Анксиозност

Дискусија во 'Психологија' започната од dunja, 12 јануари 2010.

  1. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.291
    Допаѓања:
    16.589
    Дали е нормално првите неколку дена од циклусот, ноќе да се препотувам? Сабајлево ми се гади, глава ме боли, плус и бев настината и имам шлајм.
     
  2. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.235
    @GirlLove, не знам дали кај тебе е поврзано со циклусот, секој има различни знаци, симптоми и тегоби во врска со тоа.

    Ама мене вака ми се случуваше некое време, се будев во ниедно време од ноќта и морав да менувам постелнина зашто бев испотена:( Се загрижив, нормално.

    На крај испадна дека собата ми е премногу топла и престанав да ја загревам толку пред спиење. Се покривам само со една тенка прекривка. Значи пред да се плашиш, провери да не е некоја ваква банална причина.

    Мислам дека кај тебе е од настинката, се' тоа ти се собрабо, плус за време на циклус опаѓа имунитетот.

    Мене па ми е особено тешко во вакви тмурни и ладни денови:( Без сончева светлина сум за никаде.
     
    На tina2018 и GirlLove им се допаѓа ова.
  3. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.291
    Допаѓања:
    16.589
    Спијам со јорган, ќебе, дебели пижами и хулахопки тенки, изгледа од тоа е.
     
  4. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.751
    Допаѓања:
    122.418
    Пол:
    Женски
    Мислиш само ти си што ќе плачеш таму? Знаеш јас колку бев блокирана од анкс и не можев да плачам што кога се расплакав кај него човеков ми рече Е сега почнува лечењето. Не се плаши од тоа. Не е страшно да одиш да кажеш што ти е па и да плачеш.
    @GirlLove сипаници вадиш со толку облека на тебе па и плус јорган?? Јас ќе се шекнам.
     
    На Anie93 и prominent им се допаѓа ова.
  5. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.291
    Допаѓања:
    16.589
    Ти пишав лп. Уште пред некој ден.
    Инаку еве и сега се препотувам. Од настинот е. Да проверам дали и од АД ми е, од новиот.
     
  6. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.751
    Допаѓања:
    122.418
    Пол:
    Женски
    Јас денеска се препотувам зашто хормоните ми се на макс треба да добијам. Ти плус си настината, врмево е влажно, не му ја мисли многу.
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  7. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.235
    Јас се препотувам од самата анксиозност некогаш:) Пред некој ден, на секои три саати бев под туш:)

    Кога сум опуштена, кога не сум напната, скроз исчезнува овој проблем. И те како може да е непријатно, посебно зашто се случува пред излегување, важни средби итн. :D

    Нормална реакција на телото при стрес. Анксиозноста има мал милион начини да се манифестира и физички, добро си го знаеме тоа сите ние.
     
  8. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.291
    Допаѓања:
    16.589
    Бев кај матичната на контрола, добив иначе 2 ден, многу крварам.
    И чекав, чекав. Почнав, да се тресам, да ми паѓа шеќерот. Одма се напив пола Лорсилан. И и кажав, вака и вака, ме легнаа, ми дадоа алкохол на памук, благо и ми ги кренаа нозете. Добив боја. Поседив и малку си поплакав. Хаха смешка. И ништо страшно ми вели, ова ти е од шо имаш и многу крвариш, и потењето ти е од тоа. И и велам што да прам вака, ништо ми вели :благо, вода и ќе си велиш ништо не ми е.
    Зедов сеа сируп и одмарам :)
    Ко ќе ми се плаче, плачам, ко ќе ми се смее, се смеам и така.
    @prominent Женска, јас имам плачено пред колешки на работа, пред моите, пред сестра ми, и најинтересно пред психијатарката и мајка ми, во WC на работа и така.
    На докторите не му е ништо ново плачењето.
    То е акумулирани стрес.
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Cepe

    Cepe Нов член

    Се зачлени на:
    17 декември 2019
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Како се справувате кога имате гастритис од самата анксиозност
     
  10. Далија

    Далија Активен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    127
    Пол:
    Женски
    За сите кои страдате од ова -АНКСИОЗНОСТА Е СОСТОЈБА НЕ Е БОЛЕСТ !!!
    Прво ова имајте го на ум.Значи ќе помине.
    Го поминав,знам тешко е во моментот,знам мислите дека нема излез дека ќе полудите се ќе пропадне во вода до сега што сте го граделе...Но не е така.
    Најважно од се е да се соочите со ситуацијата во која се наоѓате.Се обраќате на стручно лице-психолог и психијатар,ги спомнувате сите симтоми што ги имате,наведувате ситуации што сте ги прежиевале кои би можеле да влијаат,трауми во детството и започнувате со терапија.
    Терапија освен со лекови мора да се одвива и со разговор со психолог 4 пати месечно најмалку(според мене) секако они одредуваат како и во кој интензитет.
    Ваше е да смените некои навики.Едноставно мора да смените нешто кај себе.
    Физичката активност мене многу ми помогна.Вежбање јога.Пешачење.Гледање комични серии.Слушање убава музика.
    Престанав да се дружам со луѓе кои се токсични ,кои освен да се жалат и кукаат не прават ништо корисно за себе ниту сакаат да сменат нешто.
    Престанав да се замарам на работа кој што ќе каже и како ќе се однесува и гледав само како да си ја завршам работата и да си отидам дома.
    Престанав да пушам цигари.
    Почнав да легнувам да спијам во нормално време како би станала од спиење во нормално време.
    Се здебелив-бев премногу слаба 45-46 килограми а веќе 25 години-сега имам 56.

    Инаку сега откако заврши се поинаку гледам на работите.Среќна сум и задоволна со себе и со тоа што сум го постигнала.Ја засакав работата која ја работам моментално иако додека бев во најјаката анксиозност ја мразев и ми беше монотона и сакав да дадам отказ...не бев задоволна си замислував поинаков исход од мојот труд и макотрпно учење.
    Не сум повеќе гневна и нерасположена и некако луѓето со својата енергија повеќе не влијаат на мене.
    Почнав да правам работи за себе.Одам на фризер,Одам на депилација еднаш месечно.Секоја плата си купувам по нешто за себе.Си организирам ефтини екскурзии со сопругот најчесто преку Групер со попуст на купони.Шетам и се дружам само со позитивни луѓе.
    Си донесов маче да чувам-и животните многу помагаат во борбата со анксиозноста.Набргу ни стана дел од семесјтвото.

    Така да дечки ,главата горе,трпение и се ќе биде во ред.Ве уверувам во тоа.
     
    На Cosmic Girl, tina2018, Cepe и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Lily30

    Lily30 Нов член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2020
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    здраво
    веќе од вчера вечерта чуствувам некоја тежина во градите,срцето брзо ми чука,главата ме боли и ми се гади немам апетит,дури и едно време не го осеќав палецот на левата рака ко вкочанет да ми беше, а еве неколку дена сум настината и пијам апчиња на природна база, незнам кој ѓаол ме натера одма на интернет да проверам да побарам шо ми е, на некоја страна симптомите ми се исти ко за анксиозност, а на друга ко за срцев удар и одма уште толку почнав да паничам и уште толку лошо да ми е, а то едно гадно чуство цел ден го осеќав, таман ќе се смирев малце после пак ќе почнеше и така ми помина цел ден во паника и во страв, немам заспиено цела вечер, а страв ми е на доктор да одам си мислам дека ќе ми речат ништо не ти е ќе ти помини а очигледно нешто не е во ред, незнам страв ме фаќа да не е нешто сериозно стегањето во градите цел ден и цела вечер го осеќам, незнам како да си помогнам самата,да се смирам некако :(
     
  12. FoxyCat

    FoxyCat Активен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2019
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    47
    Пол:
    Женски
    Дали од паника,страв,вознемиреност подсвесно може да осеќам како да имам нешто во грлото, т.е во дишникот , како некоја кнедла , со секое подголтнување осеќам како да имам нешто, како да мњ гребе, стега, гуши...
     
  13. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.751
    Допаѓања:
    122.418
    Пол:
    Женски
    E ova e najbitno!! Tokmu ova mene mnooogu mi pomogna . Osobeno boldot !!
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.291
    Допаѓања:
    16.589
    @prominent женска, мене ми се корне и плаче сега и токму тоа правам. Прели ноќ останав без работа, немам дечко, другарки- која со дечкото, која има работа, која нема. Мајка ми, нешто не е добра со здравјето, цело време време ја носам под мишка за да оди. Јас сум 2 недели болна, кашлам ненормално, не смеам да многу да излегувам надвор. Хаос.
    И што правам?
    Плачам и не ми е галје. Се праам за да откажи мојата негатива.
    Иначе, си гледав вчера цртани, денес ќе читам, ќе вежбам, ќе глеам ракомет.
     
    На prominent му/ѝ се допаѓа ова.
  15. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.235
    @GirlLove, кога плачам добивам само главоболки и ништо друго. Мене не ми помага многу плачењето, ако знам дека реалниот проблем останува.

    Ми помага умствена работа, пишување, сосема да се внесам во некоја задача и тогаш анксиозноста ме напушта на неколку часа.

    Инаку и јас ќе гледам ракомет после :D Не сум фан на спорт ама кога нашите играат ме понесува еуфоријата и се чувствувам супер :)
     
  16. Bojana890

    Bojana890 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2019
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    252
    Пол:
    Женски

    Колку години си ?
    Пиши ми порака.
     
  17. Maylin

    Maylin Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2019
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    1.070
    Пол:
    Женски
    Се наоѓам во една банална ситуација каде не знам што да правам, ама овие 2 дена имам многу напади и константно се осеќам многу многу лошо. :| Потребен ми е совет, сериозно, немам од кој да барам, мајка ми ја прашав не знаела што да ми каже. А многу ме напаѓа анксиозноста. :sweat: Не е за во темава, ептен е општа работа, па ве замолила доколку некоја би можела да ми даде еден мал совет нека ми пише порака.
     
  18. Anxiety

    Anxiety Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2019
    Пораки:
    412
    Допаѓања:
    309
    прво шо ќе ти кажам да баталиш смарт пхон и комп , и право на доктор .
     
  19. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.291
    Допаѓања:
    16.589
    Знам дека е глупо малку, но јас трчам по дома, има доста видеа на јутуб. Немам орбитрек или статичен велоспед.
    НЗ колку е здраво да практикувам
     
  20. Anxiety

    Anxiety Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2019
    Пораки:
    412
    Допаѓања:
    309