Kolky i da sakas da ne mislis.. sedis doma se uklucavas na net i samo crni scenarijaa???si vikam dali ova ina kraj ili site ke ispoumreme i od korona i od glad??
Грутка во грло ми стои ,што ми се случува ќе го преживеам ли ова на моменти сум ок и наеднаш грло ќе ме загребе ќе се накашлам и одма гушење ...фацата да ми ја видите како сите бродови да ми потонале ми се плаче цело време глава дури ме заболе од што се воздржувам среќа форумов па ќе пишам имам со кого да споделам многу ми е тешко
Извини не те разбрав немаш другарка дечко или тешко ти е без нив дека сега сите се по дома ? Јас живеам со сопругот сами...немаме деца подолго време . Кога ги гледам сите со слики видеа по дома со децата тоа ме растажува дополнително
Немам дечко. Другарките кој се со дечковците, кој дома во Битола. Јас сум со едниот родител СК, а другиот ми е во Бт. Во брак се инаку, ама мораше едниот да дојди овде поради здравствени проблеми. И сега со коронава ни угоре ни удолу. Ни да си бегаме за Бт ни да седиме СК.. Со другарки слабо се слушам.
Мене градите ме стегаат цела недела. Како да ми скока дијафрагмата осеќам навечер. Не знам дали од стегната што сум, напната константно. Како под ребра чувствувам болка, особено лево. Почнаа и екстрасистолите пак. Многу многу лошо делува ситуацијата на нас. Знам дека кај сите, и кај тие што не се со анкс, ама за анксиозните неизвесноста е најужасното чувство. И лошите сценарија во глава. @GirlLove зошто не дојдите во Битола ако сте во можност, барем заедно ќе сте дома сите. Секако од дома работиш. Со другарките договори кафе на скајп, јас со колешка така се гледам. Има начин, олесни си ја ситуацијата барем малку дури е вака.
Ајде, старо друштво, ме примате ли назад Демек бев подобра, сега со ситуацијава ми се врати и хипохондријата и анксиозноста и компулсиите. Да појаснам, не ме загрижува толку самиот вирус туку стравот што владее насекаде околу мене. Колку и да сакам, колку и да се трудам, не можам да се расположам, кога сите околу мене гледам дека се испаничени, исплашени како да дошло крај на свет. А не е крај на свет, знам дека не е и ќе помине. Прашањето е што до тогаш?
Мислам на сите ни се врати се. Одамна немав физички симптоми, деновиве уште што немам температура качено. Шала на страна, ми се чини многу долго ќе трае ова, не знам што ќе правиме. Јас и од вирусот се плашам.
@kristina.k Јас од вирусот не толку, следам статистики, и гледам дека не е толку страшно како што ни го прикажуваат. Мислам дека паникава е позаразна од вирусот. Пазејќи си го физичкото здравје, забораваме на менталната состојба. И откако ќе помине сево ова (кога и да е, се надевам побрзо), мислам дека напнатоста во која што живееме сега нема да биде без последици.
@prominent периодот после голем стрес ми е уште потежок мене, неколку пати ми се потврдило тоа. Тогаш се јавуваат паничните напади најчесто. Ќе има последици секако, само нека поминува, ќе се опоравиме пак некако се надевам.
Немојте да гледате и читате вести за короната! И не пишувајте, читајте и мислете по цел ден на темава. Правете нешто што ви причинува задоволство... дури и не мора да ви причинува задоволство, доволно е само да ве направи да ви се оттргнат мислите од го*нава што ни се случуваат. Се' е во ред. Најстрашен е стравот, ама е само дистракција... не вистина.
Искрено, ни гледам, па ни читам вести за Корона. Едноставно, ко одделена сум. Ставам маска, одам до продавница, шеткам и назад. Е сега, во врска со одењето Бт, ми е страв, како ќе патувам со бус.... Сепак автобус е, комбе, група на луѓе. Сето е ризик. Плус студи. Па после ако треба пак да се враќам во СК, куќата празна треба да биде. Нешто за концентрација кажете? Улајца ме фаќа, нерва.
Ако не пиеш терапија, неуро форте на health aid се многу добри. Ги пиев пред да почнам со АД, не знам дали смее заедно. За концентрација, за мозок, за нерви се. Со гинко, магнезиум, б витамини и уште нешто имаше во состав. За автобусот во право си и мене би ми било страв, ако решите да патувате опремете се со маски, ракавици, гелови и држете растојание со други патници.
И јас денес ако не пишам овде ми се чини ќе полудам....одкако настана целата ситуација со седењето дома секој ден ми е се потежок од предходниот.Сите планови ми пропаднаа,мотивација 0.Немам страв и паника од вируст меѓутоа поради тоа што сум принудена да сум постојано дома се сетив на сите ужасни случки со кои сум се борела со месеци за да ги надминам низ животот и си ги преиспитав 1000000 пати сите некогаш направени грешки.Влегувам во филм и си правам сценарија дека луѓето и пријателите кои ме познаваат ме оговараат,дека зборуваат секакви одвратни работи за мене иако не се вистина, (бидеејќи вистината е дека сите грешки кои сум ги направила се автодеструктивни о не вклучуваат никој друг а сум ги направила затоа што сум се изморила од тоа постојано да требабидам "совршена" за ова општество) и не можам да се исконтролирам а да не се чувствувам бедно. Порано во тешки периоди како овој свежиот воздух и работните ангажмани ми помагаа да се изборам и вратам во "нормала" меѓуто поради ситуацијата морам да пишам овде за да си олеснам барем малку бидеејќи најлошото од се е што сум опкружена целиот живот со површни и плитки луѓе кои едноставно не функционираат и немаат капацитет за емпатија или совет.
Здр.јас имав тежок период порано пред 5 год.со малиот син по болници,татко ми од Паркинсова болест беше болен и почина,и по него мн.се измачивме сите но најмногу мајка ми.И ете поминаа сите негативни работи...карка имам 13 син 9,златни умни паметни деца, маж прекрасен работа убава,но после сиот минат стресен период мене мн.ми се рефлектира од кога помина се...пиев и АД,и ендокринолози поминав и кожен доктор неуро дерматит имам лом ми беше грбот горе над плеќиве,и треперења по цело тело,на Психијатар бев и на Невролог исто,еег на глава правев,и на лева рака исто зашто чуствував како тремор од нае јако слабост,и ок беше се...се плашев да не е паркинс ко татко ми,ми беше уште шотешко ако нешто ми биде децава кој ќе ми ги гледа...лудило ме фаќаше...сеа брзо правев магнет на лумбален дел со кичма и со хернија имам и воспаленије на десен мискул,болки мн.имав и ми забранија вежбање бидејки одев а не сум смеела а тос ми даваше елан.И еве сеа сум дома моментално ослободена поради мерката од Владата за седење со помало дете.Имаат домашно од нсставници се занимавсм со нив,готвам но....ми се појавија физичкиве симтоми...пск тахикардии пал треперење посебно на левата страна од екстремитетот горе рака и чуство ко на моменти дека нешто ќе ми се случи.Ми се гладаат на кожа како ми играат нервите на одредени делови понекогаш ко мускул да рипка...и така живеам.И јас се плашам мн.од болести
Ништо не научивме од италјанците искочени на балкони со музика во овие денови.Ние обратно допуштивме ситуацијата да не згази не утепа еве 10 дена под притисок сега почнаа аритмии прекинав да читам фб само бетер ме буткаа лоши вести. Пуштив на тв да врти само музика ќе бидеме добро МОРАМЕ си купив диазепамче 2ка доволно е ако му е тешко на некој нека пише ќе ви олесни
Сум на терапија, но денес не излегов од дома и почна, грутка, душа ме боли, разни мисли.... Дали и вас ви е вака? Мене особено ко ќе врни ми е така.