Незнам ако е 1 на 100000 , инаку за фигт ор флигхт до кај што имам копано е проблем шејкерот поготово рафинираниот , јас немам долго време паничен напад 6-7 месеци а имам и експериментирано алкохоли , цигари , кафина се и сешто немам гајле сега само остана едно зуење во мојата глава и то е то . инаку растителна храна и тој стереотип го применувам , без млеко без јајца без ништо фулл веганизам . И вежбање и то , а инаку како би го држела здрав умот ако немаш балансирана биохемија претешко е и нема да функционира . Прво средете си ја бихоемијата па после доаѓа умот
@Anxiety, ако се чувствуваш супер така, терај си. Инаку внимавај со веганството, се надевам дека земаш б12 суплемент. Многу е важен за правилно функционирање на нервниот систем, а се добива само преку исхрана од животинско потекло. Кога веќе спомна биохемија... Но тоа е веќе друга тема. Инаку, како што се наближува пролетта и јас се чувствувам подобро. Секогаш ми е најлошо во текот на зимата, верувам дека недостатокот на дневна светлина и сонце си го прави своето Како и да е, ја истуркав некако зимава и се радувам што доаѓаат поведри денови
Кога сама би ги читала сопствените постови, под претпоставка да се напишани од друго лице, каква слика би формирала за таа особа според тоа што ќе го прочиташ? Нималку позитивна, без грам оптимизам и без волја да си помогне себеси, така? Многу луѓе би биле среќни да имаат работа. Мора повеќе да поработиш на својата Анксиозност . Читај туѓи искуства кои се покажале делотворни, разменувај мислења со тие што минуваат или минале низ истото, се надевам дека имаш и во реалноста кому да се довериш и да те ислуша и посоветува. Не смееш да ја изгубиш желбата за подобро утре. На ова гледај како искуство што ќе те направи посилна. Разгали се, купувај си работи за кои порано си се воздржувала, дотерај се, сама себе да си бидеш допадлива, така и ќе се чувстваш поубаво. Никако не смееме да се запуштиме и дигнеме раце од себе, никогаш.
@Џасмин јас кога имав најголрма анксиозност и напади на паника многу повраќав. Така да не се плаши од тоа што одиш многу во вц. Е сега, велиш си имала големи стресови кои се средиле. Анксот и нападите на паника се појавуваат откако ќе се олабавиш. Додека си под стрес серотонинот се троши во мозокот и кога ќе се олабавиш тој недостаток предизвикува напад на паника. Ако не сакаш терапии од психијатар, пробај со Персен апчиња на природна база се. Не се даваат на рецепт. Ќе те смири ќе те олабави. Има и едни од Алкалоид Лунерба се викаат.
Дали е нормално да плачам секој ден? Од времево ме стега главата и, ко, обрач ми се прај морам насекое да се исплачам и да се напијам Лорсилан.
Во последно за среќа ми се намалија нападите, ама многу често почнав да добивам тахикардии. Кафе не пијам, не сум ни под некој голем стрес во последно. Може ли да е последица на анксот? Пред некој ден две тахикардии едно по друго добив во размак од 5-6 секунди, многу се исплашив.
Дечки да ве прашам нешто. Анксиозноста се јавува како напад повремено, минута, пола саат,саат...или може да трае подолго? Еве на пример јас имам проблеми со прескоци, по стотици во денот, на лекар вика срце здраво. Малку да се изнервирам или возбудам уште толку добивам. Цел ден сум како без енергија како да очекувам нешто лошо да се случи и цело време умот во прескоците. Затоа прашувам дали анксиозноста може да дава вакви симптоми на долг период или да си барам чаре на друго место ☺️
Прашањево едно 15 пати го имаш поставено и мислам дека секој жив од форумов ти имаме дадено мислење. Ама ти очигледно како да не сакаш никој да послушаш, туку само така ти е битно да си прашаш и да ти олесни... Еве последен пат ќе пишам: Девојче, се е нормално. Побарај си друго мислење од друг психијатар и соодветна терапија, оди на психотерапија, гледаш дека година ипол ти трае агонијава!
Имаш тироидна испитано? Мене ме пушти матичната за тсх да проверам за прескоците, треба да закажам и за ехо и антитела. На висока граница ми е мене. Последниве месеци 4 екг имам направено, само на едно имаше мали екстрасистоли, на другите само тахикардија од паника од прегледот. А инаку јас и психички си ги предизвикувам некогаш прескоците, таман ќе помислам неколку дена сум немала и ќе почнам да очекувам и ќе се случи. Нема погрдо чувство дефинитивно од сите симптоми на анксиозноста.
Кај секого се јавуваат прескокнувања. Не е ништо сериозно, доколку се случуваат повремено. Бидејќи кај тебе тоа е често, добро си постапил што си пошол на лекар и ете рекле се е во ред. Според тоа најверојатно е анксиозност. Се е психа, не се оптеретувај толку. Земи си Б6 витамин. Помалку кафе, повеќе вода. Храни се здраво, биди поактивен и наспиј се доволно. Вежби за дишење исто така помагаат. Кај мене и после 5-6 години уште се јавуваат симптоми на анксиозноста, во поблага форма, со таа разлика што сега не ме спречуваат да функционирам секојдневно. Не се менува ништо преку ноќ, ама не дозволувај да стигне до некој понапреден степен.
Девојки, дечки. Од денес повеќе не се вклучувам на фемина. Решив да работам повторно на мојот живот Ви благодарам за вашите совети и позитивна енергија! Не дека ми е лесно во моментов, напротив, тешко ми е. Ќе одам пак кај мојата психијатарка, ќе побара помош од психолог и ред др работи. Се читаме со мојата позитивна сторија која ќе ви, ја раскажам за брзо. Ве сакам сите
Анксиозност....долги години и никако да престане. Можеби 18 и повеќе години. Кај мене проблемот е работното место. Постојано во комуникација со луѓе, проблеми, расправии се тоа ми создава стрес. Засега нема можност да го сменам а ни да го напуштам, зашто финснсиски нема да опстојам. Што да се прави. Однапред замислувам како и што ќе биде, и тоа ме преокупира по цели денови и викенди.Луѓе јас не живеам, постојано мислам што и како ќе биде и често се случува така како што предвидувам. На проблемите на работа им придавам големо значење, како тие да се најважни и постојано и дома ги мислам и се оптететувам. Постојано сум на терапија и пак не бива. Чести глабоболки и болки во желудник. Дири и семејството го запоставувам од мисли за работа. Има ли некој слично искуство
Јас не сум била на доктор, како помала одев кај психолог, но не добив "дијагноза" анксиозност или друго. Многу работи ми се случуваат и мислам дека е анксиозност , но го игнорирам .. Често се случува да сум исплашена, без посебна причина. Често ми се случува да тешко дишам, како да имам грутка во грло. Исто така кога сум некаде излезена, во друшто се чувствувам како да не сум присутна таму, се слушам и гледам, зборувам, но како во сон, дежа ву, не знам како да објаснам.. Премногу често ме фаќаат паники за дома, бидејќи сум многу приврзана за моите, така ме научиле, така ме чувале иако имам 25 и пример кога не сум со нив неколку дена паника ме фаќа. Викендов бев со дечко ми во друг град, а мене паметот ми беше дома, да не се случи нешто, не можев да се опуштам од црни мисли.. Премногу често ме пукаат страшни нервози без некаква посебна причина, за ситница знам да полудам од нервоза.. И да не должам многу, вака отприлика сум последниве две години... Што би ми кажале вие?
Има со искуство како твоето... Не ни знам како издржав да не дадам отказ во "најтешките" моменти. Нејсе, дали си размислувала што е тоа што навистина те плаши? Зошто имаш потреба да знаеш "што ќе биде и како ќе биде"? Размислувај малку подлабоко, и немој да бидеш уплашена затоа што си уплашена. Има излез од ова, само што излезот не е онаков каков што повеќето го имаат замислено, као од утре си хепи и безгрижна 24/7 весела. Тоа е таков еден гаден товар и притисок на денешницава и не е нималку блиску како идеја до Спознавањето и излезот од едно во друго ниво на свеста.
Истово како јас да сум го пишала. А и не сме само ние, многу луѓе се соочуваат со стрес ама никој не му придава значење. Мене работата ми е стресна и ми ствара премногу напнатост. Динамична работа е. Секогаш мислам дека "најлошото" ќе се случи, иако што е најлошо не можам да си објаснам. На крај се испаѓа во најдобар ред и си викам самата на себе "ете гледаш не болеше". Ама после со нареден предизвик го искусувам истото, параноични мисли, дека нема да направам нешто како што треба, дека ќе избие некој проблем, дека грешка ќе направам. Понекогаш си мислам дека не сум зрела да се носам со толкава одговорност. Не сум на терапија, не го доживувам тоа толку ригорозно, не е до степен да го запоставам остатокот од животот, ама сепак ме вознемирува, како да ме демне. А особено имам немир недела навечер, веќе сум се навикнала дека е викенд и ме мачи помислата дека утре е понеделник. Имав можност да ја сменам работава, ама за дупло пониска плата и тоа ме спречи, сепак финансии се пресудни, а и плус тоа си ја сакам работата и тогаш кога се се одвива мирно се осеќам ентузијастички и сум продуктивна. Ти предлагам секогаш кога ќе те мачи стрес, да мислиш што е најлошо што може да се случи? Ако ги разбираме последиците, и негативни да се, можеме да се носиме со истите. Тоа не става во позиција на контрола. Јас си правам вежби понекогаш си размислувам дека сум пилот и во момент на летање се дешава нешто со авионот или замисли дека си доктор хирург и треба да оперираш пациент што животот му зависи од операцијата. После го споредувам моево со нивното и сфаќам дека моево е уствари мачкина кашлица. Споредбата има ефект освен ако не си стварно од професиите што ги спомнав погоре, во тој случај размислувањето поголеми бедови ќе ти створи. Исто, многу ми помага да замислам од перспектива како на некој друг тоа да му случува и многу поедноставно ми изгледа така него ли што го доживувам.
Истото ми се случуваше само порано со поголем интензитет,сега само кога ми се случува нешто некој стрес моментален и сл.Јас мислам дека многу ми помогна тоа што многу работи променав во животот тој период.Дури се решив прв шат да патувам со авион во друга земја,бев што повеќе во друштво,и се повеќе спорт и музика.Но мислам по мене дека најважно е да си секогаш со Божја мисла.Еве во моментот сум во таков период но верувам во бога и знам дека тој нема да дозволи да се случи нешто лошо....Тоа е од мое лично искуство се надевам дека нешто од ова ќе ти помогне....Единствено морас да ги менуваш негативнитр мисло кога ќе ти дојдат на ум,одма внесуваш нешто ново и позитивно.Се најдобро
Ти благодарам.. Ке пробам, се надевам ке биде подобро. Кога имам страв од нешто знам дека не е реално и дека нема да се случи, ама и покрај тоа сум под стрес и сум нерасположена.. Не знам дали да одам на психијатар.. Но ке пробам сама да се справам..
Ја нема денеска анксиозноста да се јави. Сфаќам колку ми е важна поддршката од најсаканите, сонцето што сјае надвор ми дава мотив за насмевка и во мене има куп позитивни емоции. Имам некаква надеж дека можам засекогаш да ја победам оваа состојба, и ќе биде така. Ќе уживам во животот секој ден, баш вака како што уживам денеска.
Od nekni nesto me pece jazikot i pocetokot na usnata suplina.. ne obrnav vnimanie.. smosti gledam kako crvenilo vnatere i drugarkata mi vike moze da e alergija.. si napraviv tezok film.. i anks me mava dva dena. Mislam deka ke me fati nekoj napad na alervjja da se zagusam... si napraviv so soda bikarbona rasplaknuvanne duri i loratadin se napiv.. sabajle mis nemav ama pecenjeto nema prestanato i tolky mi e strav...