Да, тоа е алергиска реакција индуцирана од стрес, мене ми се јавуваше еден период, а ми се има јавено и вечерта пред испит од преголем стрес.
Ехх, ете кон тоа целам моментално, ама некој пат е тешко да се контролира. Си имам вакви фази месечно јас, нервоза, па скроз миреен период си велиш добро е помина, и ете ти го пмс. Од 31 ден, вкупно 5 сум јас ЈАС @Guns N` Roses како се справи? Или само по себе помина?
Пробај да се свртеш околу себе некогаш. Процени дали тоа што се наоѓа околу тебе ти одговара. Доколку не се пронаоѓаш- никогаш не е касно за промена. Не вреди животот да ни поминува во стрес и нервоза, проблеми има секој ден, но првенствено убавото треба да се гледа. Ти најдобро знаеш од каде ти доаѓа стресот, или избори се со тоа, или елиминирај го.
Јас си мислам хормонално ми е. Пред година ипол сум породена и уште го дојам син ми. Промена да, свесна сум дека ми треба,ама сега за сега уште ништо, тој ми е во преден план. А фокусот ми е изместен знам, толку убави работи имам околу мене, ама ете се наогаат некои едноставни банални работи во тие периоди да ме извадат од кожа.
Баш ме израдува сега со поракава, обожавам јас бебиња. Уживај си во периодов, радувајте се и не мисли на негативни ствари.
Го обожавам и јас Колку ми е криво само шо неможам скроз да се опуштам и да се изнауживам со него. Колку само негативни мисли игнорирам и се борам самата со себе. Само најболно ми е ко ке ми се за него, а и најтешки се за игнорирање. Ама тоа е, тој ми е мотивација најголема. Ми дава сила секој ден. Ти посакувам и тебе ваква радост
Денес излегов до маркет и уште од дома осетив како да ми се пресекуваат нозете,ама викам ајде ќе помине...кога стигнав толку ми беше тешко ми се вртеше снемав сила мислев во секој момент дека ќе паднам а во главата ми е како да имам балон...инаку завчера вадев две осмици Па дали од анестезијата уште ми трне делче од јазикот не знам...ама многу лошо ми беше мислев дека дојде крајот денес
kafe cigari i alkohol izbegnuvajte, ako zabelezite deka od niv, kafeto i mene mi smetase, na nekoi ne im smeta.
Што е тоа? Инаку, дали некој тука се соочува со симптоми на деперсонализација/дереализација? И како го чувствувате тоа, ако сакате да опишете? Би сакала да слушнам и туѓи искуства, затоа.
Се соочував. Изгледа како да не си ти, како да живееш во позајмено тело, кое го мразиш, сакаш да ја соблечеш кожата и да бегаш. Но е тука како кафез со 10 катанци. Се соочуваш со туѓи мисли, не твои, тие мисли те конзумираат додека не почнеш полека да се рониш и да тонеш на дното. Едноставно се е ново за тебе, стануваш одвратен лик, некој кој не го знаеш, некој кој те влече во жива кал. Буквално одделување од својата матична плоча.
На моменти искусувам некои работи кои мислев дека се тоа, и затоа прашав да видам како изгледа кај другите.Но според ова што ми го напиша, сигурно тоа што сум го искусила не било деперсонализација или било поблага форма.Чудно во секој случај.
Како се чувствуваш ти? Мене ми е како да не сум јас во телото, наеднаш се е тивко, како во тунел да сум, дишењето и срцето ми забавуваат, баш како да лебдам надвор од телото.