Значи јас не знам што се случи, се си бев супер весела, седев на биро учев, кога едно време влезе брат ми нешто да симнел од лаптопот, во истата секунда ме фати паничен напад, ми опадна расположението, почнав да се плашам од буквално се, значи се ова се случи во рок од 5 мин може и нецели. Пред околу 2-3 часа беше ова, уште се тресам, срцето пресилно ми чука, премногу ми е страв од се, дури и да ги слушнам моиве на долниот спрат кај што зборуваат ме фаќа огромна паника и страв, секакви мисли имам, ми се врти мислам ќе се онесвестам... Чаре?? Можам ли да си помогнам некако? Не знам што да правам луѓе, не знам ни како ќе спијам вечер, на психијатар никогаш не сум била а и немам ни можност, можам ли некако сама да си помогнам?
Можеш: -Земи неколку пати воздух преку уста длабоко, задржи неколку секунди и издиши преку нос. -фати околу тебе најблизок предмет, даљинско, молив, било што и почни да го анализираш, од што материјал е, каква боја има, за што служи -отвори прозор на кратко, загледај се било каде и размислувај си за воздухот, каков е, што е, дали е студено надвор -пушти си музика, твоја омилена -седни ако неможеш ништо од ова, и замисли си градина, и ти како шеташ низ неа, замисли си дрва, цвекиња, мирис на роса, ова со затворени очи, направи си филм -доколку и ова неможеш-јави се на некој близок твој пријател/ка, прави си рандом муабет, за да ти се оттргне вниманието -ако имаш дома напиј се Б-комплекс, и тоа ќе ти делува Со лесно
Ти благодарам. Пробав, што и да правам пак чувствувам како "мозокот да ми се зема", ми се врти наеднаш и што и да слушнам се ежам од страв и срцето почнува силно да ми чука. Џабе се трудам мислите да ги тргнам. Се изнаплакав силно без буквално никаква причина. Градите премногу ме стегаат и не можам убаво воздух да земам. Претпоставувам се разбираш, Б комплекс немам дома, ама имам седативи (татко ми пие, јас не сум ни била на доктор), би можела ли нешто да се напијам, и што? Пошто појма врска немам од тие лекови. Само за вечерва, вака не ќе можам да издржам стварно. Досега не сум земала ништо на своја рака, освен диазепам 2-3 пати во животов, ама вечерва ми е ептен критично.
За да го опуштиш телото, направи лесни истегнувања. Исцеди си сок од лимон, , портокал. Ако ти се плачи, плачи. Стегната си, не си искажала емоциите кои вријат во тебе и ти прекипило. Послушаје се себе аи, право ти одговара. Излези на воздух, јави се на другар, другарка.
Колку години си? Освен диазепам од 2мг јас ништо не би дала. И за ова не сакам, ама штом толку ти е тешко, пробај. Претпоставувам имаш над 14 години и над 50кг
Јадам мандарини повремено, се изнаплакав, правев муабет со дечко ми ама во текот на цел муабет не го слушав него, туку слушав дали ќе крцне нешто во куќава од што ми е толку страв, не можам никако да се смирам. 19 год сум и многу повеќе од 50кг. Би ми помогнал диазепам?
Ќе те опушти да, но најминимална доза 2мг. Немој повеќе, противник сум на овие работи, од утре да си земиш нешто за опуштање како валеријана, релаксан, лунерба. Не, со вакви лекови, да имаш за недај боже во вакви случаи. И консултација со психолог, за да научиш да се справиш со ова
@Maylin во периодот што ти следува ти требаат многу мнгоу прегратки и љубов. Ти си силна женска Почни и со магнезиум, и тој е доста значен за оваа состојба. Потоа, разговор со, психолог да открие од каде ти потекнува ова. Што ти се случи толку многу? Ако ти е подобро пиши ни тука. Сите сме ги поминале тоа и знаеме како е. Само ти во себе знаеш како ти е. Остави ги другите што не ја, поминале оваа состојба. Друго, читај нешто што ќе те смири, пример Псалтир, каде што има и молитвите кон Господ, имаш апликација на PlayStore
Лани овој период ми се дешаваше исто вака можеби две недели. Не спиев воопшто, по 1 саат/2 врзував едвај, не јадев ништо и плус имав полагања. Кога те прочитав, не можев да те прескокнам, се присетив на тоа што јас го поминав. Не ми помогна ништо искрено. Ќе зборував со другарки, со родители и додека трае разговорот ќе ми се сменеа мислите, али завршува разговорот - оп, старата јас, со панични напади и хронична ненаспаност и страв од се и сешто. Можеби не сум требала, можда и згрешив, али си пиев диазепами на своја рака. Морав, не знаев како поинаку. Бев сама скроз, во друг град, па и со обврски плус. Прво мислев како да се смирам моментално и да врзам било каков сон во текот на ноќта. Не размислував ич дали и колку ќе ми штетат тие апчиња. Можеш диазепам или хелекс чисто да го смириш срцето и да пробаш да заспиеш. А од утре, да си купиш чај од маточина или валеријана и пиј по две-три шолји дневно. Смируваат. Период е, ќе ти помини. Барем кај мене беше така. За било што друго да те интересира слободно можиш да ми пишиш. Те гушкам
Се токмев да отидам на психолог или психијатар, ама искрено немам можност. Плус, за ситуацијава не знаат ниту моиве родители (како прво тие се тие заради кои сум во оваа ситуација), ниту другарки, само дечко ми знае и тоа не баш се. Ама тој ми е многу далеку, немоќен е да ми помогне. Инаку цели планини носам на грб, посебно последниве 2 месеци ми се исподешаваа премногу страшни и стресни работи, ама некако не можам јавно да пишам за ова. Ти благодарам. Не ми е мило за тоа што си го поминала, ама мило ми е што барем тука најдов некој што знае како е. Моево не верувам да е период, како што спомнав премногу работи ми се случија што ми оставија траг за цел живот, некои од нив со години се случувале, се случуваат и допрва и ќе се случуваат. Немам излез. Само што покрај тоа, се случија и многу други работи што доведоа до кулминација и од тогаш се пореметив психички буквално, ова цел живот ќе го носам. 2 недели веќе кај што спијам со запалено светло и имам многу страшни кошмари и се будам минимум 3-4 пати ноќе. Единствено само денски се чувствувам малце подобро и со малце волја за живот, ама ноќиве ми се најголем непријател.
Голема си 19 години, од матичен лекар земи си упат за било кој психолог, за 60 ден преглед, не си ја мачи душичката. Можеш сама, и без родител да отидеш. И не заборавај: туѓите проблеми се само туѓи, тие не се твој ранец кој ти треба да го носиш. Можеш да сочувствуваш, но не и да го носиш товарот
Женска, акп ме може тука, напиши на лист хартија, обиди се да извлечеш пуока од се што ти се случило. Верувај, најубаво е да разговара со стручно лице. Не смее да ти биде нарушен сонот пиши лп ако не сакаш јавно да разговараме тука
Знам дека можам сама да отидам, не ни помислувам некој да дојде со мене, ама ете, не испаднала прилика. Никогаш не сум била и не знам ни како оди сето тоа, ни колку ќе ме кошта, плус ако ми дадат лекови не сум баш во можност да ги купам. И не се баш туѓи проблеми, еве ќе кажам само дека татко ми пред мои очи проба да се самоубие среде бел ден. Со свои очи го гледав како се мачи. Немам каква поука да извлечам од ова, не е туѓ проблем кој можам така да го оставам, напротив цел живот ќе го носам со себе. Плус дома сум, немам кај да одам, морам да трпам се. Не ме допира сега ова воопшто кога ќе се сетам, ама стресот од тоа и од се друго што ми се исподешава остави огромен траг кај мене, никогаш во живот ова не ми се случувало, прв пат се соочувам со вакви напади и сум сосема сама во ова, без никаква помош.
Сега пак јас.... Во четвртокот ми се случи голем стрес, дали е нормално по 2 дена да имам грутка и да ме тера на плачење
Гледај да најдеш прилика и да отидеш,нека ти биде приоритет и на прво место периодов тоа,верувај дека многу ке ти помогне,тој разговор,и терапијата која ке биде дадена.Нема да те кошта повеќе од 100 денари,и терапијата не би требало да биде нешто голема,во принцип се 200-300 денари,али пак зависно што терапија ке се даде.Жал ми е што тоа си го видела со свои очи,знам дека ке остави трајни последици,но гледај колку можеш да не мислиш на таа лоша слика,со тек на време ке избледе,и ке боли помалце верувај.Стресот од сликата си го направил своето,што е и сосема нормално за таква работа,на кој и да му се случило (недај Боже),верувај истото од стрес ке му се случи.Биди јака,барај во све негативно,позитивно,знам дека е тешко но периодов,гледај само весели клипови по нет,се што ти преставува страв,и негативност одбегнувај максимално,поминувај повеќе време со дечкото,повеќе зборете за проблемот што го имаш.Ние сме тука за што и да треба,не се плаши ОВА Е САМО СОСТОЈБА,која брзо ке помине. Сосема нормално е,тој стрес го вадиш преку плачењето,и така ке ти олесни,плачи си колку ти душа сака,не трпи ништо во себе.Секој стрес зима данок од нашето тело,затоа мораме да работиме на себе,и да знаеме да се соочуваме со стресовите,да бидеме силни А СМЕ,само напред и без паника,ке помине се.
Здраво дечки. Веќе 5 години имам проблем со анксиозност а тек сега ја гледам темава, не ни знаев дека постои на форумов. Искрено кога ја отворив се запрепастив колку имате пишувано на оваа тема во споредба со многу други што ги има тука. Сакав само да споделам за сите што се справуваат со панични напади и анксиозност дека за жал тоа не е проблем што се решава со таблетки за смирување. Јас за овие неколку години пробав неколку работи односно исто како и вас почнав со таблетки на природна база наменети за анксиозност кои наместо да ја стишат ми ја појачаа уште толку и нормално прекинав да ги зимам. Потоа пробав со хипнотерапија која ми делуваше минимално меѓутоа прекинав да одам затоа што ми беше прескапа. Најдоброто нешто што го имам направено за себе е тоа што почнав да одам на психотерапија - конкретно гешталт психотерапија. Одам веќе година дена и мислам дека никогаш нема скроз да прекинам да одам дури и кога во потполност ќе го решам овој проблем. Нема магично стапче за овој проблем, бара посветеност и работа на себе, меѓутоа дефинитивно е нешто што се средува. Ако некој има некое прашање може слободно да ми пише во порака, се што ве интересира за гешталт психотерапијата зашто од срце би ја препорачала на секој.
Знаеш, се цедам од плачење, потоа релито ми е опуштено, но ме боли душата помалку. Толку даун сум. Леле преска мислев ќе полудам, не ми се излегувам никаде. Катастрофа сум.