Тука некаде сме со годините. И кога пробува психичот да те тргне од нив, дозволи му, навистина верувај ми НИШТО нема да ти биде. Од секоја завист има и одвикнување, така со твоја волја и со помош на докторот, ќе се средиш побрзо отколку што мислиш. Дружи се овде, девојките се многу позитивни иако го имаат проблемот, има и некои момци, нив поретко ги има, но сите се супер, како мало семејство сме. Почни од веднаш да мислиш дека ќе бидеш добро. И почни да го откриеш "моментот виновник" за да можеш полесно да се справиш со анксот. Но никако да се анализираш себеси, за тоа има други лица, едноставно препушти се и ослободи ги телото и умот, слушај музика, колку и да не сакаш, таа влијае опуштачки .. Ајде, верувам дека си била храбра девојка, си излегла од колосек малку, но не е страшно. Страшно е кога не знаеш што ти се случува, а вака веќе греота е да се запоставиме колку и да е тежок преминот од ова состојба, во нормалната(не дека сега сме ненормални, напротив, само не сме доволно опуштени). Како што кажав, сите во животот попуштаме порано или подоцна, не е ова од мене излезено, статистиките го докажуваат тоа. Затоа драга, не одолговлекувај, во најубавите години си, можеш ти, знам јас, ќе најдеш сили, колку и да изгледа тоа невозможно. Нема такво нешто, секое чувство на невозможност има начин да стане возможно, од искуство ти кажувам, а и од искуството на другите девојки ... Ајде опушти се, 10% од мозокот ти е прегреан од што мислиш само на лоши работи, активирај ги останатите 17% (шетање, љубов, радост, среќа, журки, брак, деца, работа ... и слично) , не заборавај дека тие сакаат да излезат на виделина, само не им дозволуваш, не биди себична . Тууу, што ми станало со оваа компарација, брееј .. .. Песните кои најмногу ми помагаа додека мислев дека ништо не ми е важно во животот, но ГАДНО СЕ ИЗЛАЖАВ .... http://www.youtube.com/watch?v=3BBsF7VIQyo и оваа http://www.youtube.com/watch?v=WpmILPAcRQo Поздравинелааааа ..
кадричка и јас кога одам мислам дека нозете не се мои ама досега немам паднато ниту пак се имам онесвестено еве денеска цела ден ми се врте глава ми трпне рамо ми трпне ме лазат мравки ама таа е што да се прави не сме болни ние само мозокот така диктира за да се чуствуваме така поззззз до санјабуцка аззура циело5 анушканестле и сите други а најголем до организаторот на групата дунја
Добредојде Кадрица Сепак сме среќни што не пронајде и сметам дека овде ке добиеш одговор на многу прашања, совети од патилци и се што е потребно да ттргнеш кон излезот од оваа состојба.Таа не е ненадминлива и немој да и се плашиш само треба да го пронајдеш патот кон излезот. За почеок прати ми е-маил да ти пратам една книга Panic Away па потоа ке дискутираме.Можеш да ни станешФБ пријателка ..тоа воЛП пиши ми. Инаку се сложувам со Сања Буцка за лековите и зависноста од нив ама тоа не е страшно....лекарот ке ти ги замени со други...па по некоевреме ке ги смалиш и отфрлиш...не естрашно....гумените нозе се од анксот ако се обидуваш да гиигнорираш и да остануваш на нив и кога ти е најтешко со неколкупатно игнорррр тоа чувство ке го снем..верувај ми јас го надминав тоа.... поззз до тебе и до моите девојчиња кои многу ги сакам
Луѓе, дај препорачајте некој добар психијатар у Скопје што работи со сини картончиња и шо не е многу скап.. или некој од државниве установи ! Пробав сам да си помогнам.. али гледам дека секој ден ми е, се' бетер и бетер очигледно имам потреба од стручна помош :/ Поздрав голееееееем до ситеее !!!!
Мислам дека Азура ми зборуваше за психијатар што работи со сини картони и што е ок, само не ми текнува како беше , така да кога ќе прочита Азурата драга ќе помогне Буцко те гледам онлине , шо не спиеш ?
ја имам цитано таа книга и усте некои такви,да лекарот проба ди ми ги смени таблетите од лорсилан да земам ансилан но теско е пробав еден ден од сабајле зедов ансилан и нисто воопсто не ме смири издрзав некако до попладне и потоа пак зедов лорсилан.Но незнам зосто пред некое време кога ги менуваввоопсто немав проблем кога ги заменив охсазепам со лорсилан,тоа ме најмогу пласи сега психијатерот ми вели мора да издрзис но теско е незнам како да го описам тоа цувство....
Monk, јас одев кај Весна Вајс Павлов и ОК беше. Заедно со сопругот д-р Павлов имаат ординација кај зелено пазарче...А SanjaBucka го пофали својот доктор во Еуромедика Плус...сите работат со плави картони и третман е околу 300-400 денари...Ти ги пишав броевите во ЛП. Поздрав
Кадрица ...еден ден???? не може со само еден ден ...овие наши таблетки бараат трпение и да се издржи , упорност, нивното дејство настапува по 2-3 седмици.Не плаши се ако ги смениш ништо нема да ти се случи.за тоа време.врати се наназад и читај ги нашите постови сите смеминале низ такви кризи...смени ги упорно , атие што е ги добиеш не пиј ги долго ...кратко и намалувај за да воопшто престанеш.Додека оваа борба ја водиш научи ја техниката ,,игнорр,,едноставна е...се што ке ти се случува отфрлај го и преусмерувај ги мислите на други и позитивни..знам дека оваа во момент звучи научна фантастика ама со вебање техниката станува делотворна, испробано верувај!!!Мора да тргнеш храбро и непоколебливо За Монк..слушнав за Чадловски во државна, јас лично не сум била ама мојата другарака мн е задоволна...поззз Монк ке помине ..не давај се...!! Јас ја победив анксиозноста ке ја победите и вие!!!!
луѓе мило ми е што има кај да си кажам што ми тежи на душа затоа што никој не ме разбира... незнам дали на некој од вас ви се случува како на мене ....не сум била на психијатар се трудам сама да се борам со анксиозноста но некако не ми успева ме совладува....имам вртоглавици страсни ме фака параноја дека во секој момент ке колабирам ке добијам инфаркт ке се задушам ...страв кој не ме напушта...кога ќе се најдам во гужва како да не сум јас одма немножам да дишам како да се задушувам сакам да излезам на возух или тр4ам до вц да се измијам срцето ми 4ука забрзано...еве и сега во моментот 4уствувам непријатност на левата страна ми се ко4и и рака и нога ...немам волја за ништо така ми се слу4ува веке цела година и се молам но никако да ми помине помагајте ве молам ...бев на секакви испитувања по болници се ми е супер а јас пак не сум ок ....ве молам кажете како вие се справувате и дали ги имате истите непријатности како мене ....веке неможам да издржам мислам дека ќр полудам поззз до сите
Ада, мила, доволно е цела година да се мачиш...немој, зошто?! кога може едноставно да посетиш психотерапевт и да позборуваш. По овие симптоми ќе мора да ти даде некоја терапија со која ќе ти биде полесно. Не се плаши од психијатар, и од терапија...подобро е тоа, отколку да се измачуваш...Но, на крај од се, мораш да сфатиш дека терапијата е пропратна работа, зашто најважно од се е ти самата да се избориш...ќе бидеш ОК, не се секирај, само закажи кај некој добар психијатар. Поздрав
знам знам во право си ама на своја рака пиев хелекс одреден период и ми беше добро а кога престанав уште полошо ,па сега ми е страв не сакам да примам терапија на база на антидепресиви ,можно ли е само со разговор или ? се трудам колку што можам и самата ама веќе почна ептен да ми пречи неможам норамлно да живеам фала многу за советот Azzura
Да, можеш да го победиш и само со разговор, но доколку си отворена 100% да примаш од советите. Иако понекогаш мислам дека е подобро да бидеш поткрепена од ниска доза на терапија. И зашто бе луѓе така на своја рака земате антидепресиви? Не е во ред тоа , но ете се случило и да не мислиме сега на тоа. Посети психич, психолог, што и да е, и обиди се да бидеш максимално отворена за соработка, не знаеш колку пријатно ќе ти делува тоа..... верувај ми на зборовите .. Ќе бидеш добро и ќе живееш нормално, само биди трпелива .. ... Поздравче и убави сништа ...
Ада21 за жал но сепак добре ни дојде Овде ние потполно ги разбираме твоите симптоми бидејќи секоја од нас истотака минува низ истата ситуација како и ти така да слободно разлистај по форумов, на мене и на мн девојки ни помогна се надевам и за тебе ќе биде така. Велиш дека се обидуваш сама да ја контролираш ситуацијата што е за поздрав, но сепак оваа состојба е доста тешка и помош не би ти била на одмет. Јас би те посоветувала да отидеш кај некој психијатар, а тој ќе ти каже дали има потреба од антидепресиви или не. Знам дека одбиваш да пиеш антидепресиви и јас на почетокот не земав но полошо си направив од нив само може да ти е подобро а зависност не предизвикуваат. Посети психијатар можно е мн брзо да ја надминеш оваа состојба и само со разговори пред се зависи од тебе. Ти кога ќе сватиш дека со тебе се е во ред се ќе биде мн подобро. Симптомите се лоши но се само симптоми ништо поеќе. Секое добро Девојки мои вие како сте ми, јас се досадувам во Хрватскава нема што да се прави по цел ден го замарам дечко ми со серии хехех. Сањушкаа како си ми ти гледам активно се бориш да им помогнеш на феминкиве браво Јас нз кога се враќам сеуште се во преговори моите веќе и тоа ми се смачи. Дуња вие како сте ми? Мало-84 некако ми се изгуби искрено ми недостасува само се надевам дека е добра и дека се е во ред. ПетраПанка, Ферхи, Адела, Анетка, Ануш и сите останати вие драги мои како сте ми, се надевам дека сте од ден на ден се подобро и подобро. Јас да ви с епожалам пак ме боли стомак од десна страна и ми е страв да не е хронично слепо црево, ама се надевам ќе помине ко минатиот пат Поздрав милички
фала ви на сите што ми помагате со совети ..да знаете ве послушав закажав кај психијатар во понеделник дури тогаш имало слободен термин :/ сепак направив еден чекор плус што ке ми помогне се надевам...го листав и форумот ..се најдов скоро во сите случувања и малце ми олесна бидејќи знам дека не сум единствена ...и искрено во последниве денови поретко ме фаќаат паники и успевам на некој начин да се смирам ...се надевам нема да ми трае уште долго ,зашто искрено се плашам еве сега за 2 недели почнувам со факс и морам да бидам одговорна а со тоа незнам дали би можела да се снајдам ... поздрав до сите ...Cielo5 не се досадувај во Хрватска ,напротив уживај ...а за слепото црево ако не ти се кочи лева нога и ако не повраќаш ок си ...тоа е само некоја мускулна болка . голема гушка до сите sorry десна нога
Драги мои и јас денес не сум некако ок,два-три пати се расплакав без некоја особена причина туку онака ми дојде некако мачно и тешко и пред некоја година кога ми се јави за прв пат анксот исто имав така напади на плачење повеќе пати во денот,како некоја потреба да се испразнам емоционално па сега ми се враќа тоа пак незнам дали е од топлото време (макар што за сите времето е исто) само јас се чувствувам без волја за ништо,малаксано а имам еден куп работи кои треба да ги завршам Се тешам дека и порано ми било дури и полошо од ова па ништо лошо не ми се случило фала му на Бога. само да успеам некако да се натерам себе си да тргнам во акција малку. Офф што му требаше на овој анкс повторно да ме закачне,убаво ми одеше досега,ама ништо,нема друго мора да се изборам и пак и пак..... Ве поздравувам сите
Даника, не се секирај, ништо страшно не е тоа, исплачи се ако ти се плаче, многу олеснува. Се повторува анксов во одредени моменти и ситуации, но нема место за паника... Ќе помине, неколку дена се во прашање и заминува.. Јас кога сум пред циклус детството ми го е*ава, ама знам дека е неколку дена и не му придавам ич значење, немој ти, знам дека си силна девојка ... Значи, ослободи го умот и телото, нормално е и минливо е, поминав и јас низ тоа .... Убав ден ...
Сакам да ве прашам дали и вие сте ги имале следниве симптоми- потење навечер во сон,да се тресете како да ви е ладно,како грозница?
Ако Даника, плачи, солзите го чистат телото и душата. Кога се плаче, се чистиме од лошите филмови. И јас до скоро плачев, но потоа нормално, телото вели - доста и почнува да се одмара и да се регенерира. Ова се убави денови за молитва, помоли се навечер (на твој начин) кажи си што те мачи и диши длабоко. Нека премине маката на другата страна, за ти да можеш да бидеш силна и да си бидеш ОК. Да Мила, мене ми беше така...но, тогаш станував и пиев хелекс, едноставно не можев да издржам и во сон да ме гони ...Но, сепак мора да знаеш дека овие симптоми се и поради неправилна работа на тироидната жлезда...значи, ако си во ред со тоа, ако тироксинот е ОК, тогаш едноставно е дебела анксиозност. Лично, јас така се справував...многу ми беше лошо тогаш , но за среќа тие лоши ноќи не траеја долго, и често спиев многу за да закрепнам некако....ќе бидеш добра не се секирај. Обиди се со вежбите за дишење, само издржи РЕДАКТИРАНО ОД МОДЕРАТОР: НЕ ИСПРАЌАЈТЕ ДВЕ МИСЛЕЊА ЕДНО ПО ДРУГО, КОРИСТЕТЕ ГО КОПЧЕТО РЕДАКТИРАЈ.
Циело лепото фала шо се сети на мене Абе мрдај тој газот ајде, и шетај таму, како нема шо да се прави, божем преку еден ден одеше во Хрватска Јас само шо си идам од Ск, стан најдив конечно, и клуч одма ми дадија, ќе живеам во Карпош 2 и така, да знајте на кафе кај ќе ми идите Инаку, добра сум, имам некои жути минути ама мислам дека ги контролирам, и не им обрнувам ама ич бнимание, овие денови нешо повеќе нервозна бев, али нонстоп шетам, со луќе сум нонстоп, така да брзо минува се. И еве сега, после овој напорен ден си лежам и оффффф, уживам, па да читнам нешо. Жешкото мене па многу ми прија, уживам во него, и да ви кажам еве дечко за обилно си барам, уште тоа поле во животот да си го средам и така ххххххххххх Бацки