Штом си почнала со промените па и на позитивно на добар пат си , туку низ форумот се појави една книга паник авеј , многу е од корист , ако ја немаш читано , прати ми во порака маил , да ти ја пуштам , позз
луѓе и јас да се пожалам малце,многу ми е неарно денеска почнаа пак симптомите аууу заникаде сум ептен ми е лошо знам дека е од тоа и нема да ми е ништо ама се плашам пак,секогаш пред да ми дојде мензис се чуствувам вака дури не ми се живее ,а пак кога ке ми дојде уште пострашно станувааа,леле девојки најубави ве молам дајте ми некој совет како полесно да ги пребродам овие денови
Гледам дека моето пишување не ве интересира освен DANIKA така да решив веке да не пишувам на форумов.Инаку пишував зашто ми беше тешко и тоа навистина тешко за жал сеуште ми е али ке се изборам со оваа САМА Бидете ми поздравени се дружевме прекрасно жалам што не се запознав со некои од вас ама што е тука е ЖИВОТ ИДЕ ДАЉЕ и покрај се нема да ве заборавам ке ве читам кога можам и не се предавајте ве гушкам ситеееее
еее не лути се на сите ( само на анксот мозес да му се налутис ) знаес дека поради времево сите сме за никаде па кој кого да теси
Ферхунде , не се работи за незаинтересираност баш за тебе , можеби само мало невнимание , некој не отворил фемина тие денови , друг само прочитал ... и тн ... нема потреба да имаш впечаток дека си запоставена . Остани , еве јас ти ветувам дека на секое пишување твое кога и да видам ќе одговорам , макар и со едно смајли ... човечки е да се греши но и да се простува. Поздравче п.с исто и јас некогаш кога сум пишувала сум поминувала неприметно .......... ОСТАНИ ...................
Ферхунде драга,немој вакви работи сега,како така нема повеќе да пишуваш.Како што рече Петра Панка можеби некогаш ќе напишеме нешто па некој ќе го запримети тоа некој ќе одговори,некој само ќе прочита....најважно е да си ја олесниме душата со кажување на проблемот и да собереме сила за решавање. Јас на пример некогаш наместо тука да пишувам земам тетратка и си пишувам се што ми лежи на душата,си ги пишувам стравовите,и за се што ми е тешко,потоа си анализирам и многу ми е полесно,некако се празнам на тој начин. И тука имав напишано дека започнав повторно со терапија и ми е многу подобро,а како ми беше пред тоа да не кажувам веќе затоа што сите знаеме низ што поминуваме. Овај период почнав да си гледам филмови за релаксација и опуштање (фала на Нестленце за тоа што ме навлече на симнување и гледање филмови ),и пак се борам сеуште,а и сите други на форумот. Многу гушкииииии за тебе Ферхи и продолжи да ни пишуваш pls
по лугееееее до кога овие главоболки почнаја да ме нервираат ???до вцера кај слепоочнициве сега цела глава и вратов.....дали и вие имате главоболки ????прашувам дали е до променава на времево????????????
Не се плаши, јас цело лето го поминав со главоболки! Шо се' не помислив дека е.. земи некое апче за смирување, боље ќе ти биде!
Зверхунде, сите ние во одреден момент од животот се повлекуваме во себе, некој од убаво, некој од мака. Овој период изгледа е таков момент, зашо многу малку луѓе се активни, но ни во еден момент не е заборавен некој, само што немарливоста не тепа сите .... И немој ти на мене нема да пишувам веќе да не ти дојдам во Ку и да летаат пердуви .. Или пак жал дека не си запознала некој од нас ... мислиш дека ќе избегаш од запознавање??? Се лажеш драга .. плус .. ти звонев пред некој ден, недостапна си, а и на нет те нема, па како да стигнам до тебе?!?! Што значи дел од вината е твојa сонце мое .. Ајде не биди дете и дојди да се дружиме .. ама најискрено мисс ју ..
Така значи , на ферхунде ало ало , а мене ништо ........ааааааааааааааааааа.... тогаш и јас не пишувам веќе ферхунде врати се на форумот да видиш колку се грижиме за тебе , и коа веќе си кумановка што не ни пишуваш на кумановски малку да се посмееме чаос
Ferhunde9 e kumanovka..e bas mi e milo i jas sum. Si se najdovme )) nemoj da si odis od forumov.tuka sme site za tebe
Здраво, ве читам редовно и од Вас всушност дознав дека имам Анксиозност, ја имам уназад 3 години, кај мене се манифестира со потенје на дланките и тресенје на рацете, тахикардија преку глава ми е само за глупости се паничам, избегавам да излегувам од дома со друштво срам ми е да не се "избрукам"... иначе никакви лекарства немам пиено до сега.. дома им имам кажано ама едноставно не ме разбираат.. заради аксиозноста летово многу работи пропустив седејки дома, не отидов на пракса, не полагав тестови за возачка... за многу работи ме кочи во животот, незнам од каде толкава не самодоверба се јави во мене порано не бев таква.. Би ве замолила ако може и мене да ми ја пратите книгата Panic Away, нека ми пише кој ја има книгата да му оставам меил, поздрав.
Спарки Ангел, мислам дека ПетраПанка ја има книгата, прати и маил во лп и ќе ја добиеш .. Инаку не се секирај, ќе помине сето тоа што го чувствуваш, само никако немој да се изолируваш од дружење, па дури и да се "избрукаш" .. патем, што другари би биле тие ако ти се смеат за такво нешто .. ?! Едноставно не би те заслужиле, другарот се познава по лошото, така да слободно движи се и уживај во се' она што ти го пружа животот .. Ние сме тука, си помагаме еден на друг во секое време, слободно прашувај и изразувај се .. Жал ми е што го имаш анксов , ама сепак знаеш дека не си сама и дека сето ова не е болест, туку изместена психа од ред настани ... И многу БИТНО.. ЌЕ ПОМИНЕ, да знаеш .. Поздрав и секое добро, чувај се и не заборавај да се смееш ..
Благодарам многу за убавите зборови, полесно ми е кога можам со вас можам да споделам за мојава состојба, и кога знам дека не сум единствена.. добра нок
Испадната, демек најубава вечер ќе биде ова, Тони Зен и Слаткар во Хавана, се беше убаво додека не се десија тешки срања, кои направија да не можам да издржам, значи душата ми заплаче, а јас не можам, врескам во себе, си фатив такси одма, дома си идам, никој нема, мајка ми во болница и се јавив, на инфузии и инекции, си дојдија сега, демек вирусот ја фатил, цела бледа, шо ми преостанува освен да поверувам во тоа, и ќе ме нема сега, да, тешко ми е на душата и планирам да се изнаплачам за моментално мојот беден живот, ама пусти солзи никаде ги нема, а јас врескам внатре, тешко ми е, сакам само очи да затворам, и да заборавам на некои работи кои како бумеранг ме удараат во глава, и вечерва ме треснаа од земја, не, не е ова тој живот што го сакам, не барав многу, а сепак, останав со к*р во раце
леле анушка душо немој те молам,па не е страшно тоа, ќе помине се, ќе дојдат и убави денови,деновите што си ги сакаме назад убавите моменти и опуштеноста,тој мир во душата повторно ке настапи само тие ни се искушенија...почнав така да гледам на работите...после овие срања мора да извлечеме поука и да бидеме 100 пати посилни од тоа што сме биле затоа што макотрпно се бориме со секојдневието..чуствата..емоциите...опушти се и сети се на убавините што досега животот ти ги пружил а секако ќе има уште многу такви.... гушка
Несте, познавајќи те, што и да кажам сега излишно ќе биде, можам само да ти кажам знам точно како се чувствуваш ... ... Што и да е, ќе помине, знаеш дека овде на нас можеш да ни се обратиш во секое време, понекогаш доволно се и преточени зборови кога нема солзи .. Не се затварај, пишувај, не држи во себе, знаеш дека е полошо .... за жал така е кај нас, и не само кај нас, кај сите единки индивидуи на овој свет, кога си најсреќен и мислиш дека се' е во ред, те маваат по два три камења во чело, токму во чело, за потоа извесен период да не бидеш свесен дека токму тебе ти се случуваат срања ....... У пи*ку мате*ину веќе ...................................................................................љцјкабцјсадбцјхдсбцјсдбвцјсдвцјсдјсцбјсхдцвдјсбцкхдј ................................................................ http://www.youtube.com/watch?v=iWzEPuWvgz4 Емоции, курви едни најподли!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Ферхунде..не си фер , може малку затаивме...од работа, ваму , таму ама да се лутиш за ич ништо не ти личи .Ние тебе многу те сакаме и батали глупостите..него дај пиши што ти е вистински.... Нестленце.........какви работи те извадија од колосек???Има л некој на кој животот му е онаков како го замислува??Не..затоа борбата продолжува....а има ли трет избор..НЕ Поздрав Ве сакам.... Манја666 и јас сум кумановка... Ох кога ке ви ги видам годините ми се плаче Ајде деца , ајде похрабро, зошто толку тага и стравови....ајде барајте го убавото во животот...па тој е пред вас.
Овде само ние кумановки..хихи..што да се прави Дуња таков е животот ниедна од нас несака ама тоа е кога сме толку емотивни и секој проблем ни прираснува за срце..уфф не е лесен животот ама што е тука е..само напред одиме..назад никако..позз