Анксиозност

Дискусија во 'Психологија' започната од dunja, 12 јануари 2010.

  1. LUNA123

    LUNA123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Здраво..еве пак...навистина подобро се чувствувам кога ете ке го споделам со некого сето тоа што го чувствувам....и фала на сите за поддршката и за коментарите што ми ги пишувате за на човек да му е полесно во овие моменти....И би му препорачала на секого штом еднаш осети дека нешто не е во ред и се соочува со некоја нова состојба како паника или вознемиреност веднаш да презема мерки,а не како мене да чека и да крие ,и еве се направија веќе 3 години,и само малку е подобрена цела работа.Тоа ќе се бориме...Бидете ми поздравени.. :)
     
  2. kadricka

    kadricka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    здраво девојки дали ке сака некоја од вас да ми ја прати книгата panic away бидејки би сакала да ја процитам усте еднас ви благодарам однапред
     
  3. A.d.e.l.a

    A.d.e.l.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    98
    девојки дали од анкс на некоја од вас и се има повракано и стомак да ја боли ? зелудникот ме искина па да прашам да не случајно на психичка база ми е ?
    поздрав
     
  4. Cielo5

    Cielo5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    98
    Јас на почетокот првата година се убивав од повраќање, ослабнав ептен бидејќи секој ден повраќав и стомак ме болеше ептен, испитав и хеликобактер пилори, и со каша на желудник снимање и ренген и што ли уште не немаше ништо така да можно да ти е на психичка база или да имаш некое стомачно вирусче.
    И мене веќе месец ипол ме боли стомакот од десна страна се се испитав викаат дека е најверојатно хронично слепо црево или не знамат точно и мора да се тера не се секирај ќе помине.
     
  5. SanjaBucka

    SanjaBucka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    460
    Само да Ве поздравам, Дами, како сте ми? :) Јас сум одлично, скитарам по малку и се здобивам со нов псевдоним "бескуќник" ]:) ....
    Аделче, да , и мене ми беше така , и јас испитав се' па на крај немав ништо, што значи уживај, ќе помине ;) ...
    Убава вечер Дами мои, Ве гушкам и бакнувам!
    И не заборавајте, смејте се, животот е убав кога има личности на кои со насмевка помислуваш! :)

    Секое добро .... :)
     
    На ZoLaRisK му/ѝ се допаѓа ова.
  6. zagrizena123

    zagrizena123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    4
    Здраво девојки како сте ми?Веке недела време чувствувам некое гушење кај грлото и како лупаше на срцето а не сум ни сигурна дали е лупање,но ете ме гушти само на секунда и како срцето да ми застанува на една секунда незнам но исплашена сум многу .Инаку бев на лекар ми правеа екг дури двапати и немаше ништо.Докторката рече дека е од нервоза стрес цигари не физичка активност и дека
    ке помине.Но мене сега не ми е јасно дали е можно од анксот вака да си замислувам бидејќи кога ке кажам на некој сите ми велат тоа ти е од главата премногу си оптеретена нешто да не ти биде.И пред едно 6 месеци ми се слчи истото траесе извесно време и ми помина и сега пак,но многу ме вознемирува.Дали некој од вас го има тоа почувствувано барем да ми олесни да слуснам дека и на
    некој друг му се слѕчувало така и дека поминало.... :( инаку долго време и јас имам проблеми со анксиозноста веке мозе 2 години многу работи надминав но постојано нешто ново ми излегува... :(и многу се плашам да не сум болна од нешто да немам проблеми с срцето и ред други работи и болести помооооошшшшшш!!!! :(
     
  7. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.105
    Оооох.. ништо не ти е загрижена мила, јас веќе 4 месеци имам проблеми на нервна база, вака ме гуши, значи ме стега грлото, некогаш неможам да голтам, ми чука срцето, мислам дека во хранопроводникот ми е, се е тоа на нервна база, јас бев на сто различни оториноларинголози и сите истото ми го кажаа, ме гледаа со сто и едно чудо и ништо немаме, екг напраив над 10 пати, бев на ехо срцето ми го гледаа, здрава права, а пак ме гуше и ми трне јазик и се, и завршив со дијагноза анксиозност... Немој да се секираш, јас како тебе ги имам тие симптоми, не си сама, сите тука на почеток ги имале тие симптоми, јас сеуште ги имам, но не им обрнувам внимание многу, језиво е и не се трпи много, но што можеме, ако се жалиме и плачиме повеќе ќе не напаѓа... смири се, и сега знаиш не си сама, нема да те загуши, нема ништо да ти биде, јас 4 месеци, значи секој ден, апсолутно секој ден ме гребе, стега грлото, ме гуше јазик троне, срце чука мислам ќе ми излезе, уште сум жива, и здрава, а исто и ти си.

    Мене еве сега ме мава некоја депресија, имам за учење, учам, но последниве неколку дена нешто ич не сум расположена, не е од времево знам, до мене е, еве ме стега пак јазик, нонстоп имам нагон за повраќање, пијам реглан зашто гадно ми е, и тоа е, се надевам ќе помини, зашто за некој ден одам за Скопје.
    Ве сакам многу знаете, останете ми поздравени, и насмеани секогаш, како шо напишала нашето Буце
    :inlove:
     
  8. A.d.e.l.a

    A.d.e.l.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    98
    веке ми е срам да одам на лекар упм. неможам да дишам и кога земам воздух ме боли грбот . нон стоп ми се спие навистина незнам што ми е . во лежечка положба ок ми е ама кога ке станам ... ;( ;( ;( ;( ;( ;(
     
    На zagrizena123 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ada21

    ada21 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2011
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    5.351
    Пол:
    Женски
    ох,сите со истите проблеми...јас деновиве сум супер нема ништо од анксиозноста ...но на моменти ме фаќа страв сега за недела дена почнуваме со факс и јас паника сум цела предавања станување рано учење и се плашам како ќе се справам пак со тоа ..лани цело година бев претворена во страв да не ми се слоши на факс и вакви глупости..се надевам нема да е така и нема да ми се врати пак тој страв ...ма и да се врати ќе го игнорирам па не е посилен од мене ;)
    поздрав до сите и пак ќе ви се заблагодарам,поради вас се чуствувам подобро некако ми олесни што споделив со вас што ми се случува :*

    јас решението за тоа си го најдов во чајот од камилица ...пробај ќе видиш дека делува...а исто така со спиењето колку повеќе лежиш толку повеќе ти се спие ...прај нешто најди си некоја занимација подобро ќе ти е...се надевам ќе ти помогне мојот совет :) поздрав4е
     
  10. ada21

    ada21 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2011
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    5.351
    Пол:
    Женски

    јас решението за тоа си го најдов во чајот од камилица ...пробај ќе видиш дека делува...а исто така со спиењето колку повеќе лежиш толку повеќе ти се спие ...прај нешто најди си некоја занимација подобро ќе ти е...се надевам ќе ти помогне мојот совет :) поздрав4е
     
  11. SanjaBucka

    SanjaBucka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    460
    Да Ви кажам еден виц за добро утро ....

    Зошто Оља не сака да стане докторка?...Затоа што на вратата ќе и пишува „Д-Р ОЉА­­"

    Аеее сега фала многу, пријатно! :D
     
    На dunja, zagrizena123, danika и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. danika

    danika Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    136
    Пол:
    Женски
    И јас да се пожалам оваа недела не ми е баш добро :( желудникот ми е како стегнат неможам убаво да јадам,ми се гади,притисокот ми падна оваа недела па можеби од тоа и ми се лоши...ама наутро ми е најтешко,се будам како програмирана во 6 или 6и30 наутро со некое неубаво чувство,потоа неможам повторно да заспијам, и така се излежавам до некаде 8 часот па станувам.Цел ден се чувствувам како отепана од што немам убаво отспано вечерта и некако немам и енергија. Во мозокот ми е хаос,се замарам со триста работи,па осеќам и болки во желудникот што сигурна сум е на психичка база,ја проверив и крвната слика се ми е во ред(ја немав прегледано повеќе време па си реков ајде да направам една контрола на крвта).На моменти сум ок,добро ми е и одеднаш ме напаѓаат негативни мисли и страв, но не се жалам повеќе на никого,гледам самата да се подсмирам и да го продолжам денот.
    Поздрав до сите вас драги мои ве гушкаааам,и навистина делува оваа групна терапија што ја имаме на форумов,да си дадеме поддршка едни на други. :inlove:
     
  13. SanjaBucka

    SanjaBucka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    460
    Даника, уживај, сите поминувавме низ истото, некои сеуште .. ништо страшно :) .. Ехеее да знаеш колку непроспани ноќи имав, будења како програмирана и нагони за повраќање без апетит .. дури се исплашив дека можеби ќе симнам некое кило :rofl: , а тоа не смеев да си го дозволам, ќе изгубев од квалитетот :D ... Како што кажував и предходно, остави, нека мине низ тебе, кога се будиш, стани , не се излежувај, полошо е, ќе ти се приспие покасно, па ќе си дремнеш малку и излегувај почесто колку и да не ти се излегува, друштвото многу помага во вакви ситуации .. Ќе бидеш добро, знам :) ...

    Убав ден драги мои, Ве гушкам и бакнувам!!! :) И секако, смејте се ... :)
     
    На danika и dunja им се допаѓа ова.
  14. zagrizena123

    zagrizena123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    4
    Доброо значи да не се секирам многу ќе ми помине,а и денеска бев на лекар на секаков и тоа и ми рекоа тоа што и ти анушка НЕСТЛЕ и се ми е во ред.Офффф се надевам веќе ќе помине сето ова ејјј
    измачува многу.А што велите за чајот да камилицата и мене многу ми помага ама и кантарион ама берен да биде подобро,пробајте мене ми помага навечер да можам да заспијам.Мило ми е што има со
    кого да разговарам овде бидејќи сите сме со овој проблем.Мене моите пријатели не можат да ме
    разберат како можело такво нешто да ми се случува.ПОзззз до сите .....
     
  15. nanadu

    nanadu Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    Прочитав се...
    И се пронајдов во многу зборови,реченици,ситуации...
    И сфатив што ме мачи мене веќе подолго време...
    Анксиозност-колку страшно звучи...
    Се мачам веќе две години и никако да си признаам себеси и на другите дека јас имам проблем...Две години,откако ми се случи најголемата трагедија во животот...Откако ја изгубив мајка ми,и тоа на многу трагичен начин,откако си го одзеде животот...Ми се сврте светот наопаку...Долго време бев лута,се правев храбра пред другите,ама затоа после извесно време се` дојде на наплата...Сега има моменти кога мислам дека на моите најблиски ќе им се случи нешто многу лошо,секое разболување на децата го сфакам како крај на светот,се будам на сред ноќ и проверувам дали сите дишат и дали се живи...
    Не сум побарала помош од никого...Сеуште мислам дека можам се`...
    До кога???
     
  16. mila23

    mila23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2010
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    31
    Од сите симптоми на анкс,сеуште највеќе се борам со чести главоболки.дури на моменти помислувам дека ми се од нешто друго.правев ЕЕГ на главата и добро беше освен намален серотонин.имате ли вие главоболки,ама чудни како некој обрач кај слепоочниците да ме стиска? :(
     
  17. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.360
    Како прво прими големо сочуство. Знам колку е тешко кога некој близок заврши на таков начин. Само не мораш сама да го трпиш ова што ти се случува, и не значи дека мораш да трпиш за да докажеш дека можеш. Не мораш да бидеш силна пред светот.Тоа е голема трагедија која си ја поминала, жалење, лутина и гнев, две години не е долг период да го пребродиш и преболиш, но е долг период да чувствуваш ваква анксиозност за да оставиш само на себе. За себе, и за дечињата, оти сигурно те осеќаат и тие, побарај помош. Ќе видиш кога ќе се смириш од ова, и сама ќе забележиш многу голема разлика, генерално во однесување, не само како ти е во душата.
     
  18. Maximus

    Maximus Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Добровечер! :)

    Дали анксиозноста може да направи вртоглавицата да трае цели два дена. И дали ви се случило кога се движите, да се чувствувате занесено, иако не е напад на вртоглавица?
     
  19. Cielo5

    Cielo5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    98
    *Maximus можеш за жал да чувствувашп и тоа не цели 2 дена туку мн подолго (јас секојдневно цели 6 години имамвртоглавици се будам и легнувам со вртоглавица). Тоа е симптом на анксиозноста и пробај да се контролираш и да ја средиш вртоглавицата со позитивна мисал за да не те мачи подолго. Исто и занесувањето кога одиш е дел од тоа и мене ми с еслучува мн често а и кога лежам да осеќам дека тонам, се е од анксиозноста пробај да се средиш со мислата и да не дозволиш д ате надвладее анксиозноста. Поздрав
    *Девојки мои најмили па како сте ми вие се надевам дека сите сте супер добро, расположени и немате анкс симптоми. Јас сум Ок, не ми се врти мн мн јако периодов иако вртоглавиците се константни малку им е намален интензитетот но мешето ме мачи пак ме боли ама ај верувам јас дека ќе помине :)
    Ве гушкам силно силно <3
     
  20. SanjaBucka

    SanjaBucka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    460
    Мила23, јас долго време го имав тој обрач, и не само еег, туку и компјутер направив, ама се' беше ок, ова глупавава чума прави такви чувства и симптоми .. Не се секирај, ќе помине, кај мене помина , но мораш да се предадеш на симптомите, да го олабавиш телото и умот и да се опуштиш , секако и многу да се дружиш со позитивни луѓе, дур да трепнеш, ќе исчезне .. :) Не се грижи, како и другите, така е и ова пропратено со ред глупости од симтоми .. Убава вечер ... :)