо си го издржала тој притисок, но вредело ете, сега знаеш дека си здрава и права девојка, останува уште на тебе, Дуња како што напишала... Аделче мила не се вознемирувај за 1 хелекс, и јас некња после цел месец без апче, т.е демитрин, бев во Ск, барав станови, и морав да останам да спијам кај еден другар, и ете вечерта дојде, мене почна грлото да ме гуши ич не можев да дишам добро, испаднав надвор на тераса псоедив, но џабе, веќе беше 4 часот утрото, а јас морав во 8 да станам, и се гушев, и решив да се напијам демитрин, за да може да заспијам, и да не мислам на гушењето.... И вчера и денес пак осеѓам некое гушење, потешко дишам, ставам марисол капки за носот, и после ќе одам да си купам некои шумачи таблети магнезиум калциум витамин ц и лути бомбончиња... Мајка ми, ми вика да ме однесела во некоја приватна оториноларингологија, за грлото да ми го видат и таму, но толку многу сум језива, не сакам да ми пикаат такви железа во грло, ептен мие језиво, и гадно, ми се повраќа од тоа, и ете и реков не сакам сега, ако му гуше многу или ако не можам да издржам не ми преостанува ништо друго јбафхбабнфјклнлхаефон.. Таман мислев готово, нема повеќе вакви проблеми и ете пак ми се вратија, а уште пред една недела почна да ме гуше и да ме стега, плунката леплива и сите тие срања, ама ај си викам.... Вие мили мои држете се, ви праќам многу гушшшшки...
НЕ СИ САМА, ГИ ИМАМ СИМПТОМИТЕ И ЈАС, (БАШ ИСТИТЕ) СЕ ОБИДУВАМ ДА ГИ ИГНОРИРАМ , А ВО КРАЕН СЛУЧАЈ АПЧЕ , ИГНОРИРАЈ ГИ МАКСИМАЛНО , СЕКОГАШ ИМАЈ НА УМ ДЕКА ТИ СЕ ОД АНКСИОЗНОСТА ГУШКА И ДО ТЕБЕ
devojcinja da ve prasam nesto mnogu me boli levata raka dali mi e od anksioznosta ili nesto drugo e vo prasanje se plasam