Дали некој има користено Зафенкса или velafax XL? Дали има некој смњнувано апчиња? Кај мене пример треба да пијам Цитрам од 10 мг ( ми го намалува па скроз ќе ми го елиминира) и паралелно треба да пијам Занфекса од 75 мг.
Не кажувај. Кажи дека си болна. Знаеш каде живееме. И не чувствувај вина кога нема да отидеш на работа поради анксиозноста.
Toчно така Џокерче. Живееме во лицемерна држава во која секој трет пие лекови за смирување, а кога вработен ќе се пожали на невротична болест, веднаш бива етикетиран како лудак. Хелексите, тромадолите, џоинтите и диезепамите се јавна тајна. Сите по нешто од палетата конзумираат, но никој не зборува за тоа.
Моето искуство е следно,пред 5 год работев во една установа,и дојдов до ситуација каде што морав да им кажам што и како ми се случува,затоа што веќе се губев на работа,неможев да се сконцентрирам да работам.Отидов кај претпоставената (Раководител),кажав се и само ме погледна и се насмевна толку ни А ни Б,отидов кај заменичката на Дирекоторот кажав на кратко што како ми се случува,и дека имам црно на бело за Анксиозноста ме разбра многу добро,и многу убаво,ми рече зимај си слободни денови и работи на себе,џабе вака ништо нема да направиме освен проблем плус.Земав денови 10 од одмор ми дадоа,и плус 7 дена од матичната,не бев на работа едно скоро месец дена,затоа што викенд не работев,и ми се фатија повеќе денови,но џабе тоа беше премалку за да се смени нешто.Почнав пак на работа ама пак иста ситуација,и ми рекоа да доаѓам по 4 часа на работа,како скратено работно време,и така направив 2 месеци идев така,и се стабилизирав,помина Анксиозноста почнав со турбо работа,и после 2 месеци ме избркаа од работа.Све зависи од претпоставените какво разбирање имаат,каков однос,и дали се соочени со проблемите на Анксиозноста,дали се свесни што значи Анксиозност,и нејзината состојба.За жал сме затуцан народ,со плитки размислувања.Како имаше на нет заебанција,демек во мое време со шамар се лечеше депресија,таков народ сме ние дно дна.
@gjoker4e, да, знам за стигмата околу анксиозноста и која било психична состојба/болест. Веднаш ти лепат етикета. Мене не ми е непријатно или срам, нека мислат што сакаат. Проблемот е што станува збор за работно место во кое, за жал, вработениот зависи од работодавачот. Штета што мора да е вака, и тоа на работно место каде претпоставените се самонарекуваат луѓе со отворен ум и многу толерантни. Сфаќам дека е подобро да не го испробувам тоа. Имам веќе неколку отсуства што ги оправдував на друг начин, а во суштина беше поради анксиозноста. Пак ќе кажам, штета. Мора да има начин да се промени ова. @ЕденЧлен, жал ми е што си имал такво искуство. Немаше ли шанси да се пожалиш?
Сакав да идам со тужби,судови и чуда,но за жал немав сила,преуморен веќе бев.Но тоа е животот во Мк,верувам дека одма ке ме шутнеа да немав црно на бело дека имам Анксиозност,но чекаа да видат што и како ке се случува,и од кога видоа дека сум ок и дека,веќе ги немам проблемите со состојбата ме избркаа.Но пак ке кажам,не жалам за ништо иако тоа беше најдобрата работа во животот што ја имав,плата плафон,врвна плата,но како Господ никој не е.Здрав и жив да сум,све ке спечалам пак,секако не во оваа вукојебина,немам иднина во Мк,не ни сакам тука повеќе да работам,и да ме заебава кој стигне за мизерни 200 евра,со кој неможеш ни 10 дена да истераш во Мк,со сметки,храна,и основни работи за хигиена,да не правиме мубает па да има човек семејство со двајца по 200 евра плата,е тек тогаш го на*бал на најако..Доста е време е да си ја барам среќата за работа подалеку од Мк.
Јас земав одмори т.с боледувања.Еден период беше толку критично што зедов оправдано неплатено три месеци.Се стабилизирав па вратив на раб.Јас не пијам лекови никакви.Сватив дека за да ја надминам барем делумно анксиозноста морам да излезам од својата комфор зона.Стравот не се лечи он се победува,со соочување.Се соочувам полека полека со се што ме плаши,повредува,ограничува.Правам се што ме опушта:филмови,серии,книги,долги разговори,полнам када и лежам така тивко во полутемница,си играм со децата,пешачам.Ама не се откажувам и нема да се откажам од себе си и животот.Некогаш е супер некогаш не е.И тоа го прифатив веќе како нормален дел од животот. имам среќа што мм знае и ја разбира мојата состојба.Идеше и со мене на психолог пред две години.Секогаш е тука за разговор и за да ме држи за рака кога велам Неможам повеќе.Се случувало да остане со мене до 4 наутро да не спие само за да не бидам сама со себе. Осеќам дека како времето минува се полесно ми е да се соочам со мн ситуации од животот.
@Joy И јас имам добри и лоши денови. Често функционирам и сосема нормално, ни трага од анксиозноста... Но секогаш се враќа. Добра ми е работата, задоволна сум од платата, но бидејќи не возам, морам да го користам јавниот превоз и кога е темно и кога има голема гужва, анксиозноста ми е пуштена на најјако. Стискам заби и одам, освен неколку пати кога немаше како, бидејќи имав панични напади пред да излезам од дома и ми требаше време да се стабилизирам. Морав да измислувам секакви изговори, а кога е така изненадно известувањето дека некој не доаѓа на работа, знаете какви реакции може да има од препоставените. Поддршка имам од најблиските, но веќе се плашам дека може да помислат дека ова го правам од мрза. Што не е така. Признавам, помислувам и на отказ, но кој гарантира дека со следното работно место нема да ми биде така? Отказниот рок е еден месец. Многу време е тоа. Што ќе се случи ако едноставно си заминам без предупредување?
Секогаш ќе се враќа.Ни не очекувам да ја отстранам целосно.Мене секое патување ми прави немир,секое е*ено качување во кола.Ама немам друг избор.Мора животот да тече.А замисли на сите мои стравови ако ти кажам колку планови имам за иднина нема да ми веруваш Секако еден ден ке умрам бар да умрам задоволна од се што сум пробала и правела
Човек со толку идеално етаблирана дефиниција за радост и среќа немам запознаено, ни во животот ни форумски. Твоите постови ми се огромна инспирација, и верувам дека има луѓе кои додека те читаат размислуваат идентично како мене. Затоа колку и да станува тешко и невозможно туркај до крај, до последна капка пот. Без боледување и откажување. Само така вистински ќе победиш и успееш. Во јавен превоз кога ќе се наталожат мислите помисли на најлошото. И фактот дека ако се случи ќе бидеш целосно присутна во моментот да се одбраниш и победиш. Зошто си силна и ментално и физички. Плукни на лагите кои ти ги шепоти анксиозноста! Таа сака да те види невработена, повлечена и осамена. Тоа и е целта, да те земе подлабоко во тага и страв, не го дозволувај тоа.
Јас бев на контрола. Мене ми рече дека, анкисозноста ми е од преголем стрес на работа, што и реално признав, на самата себе и на докторката. Незадоволство од работа. љубов,секс, фамилијарни односи,смрт. Сето тоа доведува до анкс. Се ќе се среди. СЕ !
@Nigredo Odor Многу, многу ми е мило што го читам ова. Знам дека ова го мислиш искрено. Знам и дека умеам добро да го пренесам ведрото расположение што го чувствувам кога анксиозноста не ми е изразена. За мене, твојот пост не е само обично мислење на форум. Ќе се присетувам на зборовите кога ќе ми биде тешко пред и за време на работа, во загушливиот автобус кога мислам дека ќе прснам од паника, или кога пешачам низ маглата и мислам дека ќе се задушам... Ако треба и ќе го препрочитувам мислењето пред излегување. Но не, нема да се предадам. Одлично рече, анксиозноста сака да ме види поразена, но тоа задоволство нема да и' го овозможам. Имам уште многу што да направам и да придонесам, и за себе и за светов.
@prominent кога користиш јавен превоз, пробај да се фокусираш на некои предмети околу тебе, одредена боја или форма. Не го оставај мозокот да се препушта на некоја залутана мисла, така што ќе си зададеш одредени задачи. Се надевам ќе се реши целата ситуација. Анксиозноста не е така лесна за справување, од една страна е добро повлекувањето од работа (дури можеш со слободни денови), ама од друга прави додатни проблеми и станува одбивен контактот со луѓе.. Дури и да ја смениш работата (што не ти прави многу разлика), анксиозноста е тука. Плачењето доста помага. Пробај и маска за нозе
Јас искрено многу плачам, дур и и вц на работа се имам криено. И ми олеснува, не си чувам во себе. Најбитно.
@eliesaab, јас не плачам често но кога ќе почувствувам потреба, не го кријам тоа во себе. Моментално решение е, ама и да плачеш и да се смееш проблемот останува. За работата, сум се обидувала со слободни денови, си ги користев тие што ми следуваа, сега сум на одмор што е супер бидејќи имам време да решам што и како понатаму. Се канам да направам една листа со про и контра аргументи за тоа што ако ја напуштам работата и отсега знам дека подолга ќе биде страната со негативните нешта И кого и да прашам, и вака на форум и во живо, сите ми викаат да пробам и да издржам. Нема да глумам лажна скромност, добро ми оди работата и некогаш кога ќе стигнам таму заборавам на анксиозноста, кога ќе се внесам во работата. Дома се враќам умствено исцрпена, но и со убаво чувство на продуктивност.
Добро, дали ве боли глава? Јас сум со антибиотик Амоксиклав веќе 4 ден и уште не сум океј. Не знам дали уште ми е од настинот, ама не можам да да дишам. Плус пмс
Доста ја анализираш секоја болка и реакција на твоето тело. Don't dwell on it. Не се опседнувај! Ако имаш мака со дишењето, а си настината, оди на матичен да ти ги наслуша градите, и ако треба да ти ја смени терапијата. Не анализирај се' цело време. Ќе се 'спобудалиш'.
Premnogu se opsednuvas so sekoja promena vo tvoeto telo. Da glava boli i od vreme, i od nastinka i kako nus pojava na amoksillav i deka tesko dises. Plus velis treba da dobies. Aman poleka devojce kje se pobudalis. Te citam samo menjas terapija kako tik tak bomboncinja da se. Terapija i jas pijam ama ne se oslonuvam samo na nea. Ne razmisljam na anks na depresija na nisto. Site imame losi i dobri denovi. Moras da najdes nesto da te trgne od ovoj zacaran krug. Mnogu si opsednata so sekoja promena. Premnogu.
Не менувам терапија, требаше да идам ноември на контрола, па сега бев бидејќи немаше термин. И јас не менувам по своја волја. Инаку, правевме сарми со мајка ми, зачистиував, се спремаме за вечерва. Бевме пред саат време да пазарииме. Значи сум со активност. Вчера гледав филм.