Најбизарно нешто е што кога сум опколена со најпрекраните луѓе, моите најблиски, кога сум на на некое преубаво место и кога еве би рекла се е совршено онолу мене, и после 10 години, знам дека и тука ќе дрма, без причина, знам дека и тука нема да имам 100% мир и спокој, ама ако. После толку многу години, после многу различни терапии, сфанав дека ова ќе биде мојот живот, до кога и дали ќе е засекогаш ќе видиме, јас секој ден се надевам дека ќе е последен, и го прифанав, наместо да плачам и да се прашувам постојано зошто?! Не сум само јас, не си само ти, можам до утре да пишам за чумава. Ама знаеме дека нема да трае долго, ќе има подобри и полоши денови, некогаш и периоди како што кажа ти.
Здраво Ве молам за помош дали имал слично искуство некој.Пред некој ден изгубив многу блиска личност во мојот живот Ме уништи тоа многу.Пред некој ден почнав да добивам некои панични напади пр.ако седнам со пријателка или друштво мислам дека почнува да ми станува лошо се вознемирува мислам ќе паднам исто и на работа мислам дека ќе ми се случи нешто ме фаќа паника како да ми е лошо а веднаш после тоа го контролирам мозокот дека е се во ред дека тоа ми се случува во мислите и има ефект по малку мислам одма на нешто друго но пак знае да се повтори.Исто така цело време ме фаќа паника и од смртта на моите блиски на мене си мислам на тоа цело време што никогаш порано не сум мислела.Сега мислам дека ќе ми се случи на мене или на другите нешто лошо и многу сум расеана .Ве молам за совет.Дали ова е анксиозност бидејќи никакви проблеми од ваков тип не сум имала порано
Кај мене понекогаш ситуацијата варира од ден на ден, некогаш имам подолги лоши и добри периоди. Непредвидливи се. Лошото е што јас веќе ја прифатив анксиозноста како дел од мене. Не знам како воопшто да се замислам себе без константниот немир и стравови... како дел од карактерот ми се.
Исто ти викам, прифанав дека е дел од мојот живот и од мене. Немам лоши, убави моменти без немири, мисли растргнати и симптоми кои ме потонуваат одново секој пат. И кога подолго време ја нема, знам дека е тука некаде, дека демне, и наеднаш ќе се појави. Знам личнности што со години биле вака и веќе со години не се, и секој ден се надевам дека ќе дојде ден и јас да се збогувам еднаш засекогаш, а до тогаш ќе си играме вака. Сестра ти наместо да ти е подршка, таа ти ствара дополнително немири. Како и да е, сестра е, лошо не ти мисле, но сигурно нема осетено на своја кожа и затоа не може да те разбере тебе и не и е јасно колку ти е тешко. А што ќе ти е па тебе маж што нема да можеш на раат да му се исплачеш на рамо или па да те сослуша? Големи се шансите и тој да не те сфане како ти е, но доколку те сака и почитува, ќе знае бар да те сослуша и на негов начин да те смирува во анксиозните моменти. И јас имам маж, знае што ми е и како ми е, не сфаќа скрос бидејќи никогаш немал ваков проблем, освен два/три пати кога при стресни ситуации не го фана паничен напад па тогаш ги отвори очите: Леле вака ти чука и тебе срцето? Не можам да дишам, немам здив, ауууу мајко... Е така, така. Со лесно нека е и со помин на домашниот член на операцијата, а ти си доволно храбра и борбена да се справиш со тоа. Има време и за маж и за уживање и стресови со него понатаму, на никого не му побегнало тоа, не се секирај. Да, типична анксиозност е, и сама ете знаеш. Знаеш и дека ништо од тоа не може да ти се случе нели? Сочувство до тебе и биди храбра. Тоа се типични симптоми на анксиозност, и тоа се тие мисли што демнеат. Пробај да ги блокираш таквите црни мисли, пренасочувај ги на нешто друго, со тек на време ќе се намалат како се почесто ги игнорираш. Слободно излегувај со другарки, тоа чувство може пак да се појави, може и да не се појави. Ти битно знаеш и сама дека ништо не може да ти се случе, игнор на мислите и симптомите. Ќе поминат.
Тоа е традиционален начин на семејно уредување , друг свет живееме . Далеку е сестра ти ! Терај си како што ти одговара , но користи го времето конструктивно , не плачење ,не депресии работи на тоа да се накрениш а потоа да и кажиш која си и што си позз !
Утре полагам многу тежок испит, се чувствувам притисната, немам време, а имам многу материјал, цело време се стресирам, и цело време како да чувствувам некоја зашеметеност во главата мислам дека не можам на стол да седам, помогнете ми како да се отпуштам и да не паничам зошто вака ништо нема да направам..
Бев во друштво со луѓе што не ми се толку познати и се правеа најразлични муабети. Една од темите беше и анксиозноста и паничните напади. Си кажуваја искуство, секој имаше искуство на темава. Јас поминав години, мислејќи дека само мене вака, дека не сум "нормална". Само јас. Солзи ми идат на очи додека пишувам. Кога бев помала имав два посериозни периоди кога баш бев анксиозна. И двата пати моиве ме однесоа на разговор со психијатар. Различен двата пати. Не знаев да опишам што ми е а и тие не ми поставија дијагноза. Дијагнозата си ја поставив сама, исто и планот на справување. Секако истражував доста ама самата. Појдовна точка беше да се убедам дека сум добра. Дека ништо нема да ми се случи и не ми се случи, никогаш и нема ни да ми се случи. Барем не нештата од кои се плашев. Ќе ми се случи животот и сѐ она што треба. Сакам да кажам дека бев сама ама стигнав до некој степен, каде што си се прифатив, вака е како што е. Си ја знам и причината или поточно причините пошто многу сум склона кон самоанализа. Вчера имав убав ден. Бев излезена цел ден и бев со луѓе. Сѐ беше совршено нормално. Реално, не ми е како порано. Почести се периодите кога сум добра а претходно беше обратно. Вежбањето многу ми помогна. Медитација би сакала да пробам ама едноставно не умеам. Иначе јас завршив факултет надвор од моето место на живеење и надвор од мојата комфорна зона. И успеав иако имаше моменти кога мислев дека нема. Самата работа пошто ми е со луѓе е сеуште предизвик за мене ама со многу, многу труд ќе успеам. Смешно е нели, кога сме добри и кога ќе ни текни на нештата кои сме се плашеле колку ни изгледаат баналано? Да ви откријам тајна, и се банални и се смешни само што тогаш не изгледа така. Вклучени сме на survivor mode за ситуации кои што треба да не радуваат. И тажно е навистина. Ама такви си сме, чувствуваме поинтензивно, размислуваме понапнато, љубиме посилно, се грижиме повеќе. И знаете што? Сето тоа е океј.
Дали некој е запознаен со когнитивно бихевиоралните терапии? Исто се прашувам дали анксиозноста може да влијае на концентрацијата, фокусот - читав за ADHD и препознав некои симптоми кај себе но подолго време сум ги имал и не се толку изразени, но сега бидејќи прочитав за ADHD постојано мислам на тоа. Некој за ЛП?
често пишувате за анксиозноста, има ли такви шо поминуваат состојба на деперсонализација и дереализација?
Ова можеби треба да оди во темата за OCD но таа не е толку активна, па ќе пишам тука. Не знам како да се справам со претераната педантност. Кога сум анксиозна и вознемирена, еден начин да ја намалам напнатоста, барем привремено, е претераното туширање, најчесто со многу топла вода, неколку пати во денот. Знам дека не помага на долг рок и дека напнатоста пак нема да исчезне, но не можам да престанам да го правам тоа. Кожата ми е сува и надразнета, ниеден крем не помага веќе... Не знам како да се справам со оваа лоша навика.
Јас само се гушам и плачам и апче за смирување ќе се напијам и пак плачки... Ќе си зеам сеа ќе си готвам книга ќе читам То е.
Не се гушиш. Стави си ја раката на градите. Ќе видиш дека рамномерно се креваат и спуштаат. Во алвеолите (тоа ти се најситните делчиња од белите дробови) има посебни механизми кои точно кажуваат колку треба да вдишиш и колку да издишиш. Ова не е по наша волја и си се одвива нон стоп. Имај го на ум секогаш. @prominent И јас имам приметено дека туширањето ме смирува. И тоа е моето тајно оружје. Кога ептен ептен не можам да исконтролирам, се туширам за да се опуштам. Гладај на то така, немаш потреба нон стоп да се тушираш. Ете викаш дека и други проблеми ти прај, не си одмагај. Мораш да го убедиш мозокот дека ќе бидиш добра и да не се тушираш по кузнајт колку пати на ден. Доволно е само еднаш за хигиена и плус како оружје во потешки моменти. Опиши како се чувствуваш. Убиј ме ако ти го разбрав мислењево. Можи малце на попрост начин да образложиш а и да опишиш што те мачи, пошто вака не сфаќам.
@Fluffy^-^ да, навистина ми создава проблеми, иако знам дека еднаш до двапати на ден е доволно, еве денеска дури четири пати се туширав иако не ни бев којзнае колку физички активна... Морам некако да се исконтролирам. Ова е исто како компулсивното миење раце, само уште полошо
Кој е повеќе упатен да каже која е разликата или поврзаноста помеѓу анксиозноста и социјалната фобија?
Анксиозност - состојба на генерализирана вознемиреност, обично луѓето ја опишуваат како страв од нешто неодредено, состојба на општ немир, нејасен страв без конкретна причина. Социјалната фобија е страв и непријатно чувство при комуникација со други луѓе. Се смета за еден подвид на анксиозност.