Мхм те сфаќам. Тогаш сега за сега пробај нешто од тоа што пишав горе, па за понатака кога ќе се среди размисли.
Има доста мани на онлајн сеанса доколку е допишување преку пораки, особено знам дека многу ја користеа апликацијата разговор.мк, но не забележаа некое подобрување. Убедена сум дека голем дел од психолозите би ти излегле во пресрет (особено оние кои работат приватно) неместо да одиш таму, да одржат онлајн видео средба.
Jas pijam Elicea od 5mg veke treta nedela i po pola demetrin sabajle i navecer.Ok sum,no eve od vcera ko da mi igraa muskulite na levata nadlaktica...tremor na palec i ke mi pomine pa pak.I toa me voznemiruva.
Кога јас не се чувствував јас, потиштена бев, солзи и стрес чував во мене, не спиев и не јадев добро, плачев постојано, се губев
Кога сфатив дека нешто со мене не е во ред. Секојдневни симптоми почнаа да ми бидат гадење, нервози, несоници, стрес, напнатост и плачење.
Кога сеуште се запознаваш со анксиозноста и нејзините симптоми, прво на памет ти оди да отидеш на матичен доктор. Зошто не можеш да дишиш, зошто те стегаат градите, зошто ти се врти итн. Откога ќе ти кажат дека е се во ред, почнуваш да гуглаш, како што беше со мене, и сфаќаш дека не си за на матичен, туку за во психијатриска установа. Но, бидејќи имам искуство со катастрофален пристап од психијатри, оставив да тлее, се додека не ме натераа повторно да пробам кај друг. Се беше во ред, пиев Елицеа, но бидејќи никој не ми ја објасни анксиозноста, односно немаше нималку квалитетна работа со мојот карактер, повторно се јави, поинтензивно и поагресивно. Веќе имав искуство и овој пат ја сменив тактиката. Менување на психијатар, исклучиво по препорака и одење на психолог. Требаше време од 1 година, интензивна работа и се вратив во нормала. Ако решиш да одиш, немој да одиш кај првиот што ќе налеташ, консултирај се каде, затоа што само потешко си направив и снемав доверба. Мислам некој да ти хрчи и да спие додека се исповедуваш, а притоа приватно плаќаш, за мене е тотално непрофесионално. Да не коментирам за останатите.
Зависи од што страдаш. Некои болести дефинитивно бараат посета на психијатар и употреба на фармакотерапија. Но најголемата грешка ја прават лицата со анксиозност што првин одат на псохијатар и одма започнуваат со апчиња, а не работат на самиот проблем. Така да, доколку се соочуваш со анксиозност/панични напади, би ти препорачала првин посета на психолог. Доколку за време на психотерапијата се увиди дека е нешто многу посериозно или има некакви тешки блокади, тогаш самиот психолог ќе те упати на психијатар.
Од кафето анкциозноста може да се влоши, но според мене не и до тој степен, можно е да си слушнала или прочитала нешто дека кафе штети кога си анкциозен и ти останало во потсвеста и така ти реагира телото несвесно. Едни мисли водат кон други и стравот се храни. Пробај неколку дена замени го кафето со чај од валеријана, мене барем ме смируваше, или цеден лимон освежува, да се потсмириш па почни со кафе полека послабо. Мене ми се случуваше истото, кафе исфрлив а и цигари па полека почнав. Во потсвест ми беше дека ако запалам цигара “ болеста на бели дробови ке ми се влоши” и стварно ми беше полошо. Си дадов еден период да ми е тешко, собрав сили, застанав цврсто на нозе и си реков доста беше. Нема да бегам од стравовите туку ќе се соочам. За имат правев се’ од што ми беше страв. Еднаш, два пати, три пати и интензитетот на стравот се намалуваше. Ако ми беше страв да запалам цигара палев за инат, ако ми беше страв од затворен простор со луѓе намерно се пикав, ако ми беше страв да одам на некои места одев. Плачев и се тресев и се гушев и потев во продавници, ресторани, на улица на почетокот ама полека ке пројде. Сите симптоми што ги наведе ги имав. Нема од што да се плашиш реално нема да ти се случи ништо. Сети се каков ти бил животот пред анкциозноста и тоа нека ти биде главен мотиватор. Ќе се лишиш од сите информации што може да те погодат и најважно да се опкружиш со позитивни луѓе. Ќе се фокусираш од сабајле до вечер секоја лоша мисла у секунд да исфрлиш и да се смириш, зошто тоа гушење е од нервоза и стрес, се притиска дијафрагмата, с кога не дишиш правилно и срцето неправилно чука. Знам дека е лесно да се каже во реалноста е мнооогу тешко ама ќе успееш. Луѓе сме, со емоции и чувства и се случува некои периоди да ни дојде се премногу, да ни се насобере, да не потресе, и тоа не треба да се игнорира, но не треба ни да дозволуваме тоа да не дефинира и дозволиме премногу да остане во нас.
Во мое време, анксиозноста беше малтене табу тема. Немаше кој да ти каже, ниту пак имаше некаде да прочиташ. Сама себе се дијагностицирав. Лутав по доктори да ми дадат дијагноза и сите креваа рамења. Сега барем е полесно, мислам лошо е што се повеќе се соочуваат со анксиозност, ама барем има со кого да се консултираш. Колку луѓе знам само со погрешни дијагнози и лечени со тешки лекарства и тоа пред 15-20 години, а всушност сиротите имале само анксиозност. Сега и се повеќе психолози има, а и психијатри, има избор. На филмови се почесто се обработува таа тематика, селебритис излегуваат во јавност и говорат за истата. Ете за моја несреќа, за жал, немаше кој да ме упати. А да не коментирам како биле лечени жените со анксиозност и хистерија на почеток на 20 век...со мастурбација
Дааа, премногу се нагласувала сексуалноста во минатото, дефинитивно неоправдано. Да, дефинитивно анксиозноста била табу тема и сосема е оправдано тоа што имаш посегнато одма по фармакотерапија, кога немало кој да те упати. Но денеска е потрагично што луѓето иако имаат огромен број на информации, достапни псохолози, веднаш трчаат на психијатар. Сите го бираат ,,полесниот" пат-отстранување на симптомите, но не и коренот на проблемите. Трагично е што се поголем број луѓе пијат лекарства за состојби чие решение не е во ниту едно апче. Моментално се ослободуваат, но всушбост се цело време заробени. Денеска за жал психолозите уште се занемарени, ги одминуваат, директно одат на психијатар.
Здраво девојки нова сум на форумот, сакам да прашам дали некој од вас што имал анксиозност има симптом и на болка во градите, стегање, печење и од овие симптоми добивам страв дека ќе ми откажи плуќата и ме фаќа паничен напад