1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Анксиозност

Дискусија во 'Психологија' започната од dunja, 12 јануари 2010.

  1. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.014
    Допаѓања:
    4.712
    Пол:
    Женски
    Има ли некој искуство со Пароксетин, ми препишаа 1/2 од 20мг, испив прв ден ми беше многу неубаво од нив, како да ми беше преоптеретен мозокот, како кога учиш многу или многу читаш и кога ке ти се смачи кога веќе мозокот не може да прими информации, некако бев отсутна, зашеметена,имав главоболка, гадење, втората ден испив 1/4, за нијанса подобро, бев отапена, ама мозокот како успорен, не мислиш ништо, тешко ти е да мислиш, гадење, без апетит, си реков ваљда уште не сум з апчиња штом не ми ги трпи организмот и прекинав. После 2 дена добив толку јак паничен напад, ужас. Почнав да пијам дијазепам од 2 мг насабајле и маг со б6 навечер и валериана веќе цела недела, намалив социјални мрежи ама пак не се чуствувам добро, од ден на ден се преиспитувам, настината сум, симптоми на корона си наоѓам а ризичен контакт не сум имала, работам од дома, моите дома се добри, имам синче 2 год и тој ми единствената светла точка, си зборам сама со себе дека сите симптоми ми се од анксиозноста и таман ке се унжбедам ке ме фркне а што ако не се, само вие може да ме разберете, тешко е ова да го свати некој што не го искусил.Незнам што е попаметно, дали д ги почнам тија пароксртин и да бидам поупорна,можда треба време да ги навикнам, дијазапамот ми е ок ама и со него знам да да фантазирам превише, а со пароксетинот сум како зомби. Сакам да се изборам со ова, сакам 2 дете, несакам да се навлечам на лекови, а од друга страна од оволку стрес се плашам да не се разболам. Ве гушкам сите, да бидеме силни!
     
    На FreeToGo му/ѝ се допаѓа ова.
  2. jagoda777

    jagoda777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    405
    Пол:
    Женски
    Вие имате барем деца јас и со тоа се борам 7 години :( јас гооодини не сум пиела лекови диазепам во мојов случај ама нонстоп бев со луѓе излезена плус на работа и немав никаков проблем со анкс.ама дешавкава со ова затворени домаа ме упропасти :@се надевам нема да ни остави последици по здравјето овој стрес :worried: еве ќе ви пуштам линк од ова музикава за анск. пробајте па кажете како ќе ви реагира на вас
     
    На greenday, Nellie и Demiii им се допаѓа ова.
  3. Anima mia

    Anima mia Активен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2019
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки.веке 7 години се борам со ова зло и никако да исчезне секоја промена на времето ја осекам.можам да кажам дека форумот многу ми помогна читајки ве .инаку за ситуацијата со короната ве советувам да не паничете јас живеам во италија и тоа во едно од најпогпдените делови .јас мислев дека ке умрам од страв секој ден ми беше лошо и верувајте со помош на вас вашите охрабрувања застанав на нога дури продолжив да работам .поздрав и да се охрабриме ке биде се во ред
     
    На Bunny2, jagoda777 и Demiii им се допаѓа ова.
  4. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.398
    Welcome to the anxious society. Ништо не ти е!!! Немаш проблем со срце и немаш проблем со бели дробови. Диши длабоко од дијафрагма, окупирај го мозокот со нешто друго. Не бегај од симптомите, не се плаши од нив, ќе се интензивираат. Прифати ги и насмевни се. Периодов е тежок за сите, чак и лица кои немаат анксиозност ми се јавуваат со панични напади исплашени, а мене веќе ми е смешно од што сум навикната. Опушти се, размисли дека животот е еден и дека не вреди да се окупираш со глупави симптоми. Најди хоби веднаш, чисти по дома, цртај, урлај, играј, пеј. Само не покажувај страв и негирање кон симптомите. Прифати дека имаш акутен страв и дека се манифестира со такви симптоми. Не ти треба ни валеријана ни ништо, одговорот е во тебе. Не си биди непријател сама на себе.
     
    На Lana Babe, Marti96th и MissChievous им се допаѓа ова.
  5. lolipoppp

    lolipoppp Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2020
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    124
    Лелее го пуштив, немир никако не ми легна на увце :lol::lol::lol:
     
    На jagoda777 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. gogimica

    gogimica Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2010
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    146
    Da i toa kako
     
  7. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.123
    Допаѓања:
    14.361
    Пол:
    Женски
    Месец пијам Velafax 75 XL и сега мислам дадоа замена Zanfexa XR.
    Знам дека е исто, но од различнс фирма.
    Но дали можи да ми се случи нешто?
    Дали некој има вака пиено замена?
     
  8. Maca Macovska

    Maca Macovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски
    Здраво :)
    Секој со својата приказна па и јас со мојата.
    Карактерно за себе мислев дека нема шанса да станам некогаш. Добро се познавав имав одлична контрола над себе но секогаш имав епматија кон тие кои имаа.
    Имам луѓе околу мене со анкс со различни симптоми и често знаеле да ми се јават коа имат паничен напад.
    Пред околу 2 години, од премногу работа изгубив голем број килограми, па блиските околу мене сметаа дека развивам депресија. После разговор со невропсихијатар ми потврди анксиозност (иако тој период пред да одам кај него некако околу мене ми се створи можеби дека сепак имам нешто или анкс или депресија).
    Ми препиша каликста. Почнав да ги пијам по само неколку дена почна да ми се спојува притисокот.
    Ми ги смена со елицеа кои не можев да ги поднесам, за на крај да пијам ладиомил мислам се викаа. Не памтам.
    Почнав, недела две, сакав да ги прекинам затоа што сметав дека имам добра психа. Но не ме оставија.
    Ги пиев месец,месец и пол. Еден ден станав и реков, заврши ова. Немам потреба од лекарства и глупости.
    Знам дека можам да бидам дисциплинирана и да створам повторно контрола врз самата себе.
    И тоа се деси.
    Ги прекинав! Без никаков проблем, без никакви нус појави.
    Реков готово е, и готово беше.
    И тоа си траеше до минатата недела.
    Иако сеа мислам дека е ради цела ситуација со коронова, сакам да ве известам и сите вие што само читате, барате утеха и за сите кои сте активни.
    Кога ве читам сфатив дека не ми е само мене. И некако ми делува мн подобро психички кога читам дека и другите ги имате истите симптоми како и мене.
    Пред неколку дена вежбав, а немам вежбанооо годинии. Се истегнав целата, по два дена пауза вчера пак вежбав.
    Прашајте ме како сум?
    Секој мускул ме боли.
    Најверојатно нешто имам истегато.
    Отежнато дишење, тахикардија, на моменти мислам дека немам циркулација и ќе паднам (инаку си иам спондилоза и си пијам цинедил по потреба).
    Имено и хелекс пијам, редовно, скоро година дена за навечер да спијам.
    Будала човек, сакајќи да воспоставам нормален биоритам да легнувам и станувам рано земав хелекс сеа си напрајв физичка зависност.
    Ако не се напијам не спијам и не се трипам можам и до три вечери така да не змема и само да се вртам.
    Но!
    Решена сум и тоа да го средам, утре во аптека и нешто на природна база, давајте предлози за на природна база што да земам за да го намалам хелексот.
    Друго,
    секоја која има потреба од муабет слободно нека ми пише, со мене само мн малку време ќе разговараме за анкс а повеќе за размена на серии, книги и игри.
    Ако некоја гледа романтика, драма, комедија романса и чита книги комични и мистерии слободно нека пише.
    Па ќе си направиме предизвик, ќе гледам филмови, ќе читаме книги, ќе играме игри и ќе го коментираме тоа. Како која размислува за некој филм или книга.
    Така да на која и се допаѓа идејата бујрум.
    А остнатите, ако мислите дека тешко дишите, забрзано чукање на срце, зашеметеност, немање здив, болка во гради, болка во мускулите, не сте сами.
    <3
     
    На Bojana890, lolipoppp, MissChievous и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Lana Babe

    Lana Babe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2020
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    127
    Пол:
    Женски
    Добро вечер девојки.....нема да огдговорам на некој конретно,само ќе го опишам моето искуство со анкциозноста,може некој ќе се пронајде,утеши,охрабри и сл.Уште на почеток да ви кажам дека текстот ќе биде долг па ако ве мрзи да читате ,прескокнете. :) .Прво да кажам дека кога ми се случи тоа имав 20 години, т.е пред година дена.Во главно се беше резултат на константен стрес 4/5 месеци (проблеми дома со мајка ми,прекинување на 12 годишно пријателство и здравствен проблем кој беше капак на се и најмногу ме ,,уништи,,).Се чував во мене,собирав,се превземав одговорност ја да ги решавам ситуациите,ја размислував со часови што како да биде ,што ќе биде.....преопседнат ми беше мозокот со секакви прашања... се гледав за сите да биде добро да направам баланс...како поминува времето со мајка ми се се среди,оздравев,се беше како порано....но не за долго.Еден ден,бев кај тетка ми дома,паметам дека беше почеток на фебруари ...и така седејќи од нигде никаде почна да ми се тресе левата рака,без причина,ми падна чудно си помислим можеби лошо сум ја држела ама не....како поминуваа деновите,се повеќе нови работи почнав да гледам кај мене,што претходно не сум ги имала.Почнав да заборавам многу ,се чуствував дезоирентирано ,како изгубена,како се да ми е филм некако не реално ,отсутна....почнав да барам на интернет (НАЈГОЛЕМАТА ГРЕШКА ВО ЦЕЛА СИTУАЦИЈА) и сите одговори водеа кон тоа дека тоа е анкциозност.Јас сум слушнала за тоа и порано но никогаш не сум отворила конкретно да видам ,претпоставував дека нешто е како депресија....но не.И кажав на мајка ми ,таа мислеше дека ништо не е пошто секогаш правам од мува слон,како што вика тaa....поминуваат денови,имав несоница ,не спиени ноќи ,баш во тие периоди ослабев 20кг од 60 на 40кг,секоја коска ми се гледаше мускулатура страшно ослабната ,апетит немав никако.Најиритантни беа физичките симптоми посебно треењето на раце неможев да изработам ниедна работа ,треперење на тело,главоболка обавезно секојдневно,пречуствителност,загриженост,замисленост,расеаност ,заборавеност....секој дел од телото немаше а да не ме заболи од ден на ден.Бев кај матичната може едно 10 пати ми даваше витамини магнезиуми ,еден ден ми даде деметрин.Почнав да го пијам ама тоа има моментално дејство ништо посебно не беше добро.Можам да кажам и дека со деметринот ми беше полошо.Многу лошо ми делуваше,слаб пулс,не спиена,не јадена ,мислев дека ќе умрам,не можам да опишам колку прелоши чувства.Никој не знаеше за ситуацијава освен ја и мајка ми,и ден денес никој не знае освен таа ни татко ми ни сестра ми иако они забележаа дека нешто не е во ред со мене.Цело време спиев во дневна ,не сакав ниеден момент да бидам сама ама само мајка ми 24 часа неделно беше до мене,престанав да одам во теретана ,да излегувам со друштво да се грижам за себе да јадам да правам работи што сум ги сакала ,престанав да спремам испити и да се грижам за факултетот ,не дека така ја сакав да биде,меѓутоа од внатре немав никаков елан за живот.Душата ми беше преуморна,премногу падна на мој грб изминатиот период и после тоа последиците ги осеќав долго време.....Мајка ми ме носеше поп да ме исчати ,на бајачки ама едно големо ЏАБЕ беше се тоа....отидов кај матичната по не знам кој пат,но тогаш ми предложи да одам на разговор т.е на психијатар.Кога ја слушнав мислам дека светот ми пропадна под нозе,никако не ми влегуваше во глава јас на мои 20 години да одам таму,никако не прифаќав.....си заминав разочарана.Време поминува веќе навршија месец дена како се справувам со тоа....еден ден стиснав заби размислив и решв да одам на разговор.Криво ми беше што морав да одам таму,затоа што од секогаш сум била среќна весела девојка ,позитивно луда насмеана се што сум сакала сум имала предобри родители што се ми овозможиле ,пријатели прмногу,журки , се буквално.Отидов ,закажав кај докторката Весна во МВР болницата.16 март се сеќавам беше...преразочарана утепана ,никаква отидов таму со мајка ми,ја раскажав ситуацијата и на неа,се зачуди што барам таму толку млада...не сакаше да ми даде ништо ,сметаше дека треба нешто на природна база ,меѓутоа знаејќи ја мојата ситуација и реков дека имам потреба ,т.е дека ја осеќам ми треба нешто што ќе ме излечи .Ми даде Елицеа од 5мг, и дијазепам од 2 (претходно никогаш у живот немав пиено дијазепам) и ми рече после 3 недели на контрола чисто да видиме дали ќе делуваат апчињата....помина некое време немаше драстични промени но веќе малку по малку чекор по чекор се идеше на подобро....отидов на котнрола и кажав дека сум океј до некаде но не скроз...ми ја накачи дозата ,малку се разочарав и баш се сеќавм кога дојдов дома вриснав од плачење ,се истурив,мислев дека ми нема спас...меѓутоа времето е лек за се и то по не знам кој пат ми се докажа во животот....поминува време доаѓа пролет,почнувам да се активирам како порано да излегувам,да комуницирам меѓутоа да кажам дека сеуште не бев скроз добро,поминаа 3 месеци,лето ...се вратив комплетно старата јас.Пресреќна,буквално како порано....отидов на море со моите и баш и викам на мајка ми да ми земе елицеа пошто немав ,она рече као не ти треба да ги пиеш више одлична си сега ќе идеш на море се ќе те излечи...ја послушав мислејки дека секогаш е у право и не греши мајка никогаш....меѓутоа згреши и тоа многу ....поминува лето одам на одмор со друштво па се запознав и со еден дечко,милина преубаво беше се ,се како порано.Така беше едно 5 месеци се до еден ден.Кога повторно се почуствував така,мајка ми пак ми рече демек ајде ништо нема ама јас знам како ми беше....овој пат не чекав долго закажав и отидов уште утредента,.Кога и кажав на докторката дека самоиницијативно ги прекинав ,мислам дека во мометот и идеше да ме срамни со земја....се почуствува лошо ,семташе дека не се важи таа што ке каже....ми рече џабе си ги пиела претходно се паѓа тоа во вода,тие се пијат 6 месеци ,сега ќе мораш од почеток.Океј што е тука е си велам,ми беше криво малце ама па Боже мој не можам да го вратам времето....и еве ме сега 5 месеци ги пијам елицеата од 10мг кај и да е за 1 месец треба да ја завршам терапијата......Сакам да кажам дека колку и да изгледа страшно и безнадежно сепак има лек буквално за се.Мене ми беше тешко пошто беше ново за мене и не знаев што е ,немаше никој да ме утеши и да ми каже со сигурност дека се ќе помине...никој буквално.Секој ден се будев со надеж дека тоа било лош сон и дека ќе продолжам како порано...неописливо лошо чувство...не би сакал на никој да му се случи,пре би дозволила двете раце и нозе да ми ги исечат одколку пак да го преживувам тој хорор...дополнително што ме докрајчи беше тоа што читав на интернет ....стршно.Иначе за елицеата да кажам дека е предобар антидепресив ,се даваат обично за лесни заболувања,нема не сакани дејствија,не тераат на спиење,нема зависнот и зголемен апетит....така да еден поздрав од мене ,поддршка за сите што минуваат низ ова ,има решение има лек само треба време и секако да не стоите со рацете скрстени туку да се превземе нешто,од небо ништо нема само да падне.Срамота за на психијатар не е да се оди и да се поразговара,тоа е исто како кога ќе заболи заб да одиш на забар или било каде да одиш ако имаш проблем со здравјето,на запад тоа е како ,,добро утро,.....но овде е малце табу тема....како и да е да не должам повеќе,извинете за постов огромен ама сметав дека треба да споделам и да кажам дека ИМА НАДЕЖ И ЗА нас .Поздрав :)
     
    Последна измена: 2 април 2020
    На gogimica, flower55555, Bojana890 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.398
    Која будала ти дава рецепти за хелекс за ТИ да ги пиеш една година секој ден? Треба веднаш лиценцата да се одземе. Хелексот не е лек, хелексот создава зависност, хелексот предизвикува штети на организмот од подолготрајна употреба. Ти девојче треба да се рехабилитираш, ти девојче веќе си создала зависност. Веднаш да одиш на доктор!!! Си пиела антидепресив цели два месеца си се направила паметна си го оставила, па тоа е целта, да ти помогне да застанеш на нозе. Минимум 6 месеци се зема антидепресив. Оди веднаш на доктор, да ти даде план и програма како да го откажеш хелексот, теши се дека со валеријана и маточина дека ќе ја надминеш зависноста. Не те паничам, превземи нешто. Дај одете кај проверени психијатри, јас се изнервирав што некој дозволил извини на речник к*р ташак да си игра со тебе. Не ми се верува, какви доктори постојат, тие треба најдобро да знаат што прави хелексот. Луѓе значи бензодиазепини се пијат краткотрајно, еден месец максимум, не се користат за хронична анксиозност. Подобро на антидепресиви година дена да бидете, него на било каков бензодиазепин.
     
    Последна измена: 2 април 2020
    На ToriDam му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ToriDam

    ToriDam Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2020
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Ne , nigde ne izleguvav , a i vo mestoto kaj nas nema za sega dijagnosticirani , dobra sum, od promena na vremevo mnogu mi vlijaj me boli gla ko temperatura da imam , katastrofa e ova prava zima..
     
  12. jagoda777

    jagoda777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    405
    Пол:
    Женски
    Сите сме такви ...јас од сабајле кашлам и после цел ден ништо се мрднав не знам што да мислам само се проверувам а ништо немам само се филмам изгледа
     
  13. Andreaaaa

    Andreaaaa Активен член

    Се зачлени на:
    30 март 2020
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    4
    А доколку се справиш со анксиозноста ќе се среди ли
     
  14. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.123
    Допаѓања:
    14.361
    Пол:
    Женски
    Денес лоши сонови, живи.
    Станав со ужасна главоболка, не сакам надвор, наеднаш го пуштив тв до даске со електронска музика и се изнаскокав, такво трошење енергија одамна не сум почувствувала.
    Ма, ми се врти, ма почна психата да ми се спротиставува...
    Ејјј како убаво се чувствувам, ма ни глава ни ништо.
    :inlove:
     
    На jagoda777, Lana Babe, Demiii и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.014
    Допаѓања:
    4.712
    Пол:
    Женски
    Значи и јас грешам што си пијам дијазепам на своја рака, додуша ми помагаат, од сабајле го пијам и цела ден сум ок, нервозна сум пак, си имам стравови пак, мисли, ги бркам аѓа пак вака се трпи, навечер пијам мг+б6, и сега за сега е ок. Еден наш пријател постар човек му се случи исто панични напади јаки од ситуацијава и дпкторката му дала иста терапија како на мене пароксетин 10мг насабајле и дијазепам од 2 навечер и плус деметрин, земал пароксетин од плива а моите се од реплек, тој нема никакви тегоби а јас неможев д ги поднесам и затоа си продолжив само со дијазепам. Дали може да се еазликуваат заради производителот, него докторката го советувала да не зема од реплек, има ли врска ова? Иначе симптоми секоја ден различни, ама тоа е, дури и во различни периоди од денот ми се различни ама тоа е, се контролирам.
     
  16. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.398
    Не се тоа тик так бонбони пред се. Бензодиазепините во принцип се препишуваат заедно со антидепресивите и тоа максимум еден месец да се пијат, поради навикнување на антидепресивите и нивното иницијално дејство. Да, во ред е пример еднаш два пати месечно по потреба да се пијат, но секој ден подолг временски период, само може да создаде поголеми компликации. Прочитајте само дел што може да следи од нивно континуирано користење.
    https://www.detox.net/benzos/long-term-effects/
     
    На xxx-ba му/ѝ се допаѓа ова.
  17. tasikike

    tasikike Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2017
    Пораки:
    468
    Допаѓања:
    201
    Пол:
    Женски
    Здраво,одамна немам пишано ни па имав отворено на форумов затоа што бев мн подобро а и немав мн време,е сега почнав да имам интезивна болка во десната нога порано ме болеше одвреме навреме поготово ако ми зстудеше ама сега почна интезивна болка речиси секој ден и со трнење и тоа баш сега во оваа ситуација кога неможиш да појдиш на болница да не закачиш и вирус и почнаа да ме тепаат мисли од рак на коски ова она
     
    На gogimica му/ѝ се допаѓа ова.
  18. LukrecijaBorgija

    LukrecijaBorgija Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    234
    Пол:
    Женски
    Не е точно, антидепресиви не се пијат шест месеци туку колку што има потреба,има луѓе што ги пијат десет години зошто без нив не функционираат,тоа е веќе начин на живот и ништо не е опасно,телото само чувствува кога е време да ги отфрли, исто и со апчињата за смирување, лекарите не се будали да дадат нешто што е штетно,кој не може без апче ќе си пие колку што осеќа дека му е потребно,а за штетни,не постои апче што не е штетно, пз какво и да било.Слушајтеси ги докторите, и не читајте многу вакви форуми,разни мислења уште повеќе ќе ви ја поматат главата.
     
    На Anie93 и Demiii им се допаѓа ова.
  19. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.014
    Допаѓања:
    4.712
    Пол:
    Женски
    Ама мене доктор ми ги препиша дијазепамот да ги пијам цел месец навечер, пароксетин насабајле, мг+6 навечер, јас паросектинот не можев да го трпам, затоа продолжив само со дијазапам со то што го пијам насабајле и сум посмирена, секако ке одам на контрола и ако морам ке пијам и други ад, може ке ми ги смени докторката, само треба да одам на контрола, и јас несакам да пијам апчиња ама во моментов неможам без нив. Може е и плацебо ама ми брка раб, сепак се 2мг не се којзнае колку јаки.
     
  20. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.398
    Пишав минимум 6 месеци, прочитај поубаво. Не помалку од 6 месеци до година, останатото зависи од состојбата на пациентот. Не негирам дека има луѓе и со години на истите. А во случајот со девојката со хелекс што си го зема цела година, благодарение на квази докторот, може само да си ја влоши и онака фрагилната нејзина состојба. Во моето постоење сменив четири психијатри, читај четири, да се водев само по мислењето на еден и да почитував што ќе каже ќе завршев можеби на некое одделение на клиника. Ретки си вистинските психијатри во државава, што навистина си ја знаат својата работа и знаат како да водат состојба на пациент. Инаку пред неколку години, психијатар македонец кој работеше во Америка, токму поради препишувањето на хелекс, доби казна затвор. Значи ќе повторам, тие апчиња не се играчка!!! И секој нормален психијатар ќе го потврди истото. И за крај, велиш, цитирам ''лекарите не се будали да дадат нешто што е штетно,кој не може без апче ќе си пие колку што осеќа дека му е потребно'', твојата последна реченица е контрадикторна на она што претходно го изјавуваш. Во случајов тебе треба да те слушаат и да земат хелекси, деметрини и дијазепами и да ги пијат секој ден со години?!?
     
    Последна измена: 4 април 2020