I jas mislev taka ,ama.nauciv deka.psihijatrite se za da dadat lekovi ne.se za muabet za.muabet psiholog
Јас искрено сум многу благодарна на мојата психијатрка која саат и пол разговара со мене на сеанса. Пиши ми лп ако сакаш инфо Да не биде дека рекламирам некој тука
Прво се прави психолошко тестирање потоа со резултатите се оди на психијатар и он одредува дали треба или не треба терапија
Мислам дека на психијатрите кај нас им е полесно да ти дадат апчиња отколку да ти помогнат со разговор и да работат со тебе. Претежно за состојбата на анксиозност се препорачува разговор и тоа не еднаш или двапати.апчињата нема да ги стопираат мислите и да ве тераат да мислите позитивно. Кај некој можеби се навистина потребни но работете на самите себе и тоа ќе ви помогне повеќе.
Мене уште на прво одење ми даде Елицеа да пијам 6 месеци, јас пијав еден месец само, не се ни потруди да ме опушти да разговараме, можам да кажам дека општ доктор повеќе ми помогна што ми препорача капки Валеријана и Деметрин да пијам по потреба.
Зошто да не биде океј? Излези си слободно ако е убаво времето. Мене најубаво ми е сама да пешачам, и тоа одам и на поосамени места кај што нема луѓе, на почеток се плашев малку поради тоа што имав чести панични напади, ама сега не се плашам веќе.
Пешачи, јас така наоѓав свој getaway, пешачев за да имам што да правам и да не размислувам премногу, во нервоза одев мнг брзо за да го извадам бесот и обично слушав песни на слушалки, многу ми помагаше.
Дали на некој му се има случувано да има проблем со лицето малку мрда само од себе некогаш повеќе некогаш помалку и претежно на десниот образ и над веѓите и устата. Не е болно ама многу нервира. Има моменти кога е ок.
Здраво на сите. Од дамна не сум пишал ништо но овие два три дена ми се појави анксиозноста. Ми препишаа цитерал почнав да ги пијам ама пред да почнам прочитав упатство за беља хаха несакани ефекти кај 1 од 1000 или 10000 анкс депресија мисло за самоубиство плус на сето тоа смрта на беличанец и сега стравови дали јас ќе го направам тоа да не ми се случи такво нешто хахаха и се тоа од кога прочитав упаство на такво нешто до сега фала богу не сум помислил никогаш Па еве да пишам некој совет или слично искуство да сподели некој
Дечки здраво, како сте со нагливе промени на времево? Јас се осеќам како камион да ме прегазил, константна вртоглавица, лошење, тегоба во желудник, страв дека ќе ми се случи нешто. Ајде совет како да ги тргнам овие симптоми. Позз
Би сакала да споделам нешто што деновиве го практикувам и помага многу. Вежбам јога секој ден по 20-30 мин. Трчам во парк колку што можам почесто, се смеам, гледам на ју тјуб видеа кои се доста мотивирачки, читам по некоја книга барем сега може да се чита и од интернет гледам да си ги завршам обврските без да мислам дали ќе ми е слоши ако излезам. Позитивно мислам за својата иднина и визуелизирам ајде сите да ги тргнеме негативните мисли за да ни се промени и животот. Не ви здосади ли веќе да бидете затворени и исплашени? Мене искрено да.
Belichanec za Belichanec. Jas se plashev za nekoi shto bile bolni od teshki bolesti da ne mi se sluchi i mene istoto. Site sme razlicni namesto ova podobro ke e da mislime kolku ubaj raboti ke ni se sluchuvaat. Malku e mozhda sebichno ova za akterkata ama mislam deka ne gresham.
Me interesira nekoj da ima na temava a da zivee vo Avstralija imam nesto da prasam za antidepresivite i sedativite vo Avstralija.Blagodaram.
Добра ви вечер на сите,морам да кажам дека веќе неколку дена ги читам маките на многу луѓе тука на форумов...изненадувачки е фактот колку е распространета оваа проклета анксиозност,паничните напади и депресијата...доаѓа од никаде ,ти се закачува на грлото и паразитира на тебе 24/7.... Јас од овие нарушувања страдам веќе 6 или 7 години....никогаш досега не сум побарал професионална помош- психијатар..барем мислев се до сега дека нема да ми биде потребна...ама.....Да почнам од почетокот....По професија сум доктор стоматолог,,,живеам просечен македонски живот,се борам со секојдневието ,се борам со месеците,годините...по природа сум многу голем позитивец,шегаџија,екстровертна особа....меѓутоа..пред 6 или 7 години на работното место ми ае случи да колабирам ( најверојатно од умор,недоволен сон) па од тој момент ми влезе стравот односно научив дека тоа е анксиозност со панични напади...6 месеци спиев со апаратот за мерење притисок,докторите веќе не ни сакаа да ме примат во болницата ,,,истите симптоми од кој сите ние добро знаеме дека од тоа не се умира..ама...пусто...ти го зима мирот и ти го нарушува социјалниот живот....Бев на сите можни испитувања...сите резултати укажуваа дека сум потполно здрав...џабе...од ден на ден ми беше се полошо..едноставно јас го хранев се повеќе стравот во мене...Почнав да пијам дијазепам..на почетокот се комирам од најмалите дози ама не ми помогнаа воопшто...потоа ми препорачаа Деметрин..ама од тоа чудо се тресев целиот...веднаш го прекинав...почнав со Лорам ,т.е со 1/4 лорам од 2,5 мг и осетив подобрување меѓутоа осетив и дека дозата ми е мала па зголемив на 1/2 наутро во 08:30 па попладне бо 13:30 и навечер во 20:30..првите денови бев поспан меѓутоа како поминиваа деновите ми беше се подобро и подобро..Научив да живеам и да функционирам со тој лек...После неколку години се осетив дека претерувам со алкохолот,,,во енормни дози во комбинација со лоразепамот..се осеќав ко Мерлин Монро...уствари се осеќав супер..веќе и заборавив на паничните напади ,заборавив дека сум бил некогаш анксиозен..едноставно си терав со животот..се додека еден ден не сватив дека сум сериозно зависен од тој лек..пробував на неколку пати нагло да го прекинам ама подобро да не ви кажувам низ што се не поминав во тие неколку часови..сватив со каков анксиолитик си имам работа...ама тоа не ме загрижуваше толку...едноставно се беше во ред...бев полн со живот..се до пред 3 недели...направив сообраќајка со моторот,ги скршив прстите на ногата ..па операција ,болки невидени....бла бла бла..Во оној момент кога требаше да ја примам локалната анестезија и откако ја примив и увидов дека не делува а веќе ме спремија за сечење Повторно ми дојде на гости старата пријателка ,ме фати за грлото,ми ги пресече нозете,ми го преврте желудникот,ми направи 120 тахикардија,ми ги испоте рацете и ред други работи....но овој пат посилно...морав да ја зголемам дозата...несоноци...кошмари..150/ 100 и 120 срцев ритам....секој ден...се јавив на психијатар..ми препорача Миртазапинум- Каликста од 30 мг по една половина навечер пред спиење..ама еве веќе 3 дена ја држам кутијата во рака и незнам дали да почнам или не..читам секакви информации,ефекти,контраефекти,контраиндикации,несакани ефекти...и што да ви кажам..се мрднувам...И така си се прашувам секој ден..Да почнам или Не...што ако не сум депресивен а пијам антидепресиви...каков ќе биде епилогот од тоа...? Ви се извинувам на сите за должината на овој пост...меѓутоа сакав да споделам со вас , заклучив дека заедно можеме многу да си помогнеме со самото тоа што споделуваме ни олеснува и не не прави туѓинци..Ве поздравувам и ни посакувам спокојни и позитивни мисли на сите нас.....
Дали денес ви беше лошо така? Јас цело време напната се осеќам кај и на работа со глупости па и како времево менува и јас се понапната сум. Забележувам и дека на плодни денови сум мн напната дур и знае крв малку во овулација да ми се појави..