ДО 6 часот немав никаква болка после тоа почна главата да ме стега да ги тресам нозете и да чувствувам благи болки во градите.
Ќе се напијам блокмакс таблет(содржи парацитамол и ибупрофен таблетата) и ќе се напијам чај од нане со лимон без шеќер. Ама само ги намалува болките не ги отрга целосно. ГЛавоболката ја намалува највеќе
Mene sega mi e loso ne znam dali e poradi toa sto treba da dobijam ili ima nesto drugo. Site doktori vikaat deka nemam nisto ama jas osekam strav deka nesto ke mi se sluci.
И јас направив екг и крвна слика и ми рекоа дека сум добро , резултатите од крвната слика сите беа во рамките на референтните вредности , но јас сеуште имам симптоми (пулсирање на врат стегање на главата , болки и пецкање во делот на градите трнење на нозете во предолот кај стапалата до глуждевите тресење на прст или нога,кнедла на грлото,треперење во телото,привремено срцебиење) и страв дека наеднаш нешто ќе се случи и за сите симптоми пребарувам на интернет каде што испаѓаат многу други работи кои повеќе ме загрижуваат и цело време бега мислата дека боледуваш од некаква болест за која нема лек или ретко кој се излечил и.т.н..
Ужас сум вечерва, не можам да заспијам а ми паѓа глава. Се некои глупи мисли, па и грло ми е суво не голтам убаво, мислам дека ќе престанам да дишам
Опсесивните мисли ја дефинираат анксиозноста до некаде, ако немаш опсесивни мисли ке немаш ни причина за анкс мое мислење, нема на тоа да мислеш и готово. А дали некој се соочува со брзи мисли една по друга една по друга и да чиствува внатрешен немир додека ги имаи страв?
Здраво со оваа состојба се борам веке повеќе години.Кога за прв пат ми се јави имав испитано се и бев сосема здрава физички но психички бев многу лошо.Бев на психијатар, ми препишаа Елицеа со хелекс по потреба.По месец дена почивствував подобрување а во тој период ми се случи и да се заљубам и со текот на времето јас бев сосема здрава, и докторот ми ја прекина терапијата.Неколку години бев супер, но веста дека се селиме во друга држава, ми ги врати сите симптоми. Почнав пак да пијам пак Елицеа и хелекс, почувствував подобрување но чуството дека ке ми се случи нешто не исчезна и секогаш беше тука некаде присутно. Мегутоа се трудев да го игнорирам и да прифатам дека сепак се се случува во мојата глава.Но ова со појавата на корона ме уништи, бидејки сега живееме во друга држава, немам тука појдено на психијатар и се плашам да одам покрај состојбата.Претходните 2 дена бев како изгубена, но сето тоа е знам бидејки бев пред ПМС.Дали за време на ПМС сте почувствувале болка на левата страна кај срцето, или сепак тоа е од анексот, секој месец се нови сиптоми ми се јавуваат за време на ПМС, и се поголем страв ми предизвикуваат.Целата сум збунета иако знам дека нема ништо да ни се случи јас се плашам.Како да се сптавам со ова без терапија.Извинете за долгиот пост поздрав до сите
Сакам да прашам а и воедно да си олеснам на душа . Милам дека веке подолг период патам од анексиозност. Пробав за антидепресиви но некако како и секое друго апче мене не ми делуваше. Некако се изгубив на патот на животот. Мислам дека преголемите амбиции и животните идеали за некое убаво време што моите го живееле ме потопи. Едноствно никогаш не се вклопувам со животниот тек сега. Мислам дека наивноста ми ја изеде душата. Но секогаш успешно го сокривав тоа. Луѓето ме сметаат за многу јака и стабилна особа( како недостижна јака женска со јака работа со изглед со све). И јас и да се пожалам, дали е до начинот на изразување или до не покажувањето емоции, но не ме сфакаат сериозно на тоа поле.Луѓето ме доживуваат површно. Цело време се осекам изморено, без енергија,како да ми се врти, го живеам денот колку да ми помине. Но последните месеци ми се појави проблем при говорот.Веќе 2-3 месеци како кога ке почна на разговорам со народ и на тема на кој дури имам што да кажам дури ми се испреплетува јазикот. И така константно во муабет и ми ја намалува самодовербата уште толку.Како некоја внатрешна вознемиреност да ми го предизвикува тоа.Јас пред ова не сум имала говорна мана.Споделив и со мајка ми и таа вика од вознемиреност ти е вака онака, буквално како да не сум сфатена сериозно а јас мислам дека со умот забегувам.Во последно време почнав и многу да пијам затоа што се осекам во секое поле изгубено ,страв ми е да не фатам по лоши патишта поради ситуацијава ама веќе подолг период и причина за продолжување немам.Сакам да ве прашам дали ви се има случено тоа со говорот и што би ме советувале да правам .
Претпоставувам може да ти се случи од стрес, еднаш два пати ти се случило, и после настапува анксиозноста, го мислиш цело време, секоја социјална ситуација ти текнува на тоа, и си создаваш уште поголем стрес. Мене не ми се случило со говор, но еве сега заради стрес и јас се борам со анксиозност. Нешто за кое што не сум помислувал, сега го мислам или постојано или од време на време, и не ти дава да се опуштиш.
И како си? Како се справуваш ? Нема полош симптом на анксиозност... јас имам страшни мисли да не се повредам себе си и во последно време и некој друг што многу ми значи што никако неможам да ги тргнам од себе ... а бремена сум 7ми месец
Денес, излегов надвор со еден другар и се ми беше чудно. Немав напад, ама ми беше ко прв пат да излегувам. Како да не знам шо да зборувам, ко збунета. Не знам дали е од анкс, а и треба да добијам...еве 2 дена ми касни.
Искрено пред терапијата така ми беше. Сега колку толку функционирам. И јас истите симтоми ги имав само колку да знајш ништо нема да си напрајш ни пак на друг да му напрајш. Има и доста други како нас, ако ти е за утеха А пред бременоста пиеше терапија?
Си се чувствувала пријатно , си имала тема за разговор со другарот или си била на некое по мирно место настрана од градот.?