Se e toa ok, ama sepak samo na anksot mislis. Olabavi se. Ne se zamaraj. So toa samo go hranis stravot i anksioznosta.
Ти благодарам,женска. Првин убаво да се разбереме, па потоа осудувај. Дечково одамна го следам, види има убави работи да научиш, но и да ги применуваш за анкс.
Десното око со денови страшно многу ми 'игра', гледам да избегнувам мобилен и интернет колку што можам, ама џабе е бидејќи знам од што е Аман предобра бев долг период, сега ме маваат некои филмови дека ќе имам мозочен или срцев удар, на секоја болка се штрекнувам, и само си ги пратам вените по телото
@GirlLove јас пијам занфекса 75 хр ама јас сум со депресија само немам анкциозност. Неколку години ја пијам различни дози прво таблетите сега и капсулите со продолжено ослободување.
Што правите во моментот на паничен напад? Како ги пребродувате тие минути? Освен дишење, тоа не помага... Не знам колку е важно, ама ќе споменам дека немам страв од смрт, тоа е еден од вообичаените симптоми, но кај мене го нема.
@Rama мене ми се случува често, ми помага магнезиум цитрат или директ појака доза. Нема да имаш никаков мозочен удар, некој мускул или нерв е. Мене последно цел месец долниот капак ми пулсираше, мислев така ќе си остане. @Avery советот на мојот психолог е да анализирам се околу мене, пример на прозор да гледам и да кажувам какви се автомобилите, небото, дрвјата или ако си во соба предметите околу тебе. Целта е да се пренасочат мислите, да не се концентрираш на паничниот напад.
@Avery, нема многу што да се направи, освен да си кажеш дека ова е уште еден паничен напад, ќе помине. Вежбите и триковите со дишењето што толку ги наметнуваат ни мене не ми помагаат. Напротив, уште повеќе ме прават свесна дека нешто не е во ред во моментот. Мене ми помогнаa многу техниките од неколку видеа на YouTube, утре ќе ги побарам и ќе ги постирам тука. Општо, кога слушам дека некој зборува (буквално како човекот од видеото да ме убедува дека ќе биде во ред) многу ми помага. Ми помага и кога ќе потсетам на место, личност, настан што секогаш ме прави весела, безгрижна. И ментално да се префрлам на тоа место. Да погледнам слика од најсаканата личност, да слушам музика што ме потсетува на убави времиња итн. Некогаш знам кои места и околности ми предизвикуваат паничен напад, па ги избегнувам. Тоа не е добро како долгорочна стратегија, но некогаш ми е полесно да си останам дома отколку да се справувам со паниката. Зависи од денот.
Кој е толку нормален , што ова го третира како болест ? Не ми е јасно , свртете се на другата страна сфатете дека сме биолошки систем , дека секогаш колку старееме ќе се појавуваат недостатоци , недостатоците мора да се надополнуваат затоа некој се посветил на медицина ги открил супстанците и го нашол соединението . Истото и вие самите треба да целите кон ова да го најдите балансот , аман заман го таргетирате како болест . Фокусирајте се дека е биохемиски недостаток ке бидете по продуктивни кон доаѓање на балансот , овај недостаток е таргет на мозокот , проучете го мозокот , и ќе ви биде плус за цел организам , фокус на се што го храни мозокот и ќе видите промени во се вклучувајќи и расположение . Анксиозното нарушување не е болест ! За почеток ве советувам отфрелете се што е рафинирано во исхраната и очекувајте промени на долгорочен период . Светот не настанал во еден ден , како и еден ембрион во матката така и вие , биолошки систем сте и треба да се храните да се развијате да премините во подобро ! Работите гледајте ги долгорочно и ќе се средите како и јас и вие . Ви благодарам ! Долго време немав такво нешто после 5-6 месеци на левата рака ама јбг не се замарам .
@Avery, еве ги видеата што ти ги ветив синоќа. Ова ми е само мал избор. На самите канали можеш да најдеш уште многу поврзани со оваа тема. Се надевам дека ќе ти бидат од помош и тебе а и на другите
Прочитав погоре нешто во смисла само на анксот мислиш и се опседнуваш, затоа ти е така... Не е воопшто така. Еве јас да ви кажам, дојде дечко ми кој живее во странство, после месеци чекање, бев толку многу среќна, толку преубаво си ги поминував деновите, буквално на ништо што ми се случува не ни помислив. Една вечер легнуваме да спиеме, ептен бев среќна што ете сега спијам со него, си го навраќав денот како сме поминале и колку ми било убаво, кога одеднаш ме мавна некоја нервоза без никаква причина, почнав да се плашам, срцето да ми чука силно, да осеќам како да паѓам во бесознание и остали работи што ми се дешаваат при нападиве, почна ужасно да ми се плаче и ме стегаа градите од болка. Се прашував што ми е, буквално никаква причина немав за тоа, баш напротив ептен бев среќна и смирена тие денови.. Дечко ми изгледа ме осети, стана, ме праша што ми е, па така силно сум почнала да плачам. Он ме прашува што ми е, јас не знам што да му кажам, не знам како да кажам дека онака без причина толку плачам и ме боли душа. Анксов не бира ни време, ни место кога да те нападне. Понекогаш колку и да си среќна и да не мислиш на ништо лошо, пак можеш да завршиш како мене. Очигледно е дека ми треба терапија, ама прво одбирам самотерапија. Тешко ми е, по цели денови лежам и не можам да станам од кревет, немам ни сила ни волја, по цели денови ми се спие... Ама ќе станам и ќе гледам да сум што е можно поактивна, денес направив листа на активности кои ме влечат да ги направам. Ќе се обидам сама да си помогнам, а ако не бива, втора опција ми е доктор. Другарка што учи медицина ми рече ова моево на депресија заличувало, ама одбрав да не верувам во тоа.
За ова GirlLove си носи секаде каде што оди со себе благо и тоа некое јако благо, вода и апче за смирување, што ми го препиша докторката. Ми се деси на работа и дирек во вц, исплачив и тоа е тоа. Или оставам да ми поомини нападо, а мене да ме видиш на фаца, побледена, расплачена,внатре ко без душа сум. Земам благо и апче @Maylin женска, и мене ми било така, душа да ме боли, а бе нз како сува да ми е душата, сакам да се веселам, се веселам ама некако ко со сила и не ми е убо. Изгледа е депресија. Ти има претечено чашата и затоа ти е така, дур си го чекала дечкото да дојде од странаство сето тоа е стрес. Затоа дирек на доктор,ако одлучиш , ќе ти дадам контакт од мојата докторка, ќе се препородиш со муабет и ако треба терпија. @Anxiety Брат, во право си за биохемиите во нашиот мозок. И самата докторка ми кажа, и одредени АД што ни ги даваат се за одредени функции да наречам за нашиот мозок. Пример тие SSRI stands for Selective Serotonin Reuptake Inhibitor. SSRI antidepressants are a type of antidepressant that work by increasing levels of serotonin within the brain. Serotonin is a neurotransmitter that is often referred to as the “feel good hormone”. It carries messages between brain cells and contributes to well-being, good mood, appetite, as well as helping to regulate the body’s sleep-wake cycle and internal clock. Многу добро кажуваш за ова и во право си. Треба да занеме какок функционоран нашито билошки систем. Значи во анкс и депресија тој часовник и телото се во ШОК ! Е сега лошо е шѕо ние не моежем да ги средиме сами тие хемии и настанува депресја,анксиозност. Состојби се, нели?
Ти благодарам многу, и за вчерашниот детален пост и за видеата. Кај мене всушност е анксиозен напад, затоа што обично e предизвикан од некој тригер. Но нападите се многу интензивни и чести. Посебно кога сум константно под стрес. За мене е се ова релативно ново, немам со кој да споделам и малку ме збунуваат симптомите и се уште не знам како да ги контролирам. Доколку некој проаѓа низ ова, нека ми пише. Разговарам со докторката, но убаво би било да поразговарам и со некој што проминува низ слично.
@Avery, нема проблем. Секогаш можеш да ми пишеш, во темава или во порака. Јас не знам баш ни себе како да си помогнам, но можам да споделам искуство. @Maylin, твојава ситуација ми личи на страв од загуба. Поминал лошиот период и сега кога се' e ок, умот ти прави трикови и ти ги навраќа потиснатите мемории и чувства од лошите времиња. Многу ми е позната ситуацијава. Сум поминувала низ ова и уште поминувам одвреме навреме. Во животот ништо не ни е загарантирано дека ќе трае засекогаш, но останува да уживаме во денешниот ден. Да се потсетиме дека денеска, тука и сега ни е добро, со саканите сме. Којзнае што ќе биде утре. Наместо да си го замислуваш најлошото сценарио, пробај да си го замислиш и најдоброто. Анксиозните луѓе не се справуваат добро со неизвесноста. Сакаме да ги знаеме одговорите и решенијата веднаш, а тоа не е секогаш можно. Неизвесноста е неутрална и мораме да научиме да се носиме со тоа...
Треба да се научиме да се носиме со тоа , ама има начини да се ублажи сета оваа состојба , барем зборувам за моја кожа , сум го постигнал и верувам дека секој можи и затоа трубам дека најголем дел е биохемијата па после останатото психологија и медитации и слично , мора да се одржува балансот во мозокот . И нормално сведување на 0 замарање за не битни работи и она живеј го моменот сега овај момент , минатото е минато , идината е илузија на лажна надеж и тоа е тоа . Барем мене ова ми помогна многу . Пробувај со апојте можи едно ке одговара едно не , можеби можиш да функционираш без АД само седативи .
Не е страв од загуба. Може ќе ме направиш бесчувствителна, ама на ниедна случка не реагирав со страв или испаничено дека ќе загубам некој. Ни па сега, воопшто немам страв дали ќе загубам некој или не, мислам, секој жив човек сака најблиските да му се добро и на некој начин се плаши за нив, ама не е дотолку страшно кај мене за да го предизвикува ова. Не си го замислувам најлошото сценарио, баш напротив, имам многу убави цели и планови и секој ден мислам на нив и ми даваат мотивација. Ама ете, ова нешто проклето ме гони и ме напаѓа во било кое време и било кое место, што и да правам не можам да избегам. Единствено што ме замисли сега малце е да не можеби стварно сум или навлегувам во депресија. Затворена сум во 4 ѕида, немам сила ни волја да станам од кревет, не сакам никој да ми зборува, не можам да разговарам со никој исто немам ни сила ни волја за тоа, не можам ни на пораки да враќам, не сакам да излегувам, се ми е без врска и празно, ништо ми нема смисла, на моменти ме маваат јака нервоза и тага.
@Maylin женска, може уште повеќе да навлезеш. Веќе сама чувствуваш дека ти не си ти. Се затвараш во 4 ѕида,не сакаш контакт. Секој човек анксиозноста и депресијата различно ја искажува и ми треба различна терапија. Мој, а и претпоставувам од сте, совет, е да појдеш првин на матичен, да испиташ крвна слика, тироидна жлезда. И правец на терапија. @Anxiety @ЕденЧлен и многу сугестираа за промена на животниот стил, средина, работни место. И во право се. Доста информации има на нет во врска со состојбава. Од апчињата што ги пиеме drugs.com па се до совети. И најдобро од се ние сами знаеме што ни треба, слушајте се себеси.
Знам, свесна сум дека морам на доктор, ама некако ептен ми е страв и само одложувам. Веќе 5 месеци ни овошје ни зеленчук не сум ставила во уста, се само пецива, леб и премногу шеќер, се здебелив 15 кг за 5 месеци (а може се и повеќе, не сум се мерела во последно) и телото веќе полека почна да ми "откажува". Ако отидам да се проверам, знам дека се ќе е катастрофа и тоа премногу ќе ми влијае на психава и дополнителен стрес ќе ми создава. Решив прво да го променам и јас животниот стил, најпрво од се исхраната и физичката активност, еве за некои 2 часа излегувам да се изнапазарам зеленчук и овошје. Некако сметам дека само промена е спасот за мене, па ќе се потрудам да се опоравам сама, ако не бива и ако продолжи ова и после 2-3 месеци, одам на доктор.