И кога почнував и кога прекинував со антидепресивите (во 16 години, еден куп пати ги имам прекинато и почнато), сите можни симптоми сум ги осетила.. Исто како кога не сум на терапија, само со појак интензитет. Нека поминат 3 недели, откако скроз ќе ги прекинеш, ако после тоа имаш уште симптоми, консултирај се со психијатар.
Аман веќе од овие напади, како чудовиште некое ме гонат. Денес преубав ден ми беше, дечко ми си тргна порано за ваму, пресреќна сум што ќе го видам, положив еден предмет на факс за кој што мислев дека ќе имам 0 поени, бев на шопинг си купив баш убави ствари, баш супер бев расположена, си слушав забавна музика, танцував, па правев муабет на камера со другарка која ми е исто далеку, се беше супер, се смеевме... Кога одеднаш ме фати јака нервоза, дури не можев да издржам збеснав, станав многу агресивна. Пробав се што е можно за да се смирам, излегов надвор си поиграв со кучето ем зедов свеж воздух, се миев со ладна вода, си направив лимонада со плус парчиња лимон за поголемо освежување, пробав да мислам на дечко ми и на тоа како би ни било убаво, пуштив музика... Ништо не ме смири, баш напротив, почнав да се гушам и да се плашам од се, плус што сум многу нервозна и вознемирена. Туку, покрај ова, многу ми се врти и немам воопшто рамнотежа, кога одам мислам секој момент ќе се превртам од што толку ми се зема мозокот. Вака кога седам на моменти знам ептен да се изгубам, како да се онесвестувам. Се дешава и да не си го чувствувам телото. Дали ова е поврзано со анксиозноста, или си имам друг проблем?
Не никако луѓето кои страдаат од анкс секогаш работите ги прават најдобро бидејки се нон стоп грижат и анализираат така да ке положеш
Оф бе душичке мила, поминав низ истото, од преголема среќа и мир одеднаш ќе се вознемирев и ќе ме нападнеше паника и страв без причина, исто и ова со губењето на рамнотежа, и за жал сеуште така ми е понекогаш..гледај да се смириш во тие моменти, не прави нагли станувања од кревет, бидејќи и тогаш може да ти влијае лошо на рамнотежата, мене дури и во лежечка состојба ми се вртеше ужасно многу замисли, во тие моменти придржи се за нешто ако си станата...вдиши и издишувај постојано, вели си дека не ти е ништо и дека ќе помине... Тоа што не си го чувствуваш телото исто е од проклетите напади на паника, и мене ми беше така, буквално како да ми трнеше цело тело и после не го осеќав, многу грди моменти се тоа, како да паѓа човек во транс, уф Само гледај да останеш смирена колку што можеш повеќе, ќе помине како и досега
Да си кажам дека пешачев 20 мин сама на ладново. Не знам дали ми е напредок ова. Ми треба само друштво...тоа ми недостига.
Баш истата ситуација, дури и во лежечка позиција ми се врти и мислам дека ќе се онесвестам секој момент, исто и со телото, ми отрпнува и не го осеќам. Ми олесна сега што знам дека се ова е заради психава. Ќе помине, знам, ќе биде се во ред, само мора да ја победиме битката со овие периоди.
Од пешачењето без маска, да кажам дека настинав и цело трло ме боли, не знам ме стега главава, омалаксана сум . Нерасположена. Дали е ПМС, за две недели ќе ни дојде. Дали е од настин? Или пак ме мава анкс. И да се јави некој, ако со месеци пиел Лорсилан? Нз дали е оти со месецот земам, иако докторката ми рече по потреба
Јас пијам лорсилан 6 години, и не можам да замислам да не пијам, и мене ми рече докторот по потреба ама јас ги пијам секој ден, ако не преку ден, за спиење обавезно, сите апчиња се на некој начин штетни и ствараат навика, ама ако од нешто се чувствуваш добро ке си ги пиеш.
До денес две години ипол години како немам ниту трага од анксиозноста и депресијата. Ниту една опсесивна мисла како во минатото кога имав тешка депресија и ми беше ужасно лошо. Една огромна борба оставив и извојував, екстремно тешка. На сите ќе ви помине, трајно. Кога не е важно, оставете на времето и работете на себе.
Каков е вашиот став за разговор со претпоставениот на работа во врска со вашата состојба (анксиозност)? Според вас, што добро а што лошо би можел да донесе таков разговор, со оглед на, за жал, стигмата што се' уште постои на овие простори? Мене анксиозноста често ми влијае на редовноста и продуктивноста на работа, колку и да ми беше тешко да си го признаам тоа. Не знам веќе какви изговори да смислувам. Ако човек каже дека има грип или настинка и дека поради тоа е спречен да работи, тоа е сосема нормално. А ако каже дека има анксиозност или депресија, не знам каква би била реакцијата. Што мислите?
Сите што страдате од анксиозност.Прво проверете тироидни хормони.И со хипо и со хипер е присутна ансксиозноста.И да ви е во граници на нормала,пак може да имате паника.Затоа е идеално да ви е под 2.5
Зошто вакви глупости пишувате кога сте неинформирани? Не може сите да имаат под 2.5. Кај секого е различна референтната вредност на хормоните. Се знае границата до каде е.
Мајлин, мораш да собереш сили и овој ЛОШ период да го надминеш. Имаш 1 опција...(според мене).. а тое е да го напуштите ,,таткото,, кој се однесува како животно и да го оставите сам.Знам дека ќе е тешко ама од оваа ситуација потешка не може да биде. Претпоставувам дека имате роднини и пријатели па на почеток ќе ви помогнат.Така ќе се смиртите и двете ...ќе имате свои животи без уралање и дерење кое ве ,,разболува,,.Личност акоја ти се залепила ..културно ,,објасни и дека имаш некои проблеми и дека сакаш да си сама некое време...А за тоа што си грда ...па за секого има ПАР во природата ..хехех најдиси некој ,,грд,, како тебе и биди си среќна....батали ги убавиците, секој си има свој пат не значи ако се убави дека се и среќни.Најважно е факултетот да не го забаталиш...Ќе дојде и твоето време...стрпи се.После дождот секогаш доаѓа Сонцето ..Поздрав
Мораш малце да олабавиш со групава, и да почнеш дружење со пријатели.. Додека си волку активна во групава, и бараш мислење од другите дали со подобра, а не го сфатиш тоа самата, нема да имаш подобрување. Извини за ваквиот коментар, ама мора сама да си помогнеш...