Секако дека животниот стил има големо значење на состојбата Анксиозност,прв работа која треба да се направи,е сето она што прави паника да се исфрли,и да се апсорбираат само позитивните работи.Нормално дека не секогаш можеме се негативно да избегнеме,но да најдеме начин барем поголемиот дел од негативностите да ги одбегнуваме во текот на денот,и начинот на живеење.Апчињата се само еден дел помагала,на кој не смееме повеќето време да се ослонуваме на нив,треба да се работи на себе како да се живее без нив,како да се поминат сите тешкотии без нив,знам дека е тоа тешко и напорно,но чим јас го поминав верувам дека може секој.Јас мислев дека никогаш нема да искочам од оваа ситуација и дека целиот живот ке живеам со терапија,но не е така,сепак излез секогаш има,само мораме да го пронајдеме,и да го бараме,со работа на себе (позитивни филмови,позитивна музика,спорт,пешачење,трчање,јога,фитнес и итн).Најбитниот дел кој морам да го напоменам,да го имате правиот ЧОВЕК до вас,кој ке ви дава во тешките мигови потпора,потик за борба,позитивност,и кој ке ја прифати најчовечки вашата состојба.
Само да ти кажам дека има излез и не е крај. Кога јас со анкс можев да одам на ласерска операција на очи секој може да ја надмине. Со добар психијатар и ако треба терапија се е возможно.
@kristina.k Знам дека некој нерв е ова поради што ми трепери окото...ама тоа со мозочниот или срцев удар се мои грди сценарија кои ме напаѓаат навечер пред да заспијам...за среќа малку се опуштив и гледам да не мислам на тоа и да не си создавам самата себе дополнителна паника
@Rama, анксиозноста може да те натера да мислиш дека истовремено ги имаш сите можни заболувања на светов. Знам кое измачување е. А уште полошо е кога ќе седнеш да пребаруваш на нет. Значи избегнувај го тоа по секоја цена. Подобро една посета кај лекар отколку постојани консултации со Dr. Google, што можат буквално да те полудат. И јас имам треперење на окото откако знам за себе, ми се појавува понекогаш ама како што доаѓа така заборавам на тоа. Луѓето што страдаат од анксиозност и посебно хипохондрија имаат тенденција да обрнуваат внимание и на најмал симптом/знак/неправилност на телото, а оние што не се анксиозни не обрнуваат ни најмало внимание на ваквите нешта. Психата и телото се поврзани, може да се дојде до тој степен што самиот мозок создава болки и тегоби. Никаков мозочен или срцев удар не навестува обично треперење на нерв во окото. Моите стравови се фокусирани на стомакот и на грлото најмногу, секој паничен напад ми предизвикува стомачни тегоби и болка и сувост во грлото, а тоа па дополнително ја зголемува паниката, Маѓепсан круг е.
Не се објаснав убаво за нервот на окото, не мислам дека тоа ќе ми предизвика срцев удар, туку самата психа навечер пред да заспијам ми го "вели" тоа....како што кажав сега за среќа ги оставам овие мисли полека зад мене...ќе бидам добра пак. Скоро 3 години ме мачи анксиозноста и паничните напади, ама подолг период бев подобро, сега ме иритираше ова што со денови ми играше окото, и си правев филмови за смрт кога ќе ме фатеше паничен напад од ништо... Кога сме кај паничните напади, мене премногу ми помага техниката на дишење и да си повторувам дека не ми е ништо, дека ќе помине и навистина поминува....
Секој човек кога ќе го заболи нешто може да си поврзе дека нешто лошо ќе му се случи и да му залута "сценариото". Ама како им доаѓа мислата, така им поминува. А анксиозните се задржуваат на мислата и толку фали секогаш кога ми доаѓа таква мисла си викам па добро де и да се умре, секој мора да се разболи од нешто во животот и некогаш . Не си ни прв ни последен човек на светот и тој не се врти околу тебе. Звучи сурово ама тоа е реалноста . Кога ќе се соочи со стравот од смрт, болест, полудување тогаш почнуваш да живееш
Членови на оваа тема да ве информирам дека се појави корисник Психијатар кој не пишува на темава а пишува во приватни пораки. За него е известен и модераторот на темава затоа што сметам дека е осетлива тема и не може секој да се претставува како психијатар и да нуди помош на форум, без име презиме и да не знаеме кој е и што е . Психата е доволно кревка работа за некој да се мајтапи со нас. Ве молам внимавајте со кој ќе се допишувате.
Не знам дали некој од вас има вакво искуство, но да си го споделам моето Откако сум свесна дека страдам од анксиозност, имам голем проблем со донесување на одлуки. Расположението ми е многу, многу променливо. На пример, во моментов може да сум во добро па дури и еуфорично расположение и да донесам импулсивна одлука, зашто сум почувствувала напив на енергија, како во моментот да сум се ослободила од стравот што ме кочел. Кога ќе решам нешто. често имам промена во расположението и се каам што сум постапила така. Стравот се враќа, почнувам да анализирам и да се преиспитувам зошто сум покажала таква ненадејна храброст. Вакви ,,турбуленции'' во расположението ми се случуваат и неколку пати дневно. Постојано размислувам и се плашам дали одлуките што ги донесувам се правилни и тоа ми создава паника. Може да се работи и за банална ситуација како излегување на кафе или купување облека, на на тоа му претходи размислување, со часови
Исто, баш како што опиша. Колку пати сум направила некоја одлука додека сум океј и енергична, па после се каам и ми влијае на психава. Јас направив една многу голема животна одлука уште од пред околу месец, еден ден сум среќна за тоа, друг ден ми иде коси да си искорнам, ама нема назад. И ова ли има врска со анксиозноста?
@Maylin, па логично е да има врска. Стравот е во основата, страв од погрешна одлука и последиците од тоа. Или напуштање на она што ни е веќе познато и испробување на нешто ново. Јас сум многу нефлексибилна во тој поглед и ме плашат нови места, нови лица итн. Не е нормално да трошиме толку енергија за донесување одлуки. Мислам дека ова е симптом и на анксиозност но и на депресија, што за жал, често одат рака под рака
Вака значи, денес пробувам нов АД, читав дела може да добијам серотонински шок,бидејќи докторката ми ги намалува едните а паралелно ми дава нов. Кога би имал ефектот новиот АД? МЕ ФАЌА СТРАВ ДЕКА ЌЕ МИ СЕ СЛУЧИ НЕШТО И ЌЕ УМРАМ ПОМОШ!
Колку пати прашуваш вакви прашања, не сфати ли до сега дека не треба да читаш на нет цело време се и свашта. И еден парацетамол да прочиташ упатство има триста сајд ефектс. Пиј терапија или смени психијатар ако не му веруваш ама прво и основно е кога ти е лошо што помалку на форумов! Добро е да знаеш дека има и други луѓе како тебе полесно ќе ти биде ама ти се оптоваруваш премногу И не сме ние психијатри па пд нас да бараш стручни мислења за лекови
Не се лути те молам и не избрзувај, сите ти велиме за твое добро да не се опседнуваш и анализираш премногу, иако и јас сум таква донекаде, ама труди се колку што можеш да живееш нормално, ете одиш на работа, се мешаш со луѓе постојано, одиш на контрола и примаш терапија, за се што ти треба подобро разговарај со стручно лице, ние не знаме многу околу лековите, ама овде може да прочиташ мислења и совет за панични напади и општо ублажување на анксиозноста. Ако ти треба разговор тука сме, ама не мисли само на анксот @prominent Буквално исто ми е и мене, за се размислувам и анализирам со саати или денови, макар и за ситница, или пак ептен непромислено избрзувам и после и во двата случаеви ми е криво и се измачувам себеси зошто постапив така
@GirlLove, во никој случај не станува збор за замарање. И самата го знаеш тоа. Она што некогаш ти изгледа како остра реакција е тоа што треба да го слушнеш за твое добро. Проблемот е што ние сите знаеме дека не треба да размислуваме премногу и да паничиме, и да се опседнуваме, но едно е да се каже на збор а сосема друго е да се направи. Да беше така лесно да се тргнеме од барање дијагнози на нет, да излеземе надвор и да уживаме во животот безгрижно како и сите останати-ќе го направевме тоа. Да можеше едноставно да не се замараме, немаше да се замараме. Ние на теорија знаеме како е, но анксиозноста е како паразит од кој нема лесно ослободување. Затоа и не треба да бидеме остри едни кон други. И онака сме соочени со стигма од другите, не треба и меѓу нас да се осудуваме. Тука сме за разговор во секое време, нели за тоа и постои темава @Rama, последен пат имав ваква случка во продавница за облека. Ми се допадна многу една јакничка, имаше два модела, многу слични. Буквално половина час размислував која да ја земам. И откако ја купив, дома се мачев со мислите дека не сум требала да ја купам, дека се за џабе фрлени пари, дека не заслужувам кога и онака не работам многу, или барем не колку што јас сум си замислила дека треба. Грижа на совест за една јакна, купена со пари од моја плата, а не беше ни скапа...
Исто истоооо Денес у наплив на енергија и еуфорија и незнам шо резервирав патување за мај 2000 км далеку од овде За некој ден ке се прашам кај ми бил паметот
Ова мислам дека има врска со опсесивно компулсивно растројство, кога ми беше дијагностицирана анксиозноста и кога разговарав со стручно лице, ми кажа за ова растројство бидејќи му кажав за моите несигурности, избрзување и повторување на едно исто та исто, вртење во круг, постојаното преиспитување и слично. Тогаш кратко разговаравме бидејќи тешко се отворам за разговор, ама добро паметам за ова што ми го кажа.