Си се навикнала така, затоа. Искачај на прошетка секој ден макар и на пола саат. Општо не е здраво само да седиш дома. Жив организам си, потребно ти е движење. Потребна ти е дневна светлина, свеж воздух, сонце, зеленило. И да немаш воља, на сила почни да шеташ. Штом ја прекршиш навиката што си ја стекнала за седење, ќе ти се допадне шетањето. И ќе се чувствуваш подобро.
Како што ти пишале, колку повеќе седиш дома, толку помалку ќе имаш желба да излезеш. Едноставно се затвораш во сигурната зона и секое одење некаде ќе ти предизвикува сѐ поголема анксиозност. Види дали поголем немир ти ствара исчекувањето на некое планирано излегување или инцидентно кога треба да одиш некаде. Почни од тоа што ти е полесно. Разбирам дека имаш отпор, ама отпорот се руши со изложување. Едноставно не чекаш да ти дојде желбата да излезеш (зошто може никогаш и да не ти дојде), туку без премногу размислување излези. Какви мисли имаш што те оптеретуваат? Пресретни ги и негирај ги со рационална мисла. На пр. “Колку пати до сега сум шетала? -Стотици пати. Дали нешто ми се случило? -Не.” или “Како се чувствував после прошетка со синчето? -Задоволно и среќно. Дали синчето е среќно кога се шетаме заедно? -Да. Дали вреди за тоа да излезам од дома? -Апсолутно да!” Се надевам ми го сфати концептот
Ајде и јас да дадам малку поддршка. Во ПМС сум, толку сум во депресија што од дома не ми се ни излегува, ете буквално дома ми се седи во тишина,мака ми е. Се со сила правам. Вчера со сила излегов и пешачев сама и тоа 2 км. Денес едноставно немам ни сила ни ништо. Ми паѓа притисок, главоболки, поспаност. Секако не решавам се со еден седатив, знам. Но, сепак морам да излезам дома и ќе излезам оти автоматски ми е подобро. Ајде автобусот и в центар покрај Вардар, седнете си, макар шо мене сеуште ми е чудно како сама да седам, да ме гледаат сите. Мирно, тивко, вода плус, што да биде.
@MissChievous @Avery фала ви, се навикнав точно, а и летото ми е секако влошена анксиозноста и полесно ми беше да останам дома. Времево поладно ми одговара повеќе за прошетки, ќе пробам уште денес барем пола саат да пешачам.
Имам важно прашање Која може со мене да сподели искуство со ад терапија и бременост, уште поважно ад терапија и терапија за стимулација, за 2рово дете(само во план) незнам дали можам и сакам да ги оставам лекарствата. Јас имам само анксиозност и панични напади кои веќе пола година ги совладувам со помош на замислете не терапијата туку Dennis Simsek The Anxiety Guy Неговите посткадс и видеа и медитации ми помогнаа повеќе од било кој лекар кој тука едно те исто кажува. Бивш тенисер, сосема слободен денес од анксиозност. Дава совети вредни живот да сменат. Е така.. Сега ако има некоја слична со мојот проблем погоре нека пиши. Убав ден борци. ❤️
И мене откако почна короната ми се влоши, немав работна обврска, буквално бев по цели денови дома и така си се заседов, милион мисли што стануваа се поинтемзивни, многу оувертинкинг и така дојде што дојде денес..... Сега како што било лошо и сменето 6 месеци не очелувај дека за кратко ќе се смени, треба секоја навика да се искорени. Само многу труд и борба
Скроз никаде не одиш? Инаку сега си како во круг, не излагаш поради анксиозност(така разбрав?) а седењето дома ти предизвикува депресивно чувство и намалена сила и волја.Мораш некаде да го пресечеш кругот. Викаш си одела на јога, зошто не продолжиш?Сигурно првиот пат ќе немаш многу желба да отидеш ама откога ќе ти помине часот ќе сакаш да дојде следниот. Или ете, барем прошетки, до парк, низ населба, било каде. Ама мораш да почнеш, тоа е најтешкиот дел.
Ретко многу ретко да испазарам, или до кај моите кои се на две згради до мене, ама имаше период кога не одев ни таму. И до ветеринар, аптека и слично ако има потреба. Од дома работам до 17 часот секој ден од прилика, и планирам после тоа со пешачење да почнам од денес. На јога ми е страв искрено на затворено, овде има еден кластер од друго јога студио, сите се заразени што оделе.
Devojceto kolku sto sfativ saka da kazhe deka psihicki nema maka, samo fizicki simptomi, na toa mislese koga kaza fizicka anksioznost. Nema strav ni napadi na panika.
Ако сакаш јога онлајн часови јас ќе ти дадам број се одржуваат на скајп, мислам дека е 1000 денари за два пати неделно. А јас најдов предобра алтернатива Yoga with Adriene на YouTube има канал и имаш милон видеа за секој ден challenges по месец два. Топ е..
Потполно те разбирам. Работата од дома за нас не е баш идеална зашто буквално не затворија дома. Јас си правам сама обврски за кои морам да излезам од дома.
Јас не би рекол така , сепак би рекол дека е личен избор или селекција работа од дома или надвор од дома , но сепак за нас ни е потребен преголем мир без притисоци и едно катче каде што се чувствуваме удобно и паралелно работата од дома од тоа катче , секоја работа има предности и недостатоци , исто така секој има право на личен избор , со работата од дома може да се постигни месечен приход поголем од просечната плата во нашата држава , моментално преговарам со Американец за работа и платата 800$ фиксна и кога сакам да ја завршам преку денот , a за работата надвор од дома во нашата држава можам да кажам врисоци , притисоци и вршење тензија е тоа . Видете кои се предности и недостатоци . Мое мислење (немора секој да го прифати ) Поздрав и позитивни мисли= позитивен ден Запамтете !!
Pisav tuka no mi ja prefrli vo gruga temaa nekoj pomos Lugje bev na snimanje na vrat imam visoka vratna spondiloza od C2 do C5 nekoj iskustvo so ova
Веројатно затоа што темава не е за проблеми со вратот? Anyway, секој здраствен проблем мава на психа. Разбирливо е. Сега ќе се фокусираш на тоа што можеш да го направиш. За почеток, ќе го прифатиш фактот дека го имаш тој проблем. Понатаму, во консултации со соодветен лекар ќе работиш на случајот да си помогнеш како можеш. Од лично искуство, најмногу што треба да правиш се вежби за вратот и рбетот, кои се многу лесни за изведување. Редовно секој ден вежби за растегнување и вежби за зацврстување на рбетот (а со тоа и вратот). Потоа, масажи. Мачкање со разни масти и гелови кои помагаат да се ублажи болката. Ако е потребно апчиња за болка. Тоа е, за жал нема човек што нема проблем со рбетот и вратот, но многу е важно да му се посветиш на проблемот. Да го смениш животниот стил кој би ти ги ублажил болките.
Се случува да особено ако имаш и некои други проблеми па ќе ти се насобере се наеднаш и попушташ...меѓутоа не треба често да се дешава тоа
Здраво Немам пишано во темава, а еве 10ти месец ве читам и се борам самата со себе. Се породив пред 16месеци, бременоста ми беше топ, порагајот исто се во најдобар ред, 8 месеци после порагај ми се појави анксиозноста. На почетокот беше хаосно, едвај се прибрав. Најмногу ми беше страв да не западнам во депресија. Со другите стравови можам да кажам дека се изборив, ама овој страв ми остана. Кога и да ми е досадно ми доагаат депресивни мисли и нормално стравот се зголемува. Сега добив понуда за работа, ја прифатив, само неможам уште да замислам да се одделам од син ми. Има кој да го чува го оставам во сигурни раце, ама премногу ме боли помислата дека тие 8 саати нема да сум со него, и грижа на совест имам што неможам да седам со него дома и да го чувам. Ако останам дома знам дека само полошо ке ми е психички. Како да соберам сили да го поднесам ова? Како да сфатам дека вака е подобро за нас 2цата? Како да престанам да плачам и да се соочам и со овој предизвик? Прашања милион во глава, се изнаплачев деновиве, сношти и паничен напад имав оти премногу мисли ме нападнаа..
Верувај ми, од искуство, само почетокот ќе ти е тежок, а после ќе си добиеш рутина и ќе ти е олеснителна околност што одиш на работа. А за него немој да се грижиш воопшто, децата многу полесно од нас се навикнуваат на нова ситуација. Јас почнав на работа ко беше мојот 2 години, пред тоа бевме лепенки, не бевме ни на еден саат одделени плус зависен беше од доење, па ем полесно го одбив, ем со анксиозноста тој период имав огромно подобрување. Самото излегување од секојдневието ќе ти делува позитивно и нема да имаш време да имаш негативни мисли. Со среќа на работа и лесно да го пребродите почетокот. Мисли дека е најдобро за сите и опушти се.
Цица и мојов уште, и баш така и ние повеќе од 1 саат неколку пати не сме биле одделени. Собирам сили ете, никој не ме форсира ама знам дека морам, а и понудава не ми се пропушта а сигурно и јас до 2 години ке одложував. Фала ти