Слушај подкаст или аудио книга додека одиш накај работа. Направи си го интересно тоа време кога си заглавена во јавен превоз и чекајќи автобус. Со добар подкаст или книга дури едвај ќе чекаш да дојде тој период од денот, дури и криво ќе ти биде кога ќе стигнеш на работа, што ќе мораш да престанеш да слушаш. Можеш да слушаш и подкастови за анкциозност, стрес, мотивација, итн. Да ти биде еден вид на терапија. Носи си термос шише/чаша со кафе или чај и топли се со топол напиток. Ем побрзо ќе ти проаѓа времето, ем ќе имаш што да правиш да се занимаваш.
Морам да прашам, дали е нормално при промена на на средина, од Ск се вратив во Бт, да плачам Еве ме тера од внатре нешто и ми е подобро ко ќе се исплачам Не сакам повеќе ваков живот да водам. Рано станувам за на работа, во 6 од 7:30 сум на работа до 15:30,пак два буса па назад дома или евентуално некогаш со 1 си одам. Сообраќај, гужви. Знам дека морам да сменам и ќе смеам макар и не знам што.
Те имам забележано дека често споделуваш дека многу пати плачеш, и го споделуваш тоа како да правиш нешто лошо или грешно. Мене ми личи дека тоа е еден твој начин за филтрирање и полесно справување со нештата во животот и тоа е сосема океј. Зошто се плашиш да го прифатиш тој факт за себе си? Нема ништо лошо во плачењето. Зошто како битија би ја имале приликата да можеме да плачеме ако тоа не служи за ништо? Промената на средина сигурно создава одредена доза на стрес и сосема океј е да си олесниш со плачење. Па и самата велиш дека подобро ти е откако ќе се исплачеш. Уживкај!
Не знам зошто толкав отпор спрема анксиолитици и антидепресиви. Па тие некогаш ни се неопходни за да ни помогнат во борбата. Па уште за елицеата што тешки глупости прочитав а тој е еден од "полесните" и побезбедните лекови од понова генерација. Мене лично ме препороди. И јас се борев сама, секоја недела на итна со панични, социјален живот никаков, се на се само плачење и нервози. На крај психијатар па психолог и веднаш осетив промена. После една година пиење ја прекинав, еве неколку месеци сум супер без терапија само со бедоксин. Но ми требаше нешто за да ме крене и серотонинот да отиде малку погоре. Така да слушајте го докторот, најдете соодветна терапија ако ви е потребна и не плашете се. Многу полошо е секојдневно со години да бидете под стрес и со тоа да си навлечете плус болести.
Здраво emiliana после зголемен стрес на работа доживеав паничен напад дури во спиње се будам со силно чукање на срцето дури и кога сум дома имам 25 години социјален живот немам баш другарките две ми се омажија две замина во странство со колегите после една расправа се повлеков дома но и дома не можем да седам мирно отиднав на психијатар и почнав со esecitolopram zapira 5 мг поточно плачење секојдневно за најмала ситници чувство дека неможам да седам во место ми е страв од се се штрекнувам дали можеш да ми пишеш порака кај кој психолог и психијатар беше и после колу време осети подобрување користам и деметрин навечер по пола ми помагаше малку да преспием но во последно време не користам бидејќи престана да делува 3 недели редовно нема подобрување оваа состојба ми е подолго време но не бев свесна за ова додека не добив паничен напад ако можеш пиши ми во порака позз
@MissChievous, добра идеја, но јас избегнувам да излегувам со слушалки на уши. Барем додека одам по улица, па и на автобуска додека стојам, ризично ми е. Внатре во автобус може. Нешто за пиење секогаш си носам со мене, тоа помага, но не нешто многу. Ме вознемирува темнината додека одам на работа, ладниот и загаден воздух уште толку ми прави да имам стегање во градите и пецкање во грлото. Чувствувам дека некако и нозете ми тежат, како да ми ги сече некој во моментот на паничниот напад. Општо целото тело како да ми е од олово...
Колку време пиеш есциталопрам? Пет милиграми е мала доза, можеби треба да ти се зголеми, ова се разбира во договор и препорака од психијатарот. Тешко ми е кога те читам вака оти знам како е, сум била во твоја кожа што се вели. Ми било страв да мрднам од дома да не ми се слоши. Јас уште по нецел месец осетив подобрување ама обично и по два најмалку треба. Гледај да излезеш со луѓе од доверба кои ќе ја знаат твојата состојба, мене многу тоа ми беше од помош. Не се затварај, биди зафатена со мислите, читај, готви, било што...и знај дека секогаш и се поминува. Инаку одам кај Ана Филипче на психијатрија на клиника, многу фина докторка. Задоволна сум од неа а на психолог отидов се на се трипати кај Лауреата или така некако беше ама не продолжив, немав време, далеку ми беше за одење. А убаво е комбинација со психолог. Ти посакувам што побргу да се избориш со оваа состојба, можеш.
Женска, знаеш што ме чуди? Плачам со паузи, како некоја чешма да се излева од мене. Плус, ноември не добив. И менувам расположенија. Мислите ми се хаос, некои глупави, негативни, безвезни. Не сакам да се дружам со никој, псоле па сакам.
Околу 2 недели ги земав па ми беше полошо и ги прекинав сама па ме искара докторката дека не смеам така па повторно од почеток 3 недела веќе таман ми дојде подобро повторно стеес лошо е што имам и страв дека не можам ништо да правам мислите ми лутаа мислам како нешто имам згрешено и дека одам на работа и стравувам да не ја изгубам работа поради мојата глупава наивност и неможам да се помирам со тоа контунуиран стрес пред другите се воздржувам да не зплачам ама пред моите дома кои инаку се постари и мајка ми е со шеќер а татко ми со глауком мн ми е страв да не ги загрижувам да не им се случи нешто се запишав мед сестра ама неможам да учам ми лута мислите а немам ни живци имам дечко 6 години и спремен е да се земеме има 33 и неможе да ме чека повеќе а и јас сум неодлучна а само он ми е онака што можам да му кажам се ама и голем предизвик брак обврска а и кредит да земам ако останам без раб и со се тоа што не ми е паметот тука неможем да памтим и се чуствувам дека др неможам да работам и дека ќе полудам од нормален живот самата си направив пекол со тоа што им верувам на сите и си ги кажав маките ми станаа поголеми товар ако малку помислам дека ми е добро ок наредно повторно не и се така во круг а за апчињата и ми е страв мн големи дози да земам како заборавена сум баш грозно чувство а и тоа дека немам родено да нема некои несакани ефекти понатаму се надевам со божја помош ќе помине ти колку год имаш и колкава доза земаше? Психијатарот ми препиша и 10 мг да земам ама тие помагат ли за стравот какво е чувството кога ќе почне да делува дали можеш д раб јас како сопната сум се ме тера да легнам ама и кога ќе легнам ми е лошо Фала на одговорот секое добро
Слушнав дека починала една личност што и не ми е така блиска,ама ми е во непосредна близина.И одма ете го тоа чуство да страв. Овој период од годината,пред и по нова година ми е секогаш проблематичен зошто овој период прехлани ми беше најтешко,пред да почнам терапија.Како да ме потсеќа... Инаку пијам цитрам 5 мг сеуште,последно ми рече докторот нема потреба да зголемувам.Дека без разлика сите имаме лоши денови,ама менр кога ќе ми дојде вака стравувам дека воопшто и не сум напреднала.
Дали е во ред, парацетамол да се напијам првин, па по саат време, Цитрам, па саат време Лорсилан, па псоле саат време Аналгин. Бидејќи сум настината?
Мене премногу ми помогна Елицеа,прв пат имав пиено Антидепресив,и стварно ми помогна.Го пиев скоро година дена,веќе 2 години немам осетено паничен напад,и покај еден тон проблеми,стресови,се немам никакво апче напиено,плус трчањето и спортот ми помогнаа премногу. Не се плашете мили човечиња,ке помине,сите знаеме дека е само моментална состојба,јаки сме многу,силни,и идеме напред.Било што било во минатото,идеме во 2020 година со најаки сили,позитивна мисла,позитивно гледање на сите проблеми,препреки и ќе надминеме се во животот.АБЕ НАЈАКИ СМЕ,И НИШТО НЕМОЖЕ ДА НЕ СРУШИИИ,НЕМА ПРЕДАВАЊЕ
Да ве поздравам јас. Плачев, што плачев, имав секакви мисли. Моментално си одам за СК, пак кнедли, пак напната, решив да подремам и си пуштив џез за спиење. Порелаксирана не сум била.
Браво ! Дај да мотивираме повеќе луѓе да трчаат , да спортуваат и здраво да се исхрануваат , тоа е лекот . Докажи му дека со лежење и апој ништо не се менува . ПОзз Бравос !!
Стојам во аптека и едно типче бара Лорсилан и други некои лекови. Еј брату си велам, колку слободно живеат тука во СК. Кај нас да појдам така да му речам, одма ќе ме напраат неарна и психопат.