Одеднаш ли ги остави апчињата? Мислам дека треба да се прави постепено тоа, ако веќе ги откажуваш. Јас не сум земала, но мои блиски имале слични искуства.
Колку време беше на апчиња? Која доза? Кои апчиња? Кога ги откажа? Дали ги престана cold turkey, или постепено?
Abe nie sme fokusirani na toa.. inace ako ignorirame ke pomini se. Ete ja majka mi cist primer. Preku nokj ni tahikardii ni nisto..
Најпрво занфекса 6 месеци , утро вечер по едно од 75 мг , ама ги прекинав нив оти имав многу сува уста .. после тоа ми даде флунисан 20 мг и ансилан од 10 мг , утро вечер и 5 мг заласта ама тие ги земав половина само навечер ... флунисан и ансилан ги земав 2 години и никогаш немав такви отоци на нозете ... и морав да ги оставам апчињата за да видам дали е од нив... потоа почнав диета и нив ги прекинав и ги снема отоците..
Никогаш немој да оставаш такви апчиња без да ја намалуваш постепено дозата. Со оглед дека две години си ги земала, интензитот на знаците на повлекување ќе биде поизразен и во подолг временски интервал. Точно да кажам колку, не знам. Првите антидепресиви ги откажав скроз, без намалување на дозата, скоро два месеци имав зголемена анксиозност, халуцинации, главоболки итн. Следните што ги земав, после година и некој месец, ги откажував 6 месеци, прво пола, потоа четвртина. Некои препорачуваат по 10% месечно. Ништо не ми се случи. Буквално како да не сум ги престанала. Додуша имав еден незначителен симптом кој е карактеристичен само за одреден антидепресив, повеќе беше иритантно, отколку страшно. Како и да е, ќе помине, но може да чувствуваш одредени знаци и по неколку месеци. Друг пат, не ги оставај туку така. Го навикнуваш мозокот да работи со нив и одеднаш како да го исклучуваш од штекер. Само постепено, со намалување доза, ништо нема да осетиш.
Ја гледам на YouTube зошто ми е преубава, но никогаш немаше да претпоставам дека има проблеми со анкс. https://taa.mk/zdravje/psihologija/...a-borbata-so-anksioznosta-i-panichnite-napadi Има еден добар пасус во текстов: „Најбитно на што треба да се обрне внимание е дека менталните нарушување не бираат пол, раса, вера ниту физички изглед, финансиска сигурност, кариерен успех, напротив, може да се случи секому во секое време“
Ако отворите YouTube ќе наидете на многу луѓе кои имале анкисонозст. ПОнекогаш се прашувам дали сите имале воопшто или е некоја комерцијала? Барем 50 % од нив да се вистина... Другоо, ми текна идеја. Да отвориме посебна тема каде што би давале совети за анксиозноста лично јас ќе ги ископирам моире кои ми беа посочувани од вас и другите да си пишат , кој што му помогнало и друга тема дневник на анксиозните. ПОздрав и убав ден ;*
Дали може од анксиозност да се јави лутина која не можам да ја смирам, а ми се изразува со стегање на главата, вратните мускули и блага вртоглавица? Проблемите ми настанаа од претходен хроничен стрес и се нервирам што се нервирам без причина а не можам да го запрам, и ми предизвикува лутина.
Не можеш никако, треба да се стабилизира мозокот на ново настанатата ситуација. Можеш витаминска терапија дополнително да внесуваш. Разговарај со психијатарот, можно е да треба пак да се вратиш на нив. Тешко е знам, мене по 2 месеци ми се стабилизира. Со другиве ми беше одлично.
Постов ти е сурово реален. Цел форум се заложи за помош, а од неа никогаш ни едно фала немам прочитано. Немам прочитано ни совет за некој друг, на која било тема. Другарка и со дете и одложила кафе, аууу. А дали размислила какви обврски и проблеми имала таа другарка поради кои го одложила кафето. Премногу ми е жал за девојчето, ама не знам што форумов може повеќе да направи за неа.
Ништо не можите да направите а јас ви се имам заблагодарено. Реално секогаш ги ислушувам и кога се жалаат за брак, семејство, дечко, па и се. Најпрво ми се жалаат за нивното и кога јас ќе почнам да им кажувам ме пресекуваат или ајде ќе ми речат ништо не ти е тебе. Немаш фамилија, ќути си, слобдона, убаво ти е. Сум одела со нив дури и никогаш му немам кажувано за мене што ми се случиавло и еднаш ќе се онесвестев и кога му објаснив се смееа и да ме се нервирам многу. Јас си, почнав веќе со работа на себе вежби велосипед контакт со луѓе. Поздрав
Од оној што не осетил не очекувајте помош. Само тоа можам да ви кажам. За жал оваа состојба ни е само наша борба. Добар психијатар/ психолог, и мнооогу работа на себе, во смисла разговор со себе, ако треба и водење дневник на мисли. Ние многу размислуваме и правиме филмови. Кога ќе седнеш и ќе си ги напишеш мислите и прашањата и кога ќе ги видиш на лист хартија друго е. Не ја носете анксизоноста со себе. Не излегувајте од одма со мисла: леле пак ќе ми се сврти, ќе ми се слоши. Направете си анализа зашто, кој и што довело да се осеќате така. И елиминирајте го. Не мора секој проблем да се реши сега и одма. Оставете нешто на времето.
Анксиозноста за жал, зема се' поголем замав и ќе зема се' поголем замав. Колку повеќе се оддалечуваме од едноставниот живот, а од раѓање ни' се наметнува живот полн стресови, обврски, брзања, притисоци, толку повеќе и неврози ќе се појавуваат. Можеби еден ден состојба на анксиозност ќе стане и нормална состојба...
ДАЛИ, ДАЛИ зборите за истата членка што и јас неодамна ? (не ги гледам нејзините постови, па не можам да поврзам )