Вака, јас не барам дијагнози. Само видов што, би ми се случило. Со болести, не се замарам. Иначе еве работам за на работа нешто. Читам книги, гледам филмови, денеска со, мајка ми излегов и така
@Rama, OCD и анксиозност се многу, многу тесно поврзани и многу често одат и заедно. Самите ритуали (компулсиите) се обид за намалување на анксиозноста што произлегува од опсесиите (опсесивните мисли, поточно). ОЦД е еден подвид на анксиозност, како што е и хипохондријата, на пример. Секако, не сум стручна, но многу читам за овие работи (можеби и грешам со тоа) @GirlLove, јас сум забележала дека кога денот ми е поисполнет како да подзаборавам на анксот. Ама тешко ми е да се натерам да излезам од комфорт зоната. Подобро да го окупираш мозокот со многу работа отколку со многу мисли што не водат никаде...
Ништо нема да ти се случи, и јас сум менувала АД, докторката не би ти дала нешто што би ти наштетило, само немој да читаш упатства од лековите
Можеби, да. Но од друга страна, викаат дека колку повеќе си информиран за нешто, колку повеќе знаење имаш, толку помалку ќе се плашиш. Порано беше полошо, седнував и со саати си пребарував за болести/симптоми Во еден ден три дијагнози менував. Сега барам само за како да си помогнам од психолошка гледна точка. Симптоми не пребарувам, и тоа е некој напредок...
Мислам дека апсолутно беспотребно е нападната @GirlLove. На ваква осетлива тема, треба да постои простор за толеранција во поглед на искажување на вакви банални и нерационални стравови. Најмалку човек во таква состојба очекува да му биде кажано дека се опседнува со глупости и премногу анализира. Оти да можевме да форсираме на што да мислиме и како да се чувствуваме сите среќни и весели ќе си бевме. Јас сакам некој да ме просветли зошто докториве препишуваат АД кај луѓе со анксиозност што не се депресивни? Гледам дека многу во терапијата имате АД, и многу често анксиозност и деприсија одат рака под рака, ама мислам не е тоа случај и со @GirlLove. А и генерално мислам дека АД препишуваат често небаре витамин Ц е, многу доктори црно бело гледаат на работите. Дедо ми, лесна му земја, еднаш порано се сеќавам на матичната (општ лекар, не психијатар) и кажал дека е добар ама дека си поплакува понекогаш, и оваа ни два ни три, депрозел му препишала. @GirlLove , не сакам дополнителни грижи и мисли да ти предизвикам, лаик сум на тема психологија, ама во мои очи депресивна не си. Сум те читала. Си анксиозна и имаш параноични мисли, се замараш со колешките, со работата, со дечко што не сака врска, имаш желба да излезеш сама да прошеташ или со мајка ти. Колку и да се ова небитни површни ствари укажуваат на грижа за себеси и мотив за подобро. Си плачеш повремено, тоа е ок, сите си поплакуваме. Сите сме понекогаш несреќни и неисполнети, имаме и добри и лоши периоди. Можеби не ти е најпозитивно исполнето секојдневието, ама самиот факт дека премногу се опседнуваш со некои работи и се замараш ми делува далеку од депресија. Смеам ли да прашам, како функционираше и како се чувствуваше пред да почнеш да пиеш лекарства воопшто? Не сугерирам да не ги пиеш, ама можеби мислење од втор лекар би било добро, пошто од стручност до стручност и од перцепција до перцепција има разлика. И не се плаши, не се умира од промена на лек, ти кажа ли барем докторката зошто ти ги менува, едниот АД нема ефект, па овој појак, или што е причината?
Значи кога одите на работа вие сте океј што да речат оние кои што неможат да одат на работа , сум го доживеал тоа , што правиме сега ? Ве молам конструктивни бидете дај споделувајте работи продуктивни како да се справуваат луѓето , како да си помагаат и слично , од сето ова кај мене остана само некое зуење кое што никако неможам да го решам , немам вознемиреност , немам напади , се тестирав , кафе алкохол да се напијам немам гајле , само зуење и болки имам низ глава . Незнам како ама ќе ја најдам формулата и за тоа се надевам .
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=2222650851172326&id=1201996656571089 Ова го прочитав на ФБ, распрашај се, против зуење во ушите,
Здраво на сите. Јас бев активна на форумов во 2015-2016 кога бев само 15тина години и имав многу голема анксиозност. За среќа 3 години бев сосема добро, во најдобра состојба додека сега при крајов на 2019 повторно ми се врати и тоа 10 пати полоша. Има ли некој од вас што нонстоп е под стрес (возбуден на некој начин), неможе никако да се смири особено навечер кога треба да се спие и тоа без никакви причини? Мене ова никогаш ми се нема случено 24/7 да се чувствувам возбудено и под притисок. Веќе една недела неможам навечер да спијам, само по 3-4 саати едвај некако. И ако заспијам се будам најмалку 2 пати насреде ноќ со паничен напад. Ме вознемирува најмала ситница на пример ако треба да одам до продавница или нешто такво и едвај успевам да се смирам. Неподносливо е веќе воа. Ве молам кажете ако ви се случило нешто вакво и како сте си помогнале, дали со апчиња (и какви) или со нешто друго. Ви благодарам однапред, имајте убав ден
Istiot problem go imam jas custvuvam golema neprijatnost vo zeludnik gadenje kratok zdiv nesigurnost i itn, koga treba da otidam vo prodavnica vo previse osvetlena prostorija ed ostavno seto toa mi se desava koga se oddalecqm od doma, mene najmnogu mi pomaga teretanata 1 saat trening pokraj toa magnezium tableti b-kompleks i pred se ashwagandha tableti otvori na internet kje procitas mnogu poveke za niv na priodna baza se.
Од утре ми почнува колоквиумска, ми следат испити, а никако не можам да седнам да учам. Не е дека не седнувам, ама не можам да се сконцентрирам, некако немам ни сила ни волја, читам читам ама џабе е, за првиот колоквиум ептен бев возбудена и заплашена што ќе биде, сега ми е гајле.. Жими се, се чувствувам како да сум ептен глупава и затоа не можам да научам. Дали и ова има врска со анксиозноста, или па можеби е мрза? Чисто ме интересира, не знам кај да го барам проблемот...
@Maylin, не е мрза. Анксиозноста ти ја исцрпува енергијата, зашто константно размислуваш, се грижиш, се плашиш. Тоа е умствен напор сам по себе. Не можеш да очекуваш дека нема да ти влијае кога ќе седнеш да учиш или кога ќе треба да работиш. Безволноста што ја опишуваш, како и немањето сила, мене многу ми асоцираат на почетни знаци на депресија. Многу често одат заедно со анксозноста и како што знам, прво се појавува анксиозност па грижите и стравот доведуваат и до депресија. Како и да е, немој во никој случај да се обвинуваш дека си мрзлива. Анксиозноста/депресијата и сите останати психички состојби се одразуваат на физичката состојба на телото. Еве да ти дадам пример за мене, кога имам панични напади секогаш имам дигестивни тегоби и стегање во грлото, некогаш чувствувам и болки во целото тело од таа напнатост.
Женска, правец на доктор. Исто и мене ми се случуваше така. @prominent женска, ајде и ти, млади сме. Најубавите години ни се ајде да се извлечеме, доста е.
@GirlLove, знам дека треба. Но не можам да се решам. Не знам како да почнам. Мислам дека имам толку многу за кажување, толку работи ми се собрани во мене што мислам дека ќе плачам пред психијатарот. Јас имам забележано дека сите симптоми ми се полоши во зима. Значи кога е краток денот, кога нема многу светлина и сонце. Логично, помалку серотонин се лачи. Пролет/лето сум многу поенергична и стравовите не ми се толку изразени.
Tочно така @prominent. ОCD не секогаш е поврзано со компулзии. Некогаш се манифестира единствено во форма на реченици и мисли кои постојано се повторуваат и ја измачуваат личноста. OCD не е само мозокот да ти вели да одиш да истуриш кофа вода низ тераса на соседот, и ти да го направиш тоа како што некои мислат. Или опсесивно миење раце/заби/туширање, туку некогаш може само да се субјективни мисли во прашање. Некогаш може да ескалираат толку многу што личноста може да почне да мисли дека нејзините блиски ја мразат, сакаат да ја отрујат или дека земјата сака да ја проголта. Да, и тоа го имам читано на Selfhelp и Quora, значи постои. Само не секој има храброст да ги прокоментира тие реченици на глас, кои се исто така поврзани со опсесивното размислување. Целата анксиозност е всушност OCD. И овие две секогаш одат заедно. Кога не би имало ирационални репетитивни мисли, не би постоела ниту самата анксиозност. Бидејки сите симптоми се имагинарни.
@Nigredo Odor, постои дури и подвид на OCD, Pure O (значи само опсесии, без компулсии). Мислам дека тоа е тоа, кога личноста има само мисли што постојано ја измачуваат, но вака надворешно не се гледаат компулсиите. Сметам дека луѓево често се ,,расфрлаат'' со терминот OCD. Секој што е педантен, перфекционист или што ги мие рацете често, си дијагностицира ОЦД. А тоа е нешто многу потешко, подлабоко од обично подредување на книгите по боја или миење раце десетина пати на ден.
Општеството не разбира дека опсесивноста се дијагностицира само во случаи кога личноста започнува да страда поради тие навики или мисли. Кога истите почнуваат да го нарушуваат квалитетот на нејзиното дневно функционирање и живот. Подредените жолти книги од полицата само ја задоволуваат естетската пропорција и се акт на педантност, не на ocd. Точно. Само мисла, без дејство.
Мислам дека немам споделено толку интимно искуство со анкциозноста (и веројатно депресијата, вака ретроспективно гледано), па ајде сега ќе споделам со надеж дека некој со истиот проблем ќе ме прочита и можеби разбере. Минатата година работев на место кое со тек на време не само што го замразив местото, туку се замразив и себе си. Кога почнав да работам таму, првите 3 месеци не можев да спијам, бидејќи кога конечно ќе заспиев во 2-3 наутро, јас ја сонував смената. Ај што имав екстремни потешкотии да заспијам и ај што умот сам против моја воља ми мислеше на се‘ и сешто пред да заспијам, туку кога конечно ќе заспиев, ја преживував работата одново. Така да, најнечудно е кога стресот, анкциозноста и стравовите ќе ви го пореметат сонот. Одвратно е чувството и делува безизлезно, но не е така. Јас си помогнав на тој начин што навечер 2 саати пред спиење го правев следното: палев масло од лаванда, пуштав lounge jazz, пиев чај од маточина и читав книга. Си создадов релаксирачка атмосфера што пополека ме опушташе и ме успиваше. Не можам да зборам за лекарства, бидејќи (освен повремен лексилиум [поради мигрени]) немам ништо користено. Но КЛУЧНО Е да си создадете релаксирачка удобна атмосфера каде ќе се осеќате опуштено (и сигурно). Почнав да спијам нормално после неколку месеци неопислива мака, но тоа не го промени односот што го имав кон себе си. Се мразев себе си, се сметав за неспособна (да си создадам подобри услови, на пример подобра работа), а со тоа се осеќав (убедив) невредно. Па можеби цела една година мислев на најцрни сценарија, бев убедена дека ништо добро не следи во мојата иднина (штом минатото не било толку сјајно), а поради тоа бев убедена дека џабе се трудам и џабе се надевам. Буквално го мразев животот. Дадов отказ, но долго време ништо не се промени. Јебига, после толку време имање на негативна перспектива кон животот, негативниот мајнсет ми беше вкоренет. До пред пола година не ми се будеше наутро. Ништо не сакав да правам, зошто мислев дека што и да направам, ништо нема да го направи мојот живот добар. Мислев дека не можам да живеам среќно. Пред помалце од 5 месеци, се решив дека без разлика на тоа како се чуствувам (бидејќи веќе немам ништо што да изгубам), ќе почнам да правам 3 нешта: 1. Ќе станувам наутро најдоцна до 9 (а не во 11/12, како што правев цело лето); 2. Ќе медитирам (тогаш започнав) и 3. Ќе креирам (односно работам на тоа што го сакам [графички дизајн]). Кога почнав да МЕДИТИРАМ, интересот за себе си ми се зголеми. Почнав да се гледам. Почнав да се запознавам. Почнав да сакам да се истражам себе си повеќе и да истражам повеќе начини како да правам да се осеќам добро. Редовното медитирање секој ден ми го зголемуваше спокојот и почнав прв пат во животот да ја разбирам анкциозноста. Одеднаш, несвесно станував повеќе свесна за сопствената моќ. Сфатив дека СЕ‘ ЗАВИСИ ОД МЕНЕ, како ќе се чуствувам, што ќе мислам, како ќе ги издржувам нападите на анкциозноста и колку ќе вложувам во работите што ме радуваат. !!!!! Почнав да правам многу нешта кои прават добро да се осеќам. Се‘ уште редовно медитирам, редовно пишувам во дневник (многу многу важно, исто како медитацијата!), поголемиот дел од времето внимавам што и колку јадам, се трудам барем 2 до 3 пати во неделата (тоа според мене е редовно) да вежбам, редовно читам книга, редовно слушам подкастови и гледам мотивирачки видеа. Правејќи ги сите овие нешта, самозапознавајќи се себе подетално и поинтимно, успеав да ги сменам перпективата и начинот на размислување за 180 степени! Всушност, не ми се верува дека пред само пола година можев да размислувам толку одвратно, толку црно! Како можев само толку да не ја ценам дадената прилика наречена "живот" и како можев толку да не се ценам себе си?! Но си простувам. Океј е. Сум мислела што сум мислела, сум била таму каде што сум била, сум правела тоа што сум правела. Не можам да се осудувам. Не се осудувам, бидејќи си простив. Стореното не може да се отстори. Но знаеш што може да се стори? Може да се продолжи со живеење, може да се ужива во остатокот од времето кое ќе го поминеме на планетава и може да се продолжи да се вложува време и труд во нешта што не‘ прават среќни! Да, толку едноставно е. Буквално се‘ зависи од вас и мора да го побарате одговорот во вас. Се надевам ќе си простите, нема да се осудувате, ќе се самозапознаете и ќе имате позитивен пријателски однос со себе си. Не вреди да си го трошите времето на негативни срања. !!!!! И уште нешто; мора да бидете свесни дека анкциозноста е дел од човекот, не може да исчезне. Не се чуствувајте како нешто да не е во ред што осеќате анкциозност, бидејќи нормално е. Само затоа што е одвратна за чуствување, не значи дека е ненормална појава. Дел е од човекот, исто како чувството на страв, на радост, на разочарување, на лутина, итн. Она што треба да го барате е начин како да ја издржувате и да успеете да не дозволите да ве натера да се осеќате уплашено, невредно или заглавено. П.С. Простите за шарениот коментар, но морав да потенцирам неколку нешта.
Џабе си го трошиш времето само размислувајќи дома, кога ќе појдеш на преглед само по себе ќе си дојде муабетот