Дали од промената на времето,незнам многу лошо се чувствувам.Постојан немир,гумени нозе,омалаксаност,а под терапија сум.Дали некој што е под терапија се чувстува вака и што превземате во тој случај.Пијам сероксат и деметрин
И јас сум под терапија а последниве неколку дена имам црни мисли.ПМС и мислам дека ситуацијава ми влијае.
Без осудување, туку искрено ме интересира: сите тие негативни чувства да не ви се создаваат од терапиите кои ги пиете како нус појава? Малце е чудно, ем пиете терапија, ем еден куп грди чувства.
Психијатрите сигурно не им пишуваат терапија од ракав. Меѓувреме ја следат состојбата и во зависност од тоа колку (не) им одговара, ја менуваат максимум до три недели додека не почнат да ги чувствуваат ефектите од комбинацијата на лекови. Хипотетичко прашање до тебе, дури и да имаат лоши чувства од медикаментозната терапија , што препорачуваш? Да не продолжат со пиење ад или да остават на времето, па може ќе бидат боље, а може и не.
lorisanot создава зависност. Внимавај со него Препишуваат и те како.Исто како што и матичен дава Аб од ракав за обичен вирус.Ад не се менува на три недели,затоа шо он испод три недели не ни почнува да делува.Ги менуват на секои 5-6 месеци и се така во круг.Имам читано за мн искуства каде баш состојбата им е влошена после одреден антидепресив.На крај ни еден ама баш ниеден ад нема да помогне ако Ти(ова не се однесува лично на тебе) сам/сама не решиш да си помогнеш.Само пиење лекови и не мрдање од мртва точка не помага. Ја читам овде едната членка со месеци може и год пие ад и не е ок.Секој симптом го детализира.Или и е утната терапијата или психијатарот.Но очигледно е дека ефект нема
Анксиозност не се лекува само со терапија, клукање со лекови. И голем број психијатри не ни се замараат туку ќе пишат лек колку да му се тргниш од главата. Треба првин да сакаш сам, да си помогниш, да се бориш, а ако пиеш само лекови, сега едни, по некој месец, други, ништо не правиш, само се вртиш во круг. ЈАс пред неколку години имав анксиозност и кога прв пат појдов на психолог и тоа, не психијатар, ми рече само да земам хелекс од 2мг, а бев 20год и излегов и уште еднаш не ме виде. ДА земев хелекс на 20год шо ќе беше со мене сега? ЗАвисник од лекови.Не зедов хелекс, ни слично, ни пак помислив. Мора многу упорност, борба буквално со сам себе, долга борба.
Потполно си во право. Лековите се само за ублажување на симптомите, после на нас е да се ослободиме и да почниме да одиме на работа, во автобус, во маркет и секаде каде што порано не сме можеле. Со самото одење ќе сфатиме дека се е во ред, стравот, нападите ќе се намалуваат и се повеќе ќе сме сигурни во себе. Е дури тогаш ќе може да се намали дозата. Мора да се мрдне од мртва точка и да се работи на постепеното ослободување од стегите на анксиозноста. Ако сами не сакаме да си помогнеме, никој не може да ни помогне.
Џој, не се согласувам во потполност. Иако има неодговорни психијатри со иштампани факултетски дипломи, повеќето умеат добро да ја вршат својата работа, независно дали државно или приватно. Разликата е во тоа што кога се оди приватно се посветува повеќе внимание во смисол на поддршка. Единствен проблем тука е што кај некои доктори во приватни ординации прегледите коштаат и до 50 евра месечно. (Бар во Скопје е така). Апсолутно се менува за две - три недели, доколку се утврди дека личноста од лекот има повеќе контра индикации, кои не се само психосоматски, туку и физички, (што не е реткост во психијатриската пракса). Сепак сериозни лекови се во прашање, и затоа е препорачливо активно следење на состојбата од страна на доктор. Особено доколку станува збор за преписка на новите SSRI кои се поприлично нови на фармаколошкиот пазар, и сеуште во релативно рана експериментална фаза. Одоговорот за решението е секогаш во нас. Лековите се тука да дадат енергија да се позанимаваме со веќе постоечките проблеми, не да ги решат.
Во самоизолација сум.Имам уште 3 дена немам симоптоми среќна сум што тестот ми беше негативен и што излегоа некои други работи што не сум баш среќна поради тоа.Денови многу тешко ми е што не можам да свртам круг малку барем да ми се тргнат мисливе и све друго што пројдов овие 2 недели колку што сум дома не сум заболена од ништо но самите очекувања на резултатите потоа се надоврза и неочекувана ситуација дома моиве.. и.т.н .Секој ден викам да не исповратам и да не ме фати желудникот.Пијам кантарион и маточина малку ме смирува но имам се некако лошо чувство, предчувство, страшна вознемиреност, не спијам навечер. Со душа чекам да свртам круг да го видам сонцето и дождот ова повеќе не се издржува.
@joy1 лорсиланот го пијам скоро година дена секој ден, и кажав на докторката и ми рече во ред. Сепак ми рече да го пијам исклучиво по потреба како шо и ми е наложено. Има и денови кога не би пијам. Верувам дека апчињата помагаат, но клучот е во нас
Здраво на сите. Нова сум на форумот. Ме интересира дали некој од вас е запознаен со emdr терапија. Читав на нет дека била доста ефикасна за анксиозност, депресија и ocd.
Дали може некој да сподели искуство со алкохол и антидепресиви асентра и диазепам 2мг јас пијам, утре сакам да земам неколку чаши алкохол па ме интересира да не се случат нус појави.
Книгата од Мартин Ј. за анксиозноста и паничните напади, ја имам и би сакала да ја подарам на некој заинтересиран ( како ќе се изведи треба да смислам) . Ок четиво е, не знам дали ја имате читано за да не коментирам напразно. Јас пиев деметрин по препорака на психијатар и искрено ги обожавав , да ми смалуваа интензитет на симптоми ама сепак не е дека решаваат се. Треба труд многу , со промените кои ги направив промена на работа, си подремив дома одма не се реши ништо, ама малце по малце се решаваше проблемот. Ми фали деметринот искрено некогаш ме фрустрира тоа што немам деметрин да се напијам, во тешки моменти ко на пример на почетоков на корона кризава. Мислам дека ова сега уште повеќе ни влијае негативно, ама мало размрдување од шаблонов корона одма поинаку делува. За психолозите и психијатрите што сум ги посетила, не било само еднаш со години , седев и го знам се она што ми го кажуваат , свесна за се, ама пак иста песна. Истражете што ве мачи, мора да има нешто.
Мене постојано ми е мисла дали сум полудена и од волку мала волја за активности да не станав депресивна?
@Anie93 да.... Мораш сила да собереш. Како се чувствувате последните денови од циклусот.? Мене од нигде никаде почнав да плачам.
Значи вака тоа трпки во рака, лице ми помина ама цело време осеќам на градите не знам какп да опишам како дупка да има подебно на лева страна и од време на време непријатност и како притисок и ќе го снема а имам и горење на градите. Цело време ја ставам раката на срцето вчера и денеска мислам дека нешто не е во ред. До сега во животов сум немала никакви посериозни здраствени проблеми. Сега ја мислам дека имам преживеанк нелој мал срцев удар не знам што дека имам проблеми со срцето страшни сценарија имам во главата. И помислата дека имам 23 години и не сакам да умрам и ми се плаче страшно.