Друже си направил крвна слика скоро? Истите симптоми ги имав и јас и излезе дека железото ми е паднато на двојка, исто и калциумот ми беше под граница, и 10 дена на болница ме задржаа, прегледи еден тон, се беше океј, освен нели малку психата раздрмана и исплашена со анксиозноста. Жал ми е што поминуваш низ ова, и јас се чудев како може да предизвикува анксот вакви реални симптоми, ама се средив некако и се собрав, иако не 100%, ама чудна работа е мозокот, нема да му дозволиме да не држи робови, ќе се средиш и ти верувај
Значи вака пред 4години првпат се сретнав со анксиозноста тоа беше тежок период за мене и мојата фамилија,одев на психијатар ми даде и терапија имав напади сега веќе ги немам но сеуште имам проблеми и од време навреме кога ке се осетам подобро ги оставам апчињата но залудно пак им се враќам,работам како медицинска сестра никогаш не сум имала проблем но сега имам работаам на такво одделение каде секојдневно се боцка и преку ден се истите луѓе но од кога ја добив анксиозноста има луѓе што неможам дури ни да им се приближам право се возбудува се испаничувам се тресам и ако треба да ги боцнам рацете ми се тресат и има неколку дури ги избегнувам исто ми се случува и со колешките на работа значи се плашам кога ке ме погледнат во раце се тресам паничам кога седам некаде со некој луѓе исто се чувствувам незнам како да си помогнам и незнам дали тоа е од анксиозноста се плашам да не ја изгубам работата
Да да, детална крвна слика праев , хормонско испитување плус , безбројни непотребни снимки итн ...се е во ред ....
Сосема е нормално. само знаеш од што е и не му придавј важност. ПМС мене ми е најтежок. Сосема нормално е. Не се секирај и само напред.
Vo tvojot slucaj ti samata si imas stvoreno strav I fobija zatoa sto ti ostanalo uste kako dete deka poroduvanjeto e nesto mnogu strasno I bolno. Sekoja trudnica se plashi I toa e normalno. Probaj da se relaksiras i zboruvaj povekje so doktorot za toa kako se odviva poragjajot.
Одамна немам пишувано на оваа тема, имав многу тежок период и скоро цела година се рехабилитирав од депресијата. Имено, многу научив за анксиозноста, т.е слободно можам да кажам дека се разбудив. Анксиозноста е чувство и само чувство. Чувство составено од тага, лутина, бес и страв. Она што нас не плаши кога сме анксиозни се телесните симптоми. Многу е нормално кога сме анксиозни, телото да реагира со таа симптоматологија. Вие всушност на телото му давате наредба да се спреми за бегство или за борба. Истите симптоми ги имаме и кога некој ненадејно ќе не исплаши, или пред испит, или во дадена ситуација каде треба рефлексно да реагираме, само не ги приметуваме затоа што не им даваме никакво значење. Секогаш имајте на ум, симпатикусот е "виновен" за тие дразби, но телото неможе да остане во истата состојба долгорочно, на што следи активноста на парасимпатикусот, каде следи период на релаксација. Знам дека анксиозноста е тешка состојба, се додека не ја разберете нејзината цел. Целта на анксиозноста е да ве врати на правиот пат. Прашањето е-дали го слушате срцето или разумот? Тоа е внатрешен немир кој директно ни укажува дека вашиот живот оди во погрешна насока. Можеби имате несогласувања со родителите, имате неисполнителна работа, сте претрпеле тешка траума, ве малтретирале на школо и ред други работи. Секоја случка, секоја ситуација остава трага, трага која е длабоко вкоренета во вашата потсвест. Се додека се лажете себе си, се додека правите нешто против себе, ќе бидете анксиозни. Замижете, слушнете го она ЈАС кое вистински знае што сака. Верувајте, на сите ви го посакувам животот што го имам сега. Имам се што сакам и се што ќе посакам. Излегов од комфор зоната. Најкруцијално нешто кое треба да го направите е и вие истото да го направите. Можете да го живеете животот каков што сте го замислиле. Секој ден кога ќе се разбудите, имате милион и една можност да смените макар и нешто банално. Доста се самосожалувате, кажете доста е. Морате да работите на себе, инвестирајте во вашето здравје кај добар психолог/психијатар. Секогаш ќе имате анксиозност, како што ќе имате и чувство на тага, среќа, бес, радост, затоа што како што напоменав, тоа е чувство. Целта е да научите да живеете со тоа. Бидете благодарни што, дури и јас го гледам како благослов, што сте анксиозни, значи вашето вистинско ЈАС се бори да има поубав живот и ќе има, затоа што ќе излезете од комфор зоната. Соберете храброст и направете ги нештата што длабоко во себе сакате да ги направите. Секогаш кога ќе имате било каков симптом, запрашајте се во себе, што гледам,што слушнав, што направив/ми направија, на тој начин ќе се доведете во контакт со себе. Од прилика толку за сега и од утре направете го она кое сте се плашеле да го кажете или направите, baby steps,верувајте дека животот е преубав кога се враќате на правиот пат.
Сменив работа, прва недела ми е. Дали е нормални да се чувстувам неубаво, анксиозно. Се да ми биде ко ново.. А има моменти кога треба да одам двократно. Пак почнува да ми се плаче. Работат е лесна, ама нз
. Najgolemata iluzija e sto site barame "izlez" od Anksioznost, "se borime" protiv nea. Ednostavno nema potreba da izleguvate od nisto, nema tuka nikakva borba, osven onaa koja vasiot strav vi ja servira...
@GrimTheReaper, одлично опишано и објаснето. Јас многу читам и се информирам за мојата состојба и веќе знам што е тоа што потсвесно ме мачи и ми ја предизвикува анксиозноста. Но сега сум во таков период кога морам да трпам нешта што едноставно морам да ги правам. Неколку месеци барем ќе морам да стиснам заби. Битното ми е што имам цел пред мене што чека да биде остварена. Си ветив дека ќе преминам преку сите стравови и јас ќе бидам појака од анксиозноста. Инаку... Денеска сум скоро цел ден пред компјутер, требаше да прочитам некои материјали во електронска форма, после тоа пишував неколку часа. Сега имам главоболки, знам дека ми е од стегање на мускулите на лицето и гледањето во монитор долго време, но се нервирам кога ќе ме фатат вака навечер. Се напив Кафетин како и секогаш и скоро сосема ми попушти болката. Сакав да ве прашам што правите вие против тензични главоболки, освен стандардните апчиња?
Не треба да бидеш појака од анксиозноста. Не треба да се бориш со неа, затоа што е исто како да се бориш со замислена личност. Пак ќе кажам, како може да се бориш со чувство? Борбата е да собереш храброст да се избориш за самата себе. Анксиозноста ти помага потсвесно да го направиш она за кое си немала храброст. Не мораш да трпиш ништо ако не сакаш да го трпиш, зошто си создаваш цели кои емотивно те афектираат,целта е да се самоуништиш? Слушај го вистинското ЈАС, а не она кое твојата околина го има искроено за тебе. Се додека водите борба со замислен непријател, нема да успеете, целта е да ги видите работите низ јасен видик. Целта е да ја промените перспективата кон работите. Не си создавајте товар кој тежнее на вашиот грб. На никој не треба ништо да докажете, на никој не треба отчет да му дадете. Бидете си во интимна врска со себе си, кога сте анксиозни го губите контактот со реалноста. А реалноста е проекција на вашата творба.
Има излез од овие состојби на депресија, анксиозност, панични напади, страв, итн. Излезот нема да го најдете бегајќи од стравот, туку директно кога ќе решите да се соочите со него. Едноставно да оставите да почувствувате се што стравот носи.. срцебиење, "мислам ќе се онесвестам" фази, тресење, итн. Незгодно и непријатно е тоа, но е единствен излез. Се друго за жал е бегање од чувства. И запамтете дека не постојат "лоши" и "добри" чувства. Вие, т.е. вашиот ум и вашите НАУЧЕНИ уверувања ги даваат овие етикети. А вистината е дека чувствата се само тоа- чувства кои поминуваат за минути. проблемот е кога почнуваме да се обидуваме да контролираме што сакаме а што не сакаме да искусиме од нив. Од оваа гледна точка мислам дека не постои поголем подарок од анксиозноста на овој свет. Момент на будење духовно буквално... Со лесно на сите и.... не се осеќајте вознемирено затоа што се осеќате вознемирено
Да не беше анксиозноста, немаше да променам ни 10% од погрешните постапки во животот. Се водев со реченицата ќути има и полошо. Всушност немаше полошо од моето молчење и трпеливост. Изгубив 7 години од животот, лутав, го живеев живот инстиктивно и апатично. Минатата година, направив енормни промени, што некој и за 50 години не ги искусил. И слободно можам да кажам, дека тоа беше најтурбулентниот период од цел мој живот и никогаш не сум се почуствувала толку слободно и живо. Како цел живот со окови да талкав. Окови врежани од родителите и општеството. Промени луѓенца, промени... Верувајте дека можете да живеете живот каков што сте посакувале, не е ниту тајна ниту филозофија.
Мене многу ми помага вежбањето кога имам главоболки...а имам често и во најголем дел од случаите после тренинг ми поминуваат.Убаво е да имаш физичка активност после цел ден седење и работа. Секако и спиење и многу течности, како што спомна членката погоре.
Треба да се издржат и не толку добрите денови ако знае човек дека ќе следуваат поубави. Сакам да кажам, полесно е да се издржи чекањето, на пример, ако знае човек колку ќе чека и ако знае дека чекањето ќе се исплати. Или работата, или трудот. Мораме да вложиме нешто за да добиеме. Кон целта неретко води и потешкиот пат. На тоа мислев, а не на самоуништување. Во никој случај.
Тоа никој не може да ти го каже. Тоа зависи од тебе. Уште од старт ако тргнуваш со такви мисли, нормално дека дека да. Зошто мислиш дека би била повторно во депресија. Ново работно место, нов почеток, нови хоризонти, нови пријателства, што има поубаво од тоа?!
Според мене, работното место (без разлика дали зборуваме за старо или ново) може и тоа како да поттикне анксиозност и депресија. Ако станува збор за нова работа, промената на средината и рутината може да биде тригерот. Во овој случај јас би се стрпила некое време, голема е веројатноста дека ќе се приспособиш. Ако станува збор за старото работно место, значи дека не е вистинското место за тебе и треба да се побара нешто друго.
Зошто и во нормални граници ствара анксиозност о депресии.Според повеќе истражувања идеално било 1.9.Не се мисли дека е тоа за сите исто,но се има земено според истражувања кај повеќе луѓе.