Паа...си отидов дома најбрзо што можев едвај чекав да легнам,се напив хелекс од 0,25 малку ми беше подобро,ама еве и денес исто вртоглавица нестабилност немир...да напоменам намалувам АД флунисан
Чувството е како да го губиш разумот, некоја празнина во главата, како да не си присутен во моментот, никакви чувства и емоции за ништо, тотална тишина, седиш со луѓе ги гледаш зборуваат, расположени ги слушаш ама како да не си тука, ти се плаче, не знаеш што се случува. Тоа беше моето искуство, мислев дека ќе го изгубам разумот.
Се имам соочено пред неколку години и сега пак. Ужасно е и многу страшно. Мислиш го губиш разумот или веќе ти е изгубено. Преплашен си мислиш ова не е веќе само анксиозност. Се ти е чудно, знаеш кој си што си каде си ама ккао да не си ти. Како ти и уште еден ти во тебе, се знаеш а не се познаваш себе. Како да не можам да се спојам јас со јас. Сакаш да избегаш од себе да излезеш од себе, да искочиш од телото нешто така би опишала на кратко
Е сега читајки ве вас си дијагностицирав дереализација Чувството се појавува во врска со син ми, во деновите ко ке ми е најизразена анкс. Многу ми е страв кажете искуство?
Го гледам син ми и ми е чуден, пример така трае некое време, ко ке престанам да мислам на тоа и ке го сменам фокусот ми поминува. Ама обично ова се дешава во еден ден.
Па на пример како наеднаш да се осеќам дека работите околу мене не се реални.Не знам како да објаснам. Како да не се осеќам присутна во моментот и да не сум свесна.
Епа јас така си го мислев многу, многу, го пвоторував во себе, бев 5 месеци без обврски, како мантра си кажував преаналзиирав .... и сега не знам како да прекине и ми е пострашно
Добро, денес ми е последен ден од циклус и плачам ко ненормална. Нз веќе што. Само со Лорсилан се смирувам
Пробај замисли си дека не постои такво чувство, како би се чувствувала тогаш? Ако осетиш олеснување, само почни да игнорираш и ке го снема. Јас така си имав замислено дека сум во депресија и така и се чувствував се дури не се свестив дека самата се присилувам на тоа. Би требало да е така и со ова. Нека кажат поискусните.
Обиди се постојано да ти се насочени мислите кон нешто, биди активна во текот на денот, направи си план што би правела во текот на денот и држи се до планот, размислувај што би појадувала, после појадокот што би правела, нека ти биде исполнет денот со активности, разговарај со некој близок за тоа како се чувствувш, нека не те спречува тоа чувство во извршување на секојдневните активности. Се надевам дека што побрзо ќе го пребродиш тој период, доколку не поминува закажи разговор со психотерапевт.
Здраво на сите 4 години ве следам сите вас, после толку време се осмелив и јас да пишам нешто ова е мој прв статус, за во врска со дереализација и во целост со пореметено анкциозно нарушување страдам цели 4 години од мојте 16 години па до ден денес, имам многу за споделување со вас ние кој го преживуваме ова мачење само ние знајме како ни е и само ние меѓу себе можиме да си помагаме, оти нели и кој друг здрав и нормален човек да даваа совет за нас не е воопшто важно пошто знајме како е да си нормален и после ова дешавање нормален човек неможе ни да замисли како е да страдаш од дереализација итн. Пишетеми слободно ке споделиме мислења имам многу совети да ви дам и мене ми е потребно некој како мене да сподели мислејне совет итн.имајте убав ден барем ми олеснува мислата дека не сум единствен во ова измачување и дека има луѓе кој го победиле ова,јас бев многу блиску да се вратам во нормала ама се надевам дека можеби некогаш со помош од господ ке оздравам, ве поздравувам сите тука и ве молам пишувајте да споделиме совети и мислења имајте убав ден
Чудно ти е се, видот ти е како цртеж денски надвор неможиш да шеташ нормално се ти е заматено,нонстоп си во паника неможиш да избегаш од сам себе, неможиш за никого да објасниш шо ти се случува?
Дааа, точно кафето ми смета премногу, кога и да пијам одпосле делува анкциозноста, панични напади итн. Ова го заприметив одамна ама не бев сигурен дали ми е дека така си зацртав ама сеа сум сигурем во тоа, од денес кафе не пијам, фала многу од за ова шо го споделе многу ми олесна, господ да те благослови со многу здравје