Немам со кого, едната има дечко од др град, другата другарка ми е мажена, трите се собираме понекогаш, со тој што го планирам за дечко е по 12 саати на работа и нема... Единствено имам двајца другари ама непријатно ми е да шетам со нив ради то шо со тој планирам да бидам во врска....
Навистина си интересна личност. Не си само ти единствена со овој проблем. Работите се менуваат а, животот е убав . Животот не е 365 дена сонце и смеа.
Ич да не ти е гајле ако ти се плаче плачи , јас имам плачено во сити мол сите ме гледаа ама не ми беше гајле , му се јавив на татко ми да се смирам .
Те разбирам потполно, и јас иако имам блиска другарка која ме знае како дишам, никогаш со нејзе не сум го споделила моето искуство со анксионоста, а и кога би се обидела знам дека нема да ме разбере, ниту пак некој од семјството иако знам дека премногу ме сакаат и би се обиделе да ме разберат. За анксиозноста споделувам со рандум луѓе, колеги од факултет кои ми се отвориле низ разговор низ што тие поминале и потполно ги разбирам како и тие мене и не се чувствувам непријатно со нив. Кога се чувствувам анксиозно можам да им пишам или да им се јавам во секое време, ќе ме ислушаат и автоматски ми е подобро, знаат секогаш да ми ја дадат вистинската поддршка, најверојатно затоа што и тие поминале и поминуваат низ истото.
Имам чувство дека ќе побудалсм, нз веќе. Имам лоши мисли, не размислува правилно. Кога ќе направам промена ко јас да не сум јас. Нз веќе како. Се смеам а ко да не се смеам. Единствено, ко, ќе се напијам седатив откако ќе исплачам ми е подобро.
Напрај си план и дисциплина во пијањето на седативи и други апчиња што ги пијаш и одржувај го балансот секој ден .
Лоши мисли-не. Κолκу што можеш попозитивно мисли си. Моменталната ситуација, сеκаκо, не може баш да ни приушти нешто попозитивни мисли но, трудот на κрајот се исплаќа. Најди си неκаκва работа, било κаκва. Работата е добра за сеκого а и ќе ти помогне да не се оптоваруваш со негативни мисли. Сеκоја промена, настрои се таκа позитивно да ја прифатиш. Па, не може сеκој ден се исто да е. Ρаботите се менуваат. И не посегнувај веднаш по леκови и седативи. Напиј се κафе а, аκо не пиеш, чај. Чајот исто таκа содржи κофеин и ќе ти помогне да се ревитализираш и ти и целото тело. А и исплачи се. Плачењето е леκ за сечија душа.
При искажување на сопственото мислење, нема потреба другите што мислат поинаку од вас да ги нарекувате глупави, кретени и ред други погрдни зборови. Форум е, секој може да си го каже своето мислење, дали и колку ќе го прифатите зависи од вас. @Anxiety следен пат ваквото однесување ќе ти биде построго санкционирано.
Јас многу повраќав од анксот. Се додека не ми дадоа терапија на психијатар. Еве денеска ми е изузетно тежок ден. На работа си се изнаплакав. Така некако ми дојде. И имав нагон за повраќање. Само диши длабоко, гледај да ја смириш дијафрагмата и желудецот.
Здраво. Не знам дали ми е од анкс. Ојдов со такси до едно место, па заборавив нешто. Се вратив до дома и пак ојдов во жешкото 12:30/13:00 Се препотував дур одев, сето ми беше чудно, ко успана бев, ко прв пат да одам, а не одам. Во очите бев ко надрогирана,чудна. Со луѓето таму правев муабет ама ко глупава се осеќав и ко збунета, а се смеев, убаво си направивме, муабет, мислам дека каснам со одговори ко ќе зборувам и не се сеќавам за многу работи,прињмр дека предолго им седам на фирма на луѓево, одмарав од жешково иначе таму. Сега лежев, се истуширсв ми се лоши, морам вода да пијам, ете пак има нешто кавги дома, немам со кој да излезам и да направам асолно муабет. Иначе пробав и точак да возам ама. Не можам мн со Ногава..
ДА не не ти одговараат апчињата тебе?? Се ова што опишуваш ми личи како да имаш некои нус појави од апчиња. Те молам побарај второ мислење.
Читај и ги мислењата мислиш си пробува на неа некој само и мењаат терапија. Неколку пати и реков да смени лекар.
Да гледам баш дека не е нормализирано ништо а и претходно и имам дадено совет...најдобро намерен совет ти е да посетиш психолог и да се посветиш себе си да излезеш некако од оваа ситуација..верувај ми менталното здравје е многу битно...
Деперсонализација,дереализација,пропратено со анксиозност и напади на паника,сето ова сум го преживеала ,понекогаш уште ми се случува,не сум експерт ама научив доста за 7 години,сепак можно е да не ти е погодена терапијата,и пак ќе ти речам,тргни ги од себе сите негативни луѓе,во вакви моменти ти треба некој што ќе те разбере и ќе ти помогне полесно да ги пребродиш ваквите ситуации.
Јас кога ми дадоа Асентра да пијам мислев ќе умрам!!! Така да мноу е битно лековите да се погодат. Златен Сероксат ме спаси мене.