ПОМОШ!!! Чустувам многу анксиозно и депресивно. Се започна пред некое време. Бев многу среќна личност исполнета со ведрина, благостостојба и голема вера во бог која ми даваше најголема сила. Наеднаш се се смени, додека не се најдов на разговор со духовен отец, и на после 3риот наш разговор разговаравме за грев онака ништо посебно. Се додека 2месеци покасно мене не ме изеде сугестијата и психата дека морам да се исповедам и кажам се за мене, дека имам големи грешки направено, а јас тоа несакав да го направам ми беше голем срам, постојано само на тоа мислеввв како што да направам... Собрав храброст и појдов и му кажав што ме мачи, нормално не објаснив све што било како било, но му кажав дека се каам, за блуд неморални работи (ама потенцирам не го кажав тоа со отворени зборови) ... Во ред е ми рече, и ми прочита разрешителна молитва. 2 недели покасно се додека не ме изеде психата повторно зошто не сум кажала све... Само тоа мислам не ми излегува од психата, само лежам и ништо не правам дома околу домашните обврси, немам сила да станам, хроничен умор имам. Полудувам само тоа мислам, неможам да се дружам ништо. ПОМОШ!!! А негледам никаква причина за ваква состојба, на духовна база!
tvojot duhovnik ima slusnato 1000 pati poloshi raboti napravini negoli tvoite. Zatoa odi i ispovedaj se sto ti tezi, zapishi na list hartija za da ne zaboravis.i ke ti olesni mnogu posle toa. Ne srami se od tvoite greski tuku baraj proshka za niv.
Мафни исповеди и попови.Бивш мој му го испра умот поп и стално велеше ,колку имам грешено...На крај скокна од тераса и се уби....
Појди на писхијатар , Пазете со поповите секаде не се оди , не сум бил досега ама пазете пошто многу луѓе не разбираат дека Енергијата ја следи Мислата ! А тие проповедања литургии бладања нз што се незнам свесно дали го прават тоа или несвесно се всушност ова што го спомнав , не си играјте мн играчки . Пазете што како правите со енергиите после да не се средувате долго време , подобро е сама да се средиш или психијатар или психолог да ти го отвори малце пато па да почниш сама да се средуваш сама си посилна од се друго чаре нема! Духот е еднаков на Енергија .
Човекот беше депресивен и попов го лажеше дојди исповедај се,па му велел имаш грешки правено,исто и на една девојка исто и велеше и маж и ја спаси пред да скокне од тераса.Баталите попови,одете на психијатар
Здраво личност сум со анксиозност, пред две недели добив паничен напад (од сообраќајка) е после тоа почнаа жештини во главата и не можам да ја поднесам, па ме интересира дали некиј се соочува со тоа и како ја чуствувате вие? Инаку сум го имала и порано и со се што носи анксиозноста , и ако некој знае да ми каже како се справува со ова. Фала ви однаоред
Да имам прочитано, ама мене ми е дека ја удрив главата малку и добив одма паничен напад се и сешто помислив и бев и на болница после тоа, нема ништо и мислам дека се ми е од нападот и мислите само сакав да знам како се соочуваат другите.
Мене најчесто ме плашат вакви работи,што имам толку и толку години а немам сериозна работа или врска.. Затоа сликава си ја чувам со цитатов за да ме потсети дека се ќе си дојде во свое време.Морав да ја споделам ако некого го мачат истите мисли. Спојлер: П.С. превод ако некој не разбира англиски : Некој дипломирал на 21,ама чекал 6 год за да најде добра работа. Некој немал образование,ама станал милионер на 21 год. Некој се омажил на 20,ама се развел 5 год. подоцна. Некој се оженил на 30,ама нашол вечна љубов. Не доцниш Не си подранил. Точно на време си.
Па реално е страшно, лоша економија и нема работа. Затоа луѓето бегаат надвор. А врски хорор, дур не најдеш работа не сакаш да седиш со свекриви и така во круг. Побарај си ја среќата, не чекај. Поз
Во последно (најчесто кога пробувам да спијам) ме фаќаат страшни панични напади, премногу ми е страв од се, дури од некои работи што ако ви ги кажам ќе се смеете. Чувствувам немир, тага и преголемо стегање во градите, дури не можам да дишам ме боли и ме стега, рацете почнувам да не ги чувствувам и немам никаква сила. Со денови не сум спана веќе, никако не можам да заспијам поради тоа. А преку ден (и општо) имам многу неубави мисли, имам некој страв од се буквално (еве на пример денес кога одев по пат ми беше страв да не ме погоди залутан куршум (да, сериозно)), и многу црни и безвезни мисли. Анксиозност ли е? Инаку не сум била никогаш на психијатар и со никој немам разговарано за ова. Да напоменам дека сум под преголем психички стрес. Искуства, совети?
Анксиозност е за жал , твојава состојба комплетно има потреба од седативи имаш имбаланс . Да не реча овде овие шо се критичариве препишувам рецепти појди си на доктор и консултурај се . Или ако имаш во билзина некој Биоенергичар (Spiritual Healer) нека ти ги среди енергиите .
Народно кажано кај нас чоек шо лекува , инаку биоенергетичар е чоек шо ја користи биолошката енергија или QI енергија шо го опкружува човечкото тело ,во источната култура се верува дека болестите настануваат од изместување на енергетските полиња во телото односно ЧАКРИ и биоенергетичарот или практичарот на оваа енергија со своето долгорочно искуство и користење ќе ви ги балансира тие енергентски полиња во телото да функционираат како што треба . Можите и сами ама треба познавање и слично . Во темата Анксиозност најмногу ми помогна , Психологијата , Биохемијата и Спиритуалната Енергија . Според мене се круцијални овие 3 работи за справување со оваа состојба.
Имам премногу проблеми дома најпрво. Со години секој можен ден слушам навреди, дерења, лупање врати, ма не можам ни да опишам, моите не се сакаат меѓусебно никогаш нормален муабет не направиле се е само со дерење и тоа крвничко, ама пред 1 2 недели веќе ептен се влоши ситуацијата мајка ми спремна да си замине иако нема каде, плачења викања ечи цела куќа. Многу пати навечер имам слушано како татко ми ја силува т.е. ја присилува да имаат секс итн.. Тоа е едно, друго откога се запишав на факултет ми се "залепи" една личност што буквално ме дави и ми дава таква негативна енергија што не можам да опишам, премногу ме напнува и сум пренервозна а немам како да ја откачам. Имам големи финансиски проблеми т.е. просто кажано немам финансии и едвај крпам ден за ден а сум студентка, живеам дома со моите и немам можност за работа. Имам големи комплекси во врска со мојот изглед, не сакам да излегувам од дома затоа што сум грда дебела имам жолти заби, се случувало да се спремам за излегување и во последен момент да не отидам туку да легнам и да плачам затоа што сум ваква. Ми се случувало и да излезам и гледајќи ги сите колку се убави да се нервирам и колнам што сум излегла. Има многу многу причини за мојот стрес, ова се само некои, и ова се случува со години веќе ама еве сега дојде периодот на кулминација и едноставно се "исклучив од себе" и почнаа да ми се дешаваат овие работи. Свесна сум дека не сум психички здрава веќе.
Не знам дали имам анксиозност и дали се овие симптомите : страв од некој да не ме понижи,страв да не се закара некој со мене, да не ме избрука, да не де исмејава со мене , и слично...ова цело време ми се врти у глава нз дали е анксиозност или неш друго ама потајно вакви мисли ме убиваат...