здраво на сите еве ме и мене јас денес сум катастрофа бев толку нервозна,докторката гиниколог ми се изнавика јас не сум мозела да останам бремена поради анаксиозноста како јас да сакам да ми се слуЧува тоа 8 години се маЧам и јас сакам да зивеам нормално,поЧнав да плаЧами и напади си добив поЧна да ме гуси ме стегат градите аман веке,поздрав до сите
Нестле, јака девојка си ти, не попуштај сега, сигурна сум дека ти е надминат анксот, нормално е да имаш флешеви ов време на време, а твојот флеш бил што не си дома, и што ќе треба наскоро да доаѓаш за Скопје. Башка имаш нервози околу станот и цимерите и си се собира тоа .. Не мисли, опушти се, ни овде не си сама, не имаш нас, бај д веј, си можела да ми се јавиш кога си почувствувала такво гушење, само анксот ти го прави тоа , од искуство ти кажувам, јас едно време дури и мислев дека ми се алергиите и си се напив лоратадин , а замисли, не беше пролет ... И после уствари кога сфатив што се случува, оставив да ме гуши и си реков, угуши се ако ти се гуши, пи*ка ти материна и одјеби од мене ... и така после неколку терања у ку*ац, си замина ... Држи Нестле, има многу сила и позитивност во тебе ... Блакце, само од анксот ти е, пушти нека си прави што сака и кога нема да му обрнуваш внимание, само ќе си се тргне, само опушти ги мислите и терај у ку*ац се' !
Надеж најмила , пречуствителна си , големи проблеми во минатото, постојано под стрес и сето тоа денес ти се одразува, од нервоза до напади , не си свесна колку можам да те разберам , и дека сум проагала низ нешто слично Може си пишувала дали пиеш апчиња, извини сум заборавила, ама покрај нив мораш и сама да се бориш Пак ќе повторам нити ти нити јас не сме сами , многу поминале низ ова , некои се борат некои победиле, најважно е што знаеш од каде ти е сето ова, и ја имаш целосната подршка од нас Искрено некако прелесно се предаваш , а ние очекуваме на мекици да дојдеме АЈДЕ НАДЕЖ , ПРОМЕНИ СЕ , НАЈДИ РАБОТА , И ЗАБОРАВИ НА СЕ, ПОГЛЕДНИ НА ФОРУМОТ ОД ДУЊА , ЦИЕЛО , АЗУРА, УГЛЕДАЈ СЕ НА ДЕВОЈКИТЕ , АДЕЛА , БУЦКА , НЕСТЛЕ , ФЕРХУНДЕ (КОЈА ЈА НЕМА) - ИЗВИНЕТЕ ЗА ОНИЕ КОИ ГИ ПРОПУШТИВ ПОГЛЕДНИ КОЛКУ СЕ ЈАКИ , И НАПАДОТ ПУШТИ ГО ДА ПРОЈДЕ, НЕ ГО ХРАНИ СО ДОПОЛНИТЕЛНА ПАНИКА ЛАВ ЈУ ОЛ
Последниве неколку дена имам тахикардија, срцево толку силно го осеќам мислам ќе ми искочи и најчесто ми се случува навечер коа ќе легнам.и прееска у најжешкото се возев у автобус и прв пат после толку време морав да искочам неможев да издржам ама не се напрегам и не се предавам зошто знам дека понекогаш може да се појави некој симптом и дека не поминува преку ноќ.поздрав
ти благодарам PETRA PANKA3 стварно сум пре Чуствителна.на мене стварно ми смета моето минато незнам како да заборавам се,инаку од апЧиња сега само б6 и некои витамини земам ресив така да се борам се надевам дека ке се изборам еден ден GOLEM POZDRAV DO SITE NA FORUMOV
Надеж....ајде душо речи си...ако биде -ке биде аконе ...тоа е. Со сила нема убавина...нели...баш затоа слушај ме...крени раце , помири се со судбината...ако е решено ке биде...така барем една моја другарк анаправи...11 год. чекаше дете и накрај по примерот на Сања Буцка...отера се у ПМ ...и кога крена раце се случи бременоста... Да докторкатае во право од напнатоста од анксот не бива бременоста затоа крени раце....оваа го велам зашто знам вакви многу случаи ..дури една моја познајничка си посини детенце од дом...ииии после 2 месеца остана бремена.Немој Надежада се мачиш...ајде навистина си пречувствителна, па не си душо ни прва ни последна....опушти се започни со некоја работа убаво те советуваше некоја од девојкиве на форумов-браво за советите... Мила 23...убаво од тебе ...не предавај се...тоа што ти се случило да излезеш од автобусот не е страшно и мене понекогаш ке ме стегне таква мисла...ама ,,игнорр,,кај ти бил, хе ехехе..добро , поминало и напред...а за тахикардијата..па и кога трчаме имаме потоа лупање на срцето па не умираме..и оваа навечер што ти се случува ..ич да не те плаши, само најди начин да го надмудриш, не чекај го секоја вечер земи читај си некој акнига или гледај филм, промени кревет, соба, промени положба на кревет да гледа накај улица...или такви сл. финти..помагаат јас тоа го правев додека се отарасив од ,,кучката,,постојано го преместував креветот.и уште една работа...молитвите навечер помагаат да се потсмириме, мирно да легнеме и да заспиеме и утре полесно да го пошнеме денот...јас не сум многу религиозна може дасе каже и воопшто не сум верник ама ,,давеникот за сламка се фака,,и тогаш кога ми беше најтешко научив една молитва па пред легнување ке ја повторев неколкупати...оф, ми олеснуваше и со тек на времеми стана ритуал...помага...ама сепак ,игнорр,,најмногу ми помогна, ми помага и ден-денес. поздав мили мои Ве сака Дуња
*Анушке мила не ти е ништо и сама знаеш се поретки и поретки ќе ти бидат тие симптоми, само мораш сама да се избориш, кај мене поминаа тие симптоми кај мн други поминуваат и кај тебе ќе поминат. *Блакце апсолутно се е од анксот, не боли така рака ако е од срце е баба ми пред мене дозивеа инфаркт неа раката ја болеше од срцето бидејќи таа болка се шири но тоа е само моментално и после се доживува инфаркт, а ние само ен боли а ништо да се деси уживај не е ништо. *Мила само наопред мора да се бориш и само така со позитивна мисал се ќе надминеш, с еслучува и од времето и од се да се јави тахикардија, ја на одмор кога и да влезам во вода ми лупа срцево ко лудо но се смирува само, се е од анксот. *Надеж те разбирам дека и ти не сакаш да ја имаш анксиозноста како што не сака да ја има никој од нас, но јас мислам дека ти треба да имаш посилна желба да си родиш детенце и ќе ти се оствари. Речи нема веќе простор за анксот време е да си имам дете и да не ми се јавуваат веќе овие анкс симптоми, верувам дека детето ќе ти ја среди целосно анкс ситуацијата. Не си стерилна недај Боже се е во ред ради анкс да не забремениш срамота. Опушти се и не се предавај секој ден обидувај се да забремениш и ќе успееш силно посакувај го тоа ис о срце и со душа и секако ќе стане реалност. *ПетраПанка, СанјаБуцка,Дуња,Азура,Ферхи како сте ми вие добри? Позз до сите останати
Јас си зедов витамин Ц и магнезиум од Натурал Велт,по препорака на матичната. И порано си пиев магнезиум и поубаво некако се чувствував,вероватно пријатно делуваат на организмот. Некој спомена за тахикардија,и мене ми се јавува чувство на срцебиење кога сум излезена понекогаш или во автобус,но почнувам да дишам длабоко,земам некоја бомбона пеперминт,малку водичка и ми се смирува,но знам дека е од анксот и престанувам веќе да си додавам страв над стравот. На крајот на краиштата си велам самата на себе си па што сака нека биде неможам јас повеќе да стрепам за тоа дали и кога ќе ме заболи нешто,или дали ќе ми зачука срце,или ќе ми падне притисок.....ајде се нека оди како што дошло. Неможе некој друг да го живее мојот живот за мене,сега тоа е,јас сум таква каква што сум и ова е мој живот што јас треба да го живеам.Неможам повеќе да ги малтретирам сите околу мене,затоа и повеќе не се жалам,како ми е така,ќе терам,ќе игнорирам па белки еднаш ќе помине. Ве сакам драги мои храбри девојки
Hellooooooo еве ме жива здрава и анксиозна фала на сите што мислевте на мене мислев и ја на вас ама таму кај што бев немаше интернет и не можев да ви пишам требаше некое писмо да ви пратам .Читам дека и не сте биле многу активни што е добро значи сите сте ОК што ме радува .......и ја сум добро имаше мали напади но не беше страшно преживеав Поздрав до adela,dunja,buceto sto e polna so ljubov,kleo,anuska,malo-milo,anetka,azzura,panka,cielo и сите други нека ми извинат ако некого заборавив и нормално ГУШ МУШ
Значи Ферхи ако ти не изедеш вафли, нема кој, хахаххахахахаххахахахах, ме изнасмеа .. .. Па така оди тоа, дебелите луѓе колку што се големи, толку и имаат љубов во нив , кај си чула ти да има змија дебела или пак лута пиперка дебела?!?!? НЕМААА!!!! Што да Ви правам кога не сте дебели ... Аееее забегав ...... Сјело мила, јас сум одлично, не е дека нема симптоми понекогаш, ама таков ку*ац им давам, што страв ги фаќа нив, кога доаѓаат, дури почнаа и да тропкаат дали може да влезат ама јас чекам со секира пред вратава моја планинска , кинески зид не ми е рамен, оди па пробиј ме, хахахахаххааххаха ... Од пред извесен период престанав да се замарам со се' што ме иритираше, напнуваше и буричкаше по чувствава и емоцииве. Сфатив дека мојов мозок произведува работи кои не се реални, секако предизвикани од некоја неубава ситуација. Борејќи се цел живот, овој пат не сакав да се борам , а и не можев, ја немав повеќе таа сила како секогаш, ме исцрпи нечиј психички вампиризам, не знам дали сте чуле за тој феномен?! Тоа се луѓе кои немаат грам позитивност и те полнат со максимална негатива, притоа земајќи ја од тебе целата твоја позитива, на крајот они се смеат, а ти плачеш. И така фино лепо јас си отидов на психич, ми појасни неколку работи (ми требаше стручен човек во тој период, на кој ќе му верувам) и откако сфатив убаво за што се работи, одлучив да кажам СТОП, ништо не е посилно од моето ЈАС и нема да дозволам да си го искоцкам. Секако бев поткрепена од мала терапија (најниска милиграмажа) затоа што лачењето на мојот СЕРОТОНИН (хормон на среќа) беше сведено на НУЛА!!! До тој степен дојдов токму ради тој психички вампиризам, сакајќи секогаш да бидеш човек и да им бидеш достапен на луѓето во секое време (дури и кога не си можел) , доаѓаш до ситуација каде што самиот запаѓаш во сопствената каша, како НИЕ во случајов. И да, и сега сум тука за многу луѓе, но овој пат на мој начин, не на нивни. И така моето мото "СЕКОГАШ ЧЕКОРИ СО НАСМЕВКА НА ТВОЕТО ЛИЦЕ, НЕ ЗНАЕШ ПРЕД КОГО ЌЕ ЗАСТАНЕШ" , си дојде повторно без фасада (под фасада мислам, секогаш се смеев и бев насмеана, ама не бев тоа јас, имав маска, затоа што не можев да дозволам да ја изгубам мојата најдобра другарка, позитивната енергија )... Ете така мили мои, еден е животот, и јас не мислам да го искоцкам на она што не ме прави среќна, а верувам и Вие исто така .. затоа, ајде зграпчете ги сите позитивни работи и заедно да кажеме СТОП на ку*виштево (се извинувам за речникот) ... ама ми е гајле бе, убаво ми е, моето ЈАС е повторно зацврстено!!! Со еден збор, .... http://www.youtube.com/watch?v=b3jVYCGTe5I .......... Убав ден драги мои, СМЕЈТЕ СЕ, ТАКА СЕ ИСПОЛНУВА СЕКОЈА ВАША КЛЕТКА СО ПОСЕБЕН СЈАЈ, КОЈ СЕ ГЛЕДА ПРЕКУ ВАШИТЕ ОЧИ !!!
Надеж31, минатото е минато. Тоа е таму оставено и НЕ МОЖЕ ДА ТЕ ПОВРЕДИ ПОВЕЌЕ. Завршена е таа приказна...обиди се да живееш во сегашноста. имаш добар сопруг, те прифаќа со сета твоја болка, само ти треба да одлучиш да е „качиш по скалите“ што ти ги дава животот...не оди надолу, само затоа што минатото било лошо...всушност, минатото не се заборава- да, но се живее во сегашноста, а на соништата треба да се работи за да се остварат. Значи, треба да сфатиш дека новиот живот во тебе ќе се појави тогаш кога мајката ќе биде смирена и задоволна. Тогаш телото знае дека е време. Не се нервирај што ти се развикала гинекологот, но не може да бидеш мајка, ако си како рането животинче....Би ти препорачала да се запишеш на јога, зашто навистина смирува, а и дома ќе си ги правиш вежбите кои ќе ти го поттикнат и репродуктивниот систем. И да, во право е Дуња- најди си некоја молитва, но молитва за мир и спокој во душата за да ја надминеш анксата и да станеш посилна. Во тој миг ќе се појави и бебето. Но, мораш прво да работиш на себе....ајде не се нервирај за тахикардии и такви ствари, знаеш дека се е на нервна база...те гушкам.
zdravo kako ste mi mene eve pak me napagat crni misli deka ke si napravam nesto na sebesi i na drugite sto da pravam pisete ve molam
I JAS TEBE TE GUSKAM MILA MOJA I TI NEMOJ DA SE NERVIRAS TI SI EDNA PREKRASNA LICNOST STO NEMAM ZBOROVI DA TE TE OPISAM;POZDRAV DO SITE OSTANATI DUNJA PETRA PANKA3 ITN
Браво за СањаБуцка...Надеж научи ја лекцијата од неа...да !!!!! Зоцеее ајде на лекар...ништо не правиш вака...мора малку психијатарска помош А ти Ферхи ке ни платиш што не ни се јави дека ке одиш некаде...баш те мислевме Позззз Ве сака Дуња
Зоцееее душо слушни ме сега. Прво знаеш од што ти се тие црни мисли, а друго нема да си направиш ништо, затоа што луѓето што прават, не кажуваат, туку прават. Така прекрасна девојка како тебе, мајка на две деца да мисли лошо, не верувам ... Зоце, земи цртани гледај, гледај го Tangled или Despicable me, врвови од цртани се, не знаеш ама се добри, веднаш ќе ти скренат мислење. Шетај ги дечињата, не седи само дома со мислите, и сама знаеш дека не се вистинити, туку дека се производ на твојата имагинација . Ајде диши длабоко и мисли позитивно, мисли на некоја планина или море, на нешто зелено и излези малку да прошеташ .. Убав ден Зоце ... Ќе издржиш ти, знам јас
здравоо Имам 21 година и сум во голема паника и страв незнам сто да правам со себе ми е страв надвор да искацам одма се препотувам ми лупа срцето а ми преписаа депрезол и хелекс немозам ни на работа да идам со да правам помогнете ми некако ве молам
Велкм Јас ќе те посоветувам да ги исчиташ сите постови , ќе се пронајдеш во голем дел од нив , освен пронаѓањето, ќе сретнеш и многу совети Постовите ни помогнаа на сите, ќе ти помогнат и тебе Откако ќе ги прочиташ , некоја од девојките ќе ти ја прати книгата паник авеј, може мн ќе ти дојде за читање ама нема да зажалиш Бај д веј , ништо не ти е Поззз
Зоце, зоце, па врати се пред некое време ќе видиш што си пишувала и дека и сега пак истото го поминуваш, во меѓувреме потсети се како што ти прошло претходниот пат , ќе ти пројде и сега На сите оваа состојба ни се враќа, поминува, се враќа , се така во круг Колку што се сеќавам пишуваше и дека си добра па и советуваше други девојки, слушај ја Дуња - ИГНОР ИГНОР ИГНОР !!!
здраво девојки.имам една новост.мојот сопруг реши да не одведи на одмор.на некој ден.но јас се пласам да одам,децата чекаат со сета душа а јас едноставно неможам,не ми се сака, ме страв и тоа многу ми е страв.немозам да патувам се плашам ако се одалечам од мојот дом дури да е тоа и тука во македонија на некое ппоблиско место.оф леле кога ќе се сетам само колу порано сакав да патувам,а сега ????но морам поради децата морам поради нив сакам да му биде на нив убаво ,јас ќе гледам со таблетите да поминам некако... со сила ....
Ги процитав се пронајдов во секое од нив ама пак е посилно од мене ако имате некој книга да ми препорацате да ја процитам или било со .. фала однапред поздрав